Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Криза во бракот

Дискусија во 'Брак' започната од sweeteva, 21 октомври 2010.

  1. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    cuvstvuvam deka poluduvam od zena mi

    Пред да ја осудиме едната страна, мене ме интересира причината зошто жената има потреба да те повреди? Било со лага или вистина, со што си заслужил ти таа да сака да те повреди?
     
  2. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    cuvstvuvam deka poluduvam od zena mi

    Убаво ти пиша Карак, што сакаш ти од оваа ситуација, и дали ти можеш да се носиш со тоа, сега не знам дали имате во ред односи со жена ви, близина, комуникација, конфликти. Е тешка ситуација, и да бидеме реални не ти се случила само тебе. Ама само од тебе зависи како ќе со одвиве, или премеини преку тоа и молчи, или разговарајте најдете решение, или крај, сега не знам децата во каква хармонија живеат? Дали е таа доволно мајка спрема нив, и дава се од себе, иули е од оние личносто кои се грижи само за своите лични потреби?
     
  3. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    cuvstvuvam deka poluduvam od zena mi

    Тогаш дефинитивно тешко си на децата со нестабилен однос меѓу вас,поготову со таква мајка а утре треба тие да се советуваат како да постапуваат во врска и брак-затоа денес е све извештачено денешните генерации и деца све се отидени у ѓавола-со вакви примери што можат да научат освен исто :x :x :x
     
  4. g-din

    g-din Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    cuvstvuvam deka poluduvam od zena mi

    pricinata bese toa sto jas sum biznismen i trcev niz cela MK za da dojdam do nekoja para malku ,okolu eden ipol mesec ja zapostaviv ,a taa mozebi mislela deka ja izneveruvam.
    se prasuvam nemalo li drug nacin za da me povredi bi mozelo li pr. da mi se zakani so razvod ili nesto drugo
     
  5. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    cuvstvuvam deka poluduvam od zena mi

    Па добро таа демек не била свесна дека мораш да патуваш, за да создадеш за нив. Мислам дека ти мораш да и влееш самодоверба, единствено со многу добар разговор, ама искрен и од твоја и од нејзина страна, веќе кога сте направиле две дечиња тоа било со љубов, или таа навистина изгубила доверба, а ти не си се потрудил да и докажеш дека не е така, или пак тоа го користи како изговор, ние можеме само да нагаѓаме, ама ти си ја следел и знаеш што си видел со свои очи. Не знам смири се, излези прошетај, земи ја од работа, седнете раговарајте.. пробај некако..
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  6. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.432
    Допаѓања:
    5.393
    cuvstvuvam deka poluduvam od zena mi

    Кај што има чад има и оган. Вас изгледа бракот одамна ви е разнишан, Не е проблемот ниту твоето отсуство од дома ниту нејзиното неверство. Вие тотално ја имате изгубено комуникацијата меѓу себе. Зар маж ми кога е исто нон стоп на пат мене не ми ни текнува на неверство.Неверство не е решение за ништо ниту осветата! Па кој на кого се осветува. Што и да смета се решава со разговор.... Седнете сами и разговарајте за се од почеток и за твојата работа и до крај ден денешен.
     
    На mrchatorka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    cuvstvuvam deka poluduvam od zena mi

    Мое мислење е дека она не сака да разговара на таа тема, не само затоа што се срами од тебе, туку и од себеси и својата постапка. Биди упорен и седни ја на разговор доколку стварно сакаш да знаеш што точно се случило. Во сомнеж не се живее, а вие веќе 4 год. не знам како терате со бракот недоверливи еден спрема друг. Барај искреност по секоја цена, кажи и дека постојано те копка и нема да се смириш додека не дознаеш што е и како е. Па после тоа...од тебе ќе зависи одлуката како ќе продолжите.
     
