Коритсаки, ќе бидам искрена, те разбирам потполно, ама потполно, сакаш да си ги видиш твоите, да смениш малку, да ја видат и твоите малата, но да си отидам од дома еден месец за моите да седат со ќерка ми, нема шанси. Јас не би сакала да ми се случи тоа, ни мене ни на либето мое, и навистина е неубаво да го одвоиш од детето на месец дена. И јас сум одвоена од моите, 10 години веќе, ќе речеш на два саати се од мене, да не речеме скоро па исто сме оддалечени од домовите ама пак си планирам одење дома, што сум сама, немам дете со мене, пак кога ќе си отидам ми се стегнува душата за назад, да си дојдам, едноставно домот веќе не е таму. Сестра ми знае да направи такви излети и искрено не ја разбирам. Значи добро, мт да е постојано на работа а ти сама дома, да немаш со кого муабет да направиш, сигурно и он би бил сложен да идеш, да не се мачиш. Не знам, да не те напаѓам безвезе, размисли си, но мислам дека и твоите родители треба да размислат малку да доаѓаат да ја видат малата, нека биде на неколку пати по недела дена, но месец дена да одвоиш дете од родител не чини, ни за неа ни за него. Башка, јас секогаш мислам на малечкото, колку само е стресно за неа да се навикне на Скопје, па после назад, некако не ми е верно, не ми се свиѓа
Aма тука не се праи муабет за не-мрдање, туку за колку време ќе помине таму. Е и јас да сум на местото на мажот ко шо вика Анат, ќе се подзамислам како може да не и' недостигам повеќе од месец дена да е одделена од мене. Да ми каже сега мене мм ќе одам кај родителите кои ми се во друга земја со детето ќе поседам може месец може више, тебе тоа не ти е работа а јас да дремам дома сама како ќурка да ми извинете, при цело семејство, е и јас би се лутела. И не би имала многу доверба во тоа што се' ќе прави за тој месец дена. Многу е. Според корисничкото име, претпоставувам Грција си мажена. Е де, едно лето нека дојдат тие како на одмор кај вас. Мора да се прави компромис. Мт сега има свое семејство и природно е што чувствува потреба да биде покрај него. Јас би се загрижила доколку ми рече „седи си, нема проблем семејство ти е.“ Дури тогаш би почнала да се сомневам. И чекај, мт имал психички проблеми затоа што му е потребно семејството да е до него? Да не си малку пресурова во констатацијава?
Се согласувам со Аннатх, но и со Лионес. Комплескна ситуација е без да му се најдеме на некој во кожата точно не знаеме како му е. Можеби се работи за налудничава љубомора, а можеби искрено и од срце му фалите покрај него, потреба му е вашата близина. Се тргнува од како лугето се чуствуваат во душата. Јас исто како и Аннатх, повеке од недела дена не можам да бидам разделана од мм, кога ке одам кај мајка ми најчесто е викенд до недела максимум,но и тоа ретко се случува. Така е и сега кога сме фамилија, така било и кога бевме дечко и девојка. Можеби на сопругот му е потреба вашата близина, едноставно му недостасувате. Можеби вие не сте таков тип на човек, но можеби се работи и за поголем проблем тоа треба да се преиспитате самата. Седнете разговарајте убаво за вашиот проблем, сватете го и вие него зошто сака побрзо да сте покрај него, но обајснете му и вие на него дека сакате да поседите повеке време кај твоите, дека годините си врват,нема вечно да бида тука, малата си расте. Еднаш вие напрајте му кеив изненадете го порано, еднаш тој. Една од работите од кои зависи успешноста на бракот е правењето компромис, дајте жртва и двајцата.
