Твојата ситуација најдобро ја знаеш самата. Некогаш она балканското, демек патријахалното, не тера на постапки со кои себе се уништуваме како личности и како индивидуи во нашите очи така и во очите на другите. Но никој нема право и да ти суди, сепак пред се ти си една жена на која заборавил сопругот како и многу, но сметам дека си и храбра затоа што го признаваш. Но ни тоа не го решава проблемот. Бори се за децата, но за да бидеш способна за нив и да можеш да дадеш љубов и ти треба од некаде да се нахраниш. Но за себе најдобар лекар си ти самата, седни и размисли до каде можеш да издрзиш вака(не е и ова живот) и едноставно реши го проблемот на твој начин. Позз и не се откажувај од борба, сепак децата се најсветото нешто што може човек да има,но никој не чеша каде што чеша партнерот.
Јас мислам дека и маж ти те вара! Чим не сака да му дојдеш во градот кај што работиш! Твое е дали ќе се жртвуваш за децата или ќе го окончаш бракот! Размисли добро!
ако не сака појдеш кај него, и те обвинува за се..ич да не те гризе совеста..според ова, мое мислење е дека има можност и он да те вара..така да нема причина да седиш дома и на млади години да `старееш`.уживај додека си млада и додека можеш
Секако дека нема да те опрвадам, можеби мажот ти заслужува неверство...но децата? И тие ли заслужуваат такво лицемерие, и тие ли заслужуваат живот лишени од својот татко и мајка која проблемите ги надминува со бегање во туѓ кревет! Проблемот е комплициран, твојот однос со мажот ти е дефинитвно разнишан и ние не можеме да помогнеме! Само ти ќе знаеш кој метод треба да го употребиш за да си го вратиш семсјтвото во нормала! Но кај тебе мене ми се чини дека е изгубена вољјата за да се смирите со мажот ти, ја нема љубовта, ја нема близината, ја нема желбата да ги поправите работите! Сопругот предизвикал да се одалечите, тој не нашол решение за да заживеете заедно, тој ве заборавил тебе и децата и се посветил само на печалење пари...се разбира дека направил многу грешки! Но и ти правиш уште поголема грешка... неверство, бараш решение на проблемот во семејството а на ист начин ствараш уште поголем проблем! Освен ,,разговарај со сопругот пак,убеди го да живеете задедно,, друго не знам што да ти пишам! Ама неверството само дополнително ти го комплицира случајот, колку повеќе наоѓаш вниамние од друг маж толку помалку се надеваш дека работите со сопругот ќе се поправат! Сум против неверство,особено ме иритра неверство за кое се измислуваат оправдувања!
Тогаш има решение...да го оставиш.Те имам тука читкано и колку сфатив вашиот брак е во пропаѓање.Јас не знам зошто упорно седите и ништо не менувате на подобро? Подобро добар развод него лош брак.Па здравје може и на двајцата со време ќе ви се насмее среќата.
Navistina ne znam sega kakva vi e ekonomskata situacija, vo taka narecenoto semejstvo, no mislam deka ti draga forimdzivke treba da se razvedes, i sekoj da si trgne po svojot pat, oti navistina toj tebe te izneveril, samo ne priznava, ili pak si ziveel so druga zna, stom ne saka da go posetuvate so decata. Za ubava zena, sekoga postoi sansa za nesto podobro, i mozebi i az koj ke ja usreki, a i ti i decinjata zasluzuvate podobra sansa. i ne ti treba maz sto te sprecva vo zivotot, vo se ona sto ti sakas da go realiziras So sreka vo zivotot, i ne brzaj so odlukata [mod-kirilica:2cfcqcl2][/mod-kirilica:2cfcqcl2]
Седум совети за добар брак: 1.Комуникација 2.Упорност 3.Решавање на проблемите 4.Одржување на страста 5.Сопствен живот 6.Почит 7.Забава
како да го оставам ко ми се заканува ке ми ги земе децата едно а друго, сама сум немам никој ни мајка ни татко каде да одам? како?
Оф леле... ... Ама не можеш да заглавиш така со него и да си го упропастиш и твојот а посебно животот на децата...Леле што човек е тој? Немаш некои блиски роднини,пријатели и сл.?Да ти помогнат па ти секако ќе се снајдеш самата.Вака само уште полошо.А што проблеми имаш со него?
