И ударот е тепање според мене. Јас мислам дека не треба толку лесно да си помине... А разговор, обавезно.
Лори цел коментар ти држи, само ова НЕ НЕ, извини удри=тепај, според мене исто. Сега удрил во афекна состојба, утре ако удри два пати во афекна состојба ќе биде ли тогаш тепање за тебе. Замавната рака е веќе насилство, бар за мене. Инаку да точно, не сме сите исти, некој го бива за започнување отворен разговор, некој не. Имам впечаток дека кај мажите тоа оди потешко. Мојот партнер е таков прво ќе ќути ќути, и ако јас седнам и му почнам разговор (ама во погоден момент) е тогаш ќе ја разглабиме ситуацијата до детали, ако не само ќе си тлее моментот. Ама тоа се прави на само, без суфлери од страна.
Маца, жал мие за ова низ кое поминуваш, кога имаш мало бебче и треба да му се радуваш... ама, се ќе дојде на свое место, и ќе биде така како што треба да е... Ти си го познаваш мажот најубаво...е сега може он мисли дека мама повеќе го знае...ама разговарајте отворено и ќе видиш на што си.. многу млади родители имаат криза во брак, пошто татковците го губат вниманието од жената( или го добиваат знатно помалку--а да не заборавиме скоро секој маж-е големо дете)..па доага до некои помали /поголеми несогласувања.. свекрвата не ја коментирам...тебе ти треба он и неговата подршка... а за ударот.....прочитав погоре-не те тепал-те удирил, може во афект.... епа во афект чувај боже човек може и да убие... јас неможам да се ставам на твое место, имаш дете со тој насилник-вие сте семејство... ама ако еднаш дигнал рака,те удрил--тој е за мене една голема нула... не сум во брак, немам дете--но кога некој кој треба да ме чува- би ме удрил, тој час би си заминала, и не би го примила во куката на моите... ама јас сум таква--семејно насилство, психичко/физичко=КРАЈ..
маките мои се многууу поголеми одколку што личат вака на брзинка раскажани... За куката во која живееме имаше други муабети на крај ке искочи дека нема ништо од тоа ,пола треба да се дели а не е деливо значи ке си останеме со прст у уста ,вцто е надвор т.е не е затворена терасата не е толку лошо ама јас го реновирав пошто немаше ни када ни ништо само цемент. купив дневна седмосед,масичка панели за греенје, теписи комода комплет нова дневна , спална добив усше верена од татко ми завеси ,све ново ,кујна немасе скрпивме нешто во пресобјето пак од мои елементи од дома само фасети од горе нови . немаше машина за перење немаше пегла немаше две исти навлаки,вилушки све сама си купив ништо немаше... јас заработував многу и не жалев надевајки се на добри односи и постување. Свекрва ми е не виден лажов и само се крие, лаже ,крај со крај не и се врзува ,најтрагично од се е сто мажот ми и верува .. дојде свадба одвај, јас 7ми месец трудна и како прави свадба ако нема да доплати за порции ,па од парите што ги добивме пред свршен чин во 12 пред торта сечење му кажа на мажот ми да платиме демек ке ни вратела... и ден денес врака. многу работи има нережени многууу , кола има сопругот а должен е околу 3000 евра стари долгови за кои беже ветено дека ке се расчистат пред свадба и дека нема да има реперкусии по понатамошниот буџет ама се било лага еве сега од кога се роди бебчо врака. исто денот кога ме земаа од болница требаше мм да чува пари за да купиме сто ке ни треба за бебето и вети дека ке чува сите ги потрошил за мекици... и кога застанавме во апотека.... одејки накај дома штооо..??? нема пари ...и како и секогаш јас знаејки што може да ме чека предходно се снајдов со пари да ми се најдат околу бебо. пак си извадив 4500 денари да купиме и кога прашав што мислевте да правиме ... па ке сме се снашле некако ееее како бее... ??? свекрва ми ме прасуваше што треба да спреми дома за кога ке дојдам од болница должност и беше да се исчисти вецето бидејки имале гости за мекици и да ми купи вир влошки... одејки по кола јапрашав .. и не е чисто вецето и не ми купила влошки заборавила па уште ме прашува дали сум лута и кога реков да лута сум и тоа многууууу ,па плус и бојлерот не го наместиле а требаше и имааа време да викнат мајстор 5 дена тој ден кога се вратив јас од болница мајстор бојлер местеше... бееее И пошто јас бев во право мажот ми се налути и почна кавга во кола прв ден од болница доагајки накај дома се скара со мајка му која му рече ми е криво што не те абортирав ... и на крај излегувајки од кола намерно се издрааа .... ако ти е синко нека те команда колку може кога си глуп... и јас да ја сакам неа нееее, ама како он може да е после се на нејзина страна незнам... и пак кавгите се за неа најчесто мегутоа овој пат јас не ја спомнав воопшто туку имам замерки за негижо многууу .