1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Криза во бракот

Дискусија во 'Брак' започната од sweeteva, 21 октомври 2010.

  1. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Гита, знам дека никој не е во твоја кожа да знае како е , ама вака објективно и од страна гледано , мислам дека штом имаш поддршка од твоите и имаш работа, немој многу да му ја мислиш.
    Штом се степал со татко ти и во твоја куќа те нападнал не сакам да знам што ќе се случи ако еден ден син ти му се спротистави, можеби ќе си дозволи и него да го нападне. Колку подолго си со него, толку позависна ќе станеш , пред се емотивно но и на други начини ќе те врзе.
    Ако имаш финансии и можности бегај од такви непресметливи луѓе.
    Лесно е да кажам да се разделиш од него , а знам колку во реалноста тоа е тешко.
    Сепак ти и синчето сте најважни, што и да одлучиш пази се и чувај се. Поздрав.
     
    На srcekrsacka, Gita и Trendafilka им се допаѓа ова.
  2. Gita

    Gita Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    Ви благодарам што навистина ме разбирате, многу ми значи тоа да слушнам некое мислење од некој што не ме познава мене и мојот сопруг. Само многу ми фали храброст.Благодарам на подршката
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.514
    Пол:
    Женски
    Храброста ќе дојде кога он ќе направи нешто што ќе ги премине сите граници, нешто преку што нема да можеш да поминеш и тогаш се ќе се реши. Јас барем така мислам :)
     
    На Sirenaa86, srcekrsacka и Gita им се допаѓа ова.
  4. missperfect

    missperfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    60
    Поздрав драга Гита навистина ме потресе фактот дека ти си била нападната пред очите на твоето детенце, ме потресе всушност целата твоја животна приказна. Затоа сакав да ја споделам мојата животна приказна.

    Јас сум дете на разведени родители и паметам се татко ми што и правел на мајка ми. Татко ми е починат и навистина не сакам многу да пишувам лошо за него бидејќи и покрај се јас премногу го сакам и не можам да ја прежалам неговата прерана смрт.

    Затоа ќе пишувам за мојата мајка која се разведе од татко ми на свои 28 години, после само 6 години брак со две деца. Мајка ми немаше ниту работа,нити беше школувана. Се врати кај своите родители со мене и брат ми. Нејзиниот брак беше исполнет со насилство и тоа секојдневно. Ние, децата бевме сведоци на тоа.Јас имав 5 години се паметам.Знам како ја влечеше за коса кога беше пијан,како со тупаници ја удираше по стомак кога беше пијан, паметам како и таа во самоодбрана го удри по јајцата и тој ја изгуби свеста. Паметам СЕ. Мојот брат беше помал, имаше 3 години. Тој само се потсека, но не се сеќава како мене.Мајка ми го остави татко ми покрај се.За кратко време се вработи, отидовме да живееме под кирија, се стабилизира.Имаше само 28 години и беше многу храбра.Не исчува со леб и јогурт,но ништо не ни скрати. Му дозволуваше на татко ми да не гледа, а тој за тоа време престана да пие.Се лечеше и успеа.Таа не не труеше,туку напротив дозволуваше да одиме кај него после училиште,си правеа муабет. Таа тераше напред.Кога татко ми се разболе,таа се грижеше за него и беше со него до последниот негов здив.Не дозволувај да те тепа пред детето,бидејќо ќе има големи трауми.
     