Тоа точно е дека и мене ми недостасува , а искрено многу ми е глупаво да се шетам сама со детето кај моите , но тоа е. Инаку воопшто нема дојдено во мојата држава ,а 5 години се знаеме. Исто така и моите многу ретко доаѓаат кај нас ,само кога керка ми има роденден , чекам се некој да ме носи/донесе и тоа моите мораат да изнајмуваат кола (а во семејството само мајка ми работи а брат ми стипендија зема ) да ме носат бидејки стара е нивната и не е за подолг пат ,а раздалечени сме околу 450 км.Од една страна го мислам мм дека добро и мене така да ми направи ке ми недостасува детето сигурно , ама па од друга моите дури мораат пари да позајмуваат и го продале и накитот за да имаат пари за основни работи дома и да не донесат на гости. Можеби кога ке потпорасне малку ке се смени нешто ние да одиме со авотбус/воз или евентуално да положам за возачка.. Инаку размислувам и во врска со деновите како што рече и една феминка погоре да седиме по 12 дена на пример па по некој месец 10 и така , за да не е оддеднаш 1 месец..Ви благодарам за советите
Гледам според тикерчето во првите години од бракот сте. Колку што е важно сега да не се оставаат корените и да се одржува однос со блиските кои би биле потпора, толку е важно и да инвестирате во сопствената близина во семејството. Првите години (барем според досегашново мое искуство) се еден вид основа која зависно од тоа колку цврста ќе се направи, зависи и справувањето и со потешките периоди во бракот, кои верувај секаде ги има. Многу убаво те разбирам и тебе, но го сфаќам и него, особено ако е така, попатријахален тип. Со разговор со компромис, за се' се нашло решение, па и за ова. Најдобро е и овците да бидат на број и волкот да биде сит. Не е лесно да се постигне, но не е ни невозможно.
koritsaki Јас исто сум оддалечена од моите исто , и некогаш мака ми е што не се тука да гледаат детево како расте , и се тоа ... ама да далечината таква е на жалост ама јас сум се решила на тој чекор .. Кога се роди малата моите беа кај мене , потоа добив желба и јас да отидам до Мк , и мм не ме спречи , заминав на 3 недели убаво си поседов и се тоа , ама мислата ми беше стално кај него .. Сепак и он е татко и му недостига детето ,не е лесно да биде разделено од него месец дена Можеби и затоа што сме далеку и не ми се исплати да идам неколку пати по десет дена, пре би да поседам 3 недели ... овој пат ке идеме сите фамилијарно во Мк мм си зема одмор 3 недели па има да си истераме квалитетно време и со другата баба
А бе женчиња, нема потреба од екстремности, во било која насока. Се согласувам со даничап - примарното семејство НА ПРВО МЕСТО, и под тоа не подразбирам - Си се омажила, не смееш да мрднеш од дома. Лајонес, ајде да ја гледаме приказната од 2те страни. Од едната - таа ги посетува своите родители, а од другата - свесно го одделува детето од својот татко 1 месец. Кој може да ја измери тежината на двете дилеми? Тој пати (гласно) по неа/нив, таа цврсто стои дека бабата и дедото треба да ја гледаат внуката, притоа играјќи си детски игри со инает за плус останување ден или 2! Не знам што тоа би и` сменало на коритсаки, ама очигледно многу му менува на таткото на детето... И јас имав каде да одам летото кога бев на породилно, ама не ми текнало НИ НА 1 ДЕН да заминам без мм. Можеби и моето е екстрем, не велам не, ама јас тргнував од аспект на тоа дете, не мој, зошто јасно е кој ќе избери ќерка ми во дилемата татко - баба. Далеку од тоа дека не смее да се оди кај родителите, треба да си несалам тоа да го применуваш, ама МОРА ДА СЕ ИМА КОМПРОМИС - со самиот факт што сме се омажиле, ние сме го направиле изборот за татко и 2ри баба и дедо на детето наше, и мора да се прави баланс и почитува таа одлука доследно. Конкретно, коритсаки знаеше дека ќе живее во странство, знаеше и дека мажот и` не вози, таа не вози, значи од старт комплицирана ситуација. Не може да се реши ако не се договорат двете РАМНОПРАВНИ страни - мајката и таткото... Секое семејство си функционира по свои правила, и вие сте на почеток кога ќе мора да ги поставите, за да немате проблем во иднина, зошто со самото тоа што сте од 2 различни држави - имате отежнат старт...
