Ме снема ...знам, ама склоп на околности. Излеговме бевме на вечера, смирено разговаравме додуше се покачи тон на одредени моменти каде вистината боли ,мегутоа разбирливо. Си ветивме многу работи ,мегукои дека нема да се повредуваме и навредуваме ке бираме зборови и начин на кој се ке биде кажано. Ми вети многу работи ,и дека нема да треба да повторувам и да го подсетувам, дека ке се ангажира се повеке ,ке се труди итн итн. Дека не сака двајцата најмногу дека старите долгови ке ги покрие мајка му и дека нема да ни пречат ,дека се ке среди полека. Вчера бевме во парк шетавме се бесе ок па ке ви пишам пак.
леле еве и јас да се исповедам зошто стварно неможам веке ке полудам во брак сме 5 години и имамме синче од 1 година живееме во заедница со свекрвами и баба му негова ама животов ми е пекол секој ден кавги нервози тепачки...од страна на баба му...луге женава физички ме напага а јас од пусти страв да не направам беља се повлекувам...ми влегува по соби буричка,ги брка моите родители,сестра ми никој не смее да дојде...подршката од маж ми ја имам и не се караме заради неа ама верувајте не се издржува...па сега што е најтрагично се вмеша и керка и со која имав жестока караница и се жалела дека сум ја тепала а свекрва ми е жив сведок дека не сум дигнала рака на неа...сакаме да се одделиме од неа и на пола пат сме ама јас мислам дека пак ке биде исто штом имаш ист влез...ве молам кажете ми совет што да направам дали да продолжам да живеам во таа кука или да бегам некаде под кирија...
Ако е изводливо најпаметно е подалеку од таа куќа. Едно е утре да ти дојде на кафе саат-два а друго е кога веќе ти е во куќа. Иако и тоа не мора да значи, зашто едноставно таква си е жената. Еве и ние сме во иста куќа (различни спратови, ист влез имаме ама таков е распоредот да целосно сме оделени) ама таа не доаѓа ненајавено и многууу ретко. Од што ја болат нозете да се качува по скали често и врти на моб. да праша нешто ако и треба или јас одам доле да се договориме за нешто. Добро е што ја имаш подршката од маж ти па полесно може да се најде решение. Разговарај со него. Абе баба како баба, внукот и е слаба точка а од друга страна кај и да е ќе оди на другиот свет (нека е жива и здрава и Господ по ред нека тера). Ако и свеки те подржува тогаш кажи и да те остави на мира нејзината мајка за мир во куќата, или кажи на маж ти да разговара со мајка му.
Жената никогаш нема да биде напуштена од паметниот маж,туку може само да биде ослободена од еден незрел изрод !
Мажот кој незнае да ја почитува жената е ИЗРОД!!!!! Пак ќе кажам-----МАЖОТ КОЈ ЈА ГЛЕДА СВОЈАТА ЖЕНА КАКО ПРИНЦЕЗА Е ДОКАЗ ДЕКА Е ОДГЛЕДАН ОД КРАЛИЦА!!!!
Овие твоиве дома се со црн појас карате се се по тепањето Бегај бе од таму каков влез какви бакрачи таа врата ќе разбие Оди си под кирија,може е потешко ама мирот нема цена,а и за да си го заштитам семејството ми е најбитно.Нормално поддршката од мм ти е најбитна. Ти посакувам среќа
Aпсолутно неточно. Моја свеки е далеку од кралица, нема ни К од кралица, а за тоа како сум гледана и чувана од нејзиниот син апсолутно не е нејзина заслуга, ниту пак на неговиот татко.
