Одлуката била заедничка но била погрешна, огромна грешка ! Резултатот на таа грешка е нејзиното однесување денес. Членот не е крив воопшто.
Никаде не го посочив членот за виновен, скроз во друг контекст ми беше ова. Заедничка одлука - свесна одлука донесена после разговор. Ако таа во таков важен разговор прикрива дел од фрустрациите, еве сега се гледаат.
@BrunooMars1980 прво сакам да ти кажам дека ти си човек за пример во денешното труло општество. Си согледал дека има проблем и се обидуваш да го решиш на сите начини во твоја моќ. Некогаш ти е преку глава, ама не се откажувај, затоа што сте на крај на тешкиот период и колку и да ти изгледаат работите лошо и безизлезно во моментов, брзо ќе се средат. И затоа што размислуваш трезвено, мораш да продолжиш да се обидуваш да ѝ помогнеш на сопругата да се најде себе си. Прво, разбери ја нејзината ситуација. Многу жртвувала, кариера и динамичен живот заменила за седење дома и чување дете. Иако било со заедничка свесна одлука, верувам дека не сте знаеле колку може да ѝ е тешко и дека вака може да ѝ се одрази. Доброто е што веќе нема потреба да се откажува од работа ниту еден од вас, затоа што детето пораснало, ќе оди на училиште. Добро е и последната година пред училиште да оди во градонка ради адаптација, Со самото тоа, се отвора простор за решавање на проблемот. Ама мислам дека нема да оди сѐ многу лесно. И самото враќање на работа после толку голема пауза е тешко и ќе ѝ треба време да се врати на таа динамика. Во меѓувреме, продолжи да разговараш со неа за тоа што порано ја правело среќна, а веќе го нема. Што изгубила, а што добила. Какво сака да ѝ биде зекојдневието. Што ѝ е важно. И милион пати заблагодари ѝ се што останала дома. Праша дали е нормално така да изгледа бракот. Сите сме имале кризи, но кај вас предолго трае. На многу жени им се случува да се изгубат себе си во периодот кога чувале деца, баш во тој период кога децата имаат 4-5 години мислам дека е кулминацијата. И после години трчање постојано по обврски и немање време за себе, на крај не знаеш веќе што те прави среќна. Со многу пријателки сум го правела истиов муабет. Продолжи да се обидуваш, предложи и семејна психотерапија. Тоа ќе го забрза решавањето на проблемот, иако веројатно не е единствениот начин. Освен ако мора да зема лекарства, и тоа не е исклучено, секојдневното плачење да се должи и на недостаток на некој хормон. За ова не знам многу, и јас го имам научено од форумов, ама знам дека некогаш мора лекарства. И најважно, не очекувај дека проблемот ќе се среди веднаш, ќе треба време. Ама ако претходно било сѐ ок, може повторно да биде. Според ова што го кажуваш, жално е да го изгубите семејството сите тројца поради ваква причина, после сѐ што сте направиле и постигнале. Среќно!
Незнам дали мојава ситуација е за овде ,но ете од мака ќе пишам. Во брак сме 8 години, имаме све деца 6 години и 2 месеци бебе. Сите овие години некако бевме во некои несогласувања, влијание од мајка на сопругот ,кавги , расправии но јас трпев и издржував. Но откако останав бремена и се роди бебево сопругот како нагло да се смени ,избегава разговори, молчи, се расправа... пред некој ден се скара си татко ми, буквално го исфрли од дома, плачам цела недела се уништив, несака да ги види моите ми вика несакам да доаѓаат тука, а нема посебна причина за тоа. Татко ми дури беше и болен несакаше да го носи во болница а утредента дојде кај мене да ги видам резултатите од лекар а тој се и сешто му се навика, мислам дека после ова нема да можам да продолжам напред со него, секој ден стрес нервоза, незнам што да направам....
Најлошото е тоа што избегнува и да разговара, незнае смирено да каже што пречи зошто е така туку само напаѓа со навреди кон мене и целата моја фамилија а незнам зошто воопшто му немаат згрешено ништо, навредува како јас сум виновна несум знаела што зборувам што правам. Многу лоши навреди и зборови паѓаат ,премногу е тешко да се слуша такво нешто од човек кој ти е партнер и со кого имаш деца.... Неможам децава од жал да ги гледам аи тие мене ,осеќаат
Тука останува веќе да го прашаш, ако не е задоволен од тебе и те навредува, што бара уште со тебе. Бракот не е играчка, децата уште помалку, со вакво однесување се знае каде води животот. Дали тоа го сака?!
