Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Криза во бракот

Дискусија во 'Брак' започната од sweeteva, 21 октомври 2010.

  1. Ramonda

    Ramonda Активен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2024
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    403
    Пол:
    Женски
    Страшно,замисли СЕ малку шо треба да ставиш на прво место! ....на децата им треба топлина од родители а не дадилка,направи си распоред на работите и за се ќе си најдеш време
     
    На *Amethyst*, azelea, Erika.greeneyes и 4 други им се допаѓа ова.
  2. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.772
    Допаѓања:
    324.717
    Пол:
    Женски
    Во животот нема и јаре и паре.Бираш и ставаш на кантар што ти е приоритет.Во овој случај дали детето,дали парите и кариерата.Детето не барало да се роди.Вие сте избрале да имате дете свесно и сега уште по свесно за истото треба да се грижите.

    Во ред е градинка и дадилка на неколку часа.Не е во ред цел ден, и не е во ред да спие и ноќе со неа.

    Еден од вас ќе мора да се жртвува за да не биде детето жртва.

    Си бара лушалки, парк,приказни од мама или тато пред спиење,наутро гушкање во кревет,берење цвеќиња во природа,доручек кој заедно ке го спремите,плетење плетенки и уште мал милион раб кои дадилката нема да може да и ги надокнади оти не е родител.

    Сега е дете , сега и требаш најмногу за правилен раст и развој.После ке може мн раб и сама.
     
    На Stressed Out, Mumoftwo30, Трагедијаупмм и 36 други им се допаѓа ова.
  3. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.450
    Допаѓања:
    8.994
    Пол:
    Женски
    @ivani30 од што си преукопирана да го завртиш сопругот, го запоставиваш детето, веријатно не свесно. Со сопругот морате да забавите малку со кариерите, бидејки сњга сте му најпотребни на тоа дете. Верувај за неколку години детето нема да има потреба од дадилка, а би вашиот надзор нема да е толку потррбен, само ке оди и ке се враќа од школо, ке сака да биде само со другарите, а на вас ке ви вика са ја затворите вртата од собата. Ако неможете сами со сопругот преку смирен разговор да најдете соодветно репешение, посетете семеен терапевт. Ако сте од Скопје тоа знам дека го работат во психотерапија алтернатива во аеродром. Не сите психолози се и терапевти, овде има баш семеен терапевт. Се надевам ке се средите .
     
    На Mumoftwo30, *Amethyst*, Lisandra и 5 други им се допаѓа ова.
  4. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    962
    Допаѓања:
    5.647
    Пол:
    Женски
    Можеби двајцата треба детето да го приоретизирате над вашите кариери.
    Штом имате пари за дадилка, значи не ви ни требаат толку, за да запоставувате нешто што вие свесно сте го направиле.
    Извини, но детето ваше да може да размислува како возрасен, којзнае кои емоции би ги искажало.
     
    На Mumoftwo30, *Amethyst*, Lisandra и 9 други им се допаѓа ова.
  5. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.030
    Допаѓања:
    12.413
    Пол:
    Женски
    @ArabellaStarfall сепак има и кариери кои не трпат запоставување. Мислам дека премногу се нападна членката. Значи свесна е дека има проблем и си бара чаре за него. @ivani30 се надевам ќе средите. Гушка. :hug:
     
    На BadKarma94, Anyshka, Mucika и 4 други им се допаѓа ова.
  6. ivani30

    ivani30 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2014
    Пораки:
    1.609
    Допаѓања:
    2.645
    Пол:
    Женски
    Луѓе,значи јас имам нормално работно време,а детето е постојано со мене,ако еднаш во месецот или 2 пати го оставам да спие тоа не ме прави немајка.не знам пд каде дојдовте до заклучок ваков,значи моето дете поминува секој ден после работа со мене,одиме шетаме,паркови,игротеки,спорт,музичко...тоа се јас го правам сама,и за можам еднаш once in while да одморам,детето спие таму.Многу погрешно сватена,криза во брак ,а не детето,па јас луѓе поминувам целп време со моето дете
     
    На eliesaab, Anaroz1 и majka-majka им се допаѓа ова.
  7. Ramonda

    Ramonda Активен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2024
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    403
    Пол:
    Женски
    Сама си напиша дека ја чува дадилката пред и после градинка
     
    На Mumoftwo30, *Amethyst*, Erika.greeneyes и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.334
    Допаѓања:
    21.947
    Пол:
    Женски
    Ее ама ја нападнавте жената, големото чудо оти дадилка и го чувала неколку часа детето, па секоја жена си сака време и за себе или да направи нешто по дома. Демек вие шо по цел ден ги оставате со бабите, по мајки сте од неа.
    Во една тема грачат како имало време и за кариера да се трчка и за дете а тука не бивало така, морало да скратат од работа. Бре.
     
