Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Криза во бракот

Дискусија во 'Брак' започната од sweeteva, 21 октомври 2010.

  1. osamenamajka

    osamenamajka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    77
    Здраво на сите благодарам за подршката денес сум што би се рекло малку подобро бидееќи мие роденден и имам некое прекрасно чуство во мене на среќа на работа ми подготвија многу убаво изненадување пред малку дојдов бидееќи бевме излезени колешките се договориле онака да излеземе женско друштво да си се расположиме и така кога дојдов дома не ме пречека баш добра глетка ама нема везе помина ве гушкам сите
     
  2. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.385
    Допаѓања:
    126.532
    osamenamajka Ти го честитам роденденот,ти посакувам само убави нешта да ти се случуваат понатаму,те гушкам и биди силна,ке успееш,ЗНАМ :* :inlove:
     
    На osamenamajka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. evangelina.ina

    evangelina.ina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    18.853
    Пол:
    Женски
    Се надоврзувам на постот на mal.ecka :*
     
    На osamenamajka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Среќен Роденден Osamena Majka посакувам повеќе никогаш да не се почуствуваш "осамено " тмурните облаци кои надвиснале над тебе би сакала да заминат и конечно само убави и нежни чуства,проткаени со љубов цел живот да бидат со тебе сепак незаборавај после секој дожд доаѓа сонце мила те гушкам и биди ми среќна :*
     
    На osamenamajka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Осаменамајка, среќен роденден :) . Да имаш многу повеќе причини за радување отколку за нервирање годинава.
    Биди силна, едноставно немаш друг избор, мора да најдеш сила и храброст за себе и за децата, да постапиш како што ти вели срцето и да се трудиш да не мислиш што ќе рече светот, тој и така за кусо време ќе си најде друга тема за озборување. Млада си, далеку од тоа дека животот ти завршил, па да се помируваш со судбината. Имаш право не само на среќа, туку и на почит и мирен живот, не си на овој свет за некому да му служиш за изживување, и ќе мора сама да се избориш за тоа.
    Имав другарка со маж како твојот, како да црпеше сила од тоа да ја понижува и да ја прави несреќна. Колку повеќе ја расплакуваше, како толку посилен да беше. И понасилен. И сепак беше убеден дека таа никогаш нема да го остави, зашто, Боже, па таа е толку глупава и смотана што без него не може да преживее. А ако гледаше дека женава е решена сепак да си оди, почнуваа закани за неа, за децата, за нејзините родители кои „ќе ги испотепал на спиење“... Психопат. Не ја трпеше до себе, не знаеше ни да и се обрати нормално, ама не и дозволуваше да помисли да си оди. Го остави, помина пекол и после тоа, со следење од негова страна, со физички напади, без работа, ама и тоа помина. Само здравјето и отиде. Се разболе, се оперираше од рак, се надевам дека ќе биде добро и дека ќе има шанса нормално да живее после се.
     
    На osamenamajka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. doki55

    doki55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    226
    Пол:
    Женски
    Осаменамајка СРЕКЕН РОДЕНДЕН Ти посакувам да бидеш прет се здрава со голема храброст и сила да си ги исчуваш дечињата со него или без него ти одлучи но пред се биди себична и размислувај за себе Младоста е убава и ке можеш се да пребродиш За се има решение Ти посакувам секогаш да си насмеана и весела и овој кошмар да остане само во далечно секавање Уживај во животот зошто господ само еднаш ни го дава не му го препуштај на некој да владее со твојот живот тој е твој и живеј го онака како што ти мислиш дека ке ти е убаво Те бакнувам и со срека Штотику добив меил од пријателка и во склоп на кажаното ти гопрепракам - Се убедуваме самите себеси дека животот ќе ни биде поубав кога ќе се венчаме, добиеме бебе, а потоа уште едно бебе. Тогаш стануваме фрустрирани затоа што децата не се доволно големи и ќе бидеме позадоволни кога ќе пораснат. А, потоа, сме исфрустрирани што имаме работа со пубертетлии. Сигурно ќе бидеме посреќни кога ќе излезат од тој период на животот. Си зборуваме сами на себе дека животот ќе ни се разубави кога на нашиот сопружник ќе му дојде паметот на место, кога ќе купиме поубава кола, кога ќе бидеме во можност да заминеме на некое убаво патување или кога ќе се пензионираме. Вистината е дека не постои поубав миг за среќа од овој сегашниот. Ако не сега - кога?
    Твојот живот секогаш ќе биде исполнет со некакви
    тешкотии Најубаво е тоа да си го признаеш и да решиш да ти биде среќен без оглед на се. Среќата е вистинскот пат. Затоа, чувај го секој миг кој го имаш, а чувај го уште повеќе затоа што си го споделил со некој кој е посебен, доволно посебен да би го минувал времето со него... и запомни дека времето никого не чека
     
