cuvstvuvam deka poluduvam od zena mi neznam kako da ti se zablagodaram za tvoeto visoko intelektualno i iskreno komuniciranje so mene no kako i da e ti BLAGODARAM -se trudime i dvajcata decata toa da ne go primetat max kolku sto mozeme koga sme kaj trpenjeto da se slozuvam so tebe deka ja maltretiram psihicki no samo vo delot na toa da ja kaze vistinata dali bila ili ne,se drugo vo zivotot i e dozvoleno i nikogas ne sum i zabranil ili prorekol za nesto - me interesira toa dali edna zena e podgotvena na se da istrpi samo da ne ja kaze vistinata za koja bi mislela deka bi me bolela -edinstvenata pricina i bolna tocka vo nasiot brak e vistinata da se kaze,znaes vo zivotot sum doziveal finansiki kolaps,izgubivme bebe vo 9 mesec na bremenost i sum imal drugi problemi no ova nemozam nikako da go razberam.ILI SI BILA ILI NE drugo nema .nemozam da go raberam toj film4 god.se obiduvam da ja otkrijam greskata vo mene ama tamu ne ja naogam. - DA, nesakam da se sluci razvod samo sakam da se razjasni pa kolku toa i da me bolelo barem ke znam na sto sum i mozebi ke se smiram ama barem ke imam cista situacija
cuvstvuvam deka poluduvam od zena mi Се заинтересирав за случајот, затоа што имаше многу сличен во моја непосредна близина и (иако набљудувач шо се вели од страна), видов колку е тешко да се опстане и преживее во таков брак и сакам да се обидам да дадам совет од моја перспектива затоа што дури и на непријателот му посакувам мир во домот и во душата затоа што тоа и мене лично ми е приоритет, после здравјето секако. Сега не можеш со клешти да и' вадиш зборови од уста, речи и' секое твое „не сакам да зборувам“ ќе го сфатам како прифаќање на вината и толку. Ако и после тоа не сака да зборува, едноставно сфати го како прифаќање. Жал ми е за вашата загуба порано, но тоа ви бил и тест на бракот, тест кој само со здрава комуникација може да се положи. Изгледа вие сте го пропуштиле тој чекор и сте паднале на тестот. Останатото што сакав да те посоветувам веќе го пишав. Среќно.
cuvstvuvam deka poluduvam od zena mi Немора некој да е отсутен за другиот да се осети запоставен.Еве ќе се цитирам самата од темата “дали би го изневериле дечкото/сопругот“ И г-дин јас овде ќе си се испукам,ќе си ја кажам маката,ќе се силам демек можеби ќе го изневерам,ќе зборам вака така,ама реално најискрено НЕМОЖАМ,најпрво поради самата себе,а потоа поради другите работи.
cuvstvuvam deka poluduvam od zena mi Јас мислам дека никогаш нема да се смириш... Колку што прочитав и колку што може да се процени човек вака, ова само ќе се продлабочува. ОК, не сакаш развод, сакаш да останете заедно, ама еве и да ти каже дека била со некој... После ќе те мачи како и колку пати. И сигурно нема да и веруваш на она „до пола“ мислам... Па ќе се измачуваш каков и бил сексот (да, и ако ти каже никаков, искрено, ќе веруваш?). И ќе стигнеш до тоа дали е подобар од тебе, ќе стигнеш на сред секс да ја прашаш дали така и било и со него (не зборам на памет, на другар мој му се случи тоа од тогашната девојка, опсесивна стана, ми кажуваше на сред секс како го прашувала „И со неа вака правеше?“ или „ А со неа поубаво ти беше?“). Тоа е веќе до карактерот. Ти да си тип кој може да остави работите да одат по вода до сега ќе си оставел. Ова твоево е веќе опсесивно однесување, реално, да и ти се измачуваш со ова, ама ако продолжиш вака, нема излез. И не ме сфаќај погрешно, ама треба да поразговараш со некој постручен, ќе ти разјасни некои работи, ќе ти покаже можеби како да го надминеш ова. Вака само си правиш пекол и само ќе тонеш се подалбоко. И не заради неа-заради себе. Значи таа направила што направила. Одлуката како ќе се однесуваш ти после тоа е само твоја. Ти си одлучил да се измачуваш. И ниту една вистина нема да го смени тоа се додека ти сам не го смениш. Пак ќе кажам, не ја оправдувам никако, ни постапката ни нејзината игра, ама верувај, нема да најдеш мир во тоа дури и ако ти каже дека имала друг, секој одговор ќе ти отвора ново прашање, и секое ново прашање ќе ти биде ново измачување. Треба или да го прифатиш тоа и да го оставиш зад себе или да решиш дека не го прифаќаш и да пресечеш. И тоа не заради неа-за ти да не се измачуваш.