zdravo.se izvinuvam sto pisuvam na latinica,pisuvam od mobilen zosto doma ne mi e dozvolen kompjuterot.nova sum tuka na forumot i sakam da spodelam malku od mojata bolka.znam deka ne mozete mnogu da mi pomognete ama barem ke mi olesni zosto imam na kogo da kazam sto me maci.vo brak sum 4 god i pred toa vo vrska bevme 2god. Problemot e ogromnata ljubomora kaj mm.koga bevme vovrska nikogas ne bese ljubomoren a odkako se zedovme,kako jas da sum negova sopstvenost. Ljubomorata se odnesuva i kon moeto semejstvo,nie sme mnogu povrzani, so brat mi,vujko mi,tetka mi, bratucedite.i nemu mu e krivo sto sme bliski a toj so negovoto semejstvo retko kontaktira.nekolku pati se imame karano vo vrska so toa, do stepen na mavanje so tanjiri, mobilni, casi i sl.postojano me sledi i mi zabranuva se i sesto. Za da izlezm nekade treba nedela dena unapred da mu kazam. Me napagja ako nekoe masko ke zastane da zbouva so mene i tvrdi deka go izneveruvam. Ednas mu rekov deka o negovoto odnesuvanje me butka od nego i eden den ke mi zovrie i ke si zaminam. Taka ise sluci lani.otidov kaj moite i se im kazav. Otprvin ne mi veruvaa zosto pred niv toj bese sovrsen zet. Me pritisnaa imu se vrativ. Posle nekolku meseci istata pesna, i pak si zaminav kaj moite. Tie me podrzaa ama mirekoa ubavo da razmoslam da ne se kaam posle. Razdeleni bevme 1mesec toj sekoj dem doagase me molese, se izvinyvase placese. Se vrativ. Pominaa 6meseci odtogas ama eve istata prikazn pocnuva odnovo. Ve molam za sovet. Najgolem problem e toa sto jas veke prestanuvam da gosakam. Nemozam so nego niti da legnam a da ne mi se zgadi od negovoto odnesuvanje. Ve molam za sovet.
Лили28....ти сама си одговори и си даде совет, ама знам дека сакаш да слушнеш од друг, чисто како потврда.. Очигледно е дека мажот ти, и после 3 шанси, не се променил, и очигледно е дека ти тоа не можеш повеќе да го трпиш. Мој совет - замини си. Ама јас најлесно можам тоа да го кажам, ти си сепак во жариштето и треба трезвено да си размислиш.... Не кажа, дали имате деца?
Mора да има некоја причина за таа љубомора која настанала после стапувањето во брак. На машките им е важно невини да влеземе во бракот. Плус може некој го набоцкал и сега така се однесува .Има лоши луге, кои ке те наклеветат без око да им трепне .Најважно е да најдеш начин да го седнеш и отворено да го прашаш од каде потекнува тоа негово однесување.. исто и да му кажеш точно како се чуствуваш и дека ако така продолжи стварно ке има на што да љубомори .со срека...
јас, и сите ние (верувам) ја разбираме онаа мала доза на љубомора...ма да мене и таа многу проблеми ми направила... по ова што го кажуваш, од самиот почеток дека не ти е дозволен интернет, проверки,забрани...мислам дека маж ти ја преминува границата и преминува во онаа патолошка љубомора,која е ко што си чуствуваш и самата ти-страшна... немора да значи дека има причина за тоа, ко што прчитав погоре...постојат болни луге, на кои не им треба причина за болните мисли дека жената ги вара наоколу...многу мие жал што ете, имаш толку љубоморен сопруг..него неможеш да го смениш( ако не си успеала за овие 4 год) ама можеш да донесеш одлука, цврсто да застанеш зад неа и да (според мене) да се спасиш... извини може претерувам...ама никој не не ничија сопственост...па мајките што не родиле немаат права на сопственост врз нас, не па маж... работиш ли? јас и ти сме врснички, во најубавите години сме...ако вистина стоиш зад тоа дека повеќе не го сакаш--тука е одговорот... само храбро, и биди силна