    На EleMental, srcekrsacka, Bibko и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. missperfect

    missperfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    60
    Да се надоврзам, твоето детенце веќе ги проживува вашите караници и се чувствува, но не дозволувај да страда, размисли што можеш да направиш тоа да има среќно детство и да израсне во здрава и среќна личност. Поздрав и се најубаво
     
    На Gita му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Gita

    Gita Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    Има уште многу делови од мојот живот откако сум омажена за раскажување. Мислам дека можам да напишам роман. Навистина ми е тешко и затоа морам со некого да поразговарам, со некој што ќе биде неутрален. Се плашам сите проблеми да не поминат, ако не се веќе и поминати, во семејно насилство.
    Кога беше син ми помал, отприлика бебе, имав испади со свекрвата. Не го чуваше воопшто. Место да ми помага на мене, бидејќи беше лето кога се породив таа си излегуваше со пријателките попладне да се прошета,бидејќи нели по цел ден била дома.Таа е пензионер и сега има 68 години а добро се држи. Му даваше на детето на една година да сече со ножици, да си ги реди шпенаглите. Еднаш и го дадов да го придржи да си го избришам прозорот, таа го ставила на парното во нејзината соба и падна. Стомачето му беше цело изгребао и му течеше крв. Ден денес има лузна.Друг пат го седнала на машината за шиење, таа се затворила и му ги фатила прстите.Среќа немаше ништо скршено.Сопругот ја кара но, таа ги повторува истите работи.За малку еднаш и ќе ја удреше за една слична случка но, се за џабе.
    Кога јас не работев сме доаѓале во ситуација да немам што да му купам за детето за јадење. Свекрва ми многу и беше гајле за нас па затоа ни ги лупна сите сметки ние да ги плаќаме, бидејќи таа зема мала пензија(10000 ден.).Сопругот работи приватно со гипс и зимно време нема работа, зашто никој не реновира кога е ладно.На крај полудев не мозев повеќе. Почнав да си го продавам златото од свадба и другото претходно што сум го имала без да знае никој. И се разбира на лагата и се кратки нозете. Кога се дозна имав напад на жолчка и ме оперираа. Сопругот ме остави кај моите со детето. После еден месец некако се смиривме. Значи ништо не било како што треба. И приказната продолжува во минатото писмо што ви го испратив.
    Јас ли сум крива за се што се случува, или сум крива што сама си го одбрав од старт овој живот.Понатаму само сакам да се заштитам себе си и својот син. Ви благодарам
     
  7. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Гита,тешко ми е кога ќе слушнам вакви нешта ;( .Се гледа твојата блага природа,склона кон позртвуваност,простување,а сепак цврсто стоење на тлото со двете нозе и борење со тешкотиите.Факт е дека ти е претешко,но и‘ пркосиш на несреќата,затоа ти честитам на храброста за се‘ што си претргала,нема потреба никој да те созалува,ти си храбра и благородна личност,во моментов загушена во несоодветна средина каде твоите квалитети не се почитувани,ни согледани најпрво.Не знам колку е во ред да давам совети на луѓе во брак,бидејќи јас не сум,само оваа средина е премногу нездрава и за тебе и за синчето,семејството на твојот сопруг е дисфункционално и неодговорно,тоа е најблаго што ќе си дозволам да се изразам. Советот би бил тргни се од тие луѓе,мислам дека единствено што има шанси да се промени во твојов случај ако останеш во истава ситуација би било промени кон полошо.Се‘ најубаво.
     
    На srcekrsacka и Gita им се допаѓа ова.
  8. Gita

    Gita Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    Си седам и мислам колку вие сите сте во право и свесна сум за се тоа, но не е така лесно да се одлучиш што да правиш. Да си сам во ред, но кога имаш дете е малку поинаку.Сопругот никогаш ама никогаш не го нападнал мојот син,секогаш сум била јас таа што не може да издржи и се случувало да го плеснам ако запне за нешто,но синчето сепак е поврзано со мене повеќе отколку со сопругот. Се обидувам да се однесувам дипломатски и да правам добра политика со цел мојот син да не ја запознае уште од сега суровоста на животот и да не се чуствува беден и несакан како мене.Многу ми фалат добрите зборови што си ги кажуваат мажот и жената меѓу себе. :( ВИ БЛАГОДАРАМ што сте со мене во овие тешки мигови.Навистина ми е потребно ова комуницирање со вас.
     