    На Ariana.djm, osamenamajka и Moira им се допаѓа ова.
  7. osamenamajka

    osamenamajka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    77
    Здраво душички какосте :* да не помисливте дека сум ве заборавила не тука сум не ве напуштам ве друшам и читам редовно и навистина сте ми од голема помош вечерва мие онака опуштено музиче кафенце мислам на убави работи се разбира на дечињата мои бидееќи тие ме одржуваат во живот милите тие ;( ;( ;( саканиов мој веќе добри 2 недели неми прави муабет немаме никаква комуникација незнам штомуе навистина воопшто ништо не зборува денес му викам причина ке кажеш зошто не зборуваш ми вика поубаво мие вака :( :( :( незнам шо да кажам навечер кога ке си легнеме пробува да има нешто глуми некое лудило мислам имаме редовен сексуален однос не дека сакам ама психијатарот ми рече ако мислиш дека тоа го прави смирен па радувајго :$ ма да се правам механички ама тоа е и на сабајле истата приказна си тера не зборува неможам да го сватам начинот на живот кој го води навистина мие многу чудно некни му викам ајде да излеземе децава да ги прошетаме седнал на комјутер игра фифа 2010 и целиот таков ми се врти оди ти јас несакам добро си викам !!! барем нема кавги нема расправии се трудам да бидам и мајка и татко за децава ма да е многу тешко ама тоа е ве гушкам и поздравувам сите
     
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.188
    Допаѓања:
    102.306
    Пол:
    Женски
    Упс мајка грешка од старт, психијатарот твој да си го смениш подитно, како тоа радувај го него а ти тони во тага. Немој да си се уништуваш, бракот не е составен само од сексот, што си ти кукла на надувавање, ќе си ја заврши работата и ај чао, што сте вие, пријатели за цекс само. Не ми се верува, тој твој психијатар нема две чисти во главата. Ако држиш до самата себеси нема да дозволиш да те искористува, своите сексуални потреби да ги истура на тебе, а после која си ти, не си важна. Знам, ризикот е голем, го брак кога спласнува и сексот најчесто оди се по ѓаволите, ама па не можеш да си дозволиш да те искористува, тој сега те држи до себе само за тие пол саат уживање навечер. Значи јас на дечко ми му се лутам кога наместо мене после долго време избира да игра фудбал, а камоли твојов, не идам јас да ги шетам децата иди ти, ќе играм Фифа, со кој памет, тие деца ти од дома не си ги донела. Мајка ми цел живот ни беше и мајка и татко, па да ти кажам не беше воопшто од корист тоа, воопшто не успеваше, една мајка никогаш не може да биде и татко, тоа само во муабети може, а во пракса никако. Немој да си дозволиш децата да се ослонат за се на тебе, како јас и сестра ми, татко ми ни беше страв да го прашаме или да побараме и ајде мама, сега ја разбирам колку лошо сме правеле, денес кога душата ми се цепи кога вика дека не исшколувал, ни направил родендени, на сестра ми свадба и направил... Биди мајка и само мајка, само така децата ќе знаат да го ценат она што го правиш за нив, а тој ако не сака да биде сопруг не мора, татко мора да биде. Мој совет ти е да не му дозволуваш да те искористува во поглед на сексот, покажи му дека и тебе ти е подобро да си легнеш на другата страна и да си заспиеш, па после ти играј ја оваа игра која ја игра он, кога ќе ти се присака глуми лудило.
     
