^Поголем проблем е тоа што не работи ништо дома и не помага околу детето, отколку дали ќе одат на одмор.. Џабе што ќе отиде на одмор, кога ќе се врати дома исто ја чека.. Машко бил нормално било. Си го сака детето ама освен финансии ништо не му обезбедува друго. Треба да му се направи да јаде, да се прошета, да се избања, да се нахрани, да се игра со него, да го едуцира, да му се исчисти да не живее во прашина, да се испере... Исто како сакам цвеќе ама не му ставам вода, ама затоа сум заработил пари сум купил вода, има цвеќето вода го сакам јас многу, ама мора и да му ставиш вода за да го имаш... Ниту доволно ве сака вас маж што остава се на ваш грб, кај очекува и финасиски да придонесувате уште и цела работа дома да е на вас, може ве сака вака како фигура ама не доволно. Ќе речеш од дома така научил ама кога веќе му е кажано од страна на жената дека и е премногу работа и дека е уморна ќе земе дел од работите.. И пред да го жалите дека е машко, запрашајте се дали на него некогаш му било жал за вас што сите работи дома сами ги работите плус одите на работа? Дали еднаш без да го молите рекол "уморна си ти оди одмори, прошетај, ќе средам јас дома и дете"?
Се согласува со конотацијата на коментаров, ама стварно ме интересира што е нормално да се очекува - во смисла колку навистина во пракса се поделени обврските измеѓу маж и жена? па веројатно така и ќе биде, ама одмор сама со дете од 2 години нема ли да биде напорен?
Да, поделени се обврските. Барем кај нас е така. Зошто би бил напорен? Исто како дома, само помалку обврски за дом и маж. Значи, уште подобро. Си имаш плата, си работиш. Пали кола, дете со тебе и замини некаде. Неколку дена сама, време за себе и детето.
@Maripossa зошто чекаш одобрување од сопругот за одмор? Земај сама испланирај си, земај дете и терај неколку дена некаде, нсполни ги батериите и уживај.
Не знам како ќе ме сфатиш, ама јас тотално го разбирам на тема финансии. Не е работата да си во минус, тие што имаат имаат од што пазат на што ги трошат парите. А можеби и размислува за посигурна иднина на детето. Ти помага толку колку што може, што значи не е целосно пасивен (имаш наведено во што е вклучен). Јас не гледам никаков проблем, пропустот е можеби несоодветната комуникација. Пробај да формулираш на друг начин.
Не, не, далеко од тоа да сме во минус, фала Богу. Во финансиски сектор работиме и двајцата па сме финансиски свесни ѕа некои работи до некаде мислам. Проблемот е што мм смета дека фондот што може да се потроши за одмор би било подобро да се вложи во инвестицијата. Ама секако се согласувам дека комуникацијата не е усмерена правилно и дека има простор за подобрување на тоа поле и од моја страна...
Сум испуштила едно ‚‚не‘‘, сега се препрочитав. Искомуницирај го ова со одморот, на крајот на денот имаш и тие твои заработени пари. Ќе си уплатиш и ќе одите со детето.
Да нормално е да се очекува приближно еднаква поделеност на обврските. Зошто да не е нормално? И уште нешто би додал мразам кога она "жените се силни" се користи за оправдување на нерамноправна поделба на обврските. Дека се посилни од мажите во многу работи да, како пример можат многу повеќе да издржат во одредени услови, потпорни се на болест, имаат поголем праг на болка.. Ама тоа не значи дека постојано треба да се во фаза на "преживување".. Ова е исто како сега затоа што мажот има поголема физичка сила да треба цел ден да земе еден камен што едвај го кренал и да го држи така во раце ќе го спушти само кога јаде и спие..
