Миламамица се трудам некако да ви ја направам математиката со парите ,околу тоа како издржувате да плаќате и кирија и кредити и никако не можам.Еве и двајцата да зимате по некои 15 000 ,тоа се 30 000.Кредит нека е 3000 и кирија 12000 ,значи една плата ви оди на тоа,а каде е јадење,пиење,с-ки Толку ли нема едно собче кај твоите да се пикнете ? Не знам еве ми доаѓа некоја варијанта иако не знам дали си единица и дали би можело ,но ќе си ја кажам,притоа не знаејќи и твоите на која возраст се и каде живеат.Можете ли да видите со твоите во домот во Ѓорче да изнајмите стан за нив,па вие да се преселите во нивниот.Тоа да биде решение некое за наредниве 1-2 години.За тоа време да ги расчистите кредитите и да заштедите нешто ,па после евентуално да видите за некој станбен кредит или доколку имате некој плац да изградите некое куќиче за вас.Искрено мислам дека колку повеќе сте во оваа ситуација ,вашиот брак се растура,а за ситуацијава да е уште посложена чекате и второ дете. Јас лично отсекогаш сум била против плаќање кирии.Според мене тоа е џабе фрлени пари.Да знам дека мирот и спокојот се најважни ,но со кирија ништо не се решава.Барем кај нас платите не се толку големи за човек да може да живее нормално,да плаќа кирија и да трга нешто на страна за некое трајно решение.
Кортисаки треба да направите некој баланс и компромис меѓу себе.Ти кога му велиш уште еден ден да останиме,тој се нервира,па на неговите зборови ти се нервираш и му кажуваш дека твоите го гледаат само два пати годишно па тука станува еден конфликт меѓу вас,го гледаш тоа и самата. Обиди се кога ќе видиш дека е нервозен ти на најсмирен начин да се обидеш да го смириш и да разговарате или пак во моментот не разговарајте. И тебе и него не ви е сеедно знам,но мора да има разбирање меѓу вас и од твоја а и од негова страна.Чинам тоа вие сте го изгубиле па доаѓа до такви ситуации.Кога ќе се вратиш разговарајте во 4 очи околу проблемот и најдете заедничко решение кое што ќе биде најдобро и за двајцата.Ете јас лично од кога ќе се омажам ќе бидам на 3 часа одделена од моите и од сега сум си испланирала дека кога ќе одам на гости кај нив ќе одиме заедно со мојот иден сопруг бидејќи јас така лично сметам дека треба да биде, а не бидејќи сум зависна од него и дека не можам да живеам без да го видам,ете сега се гледаме на две недели па не кукам и плачам.Доколку тој не е во можност да дојде од било која причина би отишла сама,но на ден ,два од причина што знам дека би му недостигала/ле и дека знам колку може машко само да се снајде. Значи се е во психата и само со договор без нервози и доколку се сака се се може. milamamica кај вас е многу посложена ситуацијата и секако дека е премногу тешко.Како што те посоветуваа и погоре најважна си сега ти и тплодот кој што го носиш во утробата.Знам дека не може да не се нервираш,но пробај нервозата да ја сведеш на минимум.На твојот сопруг сега сите му се криви, најверојатно се чувствува немоќен бидејќи не знае како да ги намали долговите,а тие само растат и цела вина ја истура на тебе бидејќи нема на кој друг. Разговарајте,кажи му што мислиш ,сите карти извадете ги на маса,разгледајте ги сите опции кои што ви се на располагање.Пред се решете се дали сакате да останете да живеете под кирија и колку е тоа добро за моменталната ситуација или пак во краен случај како што кажа некој погоре можете да одите кај твоите,како и да е за една соба,кревет сигурно ќе најдат место бидејчи како што кажа да се вратите назад кај неговите шансите се минимални.Мора да издржите за да поминете преку ова,не е лесно ни под разно,но сепак може да испливате на површина. Не знам,одделувајте по една плата за основните домашни трошоци,а од другата отплатувајте кредит,тоа го гледам како единствено решение моментално од моја гледна точка. Тоа што криел од тебе дека е во долгови и дека не те побарал цела недела никако не го оправдувам без разлика колку и да бил нервозен и лут или пак дека не сакал да ве повреди.Вие живеете во брак-тоа е света заедница во која што се мора да се споделува со партнерот,ако почнеме сите така да криеме важни работи далеку ќе стигнеме. Пред работата да кулминира и да биде полошо решете како е најдобро и веднаш стартувајте.
