Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Криза во бракот

Дискусија во 'Брак' започната од sweeteva, 21 октомври 2010.

  1. Lori-30

    Lori-30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.108
    Допаѓања:
    709
    Коритсаки, ја извини ама не би се слозила толку долго да седис кај твоите! мозеби има тука други сто не размислуваат како мене, не ги читав сите мислења, а првпта сум на оваа тема,не дека имам проблем туку онака,....но сепак мислам дека ти сега веќе имас нов дом, свој зивот и веќе не си зависна од твоите! Подобро оди почесто али понакратко во Мкд кај твоите, одолку на толку долго! незнам ама мене тоа ми е многу! Ја исто не зивеам во Мкд, туку многу подалеку и маз ми ме пуста да идам и да седам колку јас сакам, ми верува, но јас некако не се чувствувам убаво да седам повеќе, некако цело време со памет сум резервирана за мојот нов дом, маз ми, сто ке јаде, како ке му е сам дома и одвај чекам да се вратам! не дека не ми е убаво туку зал ми е да седи сам! морас да размислис, за твојот зивот, за твоето семејство, дека веќе си се одвоила од мајка ти и татко ти како целина и сега со твоето мазче сте си посебна целина! Маз ти те сака,он има почит према тебе, ја почитува твојата зелба за гости, но во себе сигурно се јаде и усте сега мисли колку ке му недостасувас! и кога си казала усте два дена тогас пукнал веројатно! не се карајте, гускајте се и сакајте, засто нема да се видите цел месец!
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  2. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Коритсаки јас ве разбирам и тебе и мажот ти.Сигурно на сите вас кои сте се омажиле со странци и живеете со илјадници километри одалечени од мама и тато не ви е лесно и сметам дека и мажите кога ве зимале биле свесни дека вие ќе имате потреба од тоа да одите на гости кај вашите,а тоа подразбира и останување на малку подолго време.Е сега од она што го напиша твојот сопруг има разбирање,а проблем се тие 2-3 дена за кои ти си го продолжила останувањето,но мислам дека требал да биде подготвен и на тоа од проста причина што сепак некои работи не зависат само од тебе(мислам на превозот).Целава работа тој ја прави само и само од љубов кон тебе и ќерката и затоа и го разбирам.Знам дека и ти го сакаш и дека ти недостасува,но ја разбирам и твојата потреба да бидеш малку со твоите.Мислам дека треба да видиш и да се распрашаш убаво околу други алтернативи за доаѓање ,како воз,автобус и тоа да бираш ноќни патувања кога малата ќе спие и сигурно тоа ќе биде и поефтина варијанта ,па ќе можеш да доаѓаш наместо 2 ,3-4 пати во годината.Малата многу брзо ќе почне да ти реагира кога ќе доаѓате и ќе го бара татко и ,а тоа ќе ти биде уште една пречка за подолго останување.Твојата идеја за полагање за возачка мислам дека нема да ти биде многу од корист,затоа што толкав пат со мало дете тешко дека ќе го поминеш,барем јас не би се нафатила ,иако возам веќе 9 години.Сепак тоа е долг пат и сенешто може да се случи.
     
