Си поминала 10 години од твојот живот со човек кој не знае да ги процени најважните работи,не дозволувај и остатокот од животот да ти помине туку така, мисли барем на детето, каква слика ке има за татко му?Дека повеке го сака кучето а не него.И самата знаеш дека ова не ве води никаде,барем колку што можев да сватам од напишаното, но некаде во тебе постои некое големо двоумење, доколку се двоумиш за детето гледаш и самата дека тоа веке расте без татко или за вашата лубов (сепак 10 години не се малку)Ама тука лубовта одамна ја нема ,реков дека човекот има некој проблем, има друга која те заменила или причината е сосема трета.
Биле знам што е долга врска како твојата-ти си храбра личност штом си заминала кај твојте ке бидеш уште похрабра ако го баталиш.Знам дека кога ке прочиташ прво ке помислиш како? ,па толку години поминати со него?Душо штом имаш грб мислам на твојте не плаши се подобро е сега да пресечеш отколку животот да го минеш со нервози,понижување,без трошка срека...јас се извинувам што морав ова да го напишам,но подобро е понекогаш да ја кренеш главата и да завртиш нов лист...Такви мажи има каде што ке посакаш...не ти се потребни...знам дека не ти е лесно бебче имаш но понекогаш мораш да донесеш одлука и да си го подобриш животот,колу повеќе одложуваш само ти си правиш проблеми...и верувај човеков не заслужува веќе да биде главна улога ете му ја мајка му...Послушај ме додека имаш можност да се спасиш себе и својот живот ако се обидеш да се вратиш или да тагуваш по него се е џабе Верувај дека ке ти биде тешко во почетокот,но ке успееш...и ке ти биде многу подобро без него,гледај си го детето полека нејкоја работа ке најдеш,а потоа и животот твој ке има смисла пак ке ти се извинам, не сакам да бидам погрешно сфатена,меѓутоа среди си го твојот живот немој повторно да се замараш со него не заслужува...Ти посакувам да бидеш срекна и паметна и да го баталиш тој,за да успееш да бидеш вистински срекна...
Биле 1302 велиш сте имале долгогодишна врска па ме интересира дали и во врска тој така се однесуваше ладно и незаинтересирано,секогаш ли ти беше иницијаторот за се ?Или од некоја причина се променил откако стапивте во брак?Незнам некако многу прашалници имам во врска со ова?Луѓето не се менуваат лесно така преку ноќ,сепак се работи за период од 10 год.(не е една година па да речеш дека се преправал).Ти треба да откриеш што е точно проблемот во вашиот брак,па да бараш решение.Мислам дека не е само мајка му единствениот проблем.Можеби повеќе е психички,бидејќи е посвоен можеби се плаши од тоа каков родител ќе биде и не може да го надмине тој страв па најлесно му е да ве жртвува тебе и синчето.Лесно е човек да го осудиш и да речеш абе оди батали го не те заслужува...да на површината можеби изгледа така и никој не сака да оди подалеку и да ги разбере нештата...секоја последица си има и своја причина.Освен со разговор и да бараш објаснување не гледам друго решение.Мора да го натераш да разговарате!!!!Каков и да е исходот на крајот барем тебе совеста ќе ти биде мирна и ќе знаеш дека си направила се за да го сочуваш бракот.