Многу ми е зал миламамица за твојата ситуација и позиција! Навистина имате проблем! За кредити-сите имаат кредити, не сте единствени....Ви посакувам да добиете на лото и за миг да ви се смени зивотот на убаво! Ке дојде крај на маките , не гризи се, кога тогас, ке се среди се! ти ^посакувам се најубаво и побргу да излезете од ова блато!
Здраво девојки, иако немислев дека воопшто ке пишам нешто на оваа тема али ете и така дојде редот , во брак не сум многу некои 3 месеци, али ми се чини долго бидејќи и претходно живеевме заедно некое време, откако останав трудна работите се сменија комплетно во смисла на начин на живеење, порано повеќе искачавме се дружевме со луѓе сега он е тој што нон стоп е искочен (работи во ноќен клуб и мора да биде присутен ) и преку ден има некој обврски со организација на настани и навечер, јас имам разбирање дека тоа му е работа но некако тоа што беше порано го нема веќе, јас се обидувам да си најдам занимација, пак идам по кафе мафе со другарки се дружам но знаете кога ви фали сето тоа со сопругот, преку ден јас сум дома, он не е си доаѓа саат време и пак иде на работа и се врака сабајле јас кога спијам, ми го крши сонот и после и јас неможам да заспијам и така секој ден еве вечерва пробав да разговарам со него што се случува дека сакам работите да се како порано, се чувстувам како под депресија незнам како да опишам незнам дали ми е од бременоста дека сум поосетлива и да напоменам многу сум среќна што си чекам бебубче али страшно ми фали стариот начин на живот не мислам на журкањето по дискотеки туку ете да искочиш на по една пијачка, да појдеш некаде кај пријатели да се дружиш сето тоа го нема веќе.... и кога му реков муабетот негов беше дека сите го полниме со негативна енергија зашто јас не сум била таа што ке му кажела дека и се искача и слично ( неколку пати сум го спомнала претходно муабетов и цело време јас сум таа што го потсетува ) и на крај нормално јас сум таа што е крива, и он си искочи и еве ме пак сум си сама многу ми е тешко се надевам дека ке наидам на подршка и со совет како да постапам зашто стварно незнам... Може не е којзнае колкав проблем вака како што ги читам другите статии али ете сакав да си олеснам и се надевам дека ке наидам на разбирање
ana.tinkerbell, Заради хормоните си поосетлива и затоа ти сметаат многу работи. Колку што разбрав твојот сопруг не излегува да се журка туку оди на работа која ете е во ноќен клуб, значи не излегува со пријателите секој ден, а ти да седиш дома. Вака мој совет, доколку се е во ред со твојата бременост, излегувај и ти на пијачка не е ништо страшно тоа, само место алкохол ќе пиеш сокче...дружете се, животот треба да си тече како и претходно иако си трудна само со мали прилагодби во зависност од тоа како тебе ќе ти одговара и како се чувствуваш, муабетот ми е да не се затвораш дома без потреба. Уживај зошто сега ако имаш вакви нервози околу искачање помисли како ќе биде кога ќе се роди бебушот првите неколку месеци. Не се секирај, мази го стомачето и уживкај
Ана, сега го прочитав твојот проблем и ако си писала да си олеснис, темата всусност е и затоа.Секој има проблеми и кризи во бракот па дури и се да е секогас во ред, сепак некогас се јавува проблем! за излегување немој да се преокупирас дека е проблем, засто во брак се се менува! и ја мн слабо излегувам, и секогас го имам истиот проблем околу одење некаде или излегување! дали навистина маз ти бас секој ден прави така , да е само еден саат присутен дома и да излегува? мозеби сега имаат некој вазен настан па е повеќе зафатен!? но ако постојано го прави тоа, тогас мислам дека не треба да молчис засто сигурно не се случуваат секоја недела до толку вазни настани сто он ке е по цел ден одсутен од дома! се знае работното време, некогас