    На koritsaki и imelda им се допаѓа ова.
  3. milamamica

    milamamica Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2013
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    61
    знам дека вашето мислење ке биде најобјективното...затоа ве прашувам...каков ви е коментарот..
    имено, јас бев 7 години во врска и сега сум 5 години во брак..имаме едно детенце од 2 годинки, а сега сум на почеток од бременоста со 2-ро (иако не ни беше планирано)....
    Уште во врската имавме проблемчиња, во смисла љубомора, посесивност, непромислени зборови и сл.....но, на крајот се понижуваше и правеше се само да му простам.....
    Проблемите се зголемија во првата година од бракот кога дознав дека мојот маж (кој инаку од 17 години сам заработува) има некои финансиски проблеми (долгови), но не го знаев износот...после две години од брак (инаку живеевме со неговите родители), јас дознавам дека тие долгови се големи, па настанаа големи караници бидејќи јас сакав да се одвоиме од неговите.....
    Инаку, кога сме кај неговите родители можам да кажам дека пред да стапиме во брак беа ок, но после неколку год. од брак, свтив дека мајкаму е тешка мрза, а таткому се почесто беше под дејство на алкохол....и не беше толку страшно се додека не се породив со првото детенце, кога неговите не придонесуваа ништо во семејниот буџет, бидејќи не работеа ништо (мајкаму поради здраствени причини, таткому без причина), па трошоци за дома, за бебето (да е жив и здрав), за кредитите и сл....хаос...
    Откако се породив, после еден месец се случи страшен физички конфликт поради маж ми и татко му, со цел мажми да ме заштити мене, но и поради лични причини....страшно беше...
    јас се уплашив и заминав со едно месечно бебе кај моите родители, таму останав неколку дена....
    Откако се смири состојбата јас се вратив,..
    Инаку имав страшен пораѓај со форцепс...ми беше потребна помош околу перење пеглање чистење и сл...но свекрвата многу малку ми помогна и тоа само на почетокот, после несакаш ни да го пере ни да го пегла ни да ме замени за да одморам, дури се случувало по цел ден да не јадам и да седам со малото во соба, она не доаѓаше ни да ме праша дали сум ок....
    Цела година со караници, со мажмио со неговите и сл. На првиот роденден на синчето повторно се случи конфликт меѓу мажми и свекорми, но заврши трагично за мене.....јас сум била бремена околу 8 недела и поради стрес претпоставувам имав спонтан неколку дена после конфликтот..
    ТОГАШ МИ ПУКНА ФИЛМОТ, ГО ПРАШАВ МАЖМИ- ЈАС СИ ЗАМИНУВАМ, ДОАГАШ ПОД КИРИЈА СО МЕНЕ ИЛИ СИ ОДАМ КАЈ МОИТЕ......????
    И ТОГАШ СЕ СЛУЧИ НЕШТО ЧУДНО, МАЖМИ ЛАДНОКРВНО МИ ОДГОВОРИ ДЕКА НЕ САКА НИКАДЕ ДА ОДИ НАВОДНО ЗАРАДИ ФИНАНСИСКИТЕ ДОЛГОВИ И ПОРАДИ ТОА ШТО НЕ СМЕ ВО МОЖНОСТ ДА ГИ СНОСИМЕ ТРОШОЦИТЕ ПОД КИРИЈА САМИ.......
    ЈАС ОСТАНАВ ЗАПРЕПАСТЕНА.....
    СИ ЗАМИНАВ....
    ОН НАМЕСТО ДА СЕ ПОКАЕ ТЕРАШЕ ИНАЕТ, НО ЗА ЖАЛ СЕ РАЗБОЛЕ СИНЧЕТО И ЗАГЛАВИВМЕ ВО КОЗЛЕ...МУ ПИШАВ ПОРАКА И ДОЈДЕ, ТАКА ПОЧНАВМЕ ДА КОМУНИЦИРАМЕ ДУРИ ПОСЛЕ 10 ДЕНА ОТКАКО ЗАМИНАВ, ДО ТОГАШ НЕ СЕ НИ ЈАВИ ДА ПРАША...(НАВОДНО БИЛ ЛУТ ШТО СУМ СИ ЗАМИНАЛА)
    СПОРЕД НЕГО СУМ ТРЕБАЛА ДА СЕДАМ ТАМУ СЕ ДОДЕКА НЕ СМЕ СПОСОБНИ ДА СИ ОДИМЕ И ПОКРАЈ СЕ..
    ДУРИ ПОСЛЕ 1 МЕСЕЦ ЈАС СЕ ВРАТИВ НАЗАТ, НО ВЕКЕ ПОСЛЕ ДВА МЕСЕЦИ ЗАМИНАВМЕ ПОД КИРИЈА....
    Е СЕГА....УШТЕ ПОТЕШКО, СЕКОЈА КАРАНИЦА МИ ПЛЕСКА ВО ЛИЦЕ ДЕКА СМЕ ВО КРАЈНО ТЕШКА ПОЛОЖБА ЗСАМО ЗАТО ШТО ЈАС СУМ САКАЛА ДА ОДАМ ПОД КИРИЈА, ДЕКА ЈАС СУМ КРИВА ЗА СЕ ШТО НИ СЕ СЛУЧУВА СЕГА.....ИЛИ ПАК ПО ЦЕЛ ДЕН НЕПРАВИ МУАБЕТ.....И ЦЕЛО ВРЕМЕ Е НЕРВОЗЕН КОН МЕНЕ И ДЕТЕТО.....
    ИНАКУ, НЕШТО ШТО МОЖАМ ДА СЕ ПОФАЛАМ Е ДЕКА МАЖМИ ЗНАЕ И МНОГУ ЧЕСТО ДА МИ ПОМАГА ПО ДОМА, ЗНАЧИ ДА ИСЧИСТИ, ИСПЕРЕ, ДА ГО ЧУВА ДЕТЕТО, И СЛ...
    НО ОВОЈ ТЕНЗИЧЕН ПЕРИОД ТРАЕ ПРЕМНОГУ ДОЛГО, А ЈАС СТРАШНО СЕ НЕРВИРАМ, ЕДНОСТАВНО НЕ СЕ ЧУСТВУВАМ КАКО ДОМА, КАКО ДА НЕ Е ИСТИОТ, КАКО ЈАС ДА СУМ ВИНОВНА,...НЕЗНАМ...
    ВЕ МОЛАМ ЗА ОБЈЕКТИВНО МИСЛЕЊЕ......КАКО ДА СИ ГО ПРОМЕНАМ ЖИВОТОТ ВО ЕДНА НОРМАЛНА ХАРМОНИЧНА СЕМЕЈНА АТМОСВЕРА, СО МАЛКУ ЉУБОВ И РАЗБИРАЊЕ.....
    ВИ БЛАГОДАРАМ...
     