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.188
    Допаѓања:
    102.306
    Пол:
    Женски
    cuvstvuvam deka poluduvam od zena mi

    Велиш никогаш претходно не си ја изневерил, а потоа? Не е битно, знам, но доколку ти сакаш да го сочуваш бракот во ред, труди се, но не очекувај од нас да ти кажеме потпишувај документи за развод сместа. Извагај ги убаво работите. Знам како е бидејќи и јас имам барано на форумов совет и јас знам колку е тешко да ја произнесеш целата ситуација. Не може жена ти едоставно да ја избегнува дискусијата по таа тема, седни ја со убаво и прашај ја на каде води вашево, какви ви се плановите за иднина. Дечињата нека не ви бидат изговор, бидете малку фер и спрема нив, нека не растат во дисфункционално семејство, нека не бидат жртви на вашиот лош однос. Доколку сметаш дека си ти фер спрема неа а она тоа го искористува не знам што би те задржало до неа, децата? Да не се лажеме, никој не може да живее со тој товар, секогаш ќе постои сомнеж, а ако бракот не заврши сега, ќе заврши за некоја година под притисок на овие сомнежи, нема да можеш долго да бидеш индиферентен. Децата ќе пораснат, доколку бидеш ти доволно паметен ќе направиш од нив луѓе, но многу ќе биде тешко да не пораснат во сенка на оваа случка. И не мора да значи дека децата ќе го земат токму примерот на мајката, ете јас не сум го зела лошиот пример од едниот од моите родители, напраотив живеам за да создадам иднина сосем спротивна од минатото во кое сум живеела. Размисли дали ќе можеш да “заборавиш“ и поминеш преку неверството на сопругата, доколку се сомневаш и малку, во иднина тоа ќе стане многу, и како што погоре спомнав ако не утре бракот ќе се распадне веќе задутре ;)
     
  9. g-din

    g-din Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    cuvstvuvam deka poluduvam od zena mi

    najnapred da vi se zablagodaram na SITE bidejki iskreno ne ocekuvav da ima vakvi luge GOLEMO BLAGODARAM I MILO MI E STO SUM VO VASIOT KLUB
     
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.089
    Пол:
    Женски
    cuvstvuvam deka poluduvam od zena mi

    Toa и' е изговор да ми извиниш вака. Тој што сака да изневери, ќе изневери и ќе бара причина и оправдување за тоа. Ако не е работата во друг град, тогаш фризурата ќе биде (карикирам). И мажот на братучетка ми беше цела година во друга ЗЕМЈА работеше за да створи нешто за неа и за децата, па не се почувствувала запоставена или да чувствува потреба да го изневери. Да го казни затоа што 'рмбал за да може таа да ужива? Па таа му беше и благодарна за тоа (што и треба). Не бил на провод, се мачел во туѓина за нивната иднина. Па ја да сум маж таква за коси и низ врата. А кој сака да биде родител, може да биде и вон бракот, никој не смее да му го одземе тоа право, ни законски ни морално.

    Знам еден речиси идентичен случај на твојот само беа три деца во прашање. Тој се плашеше за децата, таа си го знаеше тоа и си играше со него. После конечно му светна сијаличката и ја шутна. И пак си е родител на децата и на нив им е многу поубаво со него отколку со таква мајка. На почеток било тешко, но малку болка ќе се истрпи кога гарантира веќе траен мир.
     
  11. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    cuvstvuvam deka poluduvam od zena mi

    Ајде со лесно, барем обавести не дали се средиле работите.. Гледај ако можеш да ја средите ситуацијата, а ако не оди не сила не можеш да држиш нешто, во било која ситуација ќе гледате на дечињата да им пружате се, вака или онака. Само полека и со трпение.
     
  12. g-din

    g-din Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    cuvstvuvam deka poluduvam od zena mi

    JAS DRAGI MOI
    ziveam 4 god vo agonija i film dali e film ili ne ivistina neznam dali nemozelo nekoe drugo resenie da se najde za da se predizvika vnimanie
     
  13. mrchatorka

    mrchatorka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    55
    cuvstvuvam deka poluduvam od zena mi

    За кавга се потребни двајца. Вака, велиш дека само еден месец си ја запоставил, верувај дека не е така...очигледно е дека постои некој проблем кога жена ти посакала да те изневери. Значи не е тоа одлука од денес за утре оп сега ќе го изневерам туку резултат на подолга апатија, чувство дека не е среќна, сакана и исполента...сето тоа ја натерало да најде утеха кај некој друг.

    Доколку ти е битно да го задржиш бракот, доколку сеуште ја сакаш седни и разговарај со нејзе. Кажи и што те мачи и прашај ја во што е проблемот и зошто е несреќна и пробајте да ги надминете тие пречки. Акои не развод и не се мачете и двајцата.
     
