Jas rabotam vo kladilnica vekje nekoe vreme i psihata i rqzmisluvanjeto na vakvi tipovi na lujge - kockari e krajno manipulativno i lazhno. Sekogas velam twshko toj so go ima vo bliska familija.. PROPALICI TESHKI SE
Толку ми е тешко, не можам да опишам... Сопругот си имаше солидна работа, јас сум невработена долго време, па така пред некој ден на сопругот му соооштија дека на неговиот цел тим колеги (4 вкупно), поради нов менаџмент во фирмата, решиле дека немаат буџет повеќе и буквално ги избркаа. Претходно постојано се нервирав и зборевме како сакам да си најдам работа и сега кога јас да речам ајде најдов, тој доби отказ и имам таква грижа на совест дека ја сум крива, пошто солидно живеевме со неговата плата,а јас постојано се нервирав и зборев како не можам да си најдам рбаота.. . Не можам стварно ќе умрам од мака, јас како да го предизвикав сето ован, не можам да си простам... Кажете ми нешто утешете ме
Како ти си го предизвикала? Не навлегувај во суеверија. Биди среќна што си нашла работа и нема да имате толку голем притисок знаејќи дека кај нас се живее од месец за месец. Со лесно и се надевам дека сопругот ќе ти најде добра работа за брзо време.
Толку сум потиштена, бидејќи истиот тој ден, кога му соопштија дека е толку со работата( а прилично добра - стабилна, германска фирма) и јас добив повик за разговор на работа... Просто не можам да си поверувам, како да сака времето да ме научи дека треба да научиме да ги чекаме работите што ги сакаме, како да е со сила тоа што ќе почнам на работа, воопшто не сум радосна, се каам за се што сум рекла, само се молам да си најде сопругот работа што ќе го исполнува и ќе ја сака, бидејќи тука супер му беше...
Ќе се најди работа не се секирај. Само нека бара упорно, сигурно има искуство.Така се трефнало, не си ти ништо крива. Во нашата државичка ништо не е стабилно, затоа секогаш треба да се има парички на страна и контакти за друга работа.
Аман бе, па наместо да се радуваш што ти барем ќе имаш работа, да не останете без финансии, ти ќе се јадосуваш дали си ти кфива или не за отказот на маж ти. Како би можела ти да допринесеш ти за тоа, не ми е јасно. Ќе си најде и маж ти, не се секирај.
Ви благодарам за поддршката. Бидејќи толку многу ја зборев и се нервирав, работа, работа, а реално супер живеевме само со на сопругот платата, јас пусто сите на работа и јас, сум учела, па за дома ли да седам и еве сега...
@Viva995 да не се повторувам, пишаа скроз добри совети и мислења погоре. И јас сметам дека ти на никој начин немаш придонесено за неговиот отказ и за тоа што фирмата пропаднала. Тоа што си посакувала да си најдеш работа е сосем нормално, дали за да не седиш по цел ден дома, дали заради кариерни цели, што има врска што неговата плата била убава. Не сте ни први ни последни во ваква ситуација, баш вчера ми кажаа на едни пријатели дека истото им се случи, тие па и двајцата во истата фирма беа која што пропадна. Така да ете сега е твој ред да допринесеш за финансиите додека тој се снајде во работа т.е среќа во несреќа оти и двајцата без работа е многу тешко. Не знам од каде ти идат мислите и како успеа да си ги ставиш во глава, дали некој од домашните ти зборел не ти треба работа па те изманипулирал сега да се чувствуваш виновна, ама ти викам, скроз нормално е да посакуваш да работиш иако сте имале добар приход и нема зошто да чувствуваш вина. Економијата ни е таква во моментов, имаше и многу отпуштања и фирми што пропаднаа, верувам дека ќе бидете океј. Еве ако ја прочиташ жени домаќинки темата ќе видиш дека некои жени сакаат да седат дома, некои сакаат да работат иако мажот добро заработува. Пак ќе речам дали заради твои лични цели, дали за да се социјализираш, дали за да си имаш твои пари, битното е дека ти сакаш. Има и жени што немаат класична работа туку инвестираат или изнајмуваат станови. Значи, полека само, и ќе си го најдеш твојот пат. Едит: и да додадам ова. Отприлика мислам дека можам да те разберам дека ти е мака што ете на некој начин на тебе ти тргна со нов почеток со нова работа (или уште немаш почнато туку само ти закажаа интервју?), а тој доби отказ. Значи животот е горе - доле. Некогаш на тебе ќе ти иде лошо на работа, а нему добро, некогаш обратно и тоа е сосем океј за да во меѓувреме се бодрите и поддржувате во зависност од тоа на кој му треба поддршка. А ако уште не си ја ни добила работата туку само ти закажале интервју и ти вака се опседнуваш, можам да те советувам само да ги тргнеш мисливе настрана и да ја зграпчиш шансата за работа.
