Дај бе не дозволувајте да ве третираат така. Нека проба само да ми вреѓа и пцуе родители. Ценете си се, побогу. Кој ќе ве цени ако вие сами не си се цените?
Дали живеете воцрковено исповед, пост,молитва,причест,редовно одење на Литургија...од перспектива на вера ова ви е основен темел и предуслов за успешен брак во спротивно искушенијата се многу поголеми трудете се да го спасите бракот да се разведеш е најлесно децата најмногу страдаат ова ви го кажувам и како верник и како човек што претрпел развод. Среќно
Не знам како мислете не соработува но доколку не е нешто заинтересисан за верата бидете вие побожни и воцрковени и така ќе му бидете пример и ќе го поттикнете да се промени следејќи го вашиот добар пример
1. Никој никого не може да го натера да стане побожен. Секој сам си бира дали ќе оди по тој пат. 2. Не. Не чини да се останува во брак во кој нема љубов. 3. За децата и нивниот ментален развој е многу полошо кога нивните несреќни родители остануваат во лош брак отколку кога се разведуваат на здрав начин. Многу пати зборено и докажано преку примери. 4. Не мажјаснувај.
Најголемите верници кои се секоја недела на литургија(често одам и затоа знам)се и најголемите криминалци,крадци и ги тепаат и изневеруваат своите жени.Битно имаат ланци со крст и тетоважа. Така да верата е во срцето и кој ја почитува нема потреба некого да форсира.И не да се разведеш не е најлесно,читаш дека 3 години не оди
Познавам многу побожни кои изневеруваа во бракот, дома икони од сите светци наредени, ти за вера зборуваш. Нејзиниот сопруг одбива да биде со неа, ја навредува и нејзе и фамилијата ти овде ристосибогоројца спомнуваш, диос мио навистина.
Па Исус умрел за нашите гревови, а ако не сме грешни ондак умрел за џабе... Така да религиозни си се они, нема потреба од навреди...
Вереник сум ама брак не може да се спаси ако едниот не сака дали било со црква дали со брачен психолог.. И црквата го знае ова и не вели по секоја цена да се остане во брак, може порано да ама со тек на време и таа се модернизира и се доближува до начинот на живот и потребите на луѓето. Постои и црковен развод, и дозволува развод затоа што знае дека не може некогаш да се остане и да се спаси бракот, дури можеш и по разводот повторно да се венчаш во црква... Не се останува во брак по секоја цена колкав верник сакаш биди, глупо е таков совет да се даде...
Религијата кај нас се вулгаризира, и малкумина ср кај нас вистински верници кои што го следат тој живот. За 95% народ во МК ако скавил слава ти си побожен верник, а тоа што на славата се пие, пуши, пцуе, претерува со храна, се тераат вулгарни муабети, дојден си со женати а и се пушташ на првата што седи до тебе е ок, не си верник ако правиш слава имаш крст ланче на тебе ило во кола и се крстиш покрај црква кога поминуваш
Јас кажав само тоа што ми е пренесено за се друго доколку се оди по пат на верата и има некакви проблеми се консултура духовник и тој одредува после како понатаму
Овие филмови со вери и продуховени светци за да си го зачуваме бракот само на нас жените ни ги праат Ова да се десеше на некој маж, одма друг муабет ќе беше, остај ја брат шо ќе ти е таква шо не те сака и ти пцуе мајката Абеее
Нема грешка, тој нека си ја множи жената со 0, мајката на неговото дете и нејзините родители, нека се понаша како недозреано тинејџерче, ама жената да го носи по литургии и духовници, каков совет на гз да паднеш. Редно е модератор активно да брише вакви out of reality коментари и банира религиозни фанатици кај што за секој проблем и во секоја тема го тупат за религија. Некој тука дошол реален совет и поддршка да побара. За добар и успешен брак треба партнерите да не се понашаат ко 5 годишни деца и да седнат проблемите со разговор да ги решат, common sense a не по духовници да го носи.
Затоа сме заостанат народ... као жената мора да трпи.... Заради што?? Само заради тоа што е жена?!?? Ма ајде бе ..
Го нема веќе тоа "останав заради децата" Сега е "заминав заради децата". Нека си го стаат тоа во глава веќе.
А ако се муслимани и бракот им е склучен во џамија? Ила ако се припадници на друга христијанска црква? Инаку никое трето лице нема да помогне да се спаси брак, ако двајцата сопружници не сакаат.. И државата и црквата прво нудат помош ако сакаат и ако постои можност да се спаси тој брак, ама зависи од нив двајца не само од неа.. Оф топик сум, ама да му објаснам нешто на @Wideperpetual Прво Бог не го сака разводот затоа што е последица на некој грев, а според Библијата грев е начинот на кој се понаша нејзиниот сопруг.. Од друга страна ниту еден човек не е безгрешен, па како очекуваш дека никој нема да згреши при избор на партнер? Трето според Библијата брак не е лист хартија туку завет пред Бог дека со некој стануваш едно тело се мисли на духовно и емоционално единство. Дали ова единство не е скинато кога едниот за другиот не се грижи како за себе (како за своето тело)? Така што бракот е поништен уште пред да се потпише. И знаеш кој е виновник за разводот според мене не оној кој прв се решил на хартија туку оној кој го уништил тоа единство. И Исус кажува дека поради тие причини и Мојсеј им напишал на времето закон за развод "поради тврдокорноста на срцето" бидејќи се видело дека не функционира брак кога едниот е себичен... Пости развод и треба да постои и постоел..