Што кога жената се повлекува? После 13години брак и туркање од моја страна за буквално се, веќе се изморив. Станв свесна дека се омажив за тотална спротивност од мене и веќе не можам да го поднесам тоа. Уствари станав свесна дека не кочи да напредуваме во животот. Додека јас тргнам напред, тој стои и посматра, ако не го насочам што треба да се направи, не му текнува ниту пак тргнува. Се што сме створиле, направиле и купиле е на моја иницијатива. Еднаш не се среди и дотера како маж. Тренерки и пижами омилен аутфит. Не прифаќа критики околу неговиот песимистички и меланхолични карактер. Секоја идеја, секоја работа ја гледа од песимистичка перспектива и нема иницијатива од негова страна буквално за ништо. Си доаѓа од работа, јаде и толку, креветот е резервиран за него. Од друга страна па предобар сопруг, ниту се кара ниту ми префрлува за нешто, освен да не излегувам со деколте. Кога урлам дома ке ме ислуша, дури и кога не сум во право пак дозволува да терам по мое. Другарките го обожаваат и се фасцинирани од тоа како ме третира, што не му е срам да искаже љубов во јавност, што дозволува јас да одлучам што и како да биде. (Они мислат интересно е се сама да одлучуваш) А мене, мене ми фале МАЖ да ми рече ќути таму уста да не си отворила, јас решив вака да биде и еве бидна. Ааа и еден стап да ме изнатепа некој. Свесна сум дека изгледа "си нашла па си зашла" ама јас стварно се губам од обврски кон деца, сметки, домашни обврски,планови за утре и наредната недела...
Хахаха истооо, буквално истово го помислив и сакав да го пишам. Океј сега озбилно не е за смеење, едноставно и сама си свесна дека си се омажила за таков и си го прифатила таков каков што е, да го менуваш тек сега не можеш колку и да се трудиш. Твое е понатаму дали ќе продолжиш да го трпиш или ќе престанеш едноставно. @peperutkaa
@peperutkaa Ете. Не е само до маж ти, изглеа има повеќе Иницијатива 0, авантурист 0, се е рутина работа дома кревет и од почеток. Јас да не бев дома до вилушка немаше да има. Јас ако не купам перница, така ќе спие скичмен цел. Не само што јас треба да иницирам, треба да го натерам да оди се да се купи, да се намонтира нешто. Значи цел живот да ср бута, да се гура. Ако речам да се шета, уморен е. Ако одоме по прпдавници, преку недела е уморен, за викендот сакал да одмара. Затоа тоа него што го занима, компјутери, ццкави работи нешто да се занимава, цел ден глас нема да чуеш. Ама за се друго Не знам што да ти кажам освен дека не си сама. Претпоставувам ова е веќе пројдена фаза чим крева раце.
Предобар во смисол, не ме гњави, не ме малтретира, не се коцка ниту има пороци. А дека е далеку од добар сопруг далеку е.
Не сфаќам што е проблемот? Тоа што сите обврски се на тебе? Ко ти треба да водиш есап, ти да организираш одмори, настани, мајстори... уатевр? То?
Сто пати, милион пати... Истиот одговор е, кажи шо ти фале, нели имаш се што си замислила... Ти сакаше така да биде... И опет кревет, на работа, кревет. Баш тоа, што дури и колата на сервис ја носам јас. Ете до тоа. Што треба да издадам наредба да ја однесе колата на перење, што јас се јавувам на мајстор и менувам сифон и лепам плочки во дворот.
Тоа не е предобро туку типично и нормално. Воопшто не ми се допаѓа како ги возвишуваме и фалиме машкиве затоа што се однесуваат како што треба, онака генерално зборувам. А иначе, од кога го знаеш си бил ваков или само последниов период? Не е во депресија?
Ќе се вмешам пак јас. Пошо мислам дека ја разбирам, по она што го прочитав, сака да осети мажественост, иницијатива, да знар да пресече за некои работи, да знае да направи нешто без да праша 250 пати што треба да направи, да ја изненади, да ја однесе некаде, да го одлепи газот од кревет да се потруди да направи нешто надвор од секојдневие, да се дотера да излезе, да внесе возбуда во бракот... Рутина убива... ме уби. Да не глумам потпарол, ама се пронајдов во првиот пост па сега паламудам.
Предај му дел од обврските, а ако не ги преземи, нека биде расипана колата, нека префрла сифонот... Дај ми го мене. Не мора ништо да прај. Цел ден ќе си лежиме и ќе си ги чешаме мејојте со даљинското.
Токму тоа ми фали. Душо депресијата ќе фане депресија од него. Таков е, само јас веќе се уморив и почнуваат и ситници да ми сметаат .
Пасија и фали бе пасија, страст. Не знам што да кажам за проблемов. Да седнеш да разговараш да вети дека ќе се турка себе си, ќе се предизвикува, мора да има иницијатива од негова страна инаку не сте брачни партнери туку цимери, цел живот да не се осеќаш ко да си со маж не знам колку е тоа исполнителен живот.
Пиши адреса за достава, да се манам и јас, да одморам душа, како гестапо сум по дома само наредувам, давам инструкции.
Карактер е ама ќе се турне ако сака. Нема да седи по цели денови по тренерки, 3 дена нека е по тренерки 3 дена нека се дотера и нека ја изнесе на вечера. Не дека треба да го уценува со секс ама претпоставувам секс и е последно нешто на памет со маж што менува тренерки и пижами. Па валда ако сака да му се подобри интимниот живот нека се потруди малку. Ако сака ама. Најбитното е да сака. Му смета деколте демек што, со деколтето ќе најде швалер, а уствари со неговата индиферентност сто пати побрзо ќе ја избрка од себе.