има одстапување, но не секогас! не сакам да се нервирас, но треба реално ти самата да ја проанализирас неговата работа, ти најдобро знаес како и сто работи он, но во никој случај немозе да е деноноќно зафатен со работата и плус претпоставувам за викенди! немој да се нервирас , не е добро за бебето во тебе, но седни го и не одстапувај, ке мора да разговара со тебе, ти си му зена и имас право да знаес се! треба да те почитува и цени, а ако секогас ја става работата пред тебе, тогас тоа не го оправдувам никако! само преслусај се прво и ти, дали е тоа веке долго време да така прави, или па мозеби е само сега неколку дена, па тебе ти недостасува и се бунис, мозеби од хормоните си поосетлива па се несто ти смета! проанализирај се и сама размисли дали има логика во се и тогас превземи несто, добар разговор! ти посакувам се најубаво и писи ни пак ако има несто,
Само заборавив да додадам дека и пријателите исто работат како него и цело време се заедно, што и да прават, неговата работа е таква на пример што може да заврши за два саати но се случува значи да го нема до 5 сабајле а работата е од 12 ( а он искача у 22 часот) што значи повеќе од јасно е тоа дека останал на забавата заедно со другарите, и он само тоа го кажува као неможел да ескивира, ова е од среда до недела со таа работа единствени слободни денови му се понеделник и вторник каде што он пак е со нив договара настани , програма за следната недела во клубот, што значи многу малку време е дома, он е таков карактер израснат е така со тоа друштво и сите тие го прават истото како и тој, неговата работа нема работно време да речиш од толку до толку...знам дека не е добро да се нервирам гледам да се контролирам да бидам поискулирана али ете некогаш не можам многу ми е тешко бидејќи некако животот ми се смени за многу малку време, не сум јас тоа што бев, и колку и да искачам со другарките неможам бидејќи они си се нон стоп со дечковците и не е тоа тоа... откако разговарав вчера во врска со ова, еве денес ми рече дека резервирал во еден ресторан да излезиме со едни пријатели, но ми го кажува тоа као еве ти ја исполнив желбата немој да мрчиш не го кажува тоа како да и он да сака и сега нормално пак си искочи и ме прашува што ке правиш...као пак на комјутер многу го користиш правилно времето... многу ми е негативен и напнат...едноставно сакам да е се како што беше порано...Фала ви Мrchatorka и Lori за советите многу ми е онака полесно кога ке си олеснам барем вака тука, затоа што знам дека сите се соочуваме со некакви кризи во бракот, некои поголеми некои се може безбезни но сепак ние жените сме почувствутелни понекогаш и сакаме повеќе внимание да ни биде посветено
Ана , зал ми е сто вака ти се случува, поготово сега кога чекате бебе! Со сите свои замерки кон него, него го гусис! но од друга страна, сакал зена, брак, и мора да се прилагоди на промените! тоа сто го казувас дека он излегува порано за работа, не ми се допага, мозе тоа некогас но не секој пат! ако веке сака да се друзи нека те води и тебе па кога ке почне со работа ти оди си дома! се ми е чудно некако, знам дека се нервирас, но ако сакаме да ти помогнеме треба и искрено да гледаме на работите и да ти помогнеме па колку и да боли тоа! и немој да се задоволувас со едно излегување во ресторан!!! Барај повеќе друзби! сепак мислам дека е подобро само да го посматрас еден период сто прави и како се однесува со тебе, без несто да му пререкнувас засто со тоа ќе го гусис! и ако забелезис несто сомнително тогас вииди сто ќе превземмес! не се нервирај, мисли си на бебето, некој плаче дазабремени, а ти кога веќе си бремена узивај во тоа! мозеби е само таков периодов на маз ти! а ти донекаде си знаела сто те чека и пред да стапис во брак!јас да сум на твое место прво би побарала да излезам со него пред работа, па седи и ти со тоа друство, смеј, муабетете, немора секој пат но барем еднас у неделата сто да не! и кога ке му казес дека сакас да одис со него, запази на неговата реакција! тоа многу ќе ти открие дали има простор за сомневање! извини ако написав несто лосо, но ова е мое искрено мислење! не се нервирај во брак се се менува, твојот маз те сака тебе а не некоја друга стом тебе те избрал за зена ке биде се во ред