кога еднаврара се затвора друга се отвора. Зошто толку негативно гледате на работите? Секогаш нешто со причина се дешава, ние никогаш тоа нема да можеме да си го објасниме. Значи сепак има некој кој е вработен во семејството. Додека тој да најде работа и почне да зема плата ќе треба да помине извесен период. Бидете среќни и не се оптеретувајте со непотребни работи
Жал ми е што маж ти го отпуштиле, ама не си ти воопшто крива. Како што ти рекоа и други, биди среќна што си нашла работа ти, барем еден од вас ќе биде вработен. Се надевам никој не те обвинува тебе? Од каде ти дојдоа тебе мисли вакви? Ако ти чувствуваш дека сакаш да работиш, барај си работа, нема врска дали платата на маж ти е добра или не. Секој сака да е исполнет. Наместо да викаш дека си го предизвикала ова, викај фала богу што си била упорна да најдеш работа. Бидејќи сега кога маж ти е без работа, ќе имате некакви месечни примања благодарение на тебе.
Здраво, би сакала совет, повеќе не знам што да правам. Живеам со мојот сопруг во странство и имаме 2 годишно дете. Купивме куќа и нон стоп мојот сопруг е на работа и потоа во куќата реновира нешто прави. Јас сум константно сама со моето дете. Одам и на работа мини јоб. Во последно време ги губам нервите се чувствувам многу лошо му се развикувам на детето кога е непослушно, ми доаѓа да фрлам нешто ако држам. Се расправам со сопругот само нешто ми смета што би рекол он. Имам и посетувано сесии со психолог ама немам подобрување, знам дека ми треба време за себе ама го немам и ми се шета и ми се излегува ама сопругот ретко кога може. Кога се расправаме често знае да ме навреди како сум немајка пошто долго време го дојам детето, нервозна сум била и детето ќе станело такво, се сумм знаела бла бла... Не сакам да си го упропастам детето ама кога ќе се изнаервирам незнам да се исконтролирам и се развикувам...
@beautiful war сите имаме такви ситуации. Понекогаш и на работа, и со активности, пак знам да се издерам и криво ми е. Немој да мислиш дека ако одиш на работа, нема да се дереш. Останува да се вежбаме... бидејќи да, сепак децата примаат од нас
Zdravo na site, Mi treba edno mislenje ili nekoja sto se nasla vo slicna situacija..Vo brak sum 3 godini, imam 2 godisna kerka.Ziveam so svekrva, svekor, dever, vo ista kuka.Svekrvata od prviot den ne me saka, seuste sonuva za prethodnata devojka na mojot maz.Slusnav muabeti kako se zalela deka jas ne sum ubava, pametna, rabotliva itn.Na pocetok, trpev, megutoa oni ne zapiraa, site 3ca...Pocnav da razgovaram so maz mi, navodno proba da gi srede rabotite, no neuspesno.Za da go resime stanbenoto prasanje, resivme da kupime kukja malku pogore od nas, cekame da se sredat dokumenti na gazdite sto se vo ostavinska postapka.Megutoa, kako deteto rasti, rastat i problemite so niv.Imeno, ne mozam da se banjam, da jadam, da gotvam za deteto koga jas sakam...Se nesto im mirisa, im e gadno, im smeta, gi slusam duri i pred vratata kako me ozboruvaat.Nikoj od niv ne se zamara za deteto, ne go cuvaat, gledaat samo da se po kafinja i na prosetki.Celo vreme rabotam doma, i pak kazuvaat kako malku rabotam.Maz mi stana so tekot na vremeto mnogu porazlicen so mene, pocna da mi vika kako mene nikoj ne mi se pogagja, kako mene nikoj ne me saka, da me omalovazuva...Mi kaza deka kolku poveke mu zboruvam za negovite, tolku i toj ke e polos, zaradi toa so tie mu se familija i ne mozel da gi smeni.Dali nekoja od vas se soocila so vakov problem, ne znam kako da se spravam so situacijata, razgovaram so moite roditeli megutoa oni ne reagiraat na ova, zivcite, zdravjeto gi gubam, a i deteto go cuvstvuva ova..Sum probala milion pati da razgovaram so nego da gi sredi ovie raboti, pa i so niv, no se e neuspesno...Ednostavno veke sum mnogu umorna, sakam da najdam konecno resenie za moeto dete da ne me gleda vaka nervozna, tazna i upropastena, da ne rasti vo vakva sredina, sekoj den.Ve molam za soveti.Blagodaram.