  9. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    530
    Гита секое дете сака да расте со своите родители, но една е желбата на детето а друга желбата на родителите.
    Јас мислам дека треба да разговараш со твојот сопруг и се ова што нас ни го кажа да му го кажеш нему.
    Што си трпела и како си се чувствувала. Кажи му дека сакаш работите да се подобрат, но дека тој е оној кој треба нешто да промени.
    Изјасни се дека ваков живот ти несакаш да живееш, дека не си падната од небо и дека имаш каде да одиш, но сакаш да му дадеш шанса на тоа семејство.
    Разговоров правете го далеку од дома, во парк или некаде седнете си на кафе.
    Објасни му се и дај му време да се подобри.
    Кажи му дека во спротивно несакаш да живееш кучешки живот и дека ќе си одиш кај своите родители, барем таму мирот ќе си го најдеш.
    Можеби ќе се свести и ќе се потруди да го промени својот однос. Самата кажа дека не бил насилен одсекогаш, можеби е некаков период кој поради твојата толеранција излегол од контрола.
    Ти недостасува само еден муабет во кој ќе си ги отворите сите карти. Тогаш ќе дојдеш до заклучок дали ја бива или не работата.

    Ако нема полза од сето ова покрени постапка за развод, подобро сега додека детето ти е мало.
    По безболно ќе биде за сите.

    Секое добро!
     
    На srcekrsacka и Gita им се допаѓа ова.
  10. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    47.812
    Пол:
    Женски
    Гита,најпрво да ти честитам за ова што го поднесуваш.Многу жени на твое место не би издржале ни еден ден со такви луѓе.Искрено ме потресе твојата приказна,јас сум мажена и со деца и можам да кажам дека во секој брак постојат недоразбирања,кризи или како сакаш.Но мислам дека почитувањето ,разбирањето,подршката и љубовта се клучни за секој брак.
    Многу е лесно да се разведеш.Ќе си го земеш детето и ќе се вратиш кај твоите,и после што ?Дали мислиш дека така ќе бидеш посреќна?
    Но што ќе биде со детето? Пишуваш дека тој е добар татко,дека си го сака своето дете.Секое дете сака и треба да расте во здрава средина исполнета со љубов и разбирање.Сега детето е уште мало,но еден ден ќе почне да разбира.Ти најдобро си знаеш дали треба и дали вреди да продолжиш да се бориш да опстане овој брак.Тргни ја настрана свекрвата,гледај како да успееш да ги средиш работите со маж ти.Разговарајте и кажи му што чувствуваш.
    Ти посакувам многу среќа и ако вреди ,продолжи да се бориш...
     
    На Gita му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Gita

    Gita Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    Ти благодарам Ph.orhideja мислам дека и тоа ќе го направам и се надевам дека ќе успеам да ја вратам среќата во мојот живот, а со тоа и во животот на мојот син. :worried:
     
  12. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Гита, секоја ти чест на изджливоста. Ми потекоа солзи кога ги читав твоите постови. Жално е како ти се уништува животот, и твојот и на твојот син. А уште по жално што човекот со кого си решила да го поминеш животот е виновен за тоа.
    Најдобро разговарај со него, уседни го и отвори му ги сите карти, но пред да почнете со разговорот, кажи му дека не сакаш да се карате и викате, туку да разговарате за вашиот проблем, објасни му дека вака животот ти е пекол, исто и вашиот син дека страда.Ако мислиш дека твоите зборови нема да допрат до него, пробај преку негова блиска личност. Свекрва ти ја стави под точка разно и избегнувај ја колку можеш.Добро е што од твоите имаш поддршка, иако не секогаш треба тие да се мешаат во твојот живот.
    Ти посакувам многу среќа и трпение... Сепак што и да одлучиш, се надевам дека ќе биде најдобриот избор за тебе и синчето.
     