deca nemame.na pocetokot ne sakavme ama posledniot pat koga se smrivme se dogoorivme da probame. No ocigledno ni gospod ne misli deka treba da sme zaedno zosto ne ostanuvam bremena. Vsusnost i jas nesum sigurna deka deteto ke ne zblizi koga vaka se slucuva megu nas. Da odgovoram vo vrska so ljubomorata. Vo vrska ne bevme 24 casa zaedno, toj tamu jas vamu kako i obicno. Ama problemot e sto negovata ljubomora ne e smo kon maskite tuku i kon moeto semejstvo. Jas mnogu go sakam i cuvam vnuk mi od brat, a toj e ljubomoren sto mu kupuvam igracki i sto se igram so nego so saati. Duri e ljubomoren sto jas zavrsiv 2 fakulteta a toj ima sredno. Ljubomoren e i na toa sto jas so sekogo mozam da najdam tema na razgovor a toj ne saka da se vkluci. Jas nekolu pati se obiduvam da razgovaram so nego ama toj sekogas veli deka ne sum vo pravo i sekogas odgovara so karanje. Poslednive nedeli ne razgovarame za nisto kaj nego se e so visok ton i so krsenje na sadovi i dr. Sekoj den e novo macenje se ubeduvav do sega deka moze jas sum si kriva. Ne znm kako da se odneuvam, edino da se povlecam od site i da se zatvaram doma za da ne se karame.
pocnav da rabotam i imam svoj stan koj mi go poklonija roditelite pred da se omazam. Kako da znaele. Majka mi me podrzuva vo sto i da odlucm. No so tatko mi e drug problem. Toj posledniot pat koga se vrativ doma dozivea infrakt odvaj go spasija. Sega najmnogu se grizam i za nego.sto ako mu se sluci nesto zaradi mene?
Мисли позитивно Тој не би сакал ти да живееш што се вака како робинка. Кафез си е кафез па макар бил и од злато. Штом имаш сопствен стан а немате деца бегај дури те држат нозете . Не се секирај за татко ти по некое време кога ти ке бидеш срекна и тој ке биде.
оф, па ти си имаш работа со искомплексирано дете( како мојот бивш вереник) исто, многу му сметаше мојата поврзаност со моето семејство, дури се дурлеше кога ке ја побарав мајка ми на телефон...и со образованието кај мене беше слична ситуација... претпоставувам дека се чуствува инфериорно во однос на тебе...јас сум медицинар, вереникот не ми даваше да зборам за моите испити--се нервираше како сум можела да учам толкави книги,а неговите испити биле мн мали...глупости.... јас го оставив...ама испадна дека мојот вереник и јас не сме мбиле во така голема љубов ко што мислевме... ама... ако го сакаш, ако мислиш дека неможеш без него, ако не си сигурна, ако постои и најмала веројатност пак да му се вратиш.....подразмисли си... ти најдобро се познаваш...а ако престануваш да го сакаш-тогаш и почнуваш да го гледаш реално, таков каков што е.... ако неоди-неоди...ама ако неможеш да живееш без него...се е математика...пресметај си.. а за родителите наши--тоа е..ни го сакаат најдоброто, и претпоставувам дека премногу ги боли кога нивното најмило пати...никој не ни ја посакува среката повеке од родителите..ако ти одлучиш. и бидеш срекна со одлуката--верувај ми-и они ке бидат... не се секирај за татко ти, ке биде добар...сигурно е на редовна терапија.. се ќе биде добро, само реши што сакаш...
neznam kako da prodolzam se cuvstvuvam kako dase vrtam vo krug. Negovoto odnesuvanje me butna tolku daleku sto ni samata neznam sto cuvstvuvam za nego, ama sigurno ne e ljubov.zosto znam kolku go sakav koga se zedovme. Bev spremna na se sto ke kaze, sega nemozamda go podnesm.postojano mu smeta sto rabotam, sto so moite se slusam postojano, sto tie sekogas se tuka za mene. Toj im e lut na niv zosto tie ja zavrtija rabotata i vidoa kakov e i ne se od negova strana poveke.npocetokot toj im go svrte pametot kako na mene.ama podocna si go pokaza vistinkoto lice. Ne mie strav da go ostavam, i toj del mi e lesen da se spakuvam i da odam, ama kako ponatamu. Toa najmnogu me plasi.