Потполно се согласувам, со Лори. Не треба и не е во ред оваа ситуација да ја препишеш на хормоните поради што си бремена.Ти си во брак со него,а не со самата себе.Мене лично ме иритираат вакви постапки и да не сум во брак и да не сум бремена,што значи нема никаква врска со хормоните од бременоста.Баш дека си во таква понежна состојба,каде го носиш неговото дете тој треба да гледа цело слободно време да ти го посвети тебе,а не на неговото друштво.Не велам дека сега тој треба да се одречи од другарите,но многу подобро би било кога тоа би било редуцирано,бидејќи тој веќе е зафатен човек. Јас на твое место многу отворено би разговарала со него и не еднаш,туку сто пати,се додка не ја видам и потполно дознаам причината за неговите постојани излегувања,одбегнувања и дружби. Нема врска ако тој е пораснат со другарите,па тебе да те запоставува,се си има граница на толеранција. Лично не би се задовлила со едно излегување во ресторан и тоа по моја иницијатива,за потоа за следното излегување да молам уште толку. Само квалитетен разговор во кој директно ќе го прашам дали знае што е брачен живот,семејство и бебе? Другари за другари,ама да е со мене само 1 час дневно навистина и јас би се загрижила. Не сакам ова да го сватиш како навредливо,најмалку би сакала тоа,но едноставно треба детално да ги испиташ неговие постапки,затоа што набрзо ќе дојде и бебето,а ќе можеш ли да се снајдеш потполно сама,додека тато шета? Ти посакувам среќа и за брзо време да го решиш овој проблем и заедно да уживате во текот на бременоста.
Здраво на сите. Ми треба мислење. Во брак сум 3 и пол год, и имаме синче од 15 месеци. Јас последните 5 месеци живеам кај мојте. После 1 од мн бурни караници јас си го земав детето и си отидов кај моите. Откако сме во брак мажот ми мн се промени.Мајка му се меша во се. Се нешто не и одговараше Како на пр. Не сум пиела со неа кафе (што не е точно).Зошто не сум седела со неа по цел дем.... и ред др такви глупсоти со ке ми треба мн време за да ги набројувам. Тој е единец и живеевме сите во 1 стан. Никогаш ничто не сум барала од нив и додека бевме во врска одев мн ретко затоа што мислев дека нема потреба. ( бевме 10 во врска). Додека бев бремена почина свекор ми и мажот ми со изговор дека му е тешко за татко му си зема куче. А кучето си го таксал уште пред да почине татко му. Нема врска. Јас си ја сакам Клара(така се вика кучето) и се грижев за неа и ја шетав кога тој неможеше. Цело време за бременоста воопшто не беше заинтересиран за ништо ниту за подготовките околу доагањето на бебето ниту за мене, а беше планирана бременост. Кога се роди бебето тој си отиде во др соба да спие и не ни влегубаше да не погледне. Значи цело време бев сама. Мајак му не ми помагаше, неможела да го држи и било страв и сл. ЈАс не сум ни очекувала некоја помош од неа. Како и да е. Цело време се каравме. Тој ке си го земеше кучето и си излегуваше. или спиеше или немаше време за нас. Се што требаше да се купи јас купував и одозгора на се плакав сметки а тој за ништо немаше пари. Цлео време мајка му си беше од негова страна дури еднаш дојде да ми кажи дека требало повеке време да обрнував на син и, да не сум го запоставувала поради детето. Кога и да му речев да излеземе ми викаше дека неке да излегува со мене, или дека е изморен а ако го викне некој цо