  4. mrchatorka

    mrchatorka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    55
    Јас сум во брак веќе 8 години, од Битола сум, а живеам во Скопје...така да знам што значи договор и компромис...велам дека доколку е од оправдани причини одолговлекувањето како што кажа koritsaki тогаш не треба да се лути.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Оф колку е лесно вината да се префрли на друг !!! Јас колку што разбрав кредитите и тешката финансиска состојба е заради долговите на мажот :^) Можеби чувствува вина за тоа ,но лошо ја покажува .Тоа што ќе го бара виновникот во тебе,а не во самиот себе е многу лошо и се надевам дека ќе свати на време.Искрено мене ме зачудува една друга работа-Зарем тој во тие месец дена додека беше кај твоите ниту еднаш не го побара синот?Ако е така ,тогаш твојот маж си има страшен проблем.Ова е некој македонски синдром ,кој речиси секогаш се повторува,а е скараат со жената или не дај боже разведат,забораваат на децата(чест на исклучоци) или пак одат во другата екстрема да ги придобијат децата,а до тогаш не ги погледнале.Искрено стварно не гледам некое решение ,или ќе се жртвуваш,а со тоа и детето ,па ќе се вратите кај неговите,каде од старт не ве чека ништо сјајно или ќе останете под кирија и пак ќе ги имаш истиве проблеми.Не знам дали постои било каква шанса да одите кај твоите ?дали мислиш дека би прифатил?Така ќе заштедите некој денар за побрзо да ги вратите долговите ,па да почнете од нула,онака како што требало да биде и на почетокот.Можеби тогаш и тој би се смирил???
     