Ок, можам да сфатам дека сакаш да си го спасиш бракот и да воспоставиш комуникација со жена ти, ама не можам да сфатам како тоа си бил после неа со многу жени, за да го постигнеш тоа. Значи разјасни си во главата. Жена ти те изневерила, но не ти признава. Или пак воопшто и не те изневерила. Ама сигурно е дека ти си ја изневерил со многу жени (после тоа). А сакаш да си го спасиш бракот. Или ке поминеш преку тоа и нема да ја отвораш таа тема, обиди се да коминицираш со неа, ама без воведното прашање, -Дали ме изневери пред 4 години? Или ке побараш развод. Трето нема. Јас мислам дека вашиот проблем е многу подлабок, вие ја имате изгубено смислата за комуникација и разговор. Јас мислам дека вие се имате оддалечено на милион километри. Тоа е суштинскиот проблем,а тоа нема да го решите со зајадливи прашања и неразговарање по цели месеци.
"Жена ти те изневерила, но не ти признава. Или пак воопшто и не те изневерила. Ама сигурно е дека ти си ја изневерил со многу жени (после тоа). А сакаш да си го спасиш бракот. Или ке поминеш преку тоа и нема да ја отвораш таа тема, обиди се да коминицираш со неа, ама без воведното прашање, -Дали ме изневери пред 4 години? Или ке побараш развод. Трето нема". Г-дин воопшто не ја разбирам твојата потреба цели 4 години да го тупите истиот муабет и психички да ја малтретираш сопругата за тоа што таа направила ,мислиш дека и во наредните 4 или 40 таа ќе ти признај,ќе ја скршиш и ќе го извадиш нејзиниот валкан веш и ќе ти се смири душата,нема врска само си ја продожваш агонијата а богами и ти се губиш во неверството и си се валкаш себеси и децата..Значи убаво ти е цитирано од претходната феминка ,еднаш треба да е доста ,4 години се долг временски период не се залажвајте со сопругата дека децата ништо не осеќаат ,не ја потценвајте нивната децка интуиција и чувства,пресечи еднаш или заќути скроз за таа тема или разведисе за доброто ваше и пред се за доброто на децата..Поздрав
Драги мој Господине Ова што ти го правиш е измачување.Прашањето е дали таа воошто го направила тоа,или само сакала да те заболи да се освестиш.И да ти кажам ниедна ,ама ниедна жена не праварува доколку се наоѓа во хармоничен и среќен брак.Ако го направила тоа,велам ако ,запрашај се зошто го направила тоа.И што е тоа што и недостигало па се одлучила за неверство.Верувај дека она што во твои очи изгледа нормално, на пример излегување со другари,неразговарање,неодржување на ветувања,во нејзиното срце поинаку се манифестира.И тоа што потенцираш си трчал да заработиш,секоја чест,ама во прашање е квалитетот на времето што го поминуваш со неа.Значи ли тоа дека се враќаш си се плеснуваш в кревет одмараш и пак заминуваш ,како таа да ти е слугинка само.Важен е квалитетот не квантитетот Ова го кажувам од малку поинаква гледна точка. И уште една работа.Ти минатото не можеш да го вратиш и преправиш,треба да се одлучиш што и како понатаму.
Мене ме интересира, дали жена ти знае за твојата одмазда, не за една за сите, ако до толку си ја почитувал, немало да се одмаздуваш на најдетскиот можен начин, јас после ова ќе ви кажам дека вие сте двајца себични родители, кои НЕ сте ги ставиле децата во прв план, туку своите одмазднички потреби, колку и да велиш дека децата не приметуваат не е точно, прво вие немате основна комуникација значи по еден месец воопшто не правите мубает. Зошто се заедно? Децата? Ако вие вака продолжите мој пријателе само вие ќе се уништувате, и децата заедно. И ситуацијава двајцата се однесувате како жртви. Ама не сте. Што и да се каже, излишно е, а и не сте мали деца да се тресете леле развод, мама, тато, бато..очигледно е дека ти сакаш да го одржиш бракот за пред народот. Ослободете се еден од друг, и таа сака да биде со други и ти, а ти самиот си крив за нејзиниот издувен вентил. Возрасен си, размисли, ама на листа прво децата дали е во ред да живеат вака или не?