меѓувреме одма излегуваше. Кога ке го прашав зошто така се понаша со мене или дека имаме проблем тој ми викаше дека нема проблем дека јас ако имам проблем да си го решам. И сега откако сум кај мојте доага од на 3-4 недели да го види детето, нема прашано ниту еднашдали треба нешто да му се купи, дали имам пари, или сл. Кога ке му звонам јас најчесто не ми се јавува, кога ке ме види на улица се прави дека не ме гледа. Незнам што да правам. Одкако сме кај мојте еднаш разговараме и се договоривме дека ке почекаме да се стопли и тогаш ке видиме што ке правиме а да си функционираме во меѓувереме нормално. Јас му кажав дека нема да се вратм со мајка му да живеам оти ...... Тоа веке др приказана . Тој од тогаш ,е избриша од ФБ од пријатели си го смени статусот дека е разделен, веке напишав. Цело време мислам како да постам. Што да правам. си ја барам грешката во себе. Се преиспитувам во кои моменти како сум постапувала. НЕ викам дека јас сум совршена, ама неможам да разберам како после 13 год, и после толку работи така да се однесува со мене. Ено куче му е поважно од мене и од детето. Сите што ме знаат ме подржувааат. Имам голема подржка и од мојте. Кумот што не венчаше го знам покрај мажот ми и тој самиот ми рече дека е до него грешката. Некам да се разведам, а од др страна некам моето дете да расти во нездрава средина каде што таткото не ја почитува мајката, каде што нема лјубов , хармонија и разбирање. Ме интересира дали некој поминал низ нешто слично. Мн измешамо е напишано, ама пишував како ми доагаа мислите.
Bile навистина многу безобразно однесување од страна на мажот ти. Покрај толку време заедно и заеднички моменти,под никој случај не заслужуваш ваков третман од негова страна. А поготово сега кога имате и дете. Според ова што го напиша,јас мислам дека кај тебе нема вина,туку неговата мајка не те сака тебе и не сака вашиот брак да успее,па затоа има и такви реакции од негова страна. Но навистина детско однесување покажал со тоа што те избришал од Fb. Искрено и не знам што би те советувала,можеби се чувствува на моменти дека е запоставен,но за мало дете секако дека е потребна и поголема грижа,па тој треба да го сфати тоа. Не би си ја барала кривицата во сама себе,туку едноставно ќе се повлечам,па тој ако сфаќа што значи брак и дете,ќе ве побара,ако не,зошто да живееш со толку негативности. Поздрав и секое добро,
Искрено биле1302, јас не знам ти дали воопшто имаш избор....тој си ги повлекол сите чекори што сакал, ве остави да си одите од кај него дома, детето еднаш на 3-4 недели го гледа, не се интересира за него, ниту за тебе, те бриши од животот и комуникацијата, а ти размислуваш Што да правиш и каде е твојата грешка? Без разлика, и да имало грешка од твоја страна, сето тоа се разговара на хуман начин, и се бара решение, па макар и развод било. Ако тој одбива се`, одбива да се види и разговара со тебе и не го боли за детето - што тебе, како мајка и жена, ти останува да направиш? Велиш Ти во исто време не сакаш 2 спротивни работи - развод и живеење во кавги, ама мораш едното да го повлечеш, за другото да го избегнеш.... Има ли некаква искра на надеж дека можеби ќе се врати љубовта, хармонијата и разбирањето меѓу тебе и мажот ти? Анализирај ги сите ситуации до сега и одговори си реално. Со среќа!
Ви благодаеам на одговорите. Има мн. работи што ми се имат случувано во меѓувреме ама ке ми треба неколку страни за пишување. Јас веке подлго време не му се ни јавувам, кога ке го видам се одесувам исто како и тој што се одесува. Ке го остава да прави што сака. Си го имам најубавото нешто од нашиот брак а тоа е нашиот син.А тој е едно прекрасно детенце со најубавата насмевка Ви благодарам уште еднаш. стварно ми зачеше ова. ке си оставам уште време за да решам што понатаму.