Не е целта на бракот да се функционира ко заедница а не да се мерат ку**ви и да се тера инат од типот на ако нејќеш ти, сам/а ќе одам? Тогаш проблемот е поголем него што се претставува
јас целосно се согласувам со тебе во врска со ова. сметам дека целта и на бракот а и на одморот хаха не е да одам јас сама бидејќи водам некаков инат или бидејќи заработувам и јас па ајде можам да си дозволам. да не се раѕбереме погрешко, секако ми е потребен одмор и добро ќе ми дојде ама суштината можеби е да се свати мојата потреба ѕа одмор и ресет од страна на мм... конфузна сум знам хаха оххх
Јас ако нешто сфатив изминатиов период е тоа дека некаде во родителството и обврските, ние жените многу често забораваме на нашите потреби како индивидуи (не како мајка или сопруга), а пак мажите најчесто си ја задржуваат потребата да прават работи што ги исполнуваат, во стилот да одморат после работа, да си го одржуваат нивниот социјален живот, да спортуваат или што и да е. И…најчесто после некое време се јавуваат фрустрации, што е многу нормално, зошто повеќе ја нема таа синхронизираност и слобода од двете страни како пред дете. Јас верувам дека не е дека не сака да биде присутен и да помогне по ова што го кажуваш, ама ете му треба и му е битно да се релаксира после работа и да има малку време за себе. Самата имаш пишано дека не е дека ништо не помага, знае да среди и он нешто или да зготви, само не е така редовно ко ти тоа што го правиш…Според мене најклучната работа е комуникацијата и ти да пробаш да се олабавиш малце од обврските и бубањот. Немора секој пат да има ручек, јадете мачканици некој ден..немора ни секогаш да биде цакум пакум дома и секоја недела саати да се трошат на генералки чистење. Почекај го малку да одмори после работа и после излезете прошетајте заедно. Кажи му, уморна сум, ако може превземи ти денес бањање или спремање/ранење на детето. На вас ви е влезено во рутина дека ти ги превзимаш поголемиот дел од оперативните работи околу детето и на него едноставно не му текнува дека може да те замени во тој дел некогаш. Но, доколку се повтори неколку пати обратното, т.е он да прави некогаш дел од тие работи, верувај дека после сам ќе ти предложува или ќе превзема самоиницијативно. Испланирај си време за тебе во текот на неделата, иди исфенирај се, среди си нокти, прошетај во мол или било каде…што и да е, имај време за себе и таман дај му тоа простор он тоа време да ги превземе одговорностите околу чување на детето, или дај му плус некоја обврска во домот што треба да се заврши дур те нема. Комуницирај без да се караш и споредуваш со него, кажи му отворено дека би ти дошло добро ако се менувате за некои обврски или он превземе нешто, зошто некогаш ти доаѓа ту мач и неможеш се да постигнеш. Да бидеме реални 50/50 поделеност на обврските има ама тоа е прееееретко (и јас бев заглавена долго време со таа идеја). Ама па и партнерството не е секогаш во се да се вложувате подеднакво 50/50 и во различни периоди и за различни работи вложеноста ќе варира. Да не се разбереме погрешно, далеку од тоа дека сметам дека мажите не треба да бидат вклучени во обврските со детето или домот. Но, реално..ние жените имаме поголема потреба секогаш да ни биде се средено и исчистено, да мора да биде зготвено, поголем инстинкт имаме да превземеме поголем дел од обврските во однос на детето посебно на почеток како спремање јадење/облекување/бањање и сл…а во исто време сакаме максимално да бидеме тука присутни за децата и малце како да се заглавуваме. Од друга страна пак, на мажите малце не им текнува, или им текнува, но сепак си тераат дур не видат дека е критично, зошто комфортот нивен им е побитен. Почни и ти да си го цениш и зимаш слободното време што тебе ти треба и ќе видиш дека работите ќе почнат да идат на подобро. Не го штеди, делегирај му обврска по обврска, но без да се расправаш или наговестуваш. Во однос на финансиите, те