Така е срц, она треба да се смени, да оди по литургии, да пали свеќи за неговата благосостојба, да му биде пример на клошарот што ја навредува и ѝ се заканува. И он ќе се смени ради нејзиното добро однесување и побожност, карактерот автоматски ќе му се апдејтира. У тоа е лекот, ако сте зло, посматрајте некое време добри луѓе, одма ќе се смените.
Советиве како во ЖДМ... маж ми ме тепа, маж ми пие многу алкохол. И литургија и бајачка почнуваат да советуваат. Искрено дно сме. Не за џабе има пејџ "македонци на интернет" каде што се исмеваат со бисерите кои секојдневно се пишуваат и некои најсериозно ги сфаќаат и поддржуваат.
Се започна пред нова година кога веќе се одлучи јас да седам дома и да бидам со децата,а мажот ми да биде на работа помош од никој имав дадилки ама често се разболуваат.јас 8 месеци видам борба со сама себе и одам на терапии бидејќи неможам да бидам финансиски зависна и домаќинка 24/7.почнав да имам одбивност спрема сопругот,да се карам и неразговарам со денови бидејќи цело време децата се со мене.големата ќе оди во школо не оди повеќе на градинка а малото оди.на сабајле јас неможам да се навикнам да бидам несредена и непродуктивна,се едно исто правам дури не ми се оди ни на кафе буквално никаде.живееме во мало место мене од дома не ми се излегува од личност која беше активна станав пасивна и депресивна,еве сега мажот ми ги шета јас дома седам и ништо не правам.неможам да се помирам со фактор дека после 13 години јас сум дома …
Не грижи се. Ако имате финансии така да терате нема страшно. Ќе ти помогне терапијата, со тек на време ќе пронајдеш нова работа и ќе се средат работите. Разгледувај огласи, во меѓувреме најди работа од дома онлајн, а понатаму секако ќе се вработиш некаде. Еех има луѓе цел живот ништо не работат, па што им фали ? Ќе си најдеш хоби или ќе пишуваш повеќе тука на форум ќе исполнуваш време ќе се дружиш, па ќе ти минува денот. Можеш да се зачлениш и на реддит, таму сум и јас, далеку покултурни членови и поголема помош ќе добиеш. Кога ќе бидат децата поголеми ќе се вработиш како сите нормални. До тогаш наоѓај си мали занимации, додека се децата во градинка/школо можеш да чистиш, да излезеш некаде. Кога се болни знам, тоа е најтешко. За тоа не знам како да ти помогнам.
Ти сакаше или сопругот? И јас сум дома ама ова е моја согласност и моја воља затоа што со мојата плата јас малку ќе придонесувам а кај нас мора да има некој дома затоа што сме скрос сами а мм зема многу повеќе од мене. Воедно ми тече и стаж ова е една од причините што си допуштив да седам дома, на кантар премеривме што и како и вака ни одговара засега. Да порасне дете друго ќе е. Сакаш да кажеш примаш терапија за депресија затоа што не сакаш дома? Извини ако згрешив јас вака те разбрав. Ако немате друго решение обиди се да се кренеш, теретана, некако со хоби,масажи нешто што те исполнува. Не е крај на свет и дома да си некое време. Мада сите сме различни, јас да би имала пари би работела нешто скрос сама изолирана од луѓе. Работев со луѓе и дома си доагав како исцеден лимон полна со стрес, негативна енергија и со малку пари работејќи за газда шупак! Ама сите сме различни не секој исто не исполнува.