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Душичке, штом си вработена и финансиски самостојна, мое мислење е да се разведеш. Па мисли и на себе бе мила, тоа дете треба да те има долго време. Вака сега тој стрес не ни изгледа опасен но после десет години ... не дај Боже... може сешто да се случи.

    А и синот ќе биде посреќен кога ќе ја гледа мајка му спокојна, отколку ако има и тато кој ја тепа мама пред него. Извини на директноста ама мисли на своето дете ама мисли и на себе за да има тоа дете некого утре, а како што ми велиш, освен твоиве, другава страна не се нешто ептен за него. Ако треба до суд да дојде работата, искористи го тоа што свекрва му не го чувала ова, она, ако имало сведоци за тоа нејзино понашање, можеш да направиш тој да не го види веќе детето затоа што каков манијак е, штом ја тепал мајка му пред него , утре можеби и него ќе го тепа.

    Доволни се и овие трауми и на тебе и на детето. Имаш работа, поддршка од твоите, на коњ си. Излезете со синчето душичке додека е време. ;(
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kacuska

    kacuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    4
    Какви се работи мора да трпиме ние жените!!!! И јас сум во брак веќе 8 години имам и две деца. Порано имаше повеќе љубов, имаше и убави зборови, но како што поминуваат годините односите се повеќе се заладуваат. Многу му е поважно мислењето на колешките и колегите од работа отколку моето. Секој ден се повеќе се караме,тој секој ден излегува на пауза со колешката, кога ке му рече нешто веднаш ја завршува работата, некогас и крие од мене, а јас како да непостојам. Го прашувам сто е работата, зошто е односот спрема мене таков а тој вели дека јас мислам дека е грев да се има другарки. Дека тој освен другарство нема нисто повеке со неа. Не знам кој пат да го фатам, не е ништо како порано. Не ме малтретира, но односите ни се многу заладени. Секој ден си велам можеби му треба малку простор, но и мене ми треба да излезам малку од дома, да поразговарам малку. Не знам до каде ке одиме вака, ако има некој сличен проблем нека ми кази како се справува!!!
     
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Ти немаш криза во бракот туку тој ти е распаднат уште од самиот почеток. Лесно се растура брак ама тешко се задржува. Само се залажуваш и тешиш дека ќе ги поправиш односите, ама сето тоа го гледа твојот син и пати. Ај свекрва ти остави ја на страна одбиј и на нејзината простост и себичност ама маж ти да те тепа - скубе пред твојот татко, тоа нема оправдување. Маж кој еднаш кренал рака на жена ќе крене пак, и тука нема никакво оправдување.
    Детето треба да си го заштитиш и тоа дете треба да живее со здрави родители. Запрашај се, дали е добро да живее во такво семејство и да биде сведок на се и сешто? Имаш услови и можност и најважно подршка од твоите родители.
    Тој не е маж и татко за кој треба да се бориш. Вистинскиот маж никогаш не би дозволил да има солзи на лицето на сопругата-мајката.
     
    На srcekrsacka, Gita, nena2010 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Немам таков проблем ама можеби би те посоветувала нешто. Како што и самата пиша имаш само заладен однос со сопругот. Распали го малку женственото во тебе и заинтересирај го малку во кревет. Маж кој не е задоволен дома (не ме сваќај во буквална смисла на зборот) ќе бара чаре надвор. Само малку повеќе страствен секс и се ќе си дојде на свое место. Ви требаат повеќе заеднички интимни моменти, (мислам без деца) и разговор за тоа што сакате а што не.
    А за колешката немора да го давиш многу, ако сака тој нешто ќе направи и нема ни да знаеш, но убаво е онака како на шала да го потсетуваш дека има и жена и таа некогаш сака малку свој простор што е и нормално. Имаш и ти сигурно другарки, другари со кои можеш на кафе кога имаш таква потреба.
     