Хм ти се сомневаш дали те изневерила еднаш, а ти нејзе после тоа кој знае колку пати...па види вака сега може и навистина да ти направила филм доколку психички си ја малтертирал да признае како што и самиот велиш. Најглупаво ми е оправдувањето дека она ме изневери (што е под знак прашалник), па сега чекај брзо брзо да се одмаздам, извини ама мене ова ми изгледа како едвај да си чекал да најдеш повод за шврљање...и сега што треба ли и она пак да ти врати па така до бескрај?! Искрено мислам дека е најпаметно да се разведете и да ги спасите децата од таква болна средина. Многу веројатно е дака и она знае за овие излети и затоа е и затворена и не комуницира. Евентуално да пробате со брачено советувалиште или заедно кај некој психолог и да ги надминете проблемите кои вие ги имате премногу, но за тоа треба воља од двете страни и да бидете спремни се што се случило да го закопате во минатото и да не се навраќате на тоа.
Те разбирам. За да се прости, треба да знаеш и што точно простуваш. Е тоа така ти мислиш но некои луѓе сметаат дека е на нив да ги донесуваат одлуките за тоа колку, што и како треба да знаеш. Обично ова се вика манипулација и суптилна контрола. Три чекора е пред тебе. Те чита ко селски буквар и знае што си способен да направиш а што не. Она е спремна да игра луз-луз, а очигледно ти не си. Ти ги знае одлуките уште пред ти и да ги донесеш. Мислам дека знаеш што треба да правиш, само не ти стиска. Еве предлог, дај си време до прочка. Ако ти каже, да и простиш (ама навистина да и простиш и никогаш повеќе да не и спомнеш), ако не, си знаеш што треба да правиш. Според претходно напишаното мислам дека веќе работата е отидена предалеку и дека нема некои шанси за да си го поправите бракот ама ако не пробаш после многу ќе ти е криво. Комуникација. Без тоа ништо не правите.
Покрај останатите мислења со кои горе долу се сложувам, би ве запрашала, а истото и вие би требало да се запрашате : Зошто сакате да останите во овој брак, каде повеке од очигледно е дека има тешка иднина. Освен што е измачување за вас, е и за децата,а децата треба да растат во хармонична средина полна со љубов, разбирање,толеранција, почит, за да можат да бидат еден ден и тие такви луге. Со вашата состојба само ке ги истрауматизирате, иако мислите дека прикриваате. Не за џабе рекле - подобро добар развод отколу лош брак. Јас искрено мислам дека вие сте стигнале до точка каде нема вракање назад, мило би ми било ако се лажам и успеете. Да не се повторувам од тоа што го рекоа другите членови, во кратки црти - прво дефинитивно треба направите еден темелен разговор, да одлучите што е најдобро за вас и децата и дали можите да си простите еден на друг, да заборавите на се и да продолжите напред, или пак не. Поздрав и ви посакувам да ја донесете правилната одлука каква и да биде. Спојлер Едит - До другите членови мислам дека разговорот почнува да оди во погрешна насока, не помагаме ниту сме паметни ако судиме нечии дејствија и одлуки. Ако имате нешто паметно да кажете и некој совет да дадете направтете го тоа. За судии, сите знаеме.
како до здрав разговор помегу двајца партнери? он е се изморен од работа а јас тонам и тонам во депресија пробав мн работи на моменти мислам мн ме сака за по некое време да се посомневамдека ме изневерува. КАКО ДО ЗДРАВ РАЗГОВОР? КОМУНИКАЦИЈА О пишете ми ве молам
samovilamila здраво и некако добив чуство дека сте испаничена исплашена ИЗИИИИИИИ полека најпрвин смирисе па седниго на муабет гледај да биде неутрална територија и секако да сте сами кажиму се што ти лежи на душа некој мора прв да почне ако тој не го прави тоа тогаш направиго ти пак ќе ти повторам мирно тивко едноставно немој да му се радуваш што одвоил време да седне со тебе туку убаво анализирајго сите негови одговори секако и прашања !!! јас поминав низ пекол можеш ако сакаш да се навратиш назад на моите постови но сега горе доле се живее некако морам да бидам искрена му се радував како на мало дете кога ќе седнеше кога ух се нервирам за оваа тема и многу многу несакам да пишувам но знам дека тие тешко затоа најискрено сакам да ти помогнам не чекај седни разговарај фрли картите на масаа колку повеќе време се губи толку полошо е верувајми ти кажувам од сопствено искуство те поздравувам
Стави на хартија што мислиш дека не штима во бракот, дека не можеш повеќе и дај му да го прочита...или по емаил, со нагласок дека сметаш дека е време за сериозен разговор. Кога ќе прочита ќе знае што те мачи па ќе може да размисли. Полека точка по точка додека не најдете заенички јазик.