Со разговор со маж ти, ако си пробала ама ништо од тоа тогаш гледај да се забрза процедурата со куќата за да се одделите што поскоро. Ако имаш услови земи го детето и оди кај твоите на две - три недели да видиш како ќе реагира маж ти. И не е лошо ако е големко детето да го пуштиш во градинка а ти да си најдеш работа,барем по цел ден за плата ќе работиш него да им чистиш,переш и готвиш на свекор ти,свекрва ти и девер ти за да зборуваат лошо за тебе и да се неблагодарни.
Биди трпелива и јас живеам со две свекрви и два свекора Саммо зборат против мене свекрва ми, свекор ми и золвата се нервирав мму кажуував на маж ми и маж ми беше исти јас дека сум преувеличувала вака така истите зборови како и на тебе и еве го сеа ги гледа дека секој збор што сум му го кажала е вистина дека не се баш така праведни како што се покажуваат пред него дека се, остај го да ги согледа работите.Сеа он сам мисли како да си идеме од куќава да не се нервира повеќе.
Нема што да му зборуваш, па и така мажите се глуви и слепи. Сам ќе си увиде. Колку зборуваш толку полошо. И не си зимај на душа за старите, секогаш ќе има некоја ,,непреболена", па ти сакај и прелепотица биди. Од едно уво низ друго ти е најпотребна вештина. @Tea234
Па може и ти не сакаш она да ти е свекрва и он свекор, ама ете. Аман од вакви дебили веќе. На кого прават штета, на син им, не на друг. Убрзај ја куќата да се иселите побргу и очи да не им гледаш. А одење кај твоите со детето не. Така повеќе простор ќе им оставиш да ја полнат главата на сопругот. И нема што да се трудиш да им угодуваш, гледај си за детето и пробај да ги игнорираш, штом ќе се селите се гледа крајот. А сопругот не знам како може да не реагира, некој да ми кажува кога да се бањам бе…. Не си им била убава бе… па речи и ти не си ми убава па ете никому ништо, син ти ме бендисува… Бог да чува и да брани, 21 век…
Едноставно е ги игонорираш неговите ,ги гледаш поретко и толку.Колку и да сте во иста куќа истрпи секако се селиш.Со лесно
Незнам шо да правам. Јас од Украина пред 10 години се мажена тука. Имам ќерка од првиот брак од Украина. Пред неколку години маж почне да вложува пари вземав кредит во пирамида Лајонез, сега пак во некаја пирамида преку телефон и тое пари немало.. Тие пирамиди все лага, пари пропаднати. Молела да не вложува ама джабе. Минатата година донесоа мама од Украина. Јас во фамилија како самохрана мајка секогаш. Финансиски многу тежко ми тука со работа, живеем во мало место. И патувам повремено во Германија на работа. Неможам повеќе да пертем такви негови постапки. Он работа, ама исплаче кредити, долгови, многу малку останува нешто пазарува, понекогаш плате сметки. И кај мама и ќерка не убаво се однесува. Многу ми мака кога штеди древа, а на мама ладно стар човек, или додека не наспие на мама не дозволува да излегува од соба, бо смете нејзина стапаричка тропа и мама гладна може и до ручек биде. И сега сум во тупик. Мама и јас не можеме да вратеме во Украина поради војна, оштетена ќука од бомба. Ќерка уче втора година во Скопје во факултетот, треба да заверше, помош треба, финансиски тежко со работа исто, нема тука. Глава пука шо да правам....
@karyna_d баш за украинците има доволно стипендии на факултетите низ Европа. Нека разгледа ќерка ти, почнаа да ги нудат како помош за сите кои сакаат да продолжат со образованието. Но мислам зависи и од ситуацијата, вие веќе сте надвор од Украина. Некои факултети прават и отстапки за одредени случаи. Македонците секогаш штедат на дрва, нека не те чуди тоа. Жал ми е што ти е ваква ситуацијата. Делувај на било каков начин, само не очајувај. Гледај да се снајде ќерка ти, зашто само така полесно ќе ви биде. Доколку одиш почесто во Германија, верувам дека добро стоиш со јазикот. Да пробаш да најдеш организации низ Германија кои би ти помогнале и би ја згрижиле мајка ти. Па ти паралелно да работиш таму, а ќерка ти да го реши тоа со факултетот. За останатиот дел ќе се префрлам во лична порака.