Нема он решение, ме прашува мене за решение а кога му кажувам, не прифаќа. Не знаел он како тоа мене ми фали интимност, како да ме допира, ја сум си умислила тоа, он е таков да, да го прифатам. Не е ова моментално, овој проблем го имаме откако почнавме да живееме заедно, со тоа што порано барем се трудеше да смени нешто, сега ни тоа. Може да се деси и со денови да не збориме, да ме игнорира, ваљда и сега ќе е така зашто у негови очи ја сум проблемот
@RadAura Од ова тоа што го опишуваш, не делува дека проблемот е само интимноста или комуникацијата. Туку општо нема волја и спремност да учествува да се поправи бракот - што е многу поголем проблем. Тој не само што не бара решение, туку и ги отфрла твоите чувства и потреби како да не се важни. А реалноста е дека брак не може да го носи на грб само едната страна. Или отсекогаш бил ваков, сега само доаѓа до израз или нешто измеѓу се случило. Како и да е, би рекла да размислиш дали можеш да живееш вака уште 10, 20, 30 години доколку ништо да се промени. Одговорот ќе ти помогне повеќе од нас
Извини, ке бидам искрен брутално. Тука од негова страна нема никаква љубов повеќе, можеби порано имало но сега дефинитивно веќе нема ништо, ниту хемија он има кон тебе, ни разбирање, ни буквално ништо, вие функционирате веќе како цимери, кога маж или жена губи интерес и желба за односи, нежност, покажување љубов, гушкање, бакнување, веќе крајот тропа на врата.Кај него искрено нема ништо да се промени, тој нема ништо да прифати за подобрување на вашата состојба, затоа и одбива секаква помош, и ти ке бидеш секогаш крива и таа што преувеличува, ради тоа што он веќе има тотално изгубено емоција кон тебе, човек кога ке загуби емоции еднаш, толку е нема назад веќе за жал. Извини но ова ти го кажувам искрено,и од машки аспект.
Фала ви на сите за искрените одговори. Некако се тешев дека е период, дека и ја претерувам, многу барам... Ваљда и ја со моето однесување, замерки и плачење сум го отргнала од мене, ама не знам како више со него
Замерки и плачење за што? Некој ако сака да ви се средат односите ќе даде се од себе и ќе прифати и психолог.. Ако проблемот настанал откако сте почнале да живеете заедно, најверојатно никогаш и немал чувства кон тебе , ама осеќал потреба дека сака жена па дал се од себе да има жена дома..
Не плачи пред него. Знам дека ти е тешко, но воздржи се, исплачи се кога ќе си сама. Кога веќе бракот не личи на брак, кажи му отворено, не си задоволна со него, штом вика дека е таков, нека продолжи да биде. Дете за рака куферот и напусти кучу великог брата. Спаси се, спогодбено ќе си се разведете и најважно, ЌЕ СЕ ПРЕРОДИШ
Ми треба помош не знам каде да се обратам за мислење, совет... 10 години сме во брак имаме 2 деца, но човекот за кого се омажив веќе го нема... стана сосема друга личност Не се збори веќе со него едноставно, во секоја дадена ситуација само гледа да ме навреди и да ми се закани, а не сака да се разведеме... како ѓавол да влегол во него, немаме никаква близина, односи немаме веќе 3 години, не знам како да се поставам веќе со лошо не оди со добро не оди...
Никако, нема разбиење за жал. Јас би поднела за развод, доколку си се обидела на милион начини, не сака комуникација, не се менува, тогаш едно решение останува. Само доволно храброст за да прсечеш ти прва, зошто тоа не е живот, а еден го имаме.
@Снегулк@23 Според мене, Ова не звучи на обична мала криза во бракот, туку на нешто многу посериозно. Со оглед на тоа што психички те малтретира, а додадено на тоа, 3 години немање никаква блискост и нормална комуникација, практично бракот престанал да функционира. Тоа што тој не сака да се разведе не значи дека и сака да работи да се подобри. На многу само им одговара статусот и контролата. Што е тоа со што ти се заканува? Физичко насилство, децата? Дали нешто се променило па започнал да се однесува вака или отсекогаш бил вака, само сега доаѓа до израз? Ако не покажува реална намера да се промени (на дела, не зборови), најдобро е да започнеш да се подготвуваш за можноста за развод, отколку да чекаш да се врати некоја верзија од него која не постои. Ниту ти, ни децата не треба да го трпите тоа
Се повеќе мислам дека се било глума само првите години и сега си го покажува вистинакото лице... Мислам дека дури и има некој психички проблем зошто е променлива ситуацијата, ќе се однесува лошо и другиот ден како ништо да не било и прави планови како да е се најок а не е и така до следна ситуација...
Да не има некој паралелен живот што досега успешно го криел, па нешто искочило од контрола? Не мислам само на друга, може е коцка, може нешто трето. Дали си приметила нешто необично, промена на рутина и слично? Не дека е оправдување ама не секој се справува со проблеми како што доликува на возрасен човек. Ако ништо не може да му го оправда однесувањето, развод е неизбежен, никој не го прашува дали сака.
@Снегулк@23 Според мене, Најдобро е да се фокусираш кој е тој и што тој прави во моментот, наместо зошто го прави/да трошиш време психолошки анализирајќи го. Иако те сфаќам дека бараш совет како тој да го промени однесувањето, реалноста е дека нема стратегија што можеш сама да ја спроведеш - за тоа е потребно и тој да вложи труд. Јас би рекла да му ги сфатиш заканите сериозно, да не го минимизираш психолошкото малтретирање, да ги документираш работите за секој случај и да се консултираш со адвокат, како и блиски луѓе на кои им веруваш. И да го согледуваш бракот од аспект на неговиот шаблон на однесување, не само од аспект на добрите денови, кои секако не ги бришаат навредите и заканите