    На stetoskop и Moira им се допаѓа ова.
  14. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    cuvstvuvam deka poluduvam od zena mi


    Ама знаеш 36 години имаш, ти си си дозволил да живееш во агонија никој дург, кога ќе напишеш вака звуќиш како да се измачуваш. Грешката барај ја прво во себе, ако не прозлегува од таму тогаш во друг, ама мене ми е став дека ти си ја имаш нарушено самодовербата, не смееш така, јас мислам дека сепак жена ти е алфа во сево ова, ете и да речеме дека некогаш си направил грешка не може некој да ти се одмаздува толку долго, или еве ти знаеш дека она згршила и се одмазуваш? Прашај се себе што сакаш и до кај можеш да оидш со агонијата?
     
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.089
    Пол:
    Женски
    cuvstvuvam deka poluduvam od zena mi

    Епа разбуди се од сонот. Тропни со нозете и силно почувствувај го тлото под нив. Освести се, се губиш во агонија се' повеќе и повеќе, а тоа те прави и ќе те прави се' помалку и помалку трпелив родител, каков што навистина им треба на тие дечиња (особено со ваква мајка и жена).

    А за предизвикување на внимание...
    Во случајот вистинит погоре што го опишав, таа што го вараше маж и' сфати што имала откако се разведоа. Па со децата манипулираше, па правеа планови за да ги смират, па му ги бркаа пријателките на татко им, не оти толку им пречеа нели, туку зошто мислеле дека така треба. Moлеше ама џабе. После него сите други ја третираа онака како што заслужува една да не кажам каква жена.

    И по стоти пат, НЕ, НЕ и НЕ ПОСТОИ оправдување за нејзиното неверство. Најниско нешто е да се бараат изговори за да се згреши, а најдоблесно е да се одолее на искушението.
     
  16. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    4.835
    Пол:
    Женски
    cuvstvuvam deka poluduvam od zena mi

    Мое мислење е дека тој месец што си ја запоставил е само оправдување. Ако не се чувствувала среќна и исполнета и имало некој толку голем проблем што може дури во неверство да ја отера, ако имала памет ќе си разговарала со мажот и.
    И влегла во некоја шпанска серија изгледа, ова го направив да те повредам, се е филм. Свршил-не свршил, демек тоа го намалува значењето на неверството. |(
    Можеби и сака развод па така прави, кој знае. :^)
    А и овој пријателот што се развикал знае нешто, а може и тој самиот да биде љубовникот.

    Пробајте со разговор, биди упорен, па ако не бива арно ти кажаа, шутни ја. Она не живее у агонија.
    А да била совесна мајка таа ќе мислела на децата и немало да прави такво нешто.
    Имав случај во комшии каде ќерката кажала на таткото дека мајката го изневерува, ама тие беа постари и децата си се паметни, учат, работат, израснаа во многу добри личности.
    И децата не би сакале да бидат со таква мајка, ама ете направи што можеш од твоја страна.
    Со среќа. :hai:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    cuvstvuvam deka poluduvam od zena mi

    Можеби сум премлада да дискутирам на темава,ама човек, жена-маж сеедно, што свесно или несвесно сака да те повреди не те сака. Без разлика дали била испровоцирана од нешто или не, не би добила желба да страдаш и да се нервираш.
     
  18. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    cuvstvuvam deka poluduvam od zena mi

    господине па заради еден месец запоставување и веднаш да најдеме утеха во друг?
    Еве јас и маж ми сме по 3-4 месеци разделени он работи во странство јас сум си дома со дечињата си се гледаме и слушаме на скајп 24 часа во денот не е исто како во живо ама бар е нешто ( дедо ми бил 2години во странство па со баба ми со писма се допишувале 2-3 пати годишно) кога си доага сме нон стоп заедно и си се шеткаме заедно со децата летување зимување викенди и ништо со сега не ме натерало да помислам да го изневерам имам одврзани раци и со кола и пари и свој дом и се што ми треба имам крај себе
    зошто ти го објаснив сето ова? затоа што очигледно во брз живот и борба за поголем профит сета хемија и близина со твојата жена изчезнала ти како маж не си го осетил тоа ама жените се многу по чуствителни на таа тема па таа го осетила сето тоа и мислела дека ти ја изневеруваш и наместо квалитетен разговор си нашла задоволство и утеха кај друг
    и да 100%сум сигурна дека те изневерила не еднаш туку повеке пати сега немате близина и се е механизам затоа што таа најверојатно се уште си одржува контакт со некој друг или истиот маж и се е прашање на време колку ке трае ова фарса
    според мене имаш решение прво осигурај се дали има некој во моментов и после седни ја и разговарајте отворено реално и прво како најдобри другари без лаги и ставете се на маса и договорете се како понатаму ако не си спремен да го надминеш неверството сега нема да го надминеш никогаш и бракот ке ви биде брак само на хартија она ке си има пријатели за интимна дружба по некое време и ти ке се предадеш и ке живеете холивудски филм Значи уште денес седнете и расчистете си ја ситуацијата која и одамна требало да се случи
     