Прво сто гледа порничи , што додека бев трудна ја барал на фасебоок бившата и на линкедин а за одговор добив е па му требал број на негов другар да му завршела работа во ујп.... се прекутував ... т.е реагирав ама продолжував да живеам надевајки се на подобро, потоа пак го најдов како гледал и симнувал порнижи а сексуален живот никаков. Одговор му е не можел да си легне со мене после сите кавгиии не му идело бе акоо.. акоо се викав, си кутев, си барав мани кај себе . Се терасе некако се додека имаче прилив на средства од моја страна е кога реков нема веке почнаа проблеми он се понервозен се му смета ... не ми помага со детето ,му викам купи капки идејки имаме само за уште една доза, знаци за вечерта ке нема за бебчо и заборава ,купи нешто друго заборава ... доага и си легнува све е уморен , иницијатива нема за ниш,то од кога сум породена само два пати сме искочиле со бебето еднаш до рамстор на 30 мин и сега викендов до сити мол пак на моја иницијатива. Е кога ке се јават неговите пријатели на кој им должи јас се лутам .... бидејки ми бече ветено дека парите што ги зел во 2001 не може да ги врака сега нека си продаде кола за долгови... ееее мама не давала да се продаде колата што ке правел без кола беее ,ја огласи едно време колата и јас мојата која прво ке се продаде тааа со тоа сто ако се продаде мојта која вреди 2000 помалку од неговата да ми ја препише неговата и со тие 2000 евра да ни биде се заедничко што сум јас инвестирала во куката ... над 4000 евра . ама кога се јавија сериозни купци е тогас искочи проблем. Маминиот син морал да збори со мама и таа не дозволи да се продаде колта , да се расчистат долговите ,ке се чувала колата за ако требала да се дели куката да се обештети внукот нејзин ... е додека дојде до тоа колата нема да вреди ни 2000 евра хехехѕех. ама се е џабе . Исто имаше ситуација уште не бевме верени, ама скоро да живеевме заедно кога изби куршлус со струјата, таков стрес преживеав до ден денес се тресам од струја се запали таванот и изгоре цела инсталација ... седевме кај мајка ми некој ден додека се среди, и замислете пак јас најдов мајстор мој човек да среди по најниска цена околу 900 евра си платив и сега пред некој ден ми вика па ти не плакаш струја во кукава мм ми. Па не плакам пошто мајка ти рече дека тоа е нејзина обврска нели.... ама ете нема сеа она е па викам не ме интересира мене кој ке ми ги даде тие 900 евра . јас сум му жена т.е еве да речеме вереница 18 месеци од кога ме побара и официјано се преселив кај него. во просек лето зима плакаат сметки по 3000 денари ако делиме на членови тоа е по 1000 денари месечно т.е за 18 месеци 18000 или 300 евра имам да живеам уште 3 години без да плакам струја да знаете... ... па усте ми вика да ја затворите терасата ке ве коста окмолу 1500 евра ... ете маца ке поцне на раб... да биде топло вецето... е нема веке доста е како бре луге да инвестирам кога утре ке дојде ден да се дели и ке ме иселат од таму. имаше ситуација пред една недела јас до вц и слушам лупа некој викаат евн и ја викнав неа почна да се тресе не не отварај ама како бре жено да не отварам . ме слушнаа лугето... оди види и се врака сакале да ја исклучат струјата верувале или не не ја платила од јуни 9 месеци ,којзнае сто има кажа и не ја исклучија ,кога утредента ми вика ааа ке правиме младенци викам ма какви младенци ни требаат пари за детето за храна... аа не срамота било и и требало пари за 8ми март да купела за моите. ЕЕЕ ми прекипе и и викам ке купиш по еден каранфил, ааа не никако срамота било... и се свртев и викам не ми се лути молим те ама ке ти кажам нешто... што ти е поголем срам да не им купиш за 8ми март т.е да поминеш со еден цвет или да морам да одам кај мајка ми зашто ја исклучиле струјата... остана без зборови ке се снајдам демек и слично... е после почнаа кавгите со мм како сум можела така да и речам е па како бе да и речам ,незнам веке има упте многу, ке ви пишам пак стана буцко на мама да се погалиме.