Одамна немам пишано па ајде да ви кажам! Поработив малце на себе знаејки дека немам баш избор тоа за сега Сега е малце подобро се надевам дека ке се решат работите, морам ради децата да се трудам! фала ви на сите
Ја следев приказната и баш ми е мило што се средуваат работите. Мило ми е што си поработела на себе за да го одржиш бракот, но мислам дека периодов треба да поработиш на себе за да се одржиш самата себе. Мое мислење е дека или тој така мисли или некој дриг му има дадено до знаење дека ти не си борец и си зависна од луѓето. Побарај работа, и така тој е цел ден на работа на друго место од каде ќе знае дека работиш па после ако сакаш и успееш да собереш средства, запиши се на факултет, барем вонредно оди на испити. Едно време тој сигурно нема да дознае. А кога ќе сфати дека си ти самостојна и имаш работа и со други зборови потпора да се грижиш за децата, тој нема да смее да ти се заканува дека ќе ти ги земе. Периодов гледај седи си мирна во поглед на швалери а после кога ќе го изненадиш со барање за развод ќе имаш повеќе причини да ги задржиш децата затоа што ќе имаш услови да се грижиш за нив од една страна и да им посветуваш време од друга. Следен пат така кога ќе се карате, едноставно речи му: „Ти мислиш јас немам документирано се што правиш и зашто не сакаш да се селиме, мислиш те терав онака? Немој работата да дојде до суд зашто ќе ги покажам сите докази и дури тогаш ќе си ги изгубош децата засекогаш.“ И во иднина, покажи малку заби не му ќути, затоа и ти прави вака. Поздравче и се најубаво мила
zdravo!! ne bev sigurna dali mojot problem e dovolno golem za da pisam no eve ke se podotvoram.so maz mi imame momenti koga se karame i koga se ko sto treba,,kako i vo sekoj brak no sega posledno ko se skaravme bese za joint ne deka en sum sovremena daleko od toa no trevata ne ja podnesuvam kako i dr droga a toj dur ziveevme vo dr grad sami se otrgna od to i se bese ok koga se vrativme pak se fati so istoto drustvo i odvreme navreme pak psui sto me iritira mn,koga go prasav dali pusi ili ne prvin mi rece nea posle prizna i mi vika ako ti smeta soberisi gi partalcinjata i da te nema nemozam jas so tebe sekogas za gluposti da se raspravam sekojpat istiot muabet se ispokarvme mnoguuuuuuuuu i utre denta mi veli mozeme nie da uspeeme taka? go prasuvam sto bese to so kuferite razvodoto sto ne me sakas se sto mi iznarece snosti a toj znak na nervora i sekogas koga i da kaze nesto se e vo nervoza,,navistina???ili pozadi toa stoi nesto,se vraka od rab i samo ek sedne na komp.i posle kke si legne ja nema onaa strsta sto ja imase a opravduvanej umoren sum.a jas koga enam da sum doma t.e koga ke sum kaj moite vo dr grad on odm aposle rab moze da izleze so drugarite,a so mene se e umoren..dali imame nekoj problemo posto se ko ke go prasam mi veli se e vo red,,ima problem ili jas premnogu se zamaram fala vi odnapred
Мислам дека има проблем...Заладен ви е односот.Изгледа и млади сте влегле во брак неизживеани уште,па сега ете што правите...ти си го изневерила, а пак тој му се шетка со другари сака да се прави мангуп со сила со џоинт во рака...па не сакам да претпоставувам ама дали си сигурна во него?Да не има некоја друга во позадина?Како и да е ако седнете и отворено разговарате може ќе се поправи односот помеѓу вас, а ако вака продолжите не верувам.
fala na odgovorot,toe samo koga ke se skarame i zaradi takviot odnos jas ipadna slaba i podklenav na izneveruvanje sto ne trebase a za druga ne mi se veruva oti se mu e provereno i tel gi znam site sifri mislam deka nekade bi zgresil ako ima a i se kolne so toa deka nikogas ne ni pomisluval na druga a plus toa i negovite se problem ednostavno nemame privatrnost vo sobata vleguvaat koga ke im tekne i toa slobodno bez cukanej sto na dvajcata ni smeta im se iam receno 100 pati i pak istoto,se nadevam deka ke pomine a ako izleze nesto vo meguvreme ke ve izveste povtorno ti blagodaram pozz
Вака,во брак сум веќе 5 години и ништо не е како што треба. Ќе поминам преку се и ќе речам дека е добро. Имам и 4 годишен син што е многу послушен. Живеам со свекрва која е многу себична и се грижи само за себе, дури едвај го зима од градинка да го причува на 2-3 часа додека да си дојдеме од работа. Сопругот е 9 години постар од мене. На почеток беше многу ОК, но откако се роди детето почнаа проблемите. Седев дома 4 години го чував син ми бидејќи не работев. Тој е рибар и често знаеше да ме остави дома сама со мало бебе додека свекрва ми си одеше на бања. Среќа моите родители живеат во близина па ми помагаат. Не сум можела ни во веце да појдам. Малиот е многу приврзан за мене. Секогаш добивам критики од сопругот како не сум го воспитала или научила добро да се однесува, како не ги ставал кондурчињата на место, зошто не сум го