  19. g-din

    g-din Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    cuvstvuvam deka poluduvam od zena mi

    pocituvani prijatelki
    gi procitav vasite mislenja i komentari i mnogu gi cenam i vi blagodaram
    pa vaka
    prvo 10000% ne e drugar mi covekot so koj bila.
    -taa e zatvoren tip i ne saka da razgovara za toa pod nikoj uslov nejzinata izjava e deka bilo film
    - jas po toa slucuvanje bev so mnogu zeni bidejki mislev deka taka ke se odmazdam,smiram,ili ke ja nateram da ja kaze vistinata
    -edinstven problem e vistinata vo nasiot brak,da mozebi ja kazuva no zosto ne saka da me sedne sama i da mi gi pobie moite spored mene fakti
    -i najstrasno od se e sto nekokagas se slucuva po eden mesec voopsto da ne razgovarame A USTE POSTRASNO E TOA STO MISLAM DEKA SEGA IMA PAK NEKOJ ISPUSEN VENTIL I NEZNAM KAKO SEGA DA IZREAGIRAM
     
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.089
    Пол:
    Женски
    cuvstvuvam deka poluduvam od zena mi

    Вие двајцата правите спој кој е болен за децата. Можеби не разбираат се' уште, но сигурно чувствуваат дека нешто не е во ред со мама и тато и ги боли. Не си требал да ја изневеруваш со тоа самиот себеси си се понижил, како и таа што правејќи го ова самата си се деградира.

    Кога ќе помислам дека има жени кои си играат играчки со бракот си бараат сами рачки кај ги нема, а има жени кои заради децата трпат какви се' не проблеми, малтретирања и понижувања збеснувам. :@

    Мисли на себе и на децата отсега натаму. Во бракот или вон него, веќе не ја сметај за твоја жена ако веќе мислиш дека не можеш да си дозволиш развод во никој случај. Застрашувачки е што не комуницирате. И што ако е затворена и мм беше затворен, па го седнав и му реков отсега мењање, во брак без комуникација не планирам да влегувам. Кога нешто ти е тешко ако треба ќе ми се изнавикаш, но ќе си го кажеш проблемот. Никој не е должен на другиот кристална топка да изиграва па да гатаме сеа шо е проблемот.

    Како личност која е неколку години во брак (едноцифрена бројка се'уште) ќе ти кажам дека моментот кога сте се затвориле и сте престанале да разговарате за проблемите, функционалноста на бракот одлетала низ прозорец. Ова сега што ќе се случува а што ќе се нарекува условно брак ќе биде само пекол за невините дечиња. Затоа доколку останувате само и само заради дечињата, гледајте да не им правите лоша атмосфера. Едноставно помирете се еден со друг дека сте веќе повеќе цимери одошто брачни другари. Џабе поправачка сега нема, одамна е сигурно закоравена работата. Таа си игра со твојот страв, а и таа самата е несигурна во себе како бруцош пред прв испит.

    Ете двете решенија се тие. Наоѓајте си радости во други нешта во животот, пред се' децата, малку внимание треба да им пружиш за да ти дадат многу причини за насмевка, некое хоби кое ќе те исполнува, дружење, но не и бркање други жени. Освестете се дека сега веќе не сте сами и како што планираш да останеш во лош брак ради децата, гледај и угледот да си го зачуваш заради нив.

    И ќе заборавев. Еден совет доколку еден ден се случи ете да ви се разидат патиштата. Само затоа што си запознал еден лош примерок, немој да си создаваш презир кон сите жени и да им ги бараш мааните. Гледај на животот од реален аспект, но не ја губи ведрината и надежта.
     
    На Ethrnity и DeMelo им се допаѓа ова.