Јас и до ден денес кога одам кај моите останувам само неколку дена, макс. 5-6 од причина што мене ми недостасува мојот сопруг, а и јас нему му недостигам па и детето (упс сега децата ). Ние сме си такви уште од старт, кога и да сум останела кај моите откако ќе заспиела малата сме останувале на тел. (сега на скајп) во ниедно време да си цвркутаме , приврзани сме премногу и тешко се одделуваме. Дури имало и ситуации кога ќе преспијам кај моите 2 вечери по ред и утредента се случувало да го молам мм и тој да дојде да се видиме, не мора да остане на спиење ако не сака, така да дојде (а мм ич не сака да преспива кај моите, а заради мене преспивал). И не, не сум се посомневала дека вечерта ако не сме заедно ќе биде некаде на друго место и со некој друг , неверство не ми паднало на памет. Затоа коритсаки можеби едноставно и Вие на мм му недостигате. Лично јас без разлика колку да сум оддалечена, не би останала кај моите повеќе од 7-10 дена, затоа што како што тие сакаат да си го видат внучето, така и сопругот едноставно е навикнат на своето дете и тоа му недостига. Како што вика мм-кога ќе си дојдам дома, пусто ми е, празно, досадно....не можам без вас. Така и ти...стави се во негова кожа и размисли си како би ти било доколку не ја видиш малата цел месец. Сигурно многу тешко. Замисли ете маж ти се согласил да сте тука 29 дена и тој одбројува кога ќе си дојдете да Ве гушне и ти оддеднаш му викаш-ај уште два дена...одма од старт го убиваш. Издржи уште малку, како што и самата викаш ќе потпорасне малата, па почесто и со автобус ќе одиш кај твоите. Далечината е тешка знам, мајка ми ми е на само 20 мин. вожња оддалечена, а некогаш ми се чини ко да е 200 км. Тоа, пуста женска судбина
Криза во брак И јас имав и тоа пред година дена некаде на почетокот кога се зачленив на овој форум иако беше нешто страшно но успеав да ја пребродам нажалост таа остава трага и никогаш во целост не се опоравува но како и да е барем станав посилна и не се плашам од ништо знам дека никогаш немав напишано за болката која ме убиваше едноставно неможев секогаш бев тажна ,единствено што некој кој ја знаеше мојата болка која ја имав на душата беа мојот дневник и моето куче затоа и сум толку приврзана со неа.Едноставно полека сосем сама си дадов воља дека морам да продолжам феминките ми беа како семејство плачев на некој постови си велев низ што минува девојкава давав совети бидејки знаев какво е тоа чуство.Едноставно тотално се променив почнав да се дотерувам не го прашував :"зошто вака?","зошто онака?", само ме болеше бидејки на таа огромна љубов и приврзаност која ја имавме сите тие години да се случи нешто вакво поради бизнис се плашев дали толку е се кревко и се прашував дали било вистинско? Свекрвами летна до небеса од радост кога ме гледаше како патам дури ми ставаше такви препреки од кои ретко кој ке успееше да издржи ,но јас издражав бидејки знаев дека во тој миг таа не беше виновна за тоа што јас го доживував,барем таа си го покажа вистинското лице па затоа сега ни болеста не и ја давам ,а камо ли да ја почитувам скраја да е...полека се си дојде на свое место освен што јас веќе не сум истата личност можеби меѓу нас пак има огромна љубов но од болката која ја доживеав си ја научив лекцијата...и искрено ми се допаѓа каква што сум сега единствено што него не му се допаѓа впрочем мене ми е добро и во ниту еден случај не се менувам дури се плашам да помислам каква дебилка сум била затоа колку и проблеми да имате запомнете се е решливо доколку вие сакате да се реши