Јас знам дека секој има проблеми и дека никој не е совршен. Во врска имавме проблеми ама мислам дека сите имаме. Откако се зедовме како одма да се смени. Почна за се што се случува дома јас да сум крива. Мајка цело време му кажуваше ако не сум седела со неа не сум пиела кафе( што не е точно), и сл. работи и мн често се каравме поради тоа оти на мајка му му ја полнеше глават со разни работи. Кога почина татко му јас веке бев 4 месец бремена е тогаш пак бев крива за се и плус оти сум мед. лице ..... требаше чуда направам според а тој почина на 76 год. А што беше до мене правев се станував 1 саат порано пред да одам на работа да го боцкам, донесов доктори дома да го прегледат.... кој и да е истото ке го направи и не ми ни било тешко ама мора секогаш да има дежурен кривец. Потоа мажот ми си го купи кучето и веке тоа му беше на прво место. Кога одевме заедно во прадавница за да гледаме за бебето тој гледаше за кучето. Кога одеше некаде, пак само на кучето му носеше работи. Додека да се породам не ми сметаше и јас ја шетави трчав оклолу неа, ама отакако се породив кај него си остана тоа пак да му е на прво место кучето. Штом дојдовме од болница со син ми тој си се пресели во др соба со кучето и мн ретко влегуваше да не види со изговор дека има работа или дека треба да одмара или дека неможе да го слуша како плаче а син ни беше мн мирно бебе. И така. Кога требаше да го почува барема на пола саат или неможеше или ке прканаше цело време дека има работа а работата на крај излегуваше дека треба да ја шета кучката. Пари никако не даваше за ништо. ЈАс почнав порано на работа и затоа што мајка му неможеше да го чува го носев кај мојте. И ако му речев да не однесе или да го земе порано одма се лутеше. И така. Аод др страна мајак му.... За неа пак немам коментар. ЈАс не викам дека јас сум совршена. И јас имам мани,ама неможам да разберам како после толку год така да се понаша. Сто пати сум пробувала да разговарам со него. Го прашував и што му смета кај мене, атој ми викаше дека ништо не мму смета, аопд др страна ме избегаваше. Незнам что да кажам, сигурно сум била мн залјубена во него. Тој ми е прв дечко може и поради тоа да сум такви мисли и чуства. Додека студиравме и додека бевме таму заедно беше мн внимателен и добар и се. КАко си се врати дома и после кога почна да работи.... Што му стана незнам. Ама во секојј случај не е на добро
Биле што направи???Има некои новости?Успеа ли да разговарате...мора точно да дефинираш што е проблемот за да знаеш кое е решението.За тој што сака да најде компромис ќе најде,само упорност треба и секако војла од двете страни.А доколку тој не сака тогаш барем заслужуваш објаснување за неговото однесување.На крајот тој е онај што најмногу губи!
Леле Биле како да си го читам проблемот во тоа што си го напишала со таа разлика што ние немаме кучка ама затоа мм се нешто е зафатен он на работа одел па бил уморен па се сме во последниве денови со кавги а не беше така жими се небеше така , сега се му смета , се гледа покасно од работа да си дојде , детево неможел да го слуша како плаче , што сум сакала јас обезбедил се и што да пишам, се тешам што не сум само јас со ваков проблем (иако е страшен проблем -) несака да разговара што му стана на човеков господ знае, можеби стануваат себични и љубоморни на децава затоа што веќе вниманието не им е насочено на нив туку приоритет имаат дечињава ,кој да ги знае , при крај сум со живциве се си мислам дека и млеко заради тоа немам, а тој си брка своја работа, ќе донесе дома млеко за јадење пелени со пелени и си брка своја работа ,а ако е дома тогаш си одмара под изговор дека е уморен од работа. Незнам веќе ни јас што да се прави а малиов сега ќе прави 40 дена во понеделник ,како може човек за толку кратко време да се промени не ми е јасно а заедно сме 10 години, или можеби си бил таков ама јас слепа ....на ваквите работи и проблеми изгледа ако нема соработка од двете страни им нема решливост па можеби е најдобро да си ги гледаме дечињата а они ......леле незнам што да кажам за нив ....
Се зачитав на странава и морам да ти искоментирам...Прво мислам дека твојот проблем не е до толку колку сто е на Биле, туку како на 90% тукушто породени жени...И сличен на мојот...Да не кажам дека маж ми не јаде риба, се чудеше на риболовци (пр. брат ми и на другарка моја маж) како оделе по риба, а истиот тој пред некој ден си купи трска и кажа дека ќе одел по риба... ... Мислам дека и внука ми кога се роди брат ми стана страствен риболовец...По цел ден работи, ок работеше и претходно, но и си наоѓа сенешто да излезе на 10-15 минути бар до продавница...Мислам што да посакам, ќе се стрчне да ми купи...Мене мајка ми ми помага сега со бебецов, и му одговара ТОП...Да бидам искрена помага и тој, но многу малку..Вика да може ќе ја посвоел мајка ми...Такви се ама навистина 90% од нашиве мажи..Ретки се тие кој ќе пресоблечат бебе...Затоа остави го овој период нека помине и не го замарај...Колку што можеш прави да ви биде убаво и на двајцата вас...Јас почнав со караници, видов не бива и сега од кога се опоравив свртев на с... ...Ликов мој се смени 100%... Мажите се како деца...Честитки за 40 дена и уште многу убави моменти да си славите сите тројца заедно наредниве 100 години..Поздрав... Проблемот на Биле е сериозен...И мислам дека убаво си заработува и не и треба таков тип незаинтересиран ниту за бебето, ниту за спас на бракот, бар се додека не дојде на коленици да ја моли...А типката вреди многу повеќе од него по сето она што го прочитав и заслужува многу повеќе во животот...И посакувам се најубаво...