    На eli25, imelda и Moira им се допаѓа ова.
  6. mrchatorka

    mrchatorka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    55
    Воопшто не било фер од страна на сопругот што ги криел проблемите во финансиската состојба и психичкиот товар го носел сам...бракот е заедница и треба сите карти да се отворени.
    Пробај некако да му објасниш дека мирот што го имате нема цена...
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  7. milamamica

    milamamica Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2013
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    61
    eте тука е проблемот....што немаме мир.....откако си отидовме под кирија.....
    он е цело време напнат и страшно нервозен, па за секој проблем а особено финансиски мене ме окривува, бидејќи јас сум сакала да одам под кирија.....и секој ден така....освен тоа, некогаш караниците се одвиваат пред синчето, што страшно ме повредува, но он неможе да се исконтролоира за жал....
    незнам што да направам?..... :x :?:
     
  8. milamamica

    milamamica Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2013
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    61
    Да се вратиме кај неговите????леле...пекол...што се не ми се случи таму!!!
    кога заминав 10 дена не се јави...воопшто, ако не се разболеше малото незнам кога ке се јавеше...
    кај моите не можеме бидејќи нема дополнителен простор...
    а моите страшно ни помагаат...финансиски, за разлика од неговите кои чекаа на нас...
    но не се излегува на крај...
    впрочем, затоа и почнаа проблемите...јас сакав под кирија, он: немаме пари, после 4 год. од брак јас посакав да имаме дете, он:немаме пари како ке го израснеме, за се во животот ИСТ ОДГОВОР!!!
    а дури сега, уште повеке....уууффффффф :(
     
  9. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819

    Мене искрено ми личи дека тој е во голем конфликт сам со себе, и тоа за се. Долгови, лоша финансиска ситуација, несреден однос со родителите, па ете и со тебе... а не е доволно силен да излезе на крај со тоа. И (како што обично се случува кај тој тип луѓе) си бара кој му е виновен за ситуацијата. И затоа тоа си ти. Веројатно (и покрај сите проблеми) се чувствува како заради тебе да ги издал родителите, па уште толку ти си крива за се. А фрустрацијата дека ете не е способен сам да заработи, туку само долгови натрупал веројатно влијае и на нервозата и на самопочитувањето. Некако имам впечаток дека мажите со мала самопочит најмногу ги малтретираат жените, пробувајќи да си докажат дека може не ги бива за финансии, не ги бива за мн работи, ама дома се газди :^) .
    Без соработка со него тешко да смениш нешто во ситуацијата. Мислам, во брак си со човек кој криел од тебе и покрај сите години заедно дека има големи долгови. А тоа не е мала работа. Веројатно мислел (со право!) дека ќе го оставиш ако знаеш, па те ставил пред свршен чин. Многу нечесно. (И мм имаше долгови, не многу големи, ама не ни мали, но ми кажа уште додека бевме во врска. И заедно враќавме на почеток на брак и не ми беше сеедно, ама знаев и се фатив на орото самата). Можеш да пробаш во секоја можна ситуација да останеш смирена, да не влегуваш во кавги (иако тој може и намерно да ги предизвикува), да сфатиш дека тоа ви е реалноста и да барате решение, не да се обвинувате кој што направил. Тој згрешил и тоа многу, да, ама па ти си избрала да останеш со него и откако си дознала, и си се враќала и покрај сите инциденти. За тоа не може тој да биде виновен, сама така си одлучила. Прво пробај да ја намалиш тензијата дома, без обвинувања и кавги, без враќање на минатото, па после пробај да ги средите односите. Во цел тој хаос внесувате уште едно дете, обврските ќе ви се дуплираат, како и одговорноста и треба да почнете да се однесувате според ситуацијата.
     
    На AIT, elena.mak, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  10. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Не знам миламамица колкави долгови маж ти има и од какви луѓе позајмувал, ама најверојатно ништо не враќал овие две години отприлика додека плаќате кирии со мало детенце дома. Епа кој и да му позајмил ќе му тропа на врата да враќа. И да не е со закани пак е голем притисок, тоа е нервоза, и најверојатно како единственизлез гледа он дека со парите што ги давате за кирија би можел да се оддолжува, додека седите со старите, кои колку и да се лоши не се пострашни од некој што еве и на сила ќе ти бара долг да си отплатиш.