Се зависи од човекот.Имам роднина мажена во странство(со странец) со две мали деца на која целата фамилија и е тука.За време на летото доаѓа со децата,она седи колку што има одмор,а децата ги остава преку целиот распуст со баба им и роднините(таму нема кој да чува).Но така и одговара,и нејзе и на мажот и.Тие двајцата мораат да печалат.Сигурна сум дека и на нејзе на мажот и не им е сеедно што ги оставаат децата далеку од нив илјадници км.,но борбата за опстанок е голема.И тие се родители и нив ги боли исто за своите деца.Од друга страна,на малечките им е многу убаво.Го зборуваат нашиот јазик,се дружат со роднините кои со нетрпение чекаат да дојде летото. Зборувајки за себе,можам во текот на летото да одам каде што имаме летна куќа.Можам и со моите да одам на одмор додека е мажот ми на работа.Ми рекол,оди јас ќе доаѓам за викенди.Но,не сум осмелила да отидам некаде без него.Одам кај моите сама понекогаш со децата.Ако се врати пред мене дома,не ми досаѓа да си дојдам,но јас си знам дека сам дома не може да седи.Еднаш кога реновиравме дома,јас отидов кај моите на неколку дена,он остана дома. Не требаше да ми каже ништо повеќе,само,не можам да заспијам сам без тебе,ми фалиш....ми е доволен показател дека не би можеле подолго време одделени. Тука не ја вбројувам работата,службени патувања.Тоа се неколку денови кои брзо поминуваат. И Коритсаки,на мажот ти не му фали ништо,само своето семејство кога е далеку од него...
Епа ако не сака да му недостигаат нека оди и тој со нив, на што личи тоа да не сака да дојде кај родителите на сопругата...па тие луѓе ја израснале бе и треба да ги почитува. Сите што ја осудувате ај замислете за х години како имате ќерки кои се омажиле во странство и кои не смеат да дојдат да ве видат заради зетот што се лути и плус на тоа додаете внуче. Да, за се треба компромис ама од двете страни.
Чекај малку, зетот колку што разбрав не се лутел што таа оди таму, туку затоа што останува подолгу за ден-два од договореното. А за тоа што тој не оди таму, си има тој причини, може па и работата не му дозволува месец дена да е отсутен....тоа се веќе други прашања. И да, најтешко е да си нечија ќерка, но и да имаш ќерка....порано не сум плачела на ниту една свадба, дури ни на мојата. Откако се роди ќерка ми, се погоди да имаме неколку свадби во комшулук...сите ги исплакав.
Е Мрчаторке кај прочита дека не ја пушта, јас а и еве сите пред мене што пишаа сфаќаме што е проблемот, убаво си објасни Кортисаки, и сега ти демек прочита измеѓу редови, а што прочита? Му сметало и правел пробелми за неколку денови, а не дали воопшто да оди или не. Не ми е јасно зошто и тој не доаѓа или зошто воопшто не дошол, не е убаво-точно, меѓутоа сигурно си има човекот свои причини меѓу кои обврски на работа. Кортисаки, не ме сфаќај погрешно, не само мене и другите што претходно ти пишаа, не те напаѓаме ниту ја завземаме страната на маж ти, ама и според мене со право се лути. Сепак и него му фалите ти и малата, па 2 месеци годишно и не се така малку. Од друга страна и тебе те сфаќам, те влече да си дојдеш да си поседиш кај твоите, да промениш малку, да се видиш и сл. ама немој толку трагично да ги сфаќаш неговите реакции, стави се на момент на негово место како би ти било тебе да си одделена од малото толку долго. Еве веќе е поголемка малата за некое време ќе можете и да патувате сами со автобус на пример, па ќе можеш почесто ама на пократко.
