@BrunooMars1980 заеднички се донеле одлука. Велиш дека ја боли што е финансиски зависна - таа нека заработува и работи, ти седи и чувај дете. Ако така се почувствува покорисно и тоа би влијаело на самодовербата - спомни го како решение. Мене повеќе ме загрижува моментот што не знае што да прави со себе. Тоа се решава пред брак, а не за време на брак. Личност што свесно формира семејство не смее да запаѓа во некои тинејџерски муабети за непронајденост. Во ред е да станува збор за краткотрајна фаза, но не повеќе од тоа. Компромисите секогаш и секаде се потребни (без разлика дали е за работа, обична врска или брак). На тој принцип функционира сè, ако нешто не било како што треба не знам зошто воопшто правела напори за компромиси. Фрустрациите се само нејзини, без разлика на помошта. На нив не се влијае и тоа зависи само од нејзе. Очигледно треба да намалиш со нудење на помош**, зашто има контраефект. Луѓето како луѓе се социјални суштества и не е тешко човек да се социјализира. Ако сака, секако. Иако не мислам дека сака. Дури не ми делува и дека се труди.
Мислам дека во вашиот случај може ќе ви помогне да одите на брачно советување, заедничка терапија или во најмала рака терапија само за неа, пошто... ..ова дефинитивно не е добро. Од една страна осеќа омраза кон тоа што е финансиски зависна, а од друга не сака работа. Баш е ко што рекла ни она не знае што сака. Мислам дека терапевт може само да и помогне тука. Е сега ако одбива, нема ништо да се смени, може само да стане полошо. Во тој случај треба да решиш дали сакаш да останеш со неа и детето да расне со такви ставови и сфаќања околу него.
Дали и пред детето сопругата беше таква? Немање на хоби, нерасположена, често плачење? Ако се случило после детето многу веројатно е да поминува низ долги епизоди на депресија што само мајките можат да ги сфатат. Животот на мајките се менува многу повеќе од животот на татковците, почнувајќи од тело, мозок, работа, хоби и слично. Кога човек е преморен и кога знае дека нема многу време, а има многу приоритети, тешко е да се посвети на некое хоби, особено ако истото бара континуитет. Јас претходно имав многу хобиња, ама сега немам, бидејќи чат пат имам некој час слободно време и не ми се ни почнува нешто кога знам дека нема да го завршам. И љубоморам на маж ми што комотно си се посветува на меговото хоби без некогаш да се сети да жртвува дел од времето на неговото хоби, за мој раат. Си разговарал ли со нејзе за ова? Ако не можете да разговарате заради било која причина можеш и да и напишеш во вид на писмо да го прочита па после да го дискутирате напишаното. Тоа што претходно сте се договориле за кој да работи, кој да чува не го земајте многу здраво за готово бидејќи можеби се нафатила на тоа не знаејќи колку е тешко или барем нејзе и е тешко чувањето на детето, така да не треба да се лутиме за вакви работи и треба да е дозволено премислување и правење на нов план. Никој не може да не подготви за тоа колку се менува животот после деца. Само пробувам да ти дадам некои други преспективи, може ова нема врска со вашата ситуација. Каков си кога си дома? И посветуваш ли вистинско внимание и покажуваш ли љубов и кажуваш ли колку ја почитуваш и сакаш? Тоа што ти работиш, не треба да ти биде изговор да не поминуваш време (вистинско, целосно фокусирано, без телефон, тв, книги во околина) со детето. Мене како мајка многу ме боли ако забележам дека сопругот не е целосно посветен и фокусоран на детето. И тој е родител. Дали шетате заедно било да е тоа природа, кафана чисто да смените околина? Социјалните мрежи и тоа како другите живеат можат да создадат гнев дури и кај цврстите карактери и да се го споредуваат својот со нивниот живот. Често 'жртвите' на мајката се подзаборавени. Пробај, размисли што се има она жртвувано за тебе и за бебето и кажи и дека си благодарен за тоа, дека не е незабележано. Според тоа што го пиша ми изгледа како да е несреќна и огорчена од нејзиното монотоно секојдневие и не знам зошто ама некако ми изгледа како да не ја цениш доволно. Можеби грешам, можеби проектирам некои лични комплекси, не знам. И најважното го оставив за крај, твојата сопруга плаче многу често со години. Тоа е огромен проблем, таа има огромна тежина и најверојатно е депресивна. Овој проблем не смее да се занемарува, ако навистина ја сакаш мораш да се обидеш да и помогнеш со тоа што најпрво мора да оди на психолог (требало и порано ама никогаш не е доцна). И брачна терапија е добро, но мислам дека прво треба индивидуална за нејзе. Исто мислам дека оваа криза е решлива и не треба да размислуваш за развод туку како да ја надминете. Тоа што бараш друга преспектива тука е одлично и дава надеж дека навистина сакаш да најдеш решение