Мораш убаво да разговараш.Да успееш од тој разговор да процениш дали е искрен...бидејки кога еднаш кренал рака,не верувам дека нема повторно да се обиде.Треба еден добар ама навистина добар разговор без инаети,лутини туку онака фер се да се каже картите на маса поставени.тој верувам дека можеби се кае,но треба да се извини нели? Дадете си уште една шанса но со напомена претходна тоа веке никогаш да не се повтори...За 8ми март што те кани да излезете слободно излези си тогаш поопуштено ке биде... ти посакувам срека Она со свекрввати што ти се јавува тоа е дел од свекрвинската игра за синот-таа е сигурно добра лицемерка.
Маца, што е ова бре, со отворена уста останав. Аииии, како ова бе, мила мори мајко, ептен си заглавила во таква фамилија. Што да ти каже човек, што да те советува. Некој луѓе никогаш нема да се сменат, и цел живот така ќе си поминат од денес за утре, до гуша во долгови, ќе зајмат, ќе се снајдат од овој од оној, до сега ти си им била изворот. Ти па што толку им попушташе. Со сите пари што си ги потрошила таму ќе сте можеле да почнете самостоен живот. А маж ти е од мама на време обработен, што и да направи она, тој пак ќе биде на нејзина страна, затоа што е ист како неа, имаат ист ментален склоп. Туку гледеј до сега било што било, како да не го заглавиш детето таму во тие услови. Ако има простор за разговор со маж ти, гледај да го убедиш да си се одвоите сами, мислам дека само тоа ви е шанса да го спасите бракот.
1. Ќе се запрашам дали го сакам? 2. Дали вреди да се борам за него? Ако најдеш одговор на овие 2 прашања лесен е одговорот. Чекајте бре жени, па таа не е должна да издржува и маж и свекрва. Најжално е што таа нема подршка од маж и, па и милион разговори и вечери и све и свашта нема да помогне. Да, лошо е што веднаш ,,дошла,, кај мајка и, ама после неговиот ,,ефект,, на залепена шлаканица и набиена нервоза таму се чувствува најсигурно и така реагирала. Што да се каже кога во сопствена куќа (мислам таму каде што е мажена) нема мир и спокој ниту подршка. Дади втора шанса зашто нели лесно се растура брак а тешко сочувува па види исход. Можеби нешто ќе се смени, односно тој почне да размислува како родител и како маж во куќата. А за ова другото ти веќе си одела со него (сте биле во врска) и си била свесна во каква куќа ќе одиш како невеста а што сега ти сметаат некои работи изгледа не си била свесна дека сето ова ќе ти се случува па сега ти е некаков шок. Обично сум оптимист ама во вашата врска не гледам некоја си иднина, реално.