Ethrnity сеуште ништо. Пред една недела се направи дека не ме гледа, за да не се сретнеме лице во лице помина од др страна на улицата , а јас бев со детето. Сега веке не си ни трудам да разговарам со него, мислам дека нема ни смисла. Ке почекам уште некое време. Може ке му дојде паметот. Сега треба само да сум силна заради детето. Ви благодарам на сите за подршката и за советите. Стварно ми беа од голема помош, бидејки цело време мислав дека е во мене проблемот. Ако има некакви промени ке ви пишам.
Биле дусо, мозам да замислам колку ти е теско, но морас да бидес силна, и да изрдис! не си дозволувај да западјас во депресија, пред се ради детето, а после и ради себе! ти си личност сто вредис многу повеќе, одколку сто си дозволувас да бидес ради едно спасување на брак, сто не е вреден! обиди се да се помирис, со тоа, не си ни прва ни последна, сто направила погресен избор и не го свакај тоа толку сериозно! поминале тие времиња кога се сметасе дека развод е срамна работа и лос углед за едно семејство! тоа е нормално во денесно време! немој да се замарас со кој сто ке казе, туку вреднувај се сама себе си повеќе, ако се сакас ти самата себе, и ценис и почитувас , тогас сето тоа ќе го имас и од околината! едноставно сврти нова страна во твојот зивот, заборави го тој идиот! ај тебе сто не те гледа нека го, ама како мозе бе да бега на др страна на улица од свое дете?! па тоа нормален човек не би го направил! би требало да искористи секаква прилика да си го види и гусне сопственото дете, а он?! тоа не е човек, и биди среќна сто не делис ист покрив со таков нистозник! извини ако навредувам, но не е вреден да некој пати по него и зали! нисто не си изгубила мила, само си добила, слобода во која ќе мозес да барас некој сто ќе те заслузува, сака, цени, почитува и пруза се сто заслузувас! маз не треба да биде само на име, туку и треба да ја изврсува улогата на маз и татко, сто во твојот случај за зал не било! разбуди се, не запагај во депресија, главата горе, и мисли на убави неста кои те чекаат во иднина, а сигурно те чекаат многу радости и исполнувања за кои не си ни свесна! се поминува, но неговата совест никогас нема да биде чиста! навистина не вреди да правис веќе било сто ,така заклучив од она сто прочитав и извини ако некаде згресив, но поаракава ти ја написав од срце како за блиска личност! биди храбра а ние сме со тебе, секогас за совет!
Каков морон значи...поминал покрај тебе и сопственото дете и се направил дека не Ве познава!!! Најискрено посакував да не биде вака...човек се теши дека сеуште има надеж да се поправи нешто но,оваа негова нечовечна постапка ги преминува сите граници. Главата горе и оди само напред,не враќај се во минатото...тој не заслужил да има една прекрасна и добра жена како што си ти!!!Не си сама до себе го имаш најскапоценото нешто во животот на една жена..твоето синче а,еден ден сигурна сум ќе се појави некој кој вистински ќе знае да те сака,почитува и вреднува.Бог е голем и гледа се....само трпение и со добра мисла и оптимизам ќе го пребродиш ова. Како и секој добар и искрен човек ти грешката ја бараш во себеси но,ти не си воопшто виновна за ништо...си сторила се што си можела,време е да го заборавиш и да направиш место за нови и поубави нешта во твојот живот.
Девојки ви благодарм мн за подршката. Најискрено мн. ми значи. Од ден на ден се полесно ја прифакам целта ситуација благодарение на вашите совети. Знам дека тој нема да се смени, само јас треба да се сменам кон него. Само ми е криво что толку год поминав со него, ама од др страна немаше да си го имам син ми. Ви благодар уште еднаш за искрените совети на сите!!