    На ell, osamenamajka, artemis и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Palchica

    Palchica Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    90
    Имавме добар период. Никакви караници до денес. Е овие моменти се тие што ме премислуваат дали да заминам или останам. Се беше ок, и изби таков куршслус што уште не можам да поверувам. Моравме такви скарани да отидеме на ручек кај неговите и мајка му примети. 100 пати праша што е, избегнував одговор (демек од времето ми е, уморна сум)... и на крај ме собра во кујна и ме притисна да и кажам. И реков имавме некое недоразбирање и малку сум навредена дека ме нарекува магаре, глупача, мајмун и ненормална (да ме утеши ми рече, еееее знам и мене колку пати така мм!!???).. И отиде да го скара... мислам????!!!! Си отидовме и во кола почна да се дере, утре ќе дошол кај моите, ќе го збудалел татко ми од нервоза, ќе не запалел сите дома ако сум кажела уште еднаш збор пред мајка му, таму само сум требала да се смешкам и ништо више. Mi se zezna laptopot I ne mozam da pisuvam kirilica..vo meguvreme pak se derese doma dodeka go pisuvav toa pogore-mnogu dobro me znael, jas sum imala psihicki problem..??? Pocnuvam da mislam deka ostanuvam vo brakov od ogromen strav da ne ostanam sama, sto ako ne najdam covek za mene, da nemam deca... Na sex ne ni pomisluvam, ne sme imale ne se sekjavam od koga (I koga sme vo dobrite ne mi ide da sum intimna). Znam deka e se ova loso, a tolku se osekjam nemokjno da si otidam. Kako da soberam sila ..ne znam .. 15 dena odlicni, 3 dena katastrofa.. :( P.S. Deka sum gi sekirala negovite mamata ke mi ja rasplacel, dodeka bil ziv ke mi vrakjal (ne znam dali e se ova vo afekt sega kazano, ama...)
     
  10. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Палчица, не сум во брак и не знам колку сум компетентна да ти дадам било каков совет. Ќе го искажам само своето мислење.
    Навредите од таков тип: Магаре, мајмун и слично се навистина простачки.
    Се извинувам што индиректно го навредувам твојот сопруг дека е простак, ама навистина кога ќе слушнам навреди од тој тип ми се :puke:
    Нема да те посоветувам уште веднаш да си ги спакуваш куферите и да се вратиш кај твоите, имате и убави денови па во тоа име треба да превземете друг чекор.
    Мое мислење е дека морате веднаш да седнете и да поразговарате.
    Ќе му кажеш дека не сакаш некој да те понижува и навредува.
    Ќе му кажеш дека толку лошо се чувствуваш што на памет ти паѓа помислата да се вратиш кај твоите.
    Кажи му дека тој не е човекот во кој си се вљубила, дека многу те разочарал и дека ако сака овој брак да успее ќе треба да се потруди околу тоа.
    Прашај го што му пречи и која е причината поради која тој така се однесува со тебе.
    Ако увидиш дека и ти правиш некои грешки, кажи му дека ќе се обидеш да ги промениш.
    Биди искрена и побарај од него искреност.
    Не сте деца, со убав разговор се се решава.
     