Најголема грешка е одлуката едниот да заработува и да има кариера, а другиот да биде дома со детето. @BrunooMars1980 Нема потреба 24/7 да биде со детето. Таа треба да бид еи нешто друго освен мајка. Сега е влезена во некој таков безнадежен круг што типично с ејвува кај жените кои освен што се мајки ништо друго не работат и сега ти треба помош од психијатар за да излезе од тој круг. Затоа нема интерес, нема хоби, нема ништо. Депресија кај домаќинки, се вика. Не знам и зошто ова сега се почесто се случува и жените страдаат, зошто е изборот мајката да биде дома? Па кога жените останувале дома?! Одсекогаш работеле. На здраво дете не му е потребен целодневен мониторинг од мајката. Напротив штетен е, така се создаваат хеликоптер мајки и брачните и семејни односи се рушат. Психијатар и работа.
@BrunooMars1980 Shto znaci povozrasni godini? Za soprugata me interesira,ti pretpostavuvam si 80 godishte?
Мораш да и предложиш да посетува психолог Еве и двајцата посетувајте за почеток Жената е во некоја депресија сигурно а и како не би кога е дома сама со години Има ли другарки пријателки за кафе шетање пешачење Сеа коа ке одлета детето т е коа ке тргне на школо ке биде уште по осамена и ке биде уште полошо
Не сум во брак, ама гледам си се обидел да и најдиш работа, да земиш уште една жена да и помага неа не сака... Таа има некој внатрешен конфликт, нешто ја мачи.. Себично е да речам и да си играме Симс, ама барем посвети и малку повеќе внимание и време неа и на детето и биди повеќе дома? Земи одмор? Одете на психолог нешто, таква терапија? И ако сето ова се обидиш и е неуспешно тогаш размисли каде се гледаш наредните 3 години и дали е во ред да се враќаш дома тажен од работа.
Не прочитав што кажуваат претходно форумџиите. Претпоставувам разумни работи. Мај ту сентс : анксиозност/ дистимија Што евентуално се влечи уште постпородилно. Се' што потиснува од незадоволства, сите емоции, експлодираат повремено како сад под притисок и единствен вентил е да се испразни врз блиските ( колку и да е контрапродуктивно) Ако сакате да се спаси љубовта и бракот, не е на одмет да зборнете со психолог, евентуално психијатар, и посебно и заедно.
Го имаме и тоа разговарано како решение, ама било категорично отфрлено. Нејзиниот став е дека може повеќе да се заработи со мојата професија. Не сакав да го споменам и тоа, ама финансиски ги помагаме и родителите од двете страни. Не секогаш, ама често. Ти благодарам за добронамерните совети. Кога ќе подразмислам, дефинитивно не сум најидеален сопруг. Факт е дека многу често, сум ја ставал работата на прво место, за жал. Свесен сум дека тоа е себично, и веројатно и тоа игра улога. За викенди поминуваме квалитетно време заедно. Не сме типови што одат во кафеани, но често патуваме надвор од МКД. Тогаш приказната е сосема друга. Со детето поминувам барем 1-2 квалитетни саати во денот, обично пред легнување. Некогаш го возам со велосипед, некогаш цртаме графити, ама се трудам да го изморам психички пред спиење. Можеби и тоа не е доволно, но некако сум вклучен сум во неговото воспитување. Со оглед на тоа што работното место ми е во соседната соба, секој слободен момент "уз работа" гледам да го поминам со нив двајца. Дали со шолја чај или кафе, нормално доколку не ми е потребен преголем фокус во текот на денот. Социјални мрежи не користам оддамна, освен професионални. Од друга страна, сопругата ги користи сите. Секако, прво нешто што ми дојде на памет е брачна терапија, и дефинитвно ќе го споменам тоа како предлог. Сопругата е помлада 5 години од мене. Напоменав и погоре, работа ми е во соседната соба. Ама да, се согласувам, психолог и брачна терапија за двајцата. Ви благодарам на сите за советите и одвоеното време.