Здраво на сите! Имам мака голема ,можеби ке пишувам повеке ,се надевам нема да ве изморам.Со сопругот сме заедно 4 години од кој 2 и пол како дечко и девојка ,година дена бевме верени, од септември лани стапивме во брак.Имаме бебче од 4 месеци и имаме Криза во бракот . Јас знаев се за него пред да се омажам и многу му верував ама еве се тргна наопаку кога се породив.Со тешки маки забременив,со патолоска бременост битно се роди право здраво бебче со тежок порагај и воедно операција.Уште од болница кога ме земаа почнаа кавги со свекрвата дерење викање по кола а јас со бебе во реце.... страв и беше да го фати да го држи а јас со рана голема без помош,дојдоа мајка ми и сестра ми да ми помогнат и за да не стварам тензии големи после 10 дена им реков да си одат. Мислев се ке биде ок ама.... почнаа проблемите.Сопругот за кој имав мислење дека е одговорен мирен и стабилен искочи се што не очекував. Ја поддржуваше мајка му во се ,не можам да кажам дека не ми помага ,ама неговото помагање е 10 мин ако се смета за помош,и бањањето заедно.Сексот никаков ,скоро воопшто и тоа на моја иницијатива 90 посто од случаите,ама и од пред тоа се случуваше бидејки најверојатно му е поинтересно да гледа порничи за сто и се имаме веке расправано ,се надевав ке се смени ај уморен е ...ама еве и нова работа има по 7 саати е на работа и пак е уморен. Е додека имав пари се беше ок сега кога не одам на работа и се исцрпија резервите он нема мотив,јас сум крива за се ,врака стари долгови за кој беше ветено дека ке се расчистат пред свадба и многу други раб..... преморена сум сама по цел ден со бебо, а он се врака уморен, го чека све перено, пеглано, зготвено, и он е поуморен од мене легнува спие и го молам да ми помогне ама....често се случуваа кавги и пред баба ми и пред братучетка ми тинејџерка ... намавнуваше се закануваше дека ке удри ама се до пред некој ден кога се осмели со детето во раце држејки го да ме удри . Јас сум дете на разведени родители на малтретирана мајка исто со тепање и не простувам такви работи ,затоа велам дека ги помина сите граници на толеранција . Веке имав планирано да отидам кај мајка ми на една недела поради тоа што требаше бебчо да прими вакцина и тетка ми и братушетка ми се селат во странство за 20 дена па да си поседиме заедно сите. Тој ден кога се случи тоа беше дерење не видено, се качи и свекрва ми која живее доле, а откога ме удри јас ја повикав мајка ми да ми помогне да се спакувам се караа сите заедно све излезе на површина и не сакаше да ми го даде детото со натегање па на крај се соочи со реалноста и не однесе сам со кола. Еве веке сум 4 дена тука се јавува прашува за детето се прави како ништо да не се случило, дојде да го види сакаше да ме бакне не му дозволив и ми вика извини што те удрив бееее. Не може тоа така му реков јас ама ... пак дојде денес седи, јаде, пие кафе никој со никој не прави муабет ,јас незнам сто да правам лута сум многу ова е само на кратко во кратки црти ...незнам ке побудалам веке најлошо од све е дали јас сакам да се вратам таму т.е Дали го сакам јас овој човек после се ова што ми се случи!!!
Jaс мислам дека ти треба да го седнеш и да си направите добар и здрав муабет Да го прашаша се што те интересира и се што сметаш дека ти смета да го ставиш на маса и да зацртате некои работи. Ако тој сака да се вратиш ти таму ако пак не сака да се вратиш односно не дава знаци дека сака да се вратиш во никој случај да не се вракаш со мисла добро е ке среди ,оти верувај дека нема ништо да се среди ,или пак ке се среди ама на краток временски период и после проблемите пак ке испливаат на површината. Да сте само вие двајца јас би ти рекла да не се вракаш таму поради недоразбирањето со него а и котекот како воспитна мерка од негова страна ама бидејки имате дете јас мислам дека прво разговор добар па ако има желба од негова страна да се вратиш да му пружиш уште една последна шанса и да му напоменеш дека еве ова е последна шанса од мене да си ја сочуваме фамилијата ,да си поставиш услови и критериуми и да си кажеш се сто ти смета
Уф сигурно ти е многу тешко да живееш со ваков маж и никаква атмосфера дома. Ти сигурно си ги знаела неговите мани и карактерот уште пред да стапите во брак,но сега ги изразил на највисоко ниво. Тепање,тоа никако не подржувам,а особено ако маж тепа жена,муабетот е дека нејзе и го можи,но ти немој да подлегнуваш на неговото насилство и психичко оптеретување,баш сега во најдрагоцените моменти кога треба да уживаш со своето бебе,а не да се тресиш. Разговарај,расчисти ги картите,никој не е должен,посебно денес во ова напредно време на некој да му биде издувен вентил од секојдневните лични фрустрации. Гледај си го својот и животот на твоето бебе,вие двајца сега сте најважни,а такви личности кои се многу лабилни во карактерот и веднаш потклекнуваат на ќотек според мене не треба никогаш да бидат родители. Поздрав.