  17. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Без да се навредиш, ќе ти кажам како е кај мене, јас сум во брак 6 год, едно дете имаме, и маж ми нема ниту една другарка ниту колешка, имаме заеднички пријатели. Тој да оди на кафе со колешка и да слуша женско мислење што не е мое, има очите да му ги ископам. Јас сум малку повеќе љубоморна и понекогаш кога јас мислам дека претерува со некои постапки, доволно е само ишарет да му дадам и да си седне како попче. Во една тема кажав дека не признавам машко-женско другарство, дистанца. Од што му треба простор?... ако му е досадно и ако се гуши нека пишува домашни со децата, а не да оди на кафиња со колешки. (извини, се изнервирав)
    Имало периоди и во нашиот брак да мислам дека односите ни се заладени, дека некако е отсутен од дома, во тие моменти седнуваме и разговараме, може има некој друг проблем што го мачи ...
    може треба сексот да го направите повозбудлив, жена си му најверојатно знаеш како да ја вратиш страста, да бидеш пожелна и посакувана
    излегувајте почесто, оставете ги децата некој да ги чува и одете на романтична вечера, кажи му дека сакаш да е како порано, обиди се да се зближите повторно, направи нова фризура, купи некое убаво парче гардероба...биди секси ;)
     
    На srcekrsacka, bitter-girl и femina90 им се допаѓа ова.
  18. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Како знаеш, под итно да разбереш дали има некави чувства (занеси) за таа колешка; таа има ли некој дечко, маж?
    Јас мислам ти можеш да се окозиш од дотерување ако на него му е на друго место паметот џабе ќе ти биде. Речи му ако нема ништо со неа зошто да не излезете сите заедно бе?
    Јас значи не ти давам совет да се преиспитуваш себе си дали си доволно секси или доволно убава за него, отвори ги очите и ушите и следи ја внимателно ситуацијата со неговите пријателки зошто според мене излегување со девојки за женет човек е НЕПРИФАТЛИВО!
     
    На srcekrsacka, missperfect и lolyta777 им се допаѓа ова.
  19. missperfect

    missperfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    60
    Извини, ние жените не треба да трпиме никого. Јас не сум воспитана дека треба да трпам некого, ниту пак мајка ми трепела. А ова твоето не е за трпење. Мислам дека треба да заземеш јасен став во твојата ситуација а не само да си фантазираш дали тој има нешто со колешката или не. Според статистиката, неверствата во бракот најчесто се вршат на работното место. Искрено,јас сум многу љубоморна, не го знаев ова за себе но откако сум со сопругот а заедно сме 6 години,јас открив многу работи за мене,чувства што не сум ги имала претходно.Една поговорка вели дека нема ништо погрдо од љубоморна жена, знаејќи го ова се борам со посесивноста во мене.
    Но доста за мене,сега ти си важна.Ако го сакаш човекот бори се за него,не биди рамнодушна кон него,покажи му став,биди каква што беше кога се запознавте.Разговарајте,повратете ги страстите,љубовта се претвора во почит а што значи тоа за вас?
    Не си ти жртвено јагне или безгласна буква,покажи се,отвори се и поврати ја енергијата во тебе.Кога тој излегува излезете заедно.Јас мојот да ми каже кафе со колешка е бога ми ќе си го добие.Не сум нормална :devil: но ете тоа е посилно од мене.Многу го сакам и ми значи,се трудам да ја скријам таа негативност во мене и понекогаш ми успева, а понекогаш морам да го извадам тоа чувство од мене и да му покажам дека ме повредува со своите постапки.Види факт е дека никогаш не знаеш што е во главата на другиот, но не се ни обидувај да влезеш во неговите мисли,туку поработи на себе и него и врати ја сопствената самодоверба. Ако не заземеш став никој нема да те почитува. :*
     
  20. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.077
    Допаѓања:
    81.907
    Пол:
    Женски
    и јас потполно се согласувам дека машко-женско друштво треба на дистанца јас не верувам дека постојат уште мажи кои бараат само друштво и ништо повеќе од тоа
     
    На srcekrsacka и interesna им се допаѓа ова.