научила да јаде манџа итн. Дете ми било сведок на многу наши кавги, не успеав некако да го заштитам и затоа ми е многу тешко, а тој е многу, дури премногу сентиментален. Така минатиот Велигден бевме на ручек кај моите родители. Само што седнав нешто да видам на компјутер случајно го удрив детето со столчето. Сопругот многу се налути и почна да ме навредува. Кога слушна татко ми му се спротистави. Се искара со него, а мене ме пикна во соба и почна да ме кубе пред детето. Влезе татко ми и се степаа. Тој си отиде и ме остави таму. Едвај ги смиривме. Дојде и свекрва ми. Кога татко ми го праша зошто е толку суров према мене и зошто чуствува толку омраза одговорот му беше: Најискрено нема повеќе љубов. Свекрва ми се исплаши од разделување и почна да збори да се спремам да си дојдам дома. Ајде премолчив и се вративме дома. Малиот беше многу потресен, дури и на учителките во градинка им се жалел. Само тоа не го знае сопругот како изгледа кога детето ти пати, а ти не можеш да му помогнеш. Почнав да работам, добро ми е, но кај сопругот постои некој сомнеж и навистина не знам зошто. Не сум девојка што паѓа во очи, секогаш сум држела една дистанца. Сега од финансискиот дел, не смеам ништо да си купам, дури и за дома нешто екстра ако земам и за јадење само ми пререкува како имам вишок пари за трошење. Сега имавме кавга зошто сум отишла на фризер да ја извиткам косата, всушност тој знаеше но, сум му кажала како божем само да се шишам. Преку глава ми е од се и се нервирам зошто немам храброст да ставам крај на се. Секогаш кога ќе помислам на тоа помислувам и на син ми, иако немаат нешто посебно добар однос но ,малиот сака да ги гледа тато и мама заедно. Не сакам никого да разочарам, поготово татко ми и мајка ми зашто не можам да ви опишам колку ми помагаат. Не заслужиле ни трошка од ова што ми се случува да го гледаат. Не знам како успеав да стигнам да пропаѓам толку, не сум имала ваков живот ниту па знам за ваков живот. Многу ми е тешко. МОЛАМ ЗА СОВЕТ!!
Искрено Gita, срцето ми се стегна читајќи го твојот проблем. Ти се воодушевувам на силата и претпазливоста, вниманието и рамнотежата која ја одржуваш во животот. Од твоите зборови од прилика можам да проценам дека си скромна, несебична, многу внимателна личност која е од стакло, а е пикната во продавница за слонови. И дозволуваш да те дробат и да те газат. Сега, искрено, не сме ниту една во твоја кожа. Не сум мажена и немам детенце, за да знам дали е лесно или тешко да се пресече и да се стави КРАЈ. Во твоето писмо само едно нешто не прочитав - твоите чувства за сопругот. Го сакаш ли? Те почитува, те пази, те задоволува ли, внимава ли на тебе? Најлесно е да кажам - остави го, собери парталите и оди си. Јас би играла така. Велиш - имаш работа, родители кои те поддржуваат. Можеш многу лесно да си го обновиш животот, да си проживееш квалитетно, мирно и среќно. Од друга страна, забележувам дека семејството ти е мошне важно и сакаш детето да ти расте со мајка и татко на маса. Меѓутоа, каков е тој живот со кавги, викање и тепачки? Тоа ли е здрава средина за едно дете, посебно за чувствително како твоето синче? Или нека личи на нешто, или - нема да е ништо. Зборувај со сопругот и пробај да ги изгладиш односите. Ако и понатаму не оди, мојот совет веќе го кажав. Посебно не ми се допаѓа како дозволил таков однос меѓу тебе и мајка му, т.е. свекрвата, ниту фактот што за твоите заработени пари мора некому да полагаш сметки. Ти го прашуваш на што ја троши неговата плата, дали купил три лосиони за бричење или 5 наместо 4 пара гаќи? Каков човек, секоја чест, јас не би можела да трпам такви глупости. Според мене, сопругот ти е сомничав и заради големата разлика во години. Имаме тема на форумов и за тоа, и сите таму убедуваат дека Љубовта не познава граници, ама еве - познава. Ова за мене е типичен случај. Ти имаш 30 години, сигурно убаво си се држиш, па само 5 год. си постара од мене, А тој малтене е колку татко ми, за некоја година плус-минус. Епа не оди. Можеби грешам и ти се извинувам, за пофалба е твоето ТРПЕНИЕ. Ретки се денеска таквите жени , кои по секоја цена сакаат да го зачуваат семејството. Ама ако нешто веќе е пукнато, нема начин да се залепи без секој ден да си ги гледаш пукнатините. Поздрав и секое добро.
Не сум во брак, и ова што го опишуваш стварно ме дирна....посебно моментот кога тој пред твоите родители те малтретирал и плус се степал со татко ти Зошто да ја трпиш тортурата на овој човек седни и објасни му дека вака повеќе не оди, па и остани кај твоите еден период тие ќе те сватат тоа сум сигурна, додека не си дома можеби ќе свати дека ти си единствена . Ако и понатаму продолжи разведи се живеј го животот на детето и уживај со него. Можеби звучи малку како секој втор но бори се за себе и за детето Среќно