Маца ко сто гледам ти си трезвена и стабилна личност, тоа сто ти се случува е зално, засто бас наместо да сте сите среќни и слозни покрај бебето ви расправии тегнете! Тоа е сигурно резултат на промената за која ти си била спремна и добро си ја прифатила додека они веројатно борба водат со самите себе да се навикнат на помалку спиење, повеќе тросоци и ред др работи! Немањето доволно пари исто води кон нервози и расправии, ние зените чинам потрпеливи сме и посилни да истраеме и со малку додека мазите не се такви! Добро е сто дрзис до своето јас, сто имас карактер и сто си му показала дека нема нисто да трпис сто е премногу и добро си постапила, но ја би те советувалада не избрзувас со одлука за развод, сепка тука е бебето, и му треба обострана љубов! остани кај мајка ти додека ти помине лутината, додека се смирис, а и он остави го да размисли сто направил со тоа сто те ударил,и ако те бара, само речи му да го проанализира неговото однесување одкако ви се родило бебето и остави го нека мисли! кога ќе почувствувас дека се смирила ситуацијата врати се и ако повторно тера по старо, со агресивно однесување тогас не му ја мисли веќе ! знаес како велат Брза кучка слепи кутриња рага! така и ти немој да брзас, сега си лута и тој бес те дрзи, но многу пати знаеме да донесеме одлуки па се каеме потоа,така и тебе ке ти помине, мозебо и он ке биде оној стариот па ке ви биде добро! разговарајте и обидете се прво со добро, бидејки мислам дека сепак се покајал, стом досол да ве бара и ти се јавувал, значи дека не му е сеедно и не сака да ве загуби!сепак добро си му дала до знаење дека нема да толерирас такво однесување и дека ако си омазена и имас дете со него, незначи дека ке му молчис! размисли и ти и не гризи се, дај си време малку и смири се, узивај со бебусот, Бог те благословил со плод и чувај го, негувај го! морас да бидес силна! подолу има Биле писувано ептен ист случај како тебе, само сто неа маз и не ја бара, дури и кога ја стретнал со бебето бегал на друга страна на улица, тоа е усте поболно, за зал! размисли добро и писувај ни!
маца,навистина ми е жал,мора да бидеш цврста и одлучна пред се заради детето .со моронот од мажот ти седни разговарај колку може да се разговара со таков човек.тоа нашиве мажи балкански синдром имаат повеќето мамини синови .не е лесно да се биде на твое место,но што и да одлучите прво мислете на малечкото.со тебе сме,те подржуваме поздрав
Навистина незнам што да правам ме фака инает голем.... се јави синока да праша за малото, прави муабет како ништо да не се случило ,мисли дека све ке се заташка ,така ми делува ,дури и мајка му ми ја даде на телефон, да ме чуела прашува глупости и таа ,дали ни било топло бе... а во кука сме со парно знае самата колку е топло.Ама да се најде во муабет ,јас одговарам нормално се во врска во бебето и така пак му го даде него и тој ми вика а бе некој план имаш за во петок..? викам немам може жени ке искочиме, незнам на преглед на гинеколог треба да одам, а знае за тоа. Е па да искочиме некаде така е редот ми вика ..... молам РЕДОТ ??? кој ред? Демек 8ми Март па редот .Слушај му реков мене не ми треба да дојде редот 8ми март за да искочам не фала не сакам . и толку е па добро добро тивко си одговори и лека нок си кажавме . Мене ме буни све ... значи он три пати доага да не види седи по 2 саати и не почнува муабет , се осека напната атмосфера моиве не знаат како да се понашаат ке му дојде време за на работа и си оди . Значи ме излудува ,не почнува разговор никаков а јас па ич нема да почнам нема шанси нека си ја чука главата нека почне он ... јас така мислам ,ке ви пишам пак ако има нешто.