Да не слушнал некој разговор да го оговараат да зборат лошо за него? ичи и ти заедно со нив? Ама и да збореле не смее такс дрско да го избрка од дома твојот татко. Какви и да се родители се како што ти ги трпиш неговите така и он треба твоите. Јас ова мене да ми се случеше а нема некоја причина(да не збореле лошо моите за него а да слушнал) одма си идам се пакувам и си идам
Не. Мајка ми еднаш се има замерено со него за една ситуација во која исто тој беше виновен но помина многу време пд тогаш. Татко ми напротив никогаш нема речено нешто за него. Имам брат и сестра во странство се и секогаш префрла зошто не не викаат и нас да сме отиделе таму, како демек несакале да ми помогнат заради татко ми и мајка ми да сум ги гледала тука јас дека тие далеку и баш кога му требаше помош тој тоа и го рече да го лечеле тие а не јас....
Мора од некаде да ви потекнува проблемот и вакво однесување.. Не разбрав што точно е проблемот со свекрвата, ама едно знам се додека во брак и двајцата си ги ставате на побитно место семејствата од кои доаѓате а не вашето кое го градите секогаш ќе имате проблеми.. На прво место треба да сте вие двајцата после други и за се да се договорите.. Не е човечки што исфрлил некој така без разлика дали е татко ти или комшијата, ужасно е од негова страна особено ако е направено без никаква причина.. Неможам да знам што ви е проблемот ама ти сигурно знаеш, и ќе решиш или со разговор или со развод друго нема..
Здраво. Прв пат пишувам, не знам дали пишувам на право место. Имено со сопругот сме у брак 3години, живееме заедно скоро 5год. Додека бевме дечко и девојка бевме океј, ми покажуваше љубов, внимание, бевме интимни. Како почнавме да живееме заедно се смени. Никад не иницира секс, не ми се приближува, не ме допира, не ми дава комплименти, се осеќам запоставено и неубаво, непосакувано. Мн пати сум му го кажала тоа, вика таков е, да го прифатам, ама не можам така да живеам, млада сум, сакам интимност, внимание од сопругот. Мн често се караме ради тоа, и секад води до голема караница каде јас плачам а тој вика како сум го напаѓала, сум била негативна, да го оставам. Не знам дали вреди да се борам, да пробам да сменам нешто, веќе почнав да размислувам за развод. Мислам и дека не ме сака, да ме, нема така да се понаша и да си легне да спие кога јас плачам
Извини вака ти до себе имаш нечовек. Куче да е болно ќе се прекршам да го спасам, носам на вет. не болен човек... Никако не можам да го оправдам однесувањето на сопругот кон твојот татко во таа конкретна ситуација и на твое место да гледам болен ми го брка си го фаќам под рака со се деца и чао, адио. Ајде независно од тоа што би јас, тебе те разбирам ти е претешко. Плус тој не разговара, само ти кажал твоите од странство нека ги лечат твоите родители, раб. за која тој нема право да се меша и дели совети. Сакаш да разговарате, тој не сака, епа започни да правиш по свое кога те игнорира. Сега најбитно е татко ти да е згрижен и малото да ти пркне. Гушкај си ги дечињата, нека не ја насетуваат твојата тага, со тек на време сам патот ќе ти се отвори и покаже на каде да тераш.
Teshko da se smeni no probaj so razgovor Ili semejna terapija. Ako ne pomaga,ne si go troshi vremeto. Begaj podaleku I ne se vrti nazad.
Треба малку време за да се почувствува на каде води вашето. За сега посетувај си ги ти твоите, не влегувај во разговони ни за твоите ни за неговите. Сигурно има нешто за да се подгрее таа завист, твоите браќа и сестри немаат обврска да ве земат во странство. Никој нема обврска да ве финансира. На тоа тој не треба да гледа како са му се нанесува неправда. Обиди се да ја смириш топката, без да ги спомнуваш родителите, веројатно ке дојдете до решение.
Имаме дете, 2ипол год. Инаку многу пати му имам предложено да идеме на терапија ама не сака, не сакал пари да фрламе на тоа
Што е бе со маживе на млади години импотентни што се. Искрено делува како он да нема ни желба да се поправи ситуацијата. Жал ми е кога читам за вакви ситуации кои бтв се почесто ги има после стапување у брак. @RadAura
@RadAura Седни и прашај го, кога веќе не сака терапија, кое решение го нуди тој? Бидејќи продолжувањето вака како што е моментално, не е нешто што можеш да го прифатиш за цел живот. И потоа одговорот негов отприлика ќе ти каже во која насока да се движиш. Aко има некаков проблем, со него, со тебе, со вас како пар, да се изјасни и да го решите. Ако одговорите му се дека ова си е твој проблем, да престанеш да се жалиш или да го прифатиш каков што е, без да вложи труд или да понуди компромис, Тогаш, запрашај се себеси дали можеш вака до крајот на животот. Ако одговорот ти е јасно "не", тогаш, планирај развод. Бракот претставува и двајцата да учествуваат, не едниот да трпи