    Ирелевантно е тоа каков бил спрема тебе во врска и како сте стигнале до брак, кога сепак си избрала брак со него, и кога сте имале тој месец криза пак сте се смириле и останале заедно. Неговите долгови се и твои сега. Морате заедно да мислите како ќе се враќаат. Ако маж ти не гледа друг начин затоа те криви тебе оти сакаш да сте под кирија, а и затоа што ти си му до него кога е нервозен па на тебе ја истура таа нервоза, што е најнормално. Сите знаеме да истуриме нервоза по најблиските. Многу јасно ти сакаш под кирија, никој да не ти брмчи и нервира, е сакаш ама кога немате со што да живете како си наумила тогаш морате да барате друга алтернатива. Макар делба во една соба кај неговите, или кај твоите, ќе проголташ гордост, мажето под рака и ќе правите мирен муабет и со тие и со оние и договарајте се, што можат да ви понудат што вие на нив, и ако не со соба пример, за уште поарно можат ли со пари, ако немаат пари со нива за продажба ако има, што било тоа, да се оддужите, па со што се заработи после ако е доволно за кирија продолжете си така на мирно.

    Додека не си ги помирите долговите не гледам хармонија, па колку и љубов да има, дури и повеќе нервози ќе ви тропнат на врата за некој месец кога стигне второто бебе.
     
    На ilipili, AIT, danichap и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Lori-30

    Lori-30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.108
    Допаѓања:
    709
    За Миламамица...сега го прочитав твојот долг пост и цела се наезив, кога читам сто се има, какви се случаи, а некој од малку се зали! ова е вистинси проблем , а не некои за ситница одма паничат како да е незнам сто! мислам извини, ама ти и сама си свесна дека ова не е проблем кој мозе да се реси или заборави со едно излегување на кафе и слично! писувај тука колку моземе ќе ти помагаме со совети! сакав да ти казам да не се каес сто сте излегле под кирија, мирот нема цена, и парите подобро за кирија да ги давате одколку за храна на паразити, сто се неблагодарни и сто не сакаат со мал прст да мрднат да придонесат за семејството, за мирот! тоа сто сте во криза да не го ставас мн на срце, туку стреми се љубовта мегу вас да се сочува! инаку кој денес не е во криза?! секој човек има долгови по банки, и празни кредитни картички, тоа е нормално во денесно време застпо само со плата не се презивува! и како за сите така и за вас, па сега ке плакате камати ама немате друг избор! а за караниците, од една страна го напагам маз ти а од друга страна го разбирам, он сега мора да обезбеди пари за да плати и кирија и за храна и затоа е напнати тоа мора да го исфрли од себе, мозеби нема каде па на тебе,но не одстапувај, се мозе да се промени! човек никогас незнае колку брзо зивотот мозе да се смени, на добро или лосо! мозеби ке си најдес работа па и ти ке придонесувас и ке испливате од криза! најдобро седни и отворено поразговарај со маз ти, ама без кревање тон, а он ако почне на високо, речи му дека не сакас да се карате и да зборувате смирено, омекни го со твоите зборови, најдете ресение а ако го нема стрпете се усте малку, ке дојдат подобри времиња, како велат немозе секој ден дозд да пага, еден ден и сонце ќе изгрее! ти се однесувај нормално, и да не се каес сто сте излегле под кирија, најбитно е да зивеете во љубов и мир, здравје а не да се тресес секој ден од караници од неговите родители,! со него верувам дека преку разговор мозе да постигнете несто и да ја смирите состојбата мегу вас! Ке успеете мила, биди храбра, зал ми е сто вака ти се случува но зивотот знае да биде секаков! издрзи, мозес ти, и писи ни сто се случува, првпат ти писувам но навистина се загризив :worried: :*
     