  11. napominuvanje

    napominuvanje Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    59
    Палчица
    Кратко време во брак а осцилации од плафон до патос и обратно!Велиш 3 дена пекол 15 ден Ок или обратно.Имам чувство дека тие денови кога е се ОК така е затоа што ти попушташ.Во ред треба компромиси, толеранција , попуштање во бракот но тоа треба да го има од двете страни обострано и ненаметнато заради љубовта.Ако правиш компромис заради мир у куќа а другата страна не е свесна џабе ти е компромисот зашто тој одново или за иста работа ќе те нервира или за слична и ќе очекува ти одново да голташ кнедли.Му правиш навика дека ти си таа што треба компромиси да прави.Проблемите неможат преку ноќ да се решат ама нема да се решат ни доколку нза нив не се разговара.Ама здраво да се седне и да се разговара, не со плачење не со навреди.И нема да биде лесно и од прва да се разберете.Ќе биде прво со викање и напаѓње па ти ќе се повлечеш да се смири малце.по ден два пак ќе се отвори темата , па по 4-5 дена пак истата тема.Ако тој од другата страна не се мрда ни за влакно т.е. си ги повторува истите работи одново а сте ги верглале до 101 и назад, тури му пепел.

    Не зборам дека ти си у право он криво.Едноставно различни карактери, различни ставови, не сте компатибилни.Штом те прави несреќна ваков каков што е не сте еден за друг.Искрено , и да ти ветува дека ќе се смени тешко таа работа.Колку ти што можеш да се смениш!
    Не брзај ни со стан купување ни со дете!
    Моја пријателка се разведе после 6 години брак.Пред тоа не кукаше дека има проблеми, можеби онака од околу нешто ќе спомнеше и нормално сите што ја знаевме се изненадивме.Не навлегуваше во детали зошто и како рече различни сме не сме еден за друг!На прашањето зар не примети од одма ами после 6 год. рече: паа сите викаат за бракот треба да се бориш, да не се откажуваш одма, сите имаат проблеми, па ај да правиш компромиси, па ај веруваш ова ќе се смени ради она,ако направам вака ќе биде поарно, па не чекај вака ќе направам, па ај час сме арни час не и ОП прошле годините и неможев повеќе.
    Среќа во несреќа немаа деца....И она имаше подршка од нејзините.
     
    На osamenamajka, AIT, imelda и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.190
    Допаѓања:
    139.367
    Палчица, многу ми е жал што поминуваш низ ваков период. Сама треба да си донесеш одлука што ќе правиш понатаму, но убаво мораш да премериш што добиваш и што губиш. Различни луѓе реагираат различно во дадени ситуации, па никој не може да ти каже што да правиш, самата си знаеш најдобро. Има луѓе кои немаат проблем со навреди, односно воопшто не допираат до нив.

    Ако не ми пречат навредите веројатно би останала со него, ако ми пречат, не би останала ни ден повеќе со него. Тој не покажува почит кон тебе, и тоа не знам дали би се сменило. Уште повеќе, не знам ни дали си должна да го трпиш таквото однесување и истурање нечии фрустрации врз тебе. А тоа што татко му така се однесува со мајка му не ветува многу дека ќе се смени, ама ајде, да не тврдам, немам такво искуство. Тоа што го знам е дека кога доаѓаат деца на свет животот станува многу посложен, неопходни се почит и разбирање, а тогаш многу е потешко да се свртиш и да си отидеш.

    Компромисите се составен дел од животот, ама од ова што го пишуваш не добивам впечаток дека е подготвен на компромиси, ниту дека до сега ги правел, за разлика од тебе.

    И не дозволувај во одлуката да ти влијаат други страни - твоите, неговите, кој и да е. Ти ќе ги сносиш последиците од одлуката, а не некој друг, и затоа мораш да ја донесеш сама, со „ладна“ глава.

    Ти посакувам среќа и решавање на работите така како што е најдобро за тебе.
     
    На osamenamajka, AIT, imelda и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    palchica пресечи додека е време....додека немате деца.....и тие ќе страдаат...........а и плус со дете е многу потешко да се продолжи животот...барем во нашава Макдеонија......целата договорност ќе биде на тебе.....