Извини вака што како падобранец се вмешувам, ама не можев - АМАН што луѓе се тие? Убаво им е да чекаат на грбот на синот, а за возврат не сакат ни 1% да се помачат... Ќе останел без јадење, големо чудо. Нека си свари јајца тој ден... Инаку, јас мислам дека дете во градинка и ти да си најдеш работа, би било уште поубаво за тебе. Вака со дете цел ден сама дома... Вируси, разболувања мора да поминат. Дали сега, дали догодина... Ќе си земеш боледување ако е потребно.
Мислам дека најдобро е брачна терапија, ама и индивидуални сесии за сопругата. Ма да ако почнете заедно, најверојатно ќе и кажат и нејзе за ако сака плус индивидуално. Јас сум со мм 15 години заедно. Еднаш имавме криза уште во врска кога бевме, и одлучивме да одиме на заедничко терапии. Нас ни помогна тоа. Едноставно има љубов премногу, ама и поради х причини има и кочница за да биде хармонична врската. Така беше кај нас... И двајцата имавме потреба да "вежбаме " на некои наши карактерни особини, и од сегашна перспектива сум многу благодарна на себе дека тогаш сум одлучила да почнеме со терапија, наместо разделување. Не можам да се замислам со некој друг партнер во животов...
Не е грешка, ако така се договориле. Заеднички. Не гледам членот да ја омаловажува или отпомага. Таа и сега има можност да работи и не ја кочи со нејзините избори. Што е доста голема предност. Можни решенија куп, добар дел предложени.
Никој не е идеален ни сопруг ниту пак родител. Ти ми изгледаш како доста блиску до тоа, штом си спремен да побараш совети и според тоа што го кажуваш. Не се откажувај од сопругата (освен ако не е насилна кон тебе или кон детето), ако претходно не била 'намќор' големи се шансите да се врати пак во старата нормала. Детето ако не оди ќе почне во школо и ќе има повеќе време за себе. Јас мислам дека твојата сопруга нешто ја мачи, бидејќи никој не плачи од што сака, можеби некоја траума од минатото за која што ни самата не е свесна. Мора прво тоа и промените во расположението да се средат, а верувај тоа може да биде лесно решливо со помош на психолог, некогаш и апчиња. Најубаво ќе биде да си најде некое хоби и да посвети време и внимание во тоа, ама лесно е да се каже... Тоа што немате помош и шо ги помагате вашите е голем товар. Првата година а особено првите месеци со бебе без помош може да е трауматично искуство и уште да има последици. Не викаат џабе странциве дека за да изгледаш дете треба цело село, а не само мама и тато. Ви посакувам многу среќа и да ја поминете оваа криза со успех.
Освен тоа што тој се труди да најде решение од нејзина страна не само што не се цени туку не ни прифаќа ништо. Озбилно мислите дека ќе прифати психолошко советување? Јас мислам не. Единствено некој од нејзините (ти да им објасниш ама без нејзино знаење за да го свати тоа како навреда) да поразговара и да ја убеди да почне да работи па да си го исполни времето со обврски, да не е цел ден дома и е единствена опсесија детето и како да драми и да се испука на маж и. Ќе те угуши вака. Во оваа и другата тема во форумов за развод пишуваа еден куп жени кои ги имаа истите каприци како неговата сопруга и се нешто им фалеше. Мажите им работат доста, имаа пари, добри сопрузи и татковци се ама им тогаш им фали внимание, секс и сл. Ако останат дома мажите ќе им фалат пари, сакам да кажам таквите сопруги секогаш ќе најдат причина за незадоволство и конфликт затоа што се такви. Знам еден куп семејства кај што мажот работи 2 работи по неколку дена па немаат проблем, жената тие денови ги зима и носи децата школо и спорт, викендите надоместуваат со заеднички активности.