еве и јас во оваа тема.. долго време се прашував дали да го споделам ова ,но навистина ми треба мислење и од други луѓе , а и сакам да си ја олеснам душата.. Спојлер Од кога се роди ќерка ми имаме караници со мм (за глупости ) колку време да седиме кај моите родители. Ние одиме 2 пати во годината (сега за сега) и бидејки не одиме често остануваме по 1 месец. И секогаш пред да отидеме бидејки мм не доаѓа со нас (работата му е таква) ,а и двајцата не возиме (мм има возачка но несака да вози ) ме носи татко му и татко ми ме врака . И секогаш се караме по колку дена да седиме дали 29, 31 , 33 па има плачки од страна на мм што да ви кажам. Кога збориме преку нет (за враќањето) ако му кажам 1-2 дена повеке се лути ,што и се исклучува од нет. Колку пати му имам објаснето дека моите се далеку па не ги гледам секој ден а и неможам да ја оставам малата да седи сама зашто нели сепак е малечка и не разбира се уште морам и јас да седам со неа. Дури и ми се заканува дека нема да потпише колку денови јас сакам (ако се повеке од 30 ) Можеби е ова многу детско однесување од страна на мм ама јас сум таа што повеке се нервира , а немам никаков проблем со неговите тооолку фини луѓе се, секогаш ми помагаат во се , дури мајак му ми има спомнато па ти не си во затвор па да прашуваш колку дена да идеш кај твоите , колку сакаш и кога сакаш па и ти сакаш да си ги видиш родителите.. сите ме сваќаат само мм не!Инаку ниту на неговите ниту на моите имам кажано за ова што го прави , неговите го гледаат што прави но изгледа го знаат каков карактер е..а моите па секако не сакам да ги ставам во мисла , да се нервираат и така сме далеку. немојте да помислите дека јас плачам за моите родители , не е точно , само што сакам е и тие да ја гледаат внука им како расте.Колку пати само му имам зборено абе на ѕид да збориш повеке ке свати.. Мислам дека мм има психички проблеми и треба да си посети психијатар!!
не бе срце каков психијатар тоа го прави затоа што премногу ве сака и двете затоа му недостигате не му е интересно без вас без детето неможе сака да го гледа ај сега замисли он да го земе детето и месец да не го видиш во живо дали би издржала???? мислам дека одговорот ке ти биде не така и он неможе да издржи без детето направете компромис наместо 2 пати оди 3 пати во годината и наместо по 30 дена седи по 15 дена така сите ке си бидете задоволни и запомни ова го прави затоа што ве сака и му значите
Немој да ме сватиш погрешно но јас стварно не можам да те сватам тебе но и голем број на луѓе кои се соочуваат со овој проблем. Јас да бев маж, и жена ми да оди по два пати годишно на по еден месец на поседенка кај родители, уште одамна ќе пресеков. Во моментот кога човек ќе реши да се мажи/жени па и дете, ствара своја фамилија. Тоа не значи дека треба да си ги отсече корените со својата, со родителите и местото од каде што израснал, но приоритетите да бидат поставени. Мирот, хармонијата и разбирањето со партнерот е многу важна ствар, а близината со него е нивни основен двигател. За мене не е здраво за една врска ваков вид на гослуци, а очигледно и сопругот твој го покажува тоа. Јас лично не гледам зошто он да се навикни на твоите долги отсуства, јас би поработила на себе и мојата потреба од нив. Не сум сигурна дали го сватив делов со ќерката. Дека твоите ретко ја гледаат, па сакаат да и се порадуваат. Па не те фаќа сметка сама да ја оставиш и двете седите кај твоите. Јас многу по жестоко би реагирала доколку толку долго сум одделена од своето дете поради поседенки кај баба дедо.