    На BadKarma94, oblace1, Angie1432 и 10 други им се допаѓа ова.
  9. ivani30

    ivani30 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2014
    Пораки:
    1.609
    Допаѓања:
    2.645
    Пол:
    Женски
    Да додека се стигнам пд работа,ја зема во 3 ја чува до 4 ,1 саат за детето да не седи во градинка...

    А пред да оди 1 саат да не оди прва во градинка
     
    Последна измена од модератор: 4 јуни 2024
  10. Ramonda

    Ramonda Активен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2024
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    403
    Пол:
    Женски
    Ти како да мислиш оти треба да се разведеш за да имаш повеќе време за себе,не разбирам на што целиш...
     
    На Arjanit2021 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.613
    Епа седни збори со маж ти, не знам шо работа ќе е таа по цели денови да ака дома да не се врти. Шлепер да не вози у Германија?

    И ја би попиздела да не му чуе за семејството, и све на мој грб да биде.
     
    На Mumoftwo30, azelea, Anyshka и 6 други им се допаѓа ова.
  12. ivani30

    ivani30 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2014
    Пораки:
    1.609
    Допаѓања:
    2.645
    Пол:
    Женски
    Искрено,да живеам со дете сама мислам ќе сум многу посреќна,ќе бидам посреќна мајка за моето дете.јас не барам време за себе,не знам кога последен пат сум излегла да пијам кафе со брат ми,не знам кога сум направила за мене нешто,проблемот тука е мажот а не е детето,јас за детето сум тука.Нр знам пд каде дојдовте дп заклучок сите нагоре дека ако имам дадилка не сум мајка...едноставно ми треба помош затоа што не се издржува сам,
     
    На BadKarma94, Mumoftwo30, Jasz и 3 други им се допаѓа ова.
  13. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.397
    Допаѓања:
    8.408
    Пол:
    Женски
    @ivani30 Седни го маж ти и направите озбилен муабет. Кажи му што ти смета, како се чувствуваш и како би сакала да бидат поставени работите.
    Нема оправдување за запоставување на семејството, каква сака работа нека работи, едноставно секогаш може и мора да се најде време.

    Знам колку фрустрира кога е се на твој грб. Доволно е заморно сам кога чуваш дете, па уште се друго на твој грб и кога ке се врати од работа или во слободно време да не прави ништо во врска со било што, е ужас.
    Поминав низ исто и мојот извор на сите незадоволства, нервози и сл. беше мажот.
    Се надевам кај тебе разговорот и трудот ке вроди со плод.

    Потруди се првин пред да донесеш било каква одлука, разговарај, ако не бива никако…Ти знаеш најдобро дали може да живееш и трпиш таков живот или ке свртиш нов лист.
     
    На hello-kitty.90, LiquidLuna, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  14. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.404
    Допаѓања:
    16.962
    Пол:
    Женски
    Тука е изгледа проблемот што никој нејќе да направи жртва,т.е мајката ја прави ама не е задоволна со тоа.
     
  15. ivani30

    ivani30 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2014
    Пораки:
    1.609
    Допаѓања:
    2.645
    Пол:
    Женски
    Правам преголема,
    Си поминала низ истото и верувам знаеш колку е тешко,пазари сам ,средувај сам ,секаде си сам детето е цело време со тебе на гинеколог,на забар,во банка,неиздржливо е...разговарано е милион пати,да се најде заеднички јазик,детето треба да расте со двајцата ,во 3 години не памтам кога го зел о го прошетал сам.
     
  16. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.511
    Допаѓања:
    10.573
    Пол:
    Женски
    Како сакате сфатете го ова ама работа да си сакате повеќе од дете е не разбирам ниту ќе разберам. Кога се работи за МОРА затоа што за леб ќе се трпи да, ама ова нема никакво оправдување.
    Па намалете со работа, најдете баланс, во градинка па и дете со дадилка. Па што сте го стварале тоа дете?
    И јас немам помош од никој, буквално скрос сами без никој свој во градот сме, јас две факултетски дипломи занемарив, дете во прв план си ставив. Не се правам светица, само баравме решение кој повеќе ќе допринесува за дома и ова ни е единственото решение. Работам од дома, ама далеку помалку од она што учев и за што учев. Искрено не жалам, ниту ми е мака. Имавме скоро еден настан каде што требаше родители со деца да одат. Дете ми беше препресреќно што и двајцата бевме во публика и навивавме за него. Замисли да немаш време за активностите за дете. Да расте осамено без вас. На дете љубов му треба, му е гајле за вашите кариери.
    Кога ќе имаш натпревари дадилка ќе праќаш? Па уште и спие со него. А вие двајца кога минувате време со него, не се смеам озбилно прашувам..
     