    На milamamica му/ѝ се допаѓа ова.
  12. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.569
    Допаѓања:
    106.305
    Пол:
    Женски
    Вчера пак разговаравме , значи јас му реков дека ке најдеме начин ке направиме нешто со деновите , место 2 пати годишно ке одам 4 пати но помалку денови нели , незнам дали прочита или не , но беше налутен и тоа сега па брат ми не ја видел 2 месеца и во неделата ке дојде (тој е студент но во друг град оддалечен 30 км од нашиот) и пак нема да ја види ке си оди понеделник незнам што.. па тој кога сака може да ја види , а моите што со месеци не ја гледаат што да кажам? А и кога е таму , што , потполно незаинтересиран , си седи на компјутер по цел ден игра не го ни ферма детето. Сега му објаснив дека нема кола за во недела па во понеделник ке има , и толку проблем било за +1 ден. Ми вика јас ти реков 30 , а ти сега додаваш 1 ден... |( И му викам , па добро ако се порадуваат моите на детето ни +1 ден што ке биде? И ми вика не ми збори така ме загрижува и твите што не ја гледаат често..
    Се во круг се вртиме , јас дојдов до некое решение , тој се лути. Тоа е сега за сега тешко дека ке седнам со 2 годишно дете во автобус да поминам 400 км , кога ке потпорасне и разбира дека треба да седи мирна да не трча ваму таму , тогаш..
     
  13. mrchatorka

    mrchatorka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    55
    Болдираното е тоа за што мрчам, значи не вика се договоривме 30 дена, туку вика јас ти реков, е тоа ме лути...во брак треба договор компромис, а не некој како што ќе рече.
    На пат кога ќе тргне човек треба да знае дека може да се случат непредвидени работи кои можат да го пролонгираат/скратат патот.
     
  14. milamamica

    milamamica Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2013
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    61
    IZGLEDA TOA NE GO NAPISAV....HAHA...SEKAKO DEKA I JAS RABOTAM, MISLAM NE BI DOZVOLILA SO MOETO OBRAZOVANIE DA OSTANAM DOMA I DA CEKAM OD NEKOJ DRUG, PA MAKAR I OD SOPRUGOT.....
    NO, ZA ZAL I POKRAJ MOJATA ZARABOTUVACKA, FINANSIITE NEDOSTASUVAAT, SE SE SVEDUVA NA NIV...DURI SE SOMNEVAM DEKA CUSTVATA ODAMNA IZUMRELE..IAKO JAS PONEKOGAS SE OBIDUVAM DA BIDAM VNIMATELNA KON NEGO....NO POSLE TEZOK DEN, NA KOGO MU TEKNUVA ZA LJUBOV.....A BAS MI E ZAL STO E TAKA......BAREM MALKU DA SE PROMENI ON, BAREM MALKU DA OMEKNE....A OD DRUGA STRANA SI RAZMISLUVAM...KAKO DA OMEKNE AKO E PRAZEN VO SEBE...BEZ LJUBOV.....SAMO NERVOZI, DOLGOVI, PARI.....PA DOCNI PLATA, PA POSKAPELO OVA, ONA...AMAN VEKE!!!!!!! :envy:
     
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.307
    Допаѓања:
    285.385
    Да дадам мое мислење на болдираниов дел.
    Зошто во моментот кога си решил да оформиш свое семејство, наместо да вложуваш поголемо време, внимание и енергија на негување на истото, да се подразбира дека одењето на гости кај родителите да трае подолго.