Луѓе, значи вака. Завчера беше пријателка на кафе. Жената е во тотален хаос. Јас немам мир после се што ми кажа што им се случува дома. Имено,после не толку долга врска, таа останува бремена,каде што го раѓа бебето,исто значи,во брак е. Меѓутоа,како што самата рече, веќе неколку пати маж и ја има бркано од дома, дека не ја сака ни неа ни бебето. дури и додека била бремена,со зборовите дека тој има еден живот за живеење, сакал излегувања со другари,како и спиење одделно одкога се родило бебето. Дека секој денар што и го дал за бебето и го наткажувал. И ми вика еве месец време јас не знам кај е,што пправи,кога не е дома. Не допирало до него ни разговор ни слично. Јас советував да си го земе детето и правец кај родителите, со оглед што сеуште има 24-25 год. И еве веќе два дена друго не можам да мислам,освен неа.
Многу е тешко кога дозволуваме да не' преплават емоциите и доживувањата на другите луѓе. Ми се има случено слично како тебе, колешка да ми се довери за насилство во бракот со бркање од дома со се'; тоа беше во короната кога не се ни гледавме, ама толку ме погоди памтам колку бев вознемирена од тоа што и се случило. Отпосле се разведоа и си се среди таа, ама првиот момент мене ми беше премногу, пред се зошто ми беше шок такви работи да слушам, после и што не бевме ни до толку блиски тогаш, ама ете, таа ме сметала за блиска. Од сегашна перспектива можам да те советувам дека прво треба да си ставиш граница што е твое а што нејзино, и да не се идентификуваш до толку со нејзе, зошто тоа ни на двете не ви помага. Можеби звучи сурово, ама прво пробај да сфатиш дека тоа и се случува нејзе, не тебе. Откако тоа ќе го направиш провери, што и треба нејзе: совет, поддршка да излезе од таму или само рамо за плачење, а не е спремна да направи било што? Немој да ја "спасуваш", немој да претпоставуваш, ако си спремна некако да и помогнеш, било како слушател, било на некој практичен начин кажи и го тоа, но немој да се наметнуваш. Друга работа, мора да сфатиш дека е нејзина одлука и ти ништо не можеш да направиш - затоа и не ти пишувам совет за неа, туку за тебе. Таа треба да размисли што ќе прави, нејзин живот -нејзина одлука. Ако на некој начин бара од тебе да одлучуваш за неа или не знам, што ти би правела, воздржи се од коментар. И од искуство, луѓето па дури ни тие што ги сакаме не се само тоа што го гледаме- не си во нивниот брак за да им ја знаеш динамиката и односите, како се зеле, зошто се зеле, како е меѓу нив- не ја обвинувам за ништо, само сакам да кажам дека не треба да внесуваш премногу во нејзината улога зошто само таа си знае точно како и е. Не е себично да сочувствуваш, да понудиш помош и поддршка но да си го гледаш пред се твојот живот и да не се внесуваш како тебе да ти се случило.
Исто, не сме толку блиски. Може да замислиш каако и е, што уште кога влезе почна да се жали. И да, знам,најдобра е дистанцата, бидејќи секој си знае,меѓутоа кога ќе ти кажат такви работи едноставно сакаш да помогнеш.