    На Mumoftwo30, Трагедијаупмм, azelea и 7 други им се допаѓа ова.
  17. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.907
    Допаѓања:
    20.149
    Пол:
    Женски
    Криза е. Очигледно. Дали ќе дојде до развод, зависи од вас.
    Да си го седнеш мт, се согласувам со повеќето членки и мислам дека доколку намалите со дадилка а да се вклучите и двајцата со детето и домот, тензијата ќе се намали. Првично, заради позитивната енергија што ќе ја добиете и двајцата од детето :)

    Кариерата е доста важна, ама не по секоја цена а гледате дека хармонијата во домот и бракот ви страдаат. Баланс ви треба. Почнете со јогуртот :D
    ( Мала шала, не ме тепај :wasntme: )
     
    На azelea и Anyshka им се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.173
    Допаѓања:
    102.184
    Пол:
    Женски
    На 3г го носиш по активности, музичко, спорт и т.н., детето поминува добар дел од денот со дадилка и ти мислиш дека кризата во бракот ти е проблем? Ма неее... Очигледно имаш скап животен стил бидејќи некој што нема не носи 3г дете на активности и не користи дадилки за да не е прво детето и последно во градинка, нејсе, ваш избор и тоа не го оспорувам, не го коментирам, ама не го коментирај и работното време на сопругот зошто тоа чини, а со регулар работно време тоа не се постигнува. Имам во фамилија една таква, децата и одат на англиски, на спорт х 2 и на музичко, само во недела се дома, со тоа што едното оди на логопед па 2 дена во неделата и по 2 активности има, маж и работи до 4 регулар работа и после 4 оди дома се преслака и приватно работи до ниедно време, често децата ги разнесува во работничко одело по активности. Среќни не се сигурно, ама она сама по себе блика, јака и душа на свекрва и само. Олабави и ти, а богами и мти, и мм работи 2 работи па има време и за деца и за нас и за се, се карам и јас со него, терсене е, минатата недела дојдовме до ептен лоша караница, па седнувам и разговарам кога ќе оладат главите. Децата не ги донесов од кај мајка ми, он ми ги направи, кога ги направил требало да мисли на тоа. Велиш едвај дојдовте до дете, а сега на 3г го пушташ да спие со дадилка, еве не разбирам зошто. 8г има големото, на една рака се брои колку пати има спиено со друг и тој друг е баба му. Олабавете со лајф стајлот и двајцата, детето ќе порасне, расте, нема да остане вечно мало, му треба родителска љубов и внимание, не престиж, титули и дипломи од активности, скапа гардероба и гаџети, оти само за тоа признавам некој да се ака од земја со работа. Ако мислиш дека разведена ќе ти биде полесно, нема, дупло потешко ќе ти биде бидејќи тогаш ќе треба се сама да покриваш со алиментација која нема да ти стигне за сите активности и дадилка и се останато.
     
    На *Amethyst*, Mumoftwo30, Трагедијаупмм и 5 други им се допаѓа ова.
  19. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    5.323
    Пол:
    Женски
    Sto ke se smeni ako se razvedes,sedni i ubavo razmisli?
    Od ova sto go pisuvas kako toj ne e doma po cel den,nema mnogu da bide razlicno.
    Ako mislis deka mozebi deteto bi go gledal povekje ako ste razvedeni moze i da ne bide bas taka.
    Razgovaraj uste ednas so maz ti pred da doneses bilo kakva odluka.
     
  20. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.238
    Допаѓања:
    2.857
    Пол:
    Женски
    @ivani30
    Мене не ми изгледа на само криза. Нормално е вака да се чувствуваш кога покрај сопруг и татко вие го немате ни едното ни другото.
    Каква и работа да има не е нормално во 3 години да не го прошета своето дете, да не извршува домашни обврски или да не поминува време со тебе.
    По ова што читам мене ми изгледа дека и нормално работно време да има тој истиот начин на живот ќе си го води.
    Значи не ова најобична криза кога навидум се е ок ама ти чувствуваш криза, ти навистина имаш проблем со сопругот.
    Ако се разведеш сѐ ќе биде исто минус неговите финансии, ако ти значи тоа нешто.
     
    На theowndemon, Anyshka, Anaroz1 и 3 други им се допаѓа ова.