Се извинувам за дел од коментарот, мозеби несум почувствувала насилство и не знам сто значи, нормално дека несмее да има насилство, само мислев дека сепак мозе несто да се спаси ради бебето! Инаку Маца сега ја прочитав твојата гоооолема порака, и со овие факти мозеби навистина треба да размислис и да донесес права одлука! изгледа сите у таа куќа зависат од тебе, ти си и мајка и татко за сите, па усте свекрва да чека од снаска да и прузи......е тоа е навистина зазамерка! им одговарас, си им го подобрила зивотот, но барем да возвратат со добрина, а они, срам да им биде! размисли добро сто ке правис! ја прво разбрав дека се е ок, освен сто малку се сменил одкако доосол бебчо и тоа сто те ударил, но тука има усте многу сто само ти си знаес како ти е! Биди силна и не се давај така лесно на такви лудје...поздрав
^Не знам дали треба целата твоја приказна да ми предизвика солзи во очите, ете јас ќе бидам брутално искрена ама мене ни малку не ме трогнуваат вакви стории...........што си сееш тоа ќе жнееш Најсериозно дали воопшто мислете нешто пред да се мажите а уште потрагично е што внесувате и дете во целиот тој хаос. Родителите твои те продаваат? Зошто побогу би вложувале толку средства во нешто што не е ни на сопругот твој а камоли твое??? На тебе таму тие гледале како на cash cow, сега кога нема кеш ќе се однесуваат кон тебе како што се однесуваат. Така и ви треба кога си мислете дека од љубов се живее, едно е да е некој сиромав ама со амбиции нешто да постигне од животот а кај тебе станува збор за клошари кои без работа сакат да живеат на висока нога а ти си им била карта за таков живот. Жалење сега за условите во кои што живееле е непотребно ти си видела во какви услови си требало да живееш и сепак си се омажила и си родила дете, никој не те присилил. Не знам ни што да те посоветувам, услови за делење немате, тој не се извинува, мајка му продолжува да се меша иако таа не е виновна, мт е виновен бидејќи и дозволува. Мажила се мома да не седи дома..........ете на тоа ме потсетува твојата сторија
Eee Lori си имала среќа шо не си имала потреба во животот да почувствуваш тоа. Јас знам дека кога е некој во состојба да те удри, особено кога си нежен и ранлив, во состојба е и за повеќе доколку му дозволиш. Трагата на образот поминува, но трагата во душата на секое сеќавање повеќе пече. Јас не дозволив да оди подалеку од една шлаканица и затоа тркалото се сврти и секоја моја солза тогаш таа личност ја плаќа десеткратно (не станува збор за семејно насилство, но насилството е секаде со исто значење). Кармата е кучка. Маца мене ме ужаснува во ситуацијата тоа негово правење како ништо да не било дури можеби повеќе и од самиот удар. Срамота. Oва твоево за жал, не би го нарекла криза во брак, туку погрешен избор. Коса ми се крева на глава од вакви луѓе. И прво требало да работите на уредување и реновирање на сопствените односи и ставови во бракот, па после на спратот од куќата. Првово е инвестиција која ни поплава/ пожар/ земјотрес/ краток спој не и` можат ништо.
Маца прочитав се што пиша Мој најдобронамерен совет би било да одиш што подалеку од таа куќа. ПРедходно има милион примери на брачни парови кои долги години инвестирале во домот под заедничкипокрив со свекор/свекрва ис ега длабоко се каат за таа постапка. По икс години се бркани, ништо не им е признато и евентуално препишано на друго дете или живеат во секојднева психичка тортура. Доволно предоволно си дала, си инвестирала во таа куќа....за џабе. Само на полошо ќе оди, м фалат твоите парички, ништо друго. Јас би си собрала парталите, и мебелот ако може и назад кај родителите(доколку е возможно таму нешто да се догради, да се сместите), или би инвестирала со нешто мое, или кирија, кредит за стан.... Али у никој случај под исти покрив таму. Разговарај со родителите додека си тамуз а некоја од овие опции. Дали и колку можат да те помогнат. Продај кола, они нека заложат својот дом, се надевам имаш солидни примања и зеди си стан на кредит. Не миз амеруј вака што пишувам, не мислам лошо. Знам дека е многу полесно вака да се кројат туѓи планови, и дека во реалноста не е толку едноставно со финансиите. Но немој ниту денар, ниту евро да вложуваш таму. Ќе си оставиш здравје, заштеда и на крај ќе завршиш на улица или пак назад кај твоите. Втор проблем е што ти си имаш мака не само со мајка му, туку и со него. Многу неодговорно понашање од негова страна. Очигелдно не е спремен да биде сопруг или татко. Цел терет го остава на тебе. Како да очекува дека ти вечно од сите каши ќе ве вадиш. Баш како златно коковче да гледа во тебе. Не само што не се поставил како сопруг во однос на релацијата со неговата мајка, туку сите тие несредени долгови, нерешени прашања па и со бившава.... Лошо, многу несозреано. Ти мид елуваш како многу амбициозна, работлива, вредна и интелигентна. Он на жалост ... Ја користи твојата размуност, практичност и трпеливост. Твојот најголем проблем е со него. Седни си убаво и направите сериозен муабет. Очигледно дека не исполнил никое од предходно дадените ветувања за подобрување на врската помеѓу вас. Ултиматум е јак збор кој не сакам да го употребувам. Но се што ти пречи и било причина за вашиот брак да додје до ова дереџе треба да му го нагласиш и дека евентуално помирување би било доколку он ги среди тие нерешени долгови, обврски..и започне да учествува активно во планирањето на иднината. Нека продаде кола, нека се тргне од покривот на мајка му, дека подмири трошкови и долгови...и серизоно да го разгледа прашањето за ваш мал скромен дом. Доколку сеуште мисли ти на мајка му куќата да ја опремуваш и средуваш, да му плаќаш сметки и твојот автомобил за неговите долгови да биде продаден...ич не си ставај повторно здрава нога во трн. Седи си кај твоите и ќе имаш ако ништо друго психички мир. Подобро ќе ти биде одколку нефункционален брак, лош сопруг и секојдневие со свекрва од тој тип. Свесна сум дека си млада и дека имаш потреба да бидеш сакана и на детето да му биде пружен топол дом. Но ти најдобро си знаеш дали тој човек е вистинскиот за сето тоа. Доколку е ок. Нека си среди он проблемите и заеднички барајте чаре под друг покрив. Доколку не, остани си кај твоите и концентрирај си се на себе си и бебчето. Убавина со сила не бива, само повеќе ќе патиш и ќе го одложуваш неизбежното.