    а цел живот да се стегаш што ќе кажеш , бидејќи тој се си извртува во негова корист........тешко е цел живот да се гушиш самата себеси само за да има „мир во куќа“
     
    На osamenamajka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. evangelina.ina

    evangelina.ina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    18.853
    Пол:
    Женски

    Во колку нешта се пронајдов тука во твојот пост ,меѓутоа ова мене ми се случува во последните години од бракот и како што си сум самокритична си знам дека за некои работи и сама си сум крива па молчам и трпам или се карам а потоа трпам главоболки невидени :( Зборот ми беше твојот сопруг те вреѓа без пардон и така ќе си продолжи и понатаму не гледам тука колку искрен разговор направен со ладна глава ќе помогни (вервам дека едно милион пати си го направила тој разговор,јас барем милион и еднаш сум го направила и се било два дни без три дни :( )Доколку можиш да не реагираш на неговите испади на бес проследени со тешки навреди и закани а читајки те гледам дека страшно те повредуваат (мене сеуште и после 15 год.брак ме уништува секој збор-навреда упатен кон мене)..Ако успееш да се оградиш во ред ама ако тоа те мачи и иритира и уништува вака на почеток на брак тогаш најдобро е да прекинеш пред да дојдат дечиња на свет и после да патите заедно и ти и дечињата...
     
    На osamenamajka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    палчице а што би се случило доколку му кажиш јасно и гласно се што ти пречи, неговото непочитување, навредување итн и да му дадиш на знаење дека следниот пат кога ќе направиш такво нешто стануваш и си одиш. ( мислам го напушташ него и вашиот дом) како би реагирал на тоа ? дали тогаш би сватил колку е сриозна ситуацијата ?

    обично на мажите не им се јасни многу работи и не знаат кога ја преминуваат границата, можеби за него е тоа нормално?
     
    На osamenamajka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SweetDream

    SweetDream Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    45
    Палчица најискрено се надевав дека ќе успеете да ги надминете недоразбирањата и ќе ја пребродите оваа криза но,како што читам ова не е моментална криза туку судир на два различни карактери,принципи и вредности.Не навлегувам во тоа како дошло до овој степен,како некои работи не си увидела порано или едноставно си ја направила онаа класична грешка која многу жени ја прават наивно верувајќи дека после бракот тој ќе се смени на подобро.Луѓе сме сите грешиме,згрешив и јас и еве си признавам.Но сега е време да ја исправиш грешката додека се уште е мала и немате деца или ќе се осудиш самата себеси на страдање,непочитување,потценување и психичка тортура.
    Немој да се измачуваш повеќе и да удираш со главата во зид.Прифати ја реалноста, колку и да е сурова, колку и да те боли,колку и да си разочарана,со сила убавина не бидува.Тој човек нема никогаш да се промени.Немој да се плашиш од тоа што ке останеш сама ти и онака си всушност сама тебе ти треба човек до тебе а не само арогантна и себична човечка фигура.Бракот не е само обичен потпис на ливче хартија. Каде е тука љубовта,почитта и разбирањето????
    Зборувајте и кажи си го своето мислење,нека не ја користи и злоупотребува твојата добрина.Тоа не го дозволувај никому!!!Не дозволувај да те гази!!!Читајќи те јас добив впечаток ти како да се плашиш од него,како да се плашиш да му се спротивставиш,премногу му допушташ и се жртвуваш.Ваквиот профил на личности најчесто бараат жртвени јагниња.Не за џабе се рекло убајте круши свињите ги јадат!!
    Ако веќе сте разговарале и гледаш нема ефект стави крај и продолжи си понатаму.никој нема право да ти го уништува сопствениот живот.
     
    На AIT, Micika80 и Moira им се допаѓа ова.
  17. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    633
    Палчица, НАЈДОБРОНАМЕРНО само два збора ќе ти кажам...
    Разведи се! и тоа што побрзо, додека сеуште немате деца.

    Штом сега е катастрофа, кога сте сами, на почеток од брак, кога треба најмногу да бидете "загреани" еден за друг, со минимални обврски, како ли ќе биде кога ќе имате деца. Немој да мислиш дека децата ќе го решат проблемот кои реално постои меѓу вас. Гарант ќе биде уште полошо! Две личности кои не можат да се трпат еден со друг, не можат да воспитуваат трета личност!