@BrunooMars1980 кратко и јасно, те молам мора да ја разбереш.. " во добро и лошо"- е ова е тоа "лошо" и тоа е бракот..кога ќе ја погледниш, насмевни и се, кажи и дека ја сакаш, кажи и дека се ќе биде во ред и не мора да биди перфектна мајка, да гледа за себе повеќе, така и дете и маж среќни. Верувај, таа веќе ја работи најтешката работа. Дете в градинка, таа на работа и витамини Б6 и Магнезиум на вечер. Позз
Притисокот е огромен ако не го поделите двајцата. Двајцата сте родители и работоспособни. Прво, со тоа што си го зел цел притисок за финансии на тебе, се приморуваш работата да ти биде многу високо во животот. Ти прави стрес оти ако не дај боже снемаш работа, твоето семејство и плус два пара родители ќе немаат пари. Тоа е премногу за еден човек. Ако жена ти работи, ќе имаш поддршка емотивна дека и да се деси нешто, додека најдеш работа она ќе покрива. Второ, она цел притисок за детето го зема на неа. Покрај градинки кои можете да си ги дозволите, приватни, ќената е дома 24/7 и разговара само со бебе. Тоа е особено ужасно за неа. Да не зборуваме како го расете детето у 4 ѕида и пола саат на лулашки. Му треба и на тоа дете од 4-5 години, другарчиња. Трето, она има постродилна депресија која ја негира, она си знае од која причина, и ако не одите на псиихјатар или психолог, нема да се подобри ситуацијата. Сега се се сведува на манипулација од твоја страна, оти жената не е свесна што се случува, а ако не ја изманипулираш да пратите дете у градинка, и да најде работа и да оди на психолог, ќе уништите многу работи. Биди мудар и најди пасивен начин сама да сфати. За жал, бракот е секојдневно тешење и сакање и секојдневна борба и работа, и секој ден љубов и компромис... ама е убав. И секој сака дома да си дојде и да му е убаво. Нормално е месец, два, година... не е нормално со години. Факт е дека она има проблем, кој почнал и тебе да те јаде после толку време. И камен да си, ќе те изеде. Барај начин, дали со закана, кавга, молење, плачење, манипулирање, ќе ја убедиш да почне на психолог, на работа и да оди детето во градинка. Има приватни градинки, за 18 000 жената ќе се прероди.
Се согласувам со @Cosmi од збор до збор. На женава очајно и треба вработување и од тој момент ќе престанат плачките, љубомората и опседнатоста.Велиш одбива да ја прифати твојата понуда за работа, но имам впечаток дека се плаши, детето е пред почеток со училиште и многу години отсуство од кариерата и предизвикуваат немир и оттаму плачењето. Друг момент е што имам впечаток дека била жена од кариера и можеби сама сака да се избори на пазарот на трудот.Едно решение е да започне со работа и да се окупира, да и се зголеми самодовербата, буквално да скокне во оган Втора, да земе некој курс за надградба, доколку има, во доменот на нејзината струка, да се охрабри, да ги увиди промените. Долги години надвор од струката и не следење на новините, губиток на пракса не се беспоследични.Психијатриска помош не е на одмет, но повеќе од јасен е коренот на проблемот.И не ме сфаќај погрешно, ама имам впечаток дека не била реално согласна да биде родителот кој ќе остане дома, може влијание на хормони, поврзаност со дете, емоции ...Уште на породилното сте требале да барате опции за жена, градинки, престои и слично Секако, ова е само мое мислење.
Тоа е проблемот, коренот. Она сменила цел живот за да имаат дете. А на треба да биде така, скоро никаде не е така. Работам во фирма во која од 400, 300 се жени, сигурно 200 се мајки на повеќе деца. Нема зошто дома да се седи за дете, освен ако не и е тоа желба и задоволство. Ама 360 да си смениш живот??? па со бременост и пораѓај и доење веќе си се сминела, уште да ти закржлави мозок дома у 4 ѕида и дете кое е 24/7 обврска