Биле го прочитав и твојот претходен пост од којшто можам да заклучам дека мажот ти е едно незрело,неспособно и себично мамино синче. кое што очекува сите да му одат по кефот и да ги задоволуваат неговите потреби.Најверојатно е многу приврзан за мајка му и таа знајќи го тоа успешно манипулира со него,нанесувајќи му штета на вашиот брак. Како што е чест случај во ваквите бракови секојдневните кавги и расправии придонесле да се изладат работите мегу вас а,со доаѓањето на детето тој јаз меѓу вас уште повеќе се продлабочил ,него ли да ве спои.Воопшто не покажал разбирање и толеранција туку напротив крајно безобразие и себичност. Бракот не е мала работа,а уште помалце ако имаш и дете секој пред да стапи во брак треба да биде свесен за своите одговорности.Голема грешка е што се дозволило проблемите да се натрупаат еден по еден и дошло до овде. Велиш сега сте разделени но доколку не сакаш да заврши овај брак обиди се со разговор да ги надмините проблемите...еден долг и искрен разговор но,стои си цврсто на твојот став и обиди се да те разбере.Со некомуницирање и глумење лудило како ништо да не се случува нема ништо да постигнете!!!
Верувајте сум пробала мн пати да разговарам со него, а тој само бега. И додека бевме заедно кога се каравме цело време му кажував дека имаме проблем и дека треба да разговараме и тој или бегаше или ми викаше дека ако имам проблем да си го решам, тој немал никаов проблем. Откако јас си отидов од кај мојте на мое големо инсистирање разговараме еднаш и се договоривме дека додека е зима да седам јас кај мојте, а потоа ке видиме. Јас му кажав дека некам веке да живеам заедно со мајка му оти сите проблеми ни се од неа. И после 1 месец тој го менува статусот на ФБ дека сме разделени и кога му се јавив по тел не ми крена, а кога му се јавив од службениот ми крена оти не го знаеше и ми кажа дека имал работа и дека ке ми се јавел ке сме разговарале. И не се јави туку после неколку недели ме избриша од пријатели на Фб. Кога си отидов кај мојте, мајка му дојде 2 пати кај мојте со изговор да си го види внукот. Првиот пат јас бев на работа и на мојте им изназборела разни глупости. Вториот пат кога дојде ме исповреѓа мене. Ми кажа дека јас сум била за се крива, потоа рече дека требало да се вратам кај нив, и на крај ми вика вие веке не се сакате поарно разведете се!! И тоа е само еден дел од разговорот, а да не зборам што правеше додека бев бремена. А мојот маж освен кучето ништо др не го интересираше. Најглупаво од се ми е што после сите тие работи што ми се случуваа јас уште се надевам дека ке се смени нешто,дека може ке си средиме бракот, а од др. страна незнам дали има смисла. Многу сум неодлучна. И се обвинувам цело време себеси дека јас сум крива. Ви благодарам на советите. Сите мои блиски ми кажуват дека јас треба да решам и јас сум свесвна дека јас треба да решам, ама ми е мн тешко да ставам крај. Незнам дали е навика или после се што има направено уште го сакам.....Ке се потрудам оваа недела да разговарам со него, ке му одам на работа (ако е таму или ако не избега кога ке ме види). Па ке видиме.
Тука навистина нема што повеке да се направи,тој избегнува секаков контакт со тебе и со сопственото дете, не ти дига на тел, не се јавува да праша за неговото дете,те избришал од фб и од сето тоа можам да кажам или човекот има некаков проблем или на вашиот брак му дошол крајот.Прибери се и продолжи понатаму, не си ни прва ни последна што се разведува, доколку имаш подршка од родителите не размислувај ни 5 минути не вреди да се измачуваш затаков човек.