    Никој не ја негира потребата од близината на својот родител, но секое возрасно лице си ги прифаќа обврските како сопруга, работник, домаќинка...
    И тие обврски налагаат годишен одмор од два пати на по две недели, по можност барем еден од тие два да биде со брачниот партнер(примарното семејство).
    И баш странец ич нема да го свати гослукот кај родители со толкаво траење.
    Без разлика дали човек е со дете или без дете тие гослуци си имаат големи последици на врската а и на психата на самата личност.
    Првен односот со сопругот ќе дојде до дереџе за кое еве имаме пример.
    Никој работодавец или образовна институција нема да толерира такви продолжени одмори.
    А во однос на дете, мене би ми било само повод повеќе да сис едам до мажот за заедно ние да му се радуваме а не да го малтретирам по патишта.
    Не дај боже да се снеарни, малтретирања по болници без татко му, малтретирања со касите за здравствено осигурување.
    Плус детето таман дома на еден ред си го научил, секое подолго останување македонија баби, тетки, братучеди на сосема друг го привикнуваат.
    Постојат сезони кои секогаш треба да се одбегнуваат.
    Не често родителите патуваат ним кога највеќе им одговара т.с времето е најубаво па детето завршува по болници.
    Јас ја сваќам потребата.
    Но не ја сваќам неможноста за нејзино контролирање и согледување на последиците од истото.
     
    На AIT, imelda и Moira им се допаѓа ова.
  16. Mikako

    Mikako Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    153
    Пол:
    Женски
    Пробај да разговараш кога ке бидете заедно и кога ке биде расположен.Секогаш кога сте разделени сте нервозни и напнати, и затоа доаѓа до караница. Пробај твоето мислење да му го наметнеш, а не строго да стоиш на твоето. Го имам истиот дома, ако ти е за утеха. Кога ке планираш повторно да дојдеш во МК договорете се уште од дома колку дена ке останеш и придржувај се до договорот. Така ке го направиш посреќен, и следен пат кога ке одиш воопшто нема да ти прави проблем.
     
    На koritsaki, Annath и Moira им се допаѓа ова.
  17. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.792
    Допаѓања:
    100.377
    Пол:
    Женски
    Мила мамица...
    Искрено како што велат,човек никогаш не се знае со каков проблем ќе се соочи во животот.Обично не сакам да делам совети,ама еве да ставам во твоја кожа...се разбира доколку и тој биде спремен за разговор,и си го сака семејството...
    Навистина мислам дека не е најдобар но во моментов ми се чини единствен избор е да се вратите кај неговите ,кога веќе не можете кај твоите.Не знам колку е должен,дали е должен на банка или на лихвари.Ако е должен на лихвари можеби најпаметно ќе биде да подигнете кредит и таму да се заврши приказната.Знам дека тоа се фрлени пари во бунар ама барем тој ќе се смири,ако знае нели дека нема да му тропаат на врата.Во моментов и ти не си во завидна ситуција,бебе е на пат ,мора да се чуваш и за себе и за него.Верувај дека плодот го чувствува секој стрес ,и верувам дека ако си постојано под нервоза и тоа ќе биде такво.Можеби бабски изгледа ама верувам .Второ неговите отпиши ги.Гледај некако да се поделите дали е соба,спрат.Едноставно како да ги нема.Не ги приметувај.Тука и маж ти мора да истапи свесно и да пресече што и колку му е важно.И само трпение мила.И чувај се.
     
    На ilipili му/ѝ се допаѓа ова.
  18. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Убаво те рабирам низ што минуваш нервозен ,неразговара тоа е убиство за една жена..но тој твој маж има и долгови треба да најде начин да ѓи исплати ти што си му виновна?..во домот негов хаос но во овој момент подобро е да се вратите назад не ги ставај старите ни под точка разно...бидејки мир нема да се има и тој е преплашен за себе,тебе за вас и затоа е таков каков што е...Ти мораш да си силна и смирена детенце имаш ,друго е пат ...разговарај со него убаво кажиму и искрено мила се надевам дека ке се
    среди од се срце ти посакувам да си срекна но мораш да разговараш со него за назад бидејки друга солуција се нема во овој миг поздрав душичко
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  19. milamamica