Како прво Маца ти немаш никаква подршка од мажот ти,ама баш никаква. Како второ многу ме изиритира тоа што не си ја согледала правилно ситуацијата и куќата во која влегуваш,а особено човекот за кого си се мажила. Како дозволуваш ти да плаќаш се,а некој недостоен да си игра мајтап со тебе и да си ја бара бившата??? Се согласувам со многу коментари,а дека и еден шамар е насилство тоа е факт. Ти и да се вратиш назад,не верувам дека поубаво би те третирале,единствено ако се вратиш на работа,па да те молзат-ќе ми простиш на изразот,ама сакам да го доловам оној дел каде тебе таму буквално те чуваат за пари. А твојот маж,искрено не можам да го наречам маж,а посебно татко,зашто за да се биде татко не е само да се направи детето,да се биде татко е многу одговорна функција и обврска која истовремено бара многу толеранција,љубов и пожртвуваност,кои карактеристики очигледно не ги поседува твојот маж. А за да се биде сопруг,треба уште поголема пожртвуваност,толеранција и почитување,што очигледно твојот маж не ги поседува. Немој да бидеш толку наивна и да дозвлуваш некој да си игра со тебе,а притоа за возврат да не добиваш ни најмало почитување. Одлуката е твоја,се надевам дека добро ќе ги согледаш фактите и што би те очекувало кога би се вратила назад.
Маца се наоѓаш пред важна животна раскрсница...после сето ова што го сподели со нас на форумов очигледно е дека вашиот брак е во длабока криза на која главниот генератор е твојот сопруг..кој изгледа постои само фиктивно на хартија како таков.Јас никаде во твојот пост не прочитав што тој направил за тебе и вашето дете?Со еден збор би го опишала како човек паразит....многу убаво им дошло него и на неговата ценета мамичка некој друг да им води сметка за сите проблеми поврзани со финансии,некој друг да им плаќа сметки и уредува домот..а што е уште потрагично тој дом не е нивни,па уште те лажел дека расчистил со старите долгови,тешко му е дури и да памти што треба да купи за сопственото дете,контактирање со бившата и како врв на се те удрил.Алал да ти е како си го трпела!!!Па уште и мајка му ..бибер во секоја манџа!!! Јас подобро би немала никаков сопруг отколку да живеам со некој ваков...ма јок...милион пати би ми било подобро без него..џабе е се кога нема искреност,нема доверба,сериозност и посветеност и одговорност кон семејството што го створил. Ја знаеш онаа народната волкот го менува влакното но,не и ќудта!!!!Размисли убаво!!! Сепак ти си знаеш ..ова е мое мислење одлуката е сепак твоја!!! Треба да мислиш и на твоето дете и во каква средина ќе расте...само немој да дозволиш твојата одлука еден ден да го повреди и да носи трауми цел живот. Пробај разговарајте....и види колку е подготвен да промени нешто во своето однесување и постапки..тоа со водење инает нема да го постигнеш туку само со разговор.Нека увиди дека си сериозна и дека нема баш така лесно да се извлече од оваа ситуација.Гуд лак!!!!