Прв пат пишувам овде, но често читам Ваши мислења по форумов па решив да се обратам Со маж ми сме во брак 3 години, бевме во врска 1 година пред бракот и имаме дете од 2 години. Маж ми е странец (балканец) а јас дојдов да живеам и основам семејство и нов живот во неговата странска држава. Ова го пишувам чисто да се има во обзир дека немам овде социјален живот вон просториите на моето работно место (вработена сум). И ден денес пеперутки ми играат по стомакот кога ќе го видам маж ми хаха (не секогаш) ама откако добивме дете се јави одредена фрустрација кај мене во врска со него. Имено, по раѓањето на детото јас ѕападнав во многу тешка пост-породилна депресија, а најногу поради тоа што бев потполно сама во овој град каде живееме, но после неколку месеци мислев дека сум се опоравила од истата. Кога ми заврши породилното одсуство и почнав на работа а синко во градинка, животот доби ново темпо и тогаш почнаа почести караници со сопругот. Караниците се 90% од времето поради фактот што кога ни завршува работното време (во 16 часот) јас трчам по детето во градинка, јас пазара, јас готвам, јас се играм со детето, јас го водам во парк цело време шетаме сами, јас го бањам, јас спремам вечера и јас го успивам. Кога ќе дојде викенд - јас сум секако задолжена за генералка на куќата додатно на сите овие претходно споменети активности. Маж ми и јас работиме во финансиски сектор, и тој има навистина повисока и поодговорна функција од мојата, но работните саати ни се исти. Е сега, како тоа он кога ќе дојде дома од работа да е толку уморен константно и лежи и гледа тв, а јас да можам сето ова да го завршувам? Сакам да сум поприсутна како мајка и ми треба малку повеќе простор и повеќ минути во денот да му се посветам повеќе на син ми, мислам дека мм би можел да ме одмени малку и моите фрустрации произлегуваата најмногу од оваа причина. Друга ситуација - заработуваме солидно, ама и имаме огромни рати по кредит којшто е земен за изградба на куќа со апартмани коишто ќе ги издаваме и ќе ни донесат дополнителни приходи. Ама таа приказна трае од кога сме заедно со мм и веќе со години се гради куќата (нема проблеми, само споро тече се бидејќи не сме физички во градот каде ја градиме таа куќа). Покрај тоа, големи сме потрошачи, ако може така да се каже во денешно време, ама 80% од трошоците се за храна (плаќаме сметки и на мајка му и се е тоа ок). Ама овој автор сака да каже дека можеби не успеваме да заштедиме, ама никогаш не сме во минус и поголемиот дел од нашите плати одат за рати односно дел од приходот го инвестираме во таа куќа (значи не е дека баш не штедиме... хм?). Пред некој ден му реков на мм дека сакам да одиме на море и да одмориме од се и овде настана хаосот - како сум можела да мислам на море, сум требала да го подржам во инвестицијата и да сватам дека немаме можност да одиме на море (а ликвидни сме). И ако си доѕволиме некое уживање секогаш е истото пропратено со - потрошивме многу пари и слични муабети и во последно време се фатив самата себеси како не ми се прави ништо (читај - што мора да се плати, па макар и да е обичен ручек во ресторан) бидејќи знам дека ќе уследат финансиски лекции после тоа. За крај на овој мој монолог, маж ми знае понекогаш да ја среди куќата, преку викенд да ни спреми ручек, има ооогромна љубов према син ми а верувам и према мене - ама едноставно не е толку присутен колку би сакала јас. Знам дека разговор се може да реши, и разговараме, ама никако на долг рок нешто темелно да се промени. претерувам ли, Ваше мислење?
Голем проблем не гледам тука,се гледа дека е преокупиран околу кариера пари... иначе мажите стандард се такви мазени пазени па тие мора да одморат после работа а ние не мораме според нив така е,значи тука треба добар разговор околу обврските и не мора секој ден да е цакум пакум сите знаеме со дете како е ,средуваш а никогаш не е средено.. Него мене ме мачи зошто не би отишле на одмор на море кој е изговорот негов ?
Смета дека годишниот одмор од две недели треба да го помине со мајсторите кои работат на куќата...бидејќи само тоа време го имаме да сработиме нешто поконкретно околу таа куќа... а и да не се троши многу секако
Prvo najdi nachin da imas poveke pomosh okolu domot I deteto.Angaziraj si nekoja zena za da mozes malku I da odmoris. Vtoro razgovaraj so Maz ti deka ti treba leten I zimski odmor zaradi zdravjeto na dvajcata.Rabotite I investiciite ke potrajat podolgo vreme zasto e golem zalak toa sto go pravite,no vie ke pregorite I ke se izgubite megjusebno. Odvoj vreme za sebe,pilates,yoga,teretana. Nekoe kafe vo mesecot so drugarka Ili mal shoping. Potseta na tvoeto semejstvo vo mk Ili vikend za dvajcata a dete Kaj svekrva...