Исто и јас размислувам како danichap i eva. Замисли и он така си го земе детето и си замине на 1 месец кај неговите. Нема разлика дали е мајка или татко. И на него му фалите. Мозе си мисли дека ако толку седис со твоите не сакас да бидес со него. А така и односите ке ви се разладат. Не ги сфакам зените сто откако се мазат, преседуваат кај нејзините заборавајки дека имаат своја фамилија. Требало да си свесна дека ке зивеес далеку од твоите. Тоа не знаци дека они не треба да го гледаат внуцето ама 1 месец е многу. Еве и јас како зенско не те разбирам, и би изреагирала дури побурно од него. Извинете за греските во писувањето, ми ги нема (или не мозам да ги најдам) сите букви.
Коритсаки, нели еден месец е премногу разделеност за вас двајца? Јас разбирам дека твоите сакаат да и се радуваат на внуката, што е разбирливо и многу логично. Ама ти, нели ти недостасува сопругот кога си ти во Скопје? Сигурно и ти нему му недостасуваш. Јас кај моите сум седела месец дена, па и повеќе со малиот, кога сопругот не ми е во државава. Инаку, кога е во Скопје, не можам да замислам да седам месец дена со син ми кај моите во Охрид. Па дури и во лето, кога во Скопје не се издржува. Сите ме осудуваат заради тоа, ми велат како сум можела да седам три месеци во жештините во Скопје, како сум можела да го малтретирам детето, наместо да седам тие три месеци кај моите. Мојот сопруг нема одмор во летните месеци, таква му е работата. Ама, ние сме семејство, и треба сите да бидеме на едно место, независно каде е тоа. Барем таков е мојот став. Едноставно, неговата близина мене ми е потребна, како и нему мојата, а за детето да не зборувам. Најдобро функционираме кога сме сите тројца заедно. Јасно ми е дека сакаш да си ги видиш родителите, ама факт е дека штом ќе оформиш твое семејство, приоритетите се менуваат. Треба да се ставиш во кожата на твојот сопруг, да сфатиш дека не му е сеедно.
Јас сосема ја разбирам Коритсаки. И никогаш ама никогаш нема да кажам „Си се омажила, што бараш кај твоите?!“ Си ги бара родителите кои имаат право да се радуваат на ќерката и на внуката, си поминува време со родителите кои (како и сите) не се вечни, стареат итн. Имам другарка на која мажот и правеше сцени за да не оди кај татко и во друга држава на гости, татко и почина, не може да си прости сега самата, а со мажот се раздели подоцна. И ден-денес повеќе и е криво што не одела кај татко и, отколку што е разведена од мажот. За мене се малограѓански глупости муабетите од типот „Мажена си, ќе си седиш кај мажот и нема мрдање“. И во светот луѓе одат кај роднини и кај родители и си седат колку што можат. Имам мал милион роднини и другари кои се во странство, мажени/женети со странци (некои и со наши) и НИКОЈ не гњави со вакви глупости. Коритсаки, си имаш право да си одиш кај твоите колку и како сметаш дека тебе емотивно ти треба. Подобро да поседиш кај нив еден месец, отколку да си ја полниш душата со тежини. Факт е дека си знаела дека ќе живееш во друга држава, ама во денешно време и тргнуваме од тоа дека светот станува се помал и дека кај и да си ќе си се гледаш со саканите (колку-толку) редовно. Е сега, не верувам ни јас дека треба психијатар за случајов, маж ти едноставно е несигурен и затоа реагира така и тоа мислам дека повеќе од љубомора што ли правиш ти таму, отколку по детето (мислам дека имаш спомнато дека ти рекол да ја оставиш малата, а ти да си дојдеш... може и грешам). Од друга страна, ако нему тоооолку му значи тоа ден или два повеќе, пробај да попуштиш за да не се прават тензии. Знам колку значи ден или два вака кога си подалеку, ама броените денови секогаш се малку, така што... пробај попушти, 30 дена- 30, нека му бидат толку. А меѓу тие две поголеми отуства дојди некогаш и на покусо, на една недела на пр. Користи сега, зашто кога ќе тргне малата во школо и да немаш рпоблеми со мажот нема да може да доаѓаш колку што ќе ти бара душата.