    milamamica Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2013
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    61
    :worried: eehhhhh.........koga seto ova bi bilo tolku lesno da se napravi......
    kako sto spomenav predhodno, NAZAT VRAKANJE NEMA, prvo zosto tamu se vselija bratmu i snaamu so 2 deca (koi inaku bea pod kirija 7 god, i se vratija koga nie se iselivme).....inaku ziveat vo 3-soben stan i nema mesto.....a vtoro, vrakanjeto nazat znaci deka treba da se snosat trosoci za uste dvajca (negovite roditeli)...koi ne zarabotuvaat.....a prihodite ke ni bidat pogolemi samo za kirijata, ne poveke....i kako?
    inaku ne se lihvarski dolgovi, fala mu na boga......krediti se vo prasanje.....
    od druga strana i da postoi moznost da se vratime vo dogledno vreme (ako se isseli bratmu vo svoj stan).....kakov ke bide sekojdnevniot zivot, nekoj ke mora povtorno niz toa da pominuva, sekoj den karanici, tenzija, se ke se ceka na mene, a toa ne e nikoj drug TUKU EDINSTVENO JAS, na mm ne mu e gajle roditeli mu se, najlos da e i da se kara i tepa so niv, nema da bide kriv od ednostavna pricina deka IM E SIN!!!
    e ova se vika SAH-MAT situacija neli? za zal.... :worried:
     
  20. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Секогаш е најдобро да се најде Соломонско решение, и волкот сит и овците на број, ама тешко оди тоа.
    Тој нормално ќе реагира така, штом му е таков карактерот, за него и 1 час повеќе ќе е проблем. И ти како посилниот пол во бракот ( ;) ) ќе треба да си го имаш тоа на памет и да знаеш како да реагираш. Јас сепак сум убедена дека е несигурен и љубоморен, а тие паники што читам тука што демек не го гледа детето па страда некако ми се... :^) Па нели ти има кажано Остави ја и ти дојди си?! И тогаш нема да ја гледа... така што, јасно е. А тоа демек МОРА да си со него за да градите брак ми е ептен површно. Ако еден брак не се изгради заради отсуство од 1 месец, нешто со бракот сериозно не чини :!: . И ако жената е толку несигурна што и како ќе направи дотичниот па мора да е со него 24/7, мислам... |( . Здрава врска меѓу двајца не се гради на константно неразделно живеење. Напротив. Ако врската (или не дај Боже бракот) не можат да издржат повремени разделби, плукни им се. И после разделбите добрата врска станува уште поцврста и уште подобра, вештачки градената станува полоша и се распаѓа. И уште нешто, не прозивам никого (да разјасниме) ама за мене е слика и прилика на несигурност тоа „Не можам да издржам без маж ми, ми фали ако не е тука и 1 ден...“. може да ми фали, ама да не можам да издржам бе? И посебно ако знам дека е тоа на ограничено време, да, ќе ми недостасува, ама јас сум личност и сама со себе и сама по себе, маж ми не ме дефинира и секако можам и без него. Не е здрава таа поистоветеност со партнерот. Факт е дека сме различни карактери, ама мора да сме посамостојни. Може да ме скрши помислата веќе никогаш да не го видам, ама кога се броени денови, па нека се и месец и два, не е страшно. Ако се сакаме, ќе се сакаме и после тој месец. Ако си недостасуваме, уште поубаво ќе ни е кога ќе бидеме заедно.
    Коритсаки, заради свој мир, труди се (кога е можно) да се придржуваш на договорот. Ама кога не е можно... па тоа е. Ќе порасне и маж ти и ќе сфати :) (мислам на емотивно растење). Може кога трудејќи се да му објасниш му кажуваш Па и моите еден ден повеќе да ја видат, веројатно тој со тоа подразбира дека ете можеш да се вратиш договорениот ден, ама одложуваш за да се видат твоите ден повеќе со внуката, не заради превозот. Чудни сме ние луѓето, секој ќе се фати за оној дел од исказот кој му одговара. И имај го тоа на ум кога разговарате.
     
    На mrchatorka му/ѝ се допаѓа ова.