Од сите околу мене имам огромна подршка. И не зависам од него. Вработена сум и земам убава плата. И сите што се околу мене ми кажуват тоа дека е крај, и дека незаслужува да мислам на него и да не се замарам со него, само јас по се изгледа неможам да го прифатам. Имам премногу жртвувано и од мн работи се имам откажано за да сме заедно, и ми е мн тешко затоа што стварно го сакав и сигурно и уште го сакам чим се надевам дека нешто ке се смени... Не патам од такви комплекси што ке каже народот, само ми е тешко оти додека одевме се разбиравме, колку толку (никој не идеален) а тој има малку тежок карактер ама го прифакав како таков. и кога решивме да се земеме имавме такви планови... ама по се изгледа само јас сум имала планови.... Разочарана сум од себе си што неможев да преценам за 10 год со каков човек сум била... Дека поважно ке му биде кучето отколку сопственото дете и жена му. Тој е посвоен и знае за тоа. И мислев дека баш поради таа причина ке си го сака семјството и нема да се одделува од детето.. А тој јас кога одев на контроли се сама си плакав, дури и бензинот сама го плакав и кога требаше да се породам не помрдна со малиот прст. Не ни дојде да не види. ЈАс се породив во Ск, а ние сме од др град. Уфффф луге мн ве замарам За сите негови негативности сум свесна и пак ми е тешко...
Биле,ти си добра личност сто толку си истрајала со таков човек и се само за да успеете, но тој не е личност која те заслузува! нормално е да се борис за она сто го сакас и во тебе секако сеусте има љубов кон маз ти, но со глава во зид не се бутка! знам дека ти е теско и премногу страдас, но верувај во своите вредности, сакај се себе си, не му се понизувај повеќе, работис, мозес, сигурна сум дека си доволно силна да издрзис, а не си ни прва ни последна, тоа е нормално во денесно време! и сакав да ти казам, мисли на позитивни работи, зивотопт мозе дати се смени за многу кратко, мозес да сретнес човек кој ќе ви прузи на тебе и на детето многу поголема љубов и подрска одколку маз ти, кој нема абер да ја прифати улогата на маз и татко! не му се нервирај, олади и опусти се, ке боли и ќе преболи, а сигурна сум дека еден ден ке се покае за се сто направил и ке ве побара пак,но тогас добро ке биде да бидес зафатена со друга љубов па да осети малку колку горчи оваа болка! ќе биде се во ред, си имас ангелче и узивај со него, а љубовта која ја заслузувате ќе ви тропне на врата кога тогас! ти посакувам се најубаво и побргу и полесно да ги прифатите работите какви сто се!поздрав
Ти благодарам од се срце Лори. Се надевам ке помине оваа агонија што побрзо каков и да е крајот. Си се тешам со мислата дека секое лошо за добро е Ви благодарам на сите за советите и подршката оти најискрено мн ми значат. А за него незнам со да кажам... Сега си е на раат, никој не "го замара". Заедно си се мајка му и нека прават што сакаат. Сигурно се мн "среќни". А кажав дека мајка му крие дека не сме задно затоа што ме срекаваат луѓе и ме прашуват за неа, да ја поздравам и сл. Од целата оваа ситуација срека што син ми е мн мал и неможе да разбере што се случува. КОга ке го види татко му се радува како и на сите други за жал. Осека кога јас сум нерасположена дури некогаш ако се расплачам пред него тој се смее мисли дека му правам фаци. Морам да бидам силна заради него. Аке пробам уште еднаш да разговарм со татко му барем да решиме што ке правиме, ако пак ми се испонаша .... ке ми помогне да се одлучам.
Биле свати дека ти повеке со тој човек ако може да се нарече човек нема за што да разговараш За што ке разговараш ????? за ланскиот снег ?????? Сакал сам остави го сам, гледај си го детето и здравјето оти ке ти треба здравје за да го израснеш тоа дете во возрасен човек Ако си го изгубиш здравјето сега што ке сториш што мислиш дека ке постигнеш??? Свекрвата не кажува по луѓето дека сте разведени оти мисли дека е само период и дека пак ке се смирите,луѓето по 20 години брак со големи деца се оставаат и гледаат напред кон животот Ти не се врти назад не го барај то што воопшто и не постоело и сама кажуваш дека не бил тука за тебе и во бременоста и во порогајот и сега кога детето е тука Остави го сигурно има некој филм што му се врти во глава и остај го нека се филма лошо ке биде кога ке испадне од филмот и свати кај се наоѓа Дај те молам не се понижувај повеке веке доволно си се понижила со тоа што безброј пати го бараш го молиш да се видите свати дека не го боли уво за тебе и што порано го сватиш тоа и се помириш со тоа толку полесно ке преминеш преку ова и ке продолжиш напред