Најтежок е првиот чекор.После ке ти олесни. Ако си сигурна дека повеке не можеш да го поднесеш, зошто се мачиш. Од твојот текст можам да заклучам дека целата си во солзи, и мене ме расплака. Да биде љубоморен на едено мало детенце. Работиш тоа му смета, имаш родители кои те сакаат, жива си што се вика и тоа можеби му смета .За понатаму од што се плашиш, никој не знаеме што ни носи судбината ако мислеше на тоа.За народ па ич да не ти е гајле.Можеш да почнеш одново млада си, образована, жива си, здрава си.Разведри се првини со ладна глава размисли што, како ајде ЕДЕН Е БОГ.
Солидно образование, блискост со родителите, здрави и развиени социјални вештини, самосталност... Дел од нештата кои ти ги имаш, а тој ги нема, или од друга причина сака да ги немаш и полудува поради тоа. Енцименци е во право, по се` изгледа си имаш работа со тип кој пати од комплекс на инфериорност. Јас не знам што се`уште се мислиш. Имаш свој стан, имаш работа, немаш деца...на многу жени кои се на мисла да го напуштат бракот, ова би им било добитна комбинација, а треба и на тебе да ти бидe. А за како ќе продолжиш...не мисли на тоа. Замини во својот стан, засега мисли само на првиот чекор, останатите сами по себе ќе те насочат во вистинската насока.
Лили28, ги прочитав мислењата твои и добив впечаток дека си силна и одоговорна личност. Разумна пред се. Но како што читав ми стана јасно дека водиш многу голема борба сама со себе. Не сакаш да патиш, ама не сакаш ни да предизвикаш да некој пати за или заради тебе.Читајќи помислив и на твојата неодлучност, која патем е сосем оправдана, брак е не е панаѓур. Јасно ми е, а и тебе ти е, дека одлуката ќе биде само твоја. Нема да го оставиш заради нашите мислења, а нема ни да останеш со него заради нив. Не ти треба тебе среќо совет, ти одговорот го знаеш. Ти треба поддршка. (патем прочитај ги мислењата на енци менци во темата- си ја откажав свадбата-, ќе те инспирираат). Кажано претходново, моето мислење ќе биде општо и едноставно, со надеж дека ќе ти разбистри некои идеи тебе, а и во иднина на други девојки во слични ситуации: Ни една жена не се раѓа за да биде жртва. Тоа не е природно. Малтретирањето од секој вид, било физичко или психолошко, не треба да се прифаќа како 'дар од бога ' или ете ' таква ми била ѕвездата '. Љубомората е болест, која како и секоја друга има стадиуми. Онаа патолошката треба да се лечи, за доброто на тој што пати од неа и тие околу него, што патат од него. Да се година-две, јак е човек, ќе издржи. Ама што кога трае многу подолго? Вреди ли да се разбуди човек на смртна постела прашувајќи се на што го потрошил животот и одговорот да не му се допадне? Човек кога е млад сонува, ги користи соновите, некои залудно ги троши. Што е со вашиот сон? Зошто дозволувате некој да го убие? Зарем треба сонот да стане ваш срам? Клише е фразава, ама има вистина во неа: еден е животот. И личи на компот, додека ти го мачкаш тој тече, па дури да се свестиш -протекол. Нека не ве плаши како понатака. Вие и порано бевте сами. И добро ви одеше. И не се потценувајте,појаки сте одколку што изгледате. Нека животот ви тече во радост, не во она обратното. Лили, мислам дека ме сфати. А татко ти ќе биде добро. Ќе го излечи насмевката твоја