Сите коментари дрзат, се надевам ќе те разбудиме Маца! А 3000 евра кога не ги вратил од 2001год, нема ни сега да ги врати во ова криза!
Mаца,би требало да му удриш една анализа на сопругот,из чиста мира.море какво каење бре луѓе,дотичниот се јавува во позадина со мамичка,ако е маж барем во најкритичните моменти нека си го решава проблемот сам со жената,нели?мене не ми изгледа на арно тоа што и мајку му те побарала на телефон,тоа му доаѓа како де снао поклони ми се да не сум јас син ми не би те побарал . типкава е главна и доминира,ама Mаца во едно се сложувам со другите,излези насамо со сопругот,прашај го дали планира да смени нешто ,натерај го да се искаже и сама ќе видиш дали искрено се кае или не. ако се инаeтиш и кај твоите сама рече дека е напната ситуацијата,ќе биде незгодно за сите,па како брачен пар излезете решете си го проблемот. и секако,ја имаш нашата поддршка,ајде со лесно па пиши ни
Ах бре друшки мои....ни сама не сум свесна како заглавив вака ... на почеток се беше супер,ми одеше по кеиф и он и она ... незнам можда се било игра на интереси, јас сум дете на разведени родители каде мајка ми јадела котек пред нас децата, пак колку толку сме биле изолирани кај баба и тета на гости т.е сме живееле со нив и вистинско семејство сум немала никогаш , затоа и се борев и си ветив сама на себе дека нема да дозволам мое дете да осети што е да живеес без семејство ама ете судбина од премногу желба за тоа на крај ке излезе спротивното не дај боже. Он е како човек добар ,јас знаев дека не е многу амбициозен т.е мислев дека е во криза бидејки изгубил добра работа од 2000 евра плата и тоа по вина на мајка му ,се фатил во белја за да ја извади од долгови камати. Све сватив све прифатив секој има по нешто во животот некоја црна дамка ,јас тазе оперирана без еден јајник со тешка ендометриоза и тумор маркери у плафон ,се погоди баш тогаш да ми се појави он во животот. трчаше со мене секаде ми беше морална поддршка во се а денар немаше. пропагаше он никој не свакаше зашто а јас како медицинско лице сватив дека нешто не е во ред , сите мислеле на психичка база а на крај искоши тироидната жлезда која воопшто не функционира кај него. што доведува до поспаност ,замор ,неконцентрираност и ред други работи. Никој не го приметил дека он вегетира а не шивее .Ги уклушив сите врски и анализи можни се додека не открив сто се случува а кога најдовме рекоа срека сте имале .Како неговата мајка до тогаш не примети што се случува со него... тонеше син и .Се поврзавме некако двајцата можеби како брат и сестра на некој начин двајцата со автоимуни заболувања и си ветивме дека никогаш нема да дозволиме да нашето дете живее без семејство. Имавме исти цели ама нешто се смени незнам ни јас што ,Го натерав да се вработи ,прво возеше такси сега е на подобро место во фирма цело време јас ги буцкам работите,е сега кога снемува пари организација нема никаква од негова страна.
Маца, кога те читам, како да си ја гледам иднината која ке ме дочекаше ( пред две недели, ми се чини има, си ја откажав свадбата)... Од долговите, уредување на дом, до недомакинско трошење, мама како ке каже, љубовта на старт, операцијата(исто и јас, ту маркери, 3 цисти....) неговата подршка тогаш....и он беше на една операција што неговите цел живот ја одлагале--а можело со малигнитет да заврши.... абе ми се чини ко да си ја читам иднината и минатото... многу ми е жал за се ова низ кое минуваш..разбирам дека ти е теско... незнам како да те утешам, а баш би сакала да ми текне нешто бистро... имаш бебенце...со твоите гинеколошки дијагнози---тоа ти е вистински дар од господ... сконцентрирај се на таа радост... и размисли дали вреди да си го жртвуваш животот,спокојот и твојата срека за маж ти...
Решив вечерва да излезам.... сабајле дојде со букет со извинување ,со поклони за сите, со каенје во очите ама не помина така лесно ,се нафатив за разговор и еве сега искачаме ,поздрав ке ви кажам утре што се склучи ,стискајте палци за подобро утре хехе СРЕКЕН ПРАЗНИК !!!