Здраво Маца. Прво да ти честитам на правилната постапка според мене што си се потргнала од таа ситуација, додека се смири топката и на сите им дојде памет што е важното во оваа работа. Еве свекрвата веќе подвила опашката штом те бара на телефон, па макар за времето збориле какво е, комуникација е, ти пружа рака како знае, не се крие од тебе. Со мажето мора да разговарате. Он гузен може е оти знае што лошо направил и не сака да го доведе тоа за предмет на разговор. Пробал со тоа еее ништо не е дека те удрив, мала работа, ама по однесувањето дека ќути кога дојде, знае што направил и дека не е така ништо, барем знае дека на тебе не ти е ништо работа. Може не знае зборови да најде да почне и да се извини. А и ти ако ќутиш, како ќе ја средите работата? Збори му, прашај го што сакаш да ти одговори, и од одговорите ќе му прецениш дали стварно се е веќе покајал и да ти вети дека тоа удирање е крај оти друг пат не ни разговараш, а камо ли да размислиш дали да се враќаш. Еве ви било добро. Јас не знам да се ставам на место нов родител, ама ми признале, или и сама сум видела, дека некаде колку и да е посакувано бебчето, кога дојде на свет знае да разбранува односи на мама и тато. Што од умор, што од страв, што од период на нови навики, ама се дешава. Па плус што ви се умешале во работа сите, кој за арно кој за лошо. Со неправење муабет нема ништо да постигнете, а колку повеќе оваа напната атмосфера продолжува толку полошо, затоа не е време за инат. Остави бебето на мајка ти ако сака да го почува. Излези утре кога веќе те вика. Нема врска оти рекол таков е редот, важно шанса ви е за муабет, без твоја и негова мама, без роднини, без комшии. Никој да не ви смета. Не за романтики и трендафили, излези направете си муабет, разберете се и ти и он на кој што му е, како му е, и до што му е, па одлучете после како напред ќе се оди.
Tи најубаво си знаеш дали тој навистина те бара зашто искрено се кае или од страв шо ќе кажат комшиите. Шознам, некако на тоа ми мириса штом и свекрвата се меша. Ти најубаво си знаеш мила. Кренал рака на тебе, тоа не е играчка. Јас би се плашела да се вратам кај маж кој ја поддржува мајка му дури и кога тоа е на сметка на жена му. Па уште и ќотек во таква нежна состојба со бебето во раце. Би не` видел уште еднаш и мене и бебето.
И јас се слагам со имелда! се додека молчите нисто нема да ресите! они стом те бараат се покајале, не очекувај дека мазите се спретни или незнам како да казам, умесни за муабет и разговор како ние зените! мозеби сака да разговара ама незнае како или пак неговата греска сто те ударил несака да ја става на тема разговор! стом доадја по вас, значи дека му значите! се покајал сигурно! убаво си постапила сто си отисла кај мама ти, повредена си сто е нормално,но немој да претерувас и никако да не попустас! он сепак не те тепал , те ударил! мозеби бил во афектна состојба! најубаво излезете сами, и поразговарајте отворено, речи му за се сто те мачи, се сто ти смета, и побарај и он истото да ти го казе ако има несто сто нему му смета кај тебе! преку разговор мозес да согледас дали навистина е спремен да направи се за вас и да се смени или сепак си дрзи до своето! ја на почетокот од бракот, често за се несто се дував , се лутев и еднас реков не попустам, се скаравме вечерта, утредента само добро утро ми рече, ја инает не попустам, мислам дека сум во право, и досадно, цел ден молчев, и на крај излегов, а немав кај да одам, во странство, сама, никого не познавам, и сетав сетав и он не се јавува да ме бара, леле ја пукнав, немав каде и се вратив дома, и он па си молчи, го гледам дека му е криво, но глледам и дека не е умесен да започне разговор да се смириме, и тогас ја почнав, и он се отвори и казавме кој сто мисли, али се на мирен начин, и се се среди! не е мм глуп, ама едноставно таквисе ммаските, не знаат сто ние уствари сакаме од нив да слуснеммме, кога се во прасање негодувања! и од тој момент се сто ме мачи ја отворено седнувам и зборам и да ви казам искрено толку ни е подобро и имам супер брак, само усте бебус ни фали Се додека не се попусти, ќе поминуваме само низ измачувања, нервози и на крај често распад! затоа и ти Маца биди отворена, излези храбро, имас свое јас, карактер си, тоа барем се чувствува во пораките, и разговарај отворено, така побргу ке се реси се! а ја мислам дека за развод нема потреба да се размислува стом те бараат и он и мајка му! сигурно се преиспитале каде греселе! се надевам ке бидат мн повнимателни со тебе одкога ќе се вратис! мисли на васето ангелче и се ќе се среди! Љубовта се простува,и сите гресиме понекогас! писувај ни сто се случува и се најубаво, поздрав