разбирам скроз, но според мене не е решение да идеш сама на одмор…Сепак вие сте заедница, заедно штедите, заедно вложувате и морате да се најдете некаде на средина. Пробај пак на фин начин да му го доловиш моментот дека стварно ти треба промена од секојдневието, ти треба да подишеш друг воздух и дека многу добро ќе ти влијае на менталното здравје ако малце смениш околина. Прашај го како можете да се најдете негде на средина и он да не се осеќа дека премногу пари сте потрошиле за одморот, а сте можеле да ги инвестирате, да не потрошите и многу денови дека разбираш колку е битно и да сте таму кај што ви се гради објектот, а сепак ете и ти да бидеш задоволна и да го добиеш одморот што очајно ти треба во моментов. Немора да биде фул класичен одмор од 7-10 дена, може 1-2 продолжени викенди, немора да е негде кај што е многу скапо…Види истражи некои места и направи пресметка колку би ве чинело, потенцирај му ете дека можеби тоа би значело дека 1-2 месеци би се стиснале за другите работи (непотребни трошоци, јадење надвор) и си ок со тоа, ама дека убаво ќе ви дојде и на двајцата. Мислам дека многу се менува мајндсетот кога се остава простор и двајцата да дојдете до некое заедничко решение што нема само на едниот да му одговара, отколку да биде по мое или по твое…
Како бе така ќе си одиш сама? Па, зошто сте во брак тогаш? Замисли си тебе вака да ти се случи, да земе маж ти детето и да си отиде некаде, оти ти не си сакала да одиш? Тоа брак ли е? А, членките кои те советуваат вака, да пишеше некоја жена дека маж и го земал детето и отишол на одмор без неа, друго ќе пишуваа тука, ама ај.. Разговарајте како возрасни личности и подредете си ги приортетите. Ќе мора компромис околу работите за кои не се согласувате (што впрочем се случува во сите бракови) Јас лично, доколку се работи за инвестиција, би паузирала од одмор.
Која жена со дете не би посакала мажот да ѝ го однесе детето некаде, да одмори? Како коментирате некогаш безвеза, сами си правите мажите да не сакаат да помагаат наоколу. Два дена ти е целосна трансформација на жена - од фризер, до маникир и педикир, масажи и што ти не. И те како може да помогне. Ако жена мисли дека мажот ќе ѝ го киднапира детето или потсвесно сака да го мисли тоа, покажува само колку таа не може да се носи со тежината на бракот. Онака, гласно си кажувам што мислам.
Едно е договорено одење, а сосема друго е ку*чење и инаетење во стилот: ако не сакаш ти, сама ќе си одам Еве, тебе маж ти вака да ти направи, ќе речеш, браво, ме ослободи неколку дена? И вие понекогаш зборите, колку да кажете нешто
Ама јас не мислам дека мажот ѝ нема да ја разбере колку што нема изнајдено начин како да му пренесе. Секако дека ќе збориме, форум е.
На членката очигледно е дека и треба одмор, овој одбива, треба да се убива од работа и да си крати задоволство барем еден викенд оти сопругот имал други планови па да му оди по гз зошто тој сакал така? И самата кажа дека финансиски се стабилни, мал одмор никому не наштетил. Треба да се најде заедничка средина, и решение кое и на двајцата ќе одговара а не само едниот да се жртвува за другиот. Зошто рмбам преку цела година ако барем еден период од годината не се опуштам барем еден викенд?
Па него не му треба одмор оти и онака само си го лади курот после работа... Али сепак за тоа сама си си крива...
Од мислењево не добивам впечаток за тип кој си ги сака жената и детето, туку за некој кој е обратно од ова. Не треба ти да му кажуваш, треба сам да му текне да ги споделува домашните и родителските обврски со тебе. Каква сака работа нека има, должен е да ги извршува тие обврски повеќе од 10%. Не за одморот. Прво подвикни му дека си уморна и дека он треба повеќе да се труди околу домот и детето. Ти не си ги создала домот и детето сама. Нека земе и он да си го мрдне задникот. Потоа за одморот. Ако не прифаќа за море, барем да одите некаде каде што е поевтино.