Мислам дека си се омажила за човек кој одморот го смета за трошење пари и парите му се вредни само ако ги инвестира, затоа не сака да ги троши за одмор иако може да си дозволи. Имам блиски кои можат да си дозволат одмори ама никогаш не биле на одмор( преку 25 год.) зошто се глупо потрошени пари. Понуди му да одите на викенд , ако одбие и викенд тогаш е ова погоре и ќе имаш голем проблем во иднина. Зошто сега ќе бидат инвестиции во куќата , потоа во нешто друго и на одмор нема да одите зошто му е така посложено во главата. Второ, зависи и каков патерн носи од дома, дали како семејство оделе на одмори, ако не, го усвоил тој патерн и нему му е тоа нормално.
И ние како семејство не сме оделе на одмор, ама оти сме немале пари. Работевме секое лето тутун. На одмор прв пат отидов на 18г во Охрид со пари од матурската, а на море на 23г со заштедени пари од плата кога почнав да работам. Не сум била со фамилија, ама не значи дека го сметам тоа за нормално. Сме немале можност и тоа е. Кога имам, одам. На море не сме биле 3г, ама одеме до Охрид некој ден. Не бевме никаде само кога се роди малиот пред 2г. Мислам дека си имаш работа со скржав маж и себичен. За помагање веќе ти кажале повеќето, всушност тоа не е помагање, туку негови обврски како родител и во домот. Не си ти на патот најдена па некој да се зафркава, тој е уморен, а ти не си. Ти можеш се. И јас имам роднини што имаат пари, никогаш, значи никогаш немаат отидено никаде. Можат, ама ете, различно мислење. Да се ринта цел живот по нивите, на село живеат, мажот плус работи, жената не, и обожаваат да си ги гледаат парите на сметка во банка. Со таков прост народ не се излегува на крај. Ние викаме дека тоа е нормално, тие викаат џабе трошење пари на одмор. Јас би рекла да разговараш ако можеш да смениш нешто, ама тешко. Ако не, оди сама со детето. Јас би одела. Нема да го молам принцот со денови сигурно. Ако не сака, нека седе дома.
Нема да ти е напорен. Дома имаш многу повеќе обврски кои ги завршуваш. Ако идеш поготово all in, немаш гајле.