Лолита, ме изнасмеа исплачи си се ти пред време, за на тој ден да не плачеш А коритсаки зошто ете пример не одите заедно на една недела? Или ако не може тој толку да седи, ти и малата седете помалку. Си знам јас по мене, ќе отседам понекогаш една недела и лудост го фаќа мојот дома, не дека ја му требам, малиот сака да си го види, така да мт го сфаќам. СИ ги брои тој деновите и ти оп, број и од нула надолу Арно рекоа, компромис, ама од твоја страна. Тој доволно ви пружил!
Абе луѓе, сеа сфатив, мажот на Коритсаки е Грк Се зезам, ама претпоставувам нема време сиротиот да дојде и он, се надевам не е ради билатералните односи помеѓу државата. Да ве насмеам малку, Коритсаки не се лути мила, сакав да направам малку поинаква атмосфера, ете Лолитка е крива, она почна со плачењето
Фала ви девојки и не секако дека не се лутам , јас неможев да сватам кој што греши дали нешто и јас сум крива дали е тој. И да , не дека не ме пушта да одам , ми вика кој ти вика да не одиш воопшто ама да не сум ги продолжувала деновите како во оовј случај што тој ми рече 30 а јас треба да останам +2 дена бидејки татко ми неможеше кола да најде (за ова вчера последно се налутивме)...инаку за неговата работа работи од 4 поручек до 11 навечер и секој ден па затоа нема време да доаѓа со нас.. Јас му кажувам дека ке се договориме некако ке направиме да ги скратиме деновите да ги поделиме кога ке потпорасне ке одиме со авотбус и друго ке биде нема никој да чекам , ама на моменти не свака ништо сел ути се исклучува од нет..
^^Пак јас крива Ај, ај зезајте се вие на моја сметка,... Блонд што е сигурно, сигурно, се` со време.....сега по ќерка, за некоја година ќе плачам тука од снашка и така... Да не одиме многу оф топик...јас сум за да си го земеме домазет Коритсаки мала шала није на одмету Mашко его мила, машко его...ај уште сте младенци што би се рекло, со тек на време ќе легне на брашно, ете се налутил, ќе му помине не се секирај, биди стрплива, не дотурај масло на огнот, немој и ти да се лутиш, знаеш како викаат- два остри камења не бива, биди ти пердувчето овој пат. Секое добро
Е добро де и два дена да се + не е страшно ако е оправдано, како во случајов што си немала превоз. Само пак не ми е јасно зошто маж ми би ми кажувал колку дена да седам кај моите...тоа треба ствар на договор да е. Во врска со работното време, зарем нема ни еден викенд слободен? Ако има може за викенд и он да дојде и оп ќе се скрати времето што сте разделени, па бар Грција не е крај на светот (додуша зависи кај си ГР, ако си Солун лесна работа )
Или стварно си мрчаторка или не знам што е тука тоа што не разбираш Па било ствар на договор , договорот бил пр. 29 дена, а се продолжил за +2. И сега кој не си стои на договорот (ако веќе така гледаме на проблемчево), да се разбереме не заземам страни само коментирам објективно од страна гледано. И кога ќе се омажиш тогаш ќе сфатиш зошто некогаш и маж ти ќе има право да ти кажува колку да седиш кај твоите.... во бракот и те како е битно да си принципиелен и да си стоиш на кажаното/ветеното/договореното.
многу ти благодарам имам разговарано но на моменти мн ме сака разбира и ми помага за веке следниот ден како да сме само цимери кои сега сме се запознале.во ред на секој му треба време за да биде сам со своите мисли ,а и јас сум домакинка па темите за разговор ми се сведени на минимум(затупавев седејки дома и од една интересна и весела девојка станав депресивна домакинка) пробав мн начини да му се приближам дури и помислувам декла можеби ме изневерува. мн чудно