    И немој да му се плашиш! Зарем ние живееме во Африка, си има институции кои можат да расправаат по тие негови закани, само веќе ако стане збор за тоа, а одлуката е твоја!
     
    На napominuvanje и Moira им се допаѓа ова.
  18. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    228
    Палчица, мислам дека треба да покажеш малце заби!!! Треба да му покажеш и КАЖЕШ дека ти не си некоја најдена на улица, дека неговите погрдни зборови те вреѓаат (изгледа тоа не го знае), дека во брак/врска двајцата партнери треба прво меѓусебно да се почитуваат и да има компромис помеѓу нив. Покажи заби, кажи му дека вака не иде, па можеби ќе има позитивна промена кај него.

    Навистина не ми е јасно како може човек така да се однесува и да го навредува некој кој што го сака?!?!
     
    На osamenamajka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. osamenamajka

    osamenamajka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    77
    Здраво душички поздрав до сите Палчица баш мие жал што ти се случува ова од мене еден совет пресечи додека е време што порано тоа поубаво никого неможеш со сила да на тераш да те сака или почитува затоа додека не почнало нек се заврши верувајми дека е тоа најдобро и немој да мислиш дека ако добиеш дете ќе биде се поинаку НЕЕЕЕЕЕЕЕЕ ТОА Е КАТАСТРОФАЛНА ГРЕШКА ти го кажувам ова од искуство бидееќи поминав низ пекол и сеуште додуша ама сеа малку е поинаку не дека сум станала имун далеку од тоа ме боли кога зборува кога навредува но највеќе ме боли кога децана ме гледаат беспомошно ни криви ни должни бараат помош а јас беспомошна неможам ништо да направам решение РАЗВОД !

    Кај мене инаку се по старо господинот си тера негово јас мое идам на работа дома со децава обврски некни си легнав до него и се понаша као демек којзнае колку ме сака а си легнав цела таква расплакана од навреди арно ама мојов после 10 саат навечер заборава што праел преку ден ;( ми пукна филмот станав земав постелнина отидов во друга соба и му реков штом имаме брак само на хартија така и ке го живееме сеа е надуван муабет не се праи јас глумам мислам анџелина џоли вода може да ми носи :D со ова глумава моја ама не се давам демек немие битно воопшто имам супер колешки на работа ми даваат подршка и малку сум по опуштена чекам детево да ми заврши годинава и дим да ме нема како даде господ така едноставно доста мие веќе од се да бидам искрена не мие баш ок и сеедно ама мора така поинаку никако секоја вечер излегува во мој инает као демек љубоморна ме прави ама нека тера од мене муе просто се гледам децава да ми се ок да се насмеани среќни весели ма да не се ама ке издржиме пишувајте МНОГУ СТЕ МИ ОД ГОЛЕМА ПОМОШ ВИ БЛАГОДАРАМ ВЕ ГУШКАМ СИТЕ
     
  20. stefaneli

    stefaneli Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2011
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    17
    ostavena i razocarana vo brakot

    Dragi feminki vo brak bev godina ipol i sega sum skrsena od bolka,ziveev so covekot sto go sakav premnogu,no toj pocna da propagja finansiski i da molci po celi denovi,ziveenjeto so majkamu bese uzas a ziveese so nas i povremeno bese so nas i sinot od negoviot prv brak,pocnavme da se karame navreduvame bez zbesnata i go navrediv premnogu po sto toj mi rece da si soberam se i da si odam.Si zaminav no site moi raboti i garderoba ostanaa kaj nego i veke dva dena sum kaj moite uste im nemam kazano zosto majkami pred dva meseci se operirase od rak,inaku mu pisv nekolku poraki no toj ne vrati nisto ni dojdi zemi si gi stvarite ili vrati mi go klucot bar da mi odgovorese nesto nemase do tolku da me boli,vaka me stavi na ignor,ako nekoj ima vkva slicna situacija molam za sovet i podrska,inaku nre rabotam i mi e uste potesko,ne mi se zivee poveke,mislm deka zivotot zavrsil za mene zasekogas,pozzz