Очигледно нема женче, ептен чудна ситуација е тоа.... Јас лично сметам дека Асист треба да набљудува некое време, да види дали мажот и` е под некаков стрес, зошто во последно време тоа е најчеста причина за одбегнување на секс. После да провери да не случајно е (скраја да е) болен од нешто.... Можеби последниот пат (пред да им почне проблемов) мажот и` имал фијаско во кревет, па од тогаш се стега и не сака да го доживее пак, па полесно му е да ја одбива отколку разочарува. Не знаеме... Можеби и човекот е навистина таков (зборам за нежноста сега). Има луѓе кои си се „дифтари“ по природа, и тоа е тоа - или ги прифаќаш или ги оставаш. Можеби едноставно се изгуби интимноста некаде измеѓу, па сега само си тера како навика (АКО претходно бил различен од сега). Како и да е, мажот и` го гледам како човек на кој ќе му треба „поттурнување“, што значи - повеќе интимни допири, повеќе лични разговори, повеќе контакт со очи, повеќе гушкање и нежности (од нејзина страна, ко за почеток) и повеќе време само за нив двајцата. Дополнително тешко е и што заедно работат, така веќе се губи моментот на објаснување на секојдневните ситуации, на свои моменти кои нема да ги знае жената/мажот, едноставно - презаситени се, и веќе се влезени во некаква летаргичност.....само со упорност и работа на интимноста (а под тоа не подразбирам само СЕКС) може да се мрднат работите од оваа мртва точка.
гледам тек денес дека многу се развила дискусијата, само да пренесам дека се добро се заврши, јас секако му се јавив до вечерта (иако сакав да терам инат, но едноставно тоа не сум јас) разговаравме, тој сам си одлучи да не оди, туку заедно да одиме некој нареден викенд...веќе и се врати од странство и си продолживме да си се сакаме како и досега и да си кроиме идни планови....
Vi blagodaram imelda i predsednik skupstine.....Predsednik skupstine 100% si me razbrala sto e problemot, bas u nekoja mrtva tocka sme, nisto ne se slucuva, nema intimnost i maz mi e bas takov vo site raboti " butni me da trgnam" Inaku fijasko imase povekje pati, brza ejakulacina, za 1.5 minuta, ima problem so toa, imame za toa razgovarano deka mora da poseti lekar no i pokraj moe kazuvanje 20 pati, se e aha ok ke odam, aha ok ke odam, si znae i toj za problemot no nikako da otide. Ne znam dali posle moja reakcija deka sum nezadovolena moze do tolku se da e mrtvo....
Од каде да почнам? Веројатно од фактот дека јас не разговарам за проблемите со никого. Сите мислат дека ние немаме проблеми, дека се е совршено. Реалноста е дека јас решавам што може да се реши а за останатото си молчам оти нели сама сум си крива, јас си го избрав, јас го натерав да се ожени со мене, јас го родив детето, јас имам проблеми нему се му е рамно, јас сум решила да не разговарам со него (иако додека се трудев да разговарам тој ќути слуша и на крај ќе рече „врска нема ова што го зборуваш, си правиш филмови“) јас не чинев кога инсистирав и молев за секс, јас не чинам и сега кога абер нема за секс, јас не сум добра мајка оти викам, карам, учам, зборувам, шетам, купувам, носам по претстави, родендени, курсеви, концерти, воспитувам, оти под никакви околности не удирам, јас сум си крива оти одам на работа и слугувам по дома (кога би ми била платена домашната работа би била милионерка), јас сум си крива оти сум дотерана, оти трошам пари на 100 пара чевли (кои си ги заработувам), јас сум си крива оти позајмувам на тие што ми враќаат (за разлика од него кој дава иако знае дека нема да му вратат). Јас имам проблем со нашиот брак зашто јас сум вложувала во оваа врска 12 години, а тој дремел со скрстени раце и чекал да се распадне. Јас сум била глупава и наивна оти не сум знаела дека ние нема да траеме. Он бил од самиот почеток свесен дека еден ден ќе го оставам. Дојден ли е тој ден или имам уште сили да пополнувам празнини, да се правам слепа и глува, да изгледам одлично, да се смеам и да глумам дека се е во ред? Простете не сум концизна ама некако ми требаше да си се соочам со сама себе на писмено, а полесно е кога го правиш анонимно пред непознати.
некаде прочитав---“во животот доволно е само 2 пати да бидеш паметен (да мислиш)- кога се мажиш/жениш и кога бараш работа. Ако не си паметен во овие 2 ситуации, тогаш цел живот треба да си паметен( да му ја мислиш)“
Мое мислење е дека ДА, од таму му почнале фрустрациите, а сега само се наталожуваат....пробај да не го тераш да оди на лекар некое време. Прогуглај кои производи можат да помогнат во оваа ситуација (мислам на природни, не да го дрогираш ) и почни да ги вметнуваш во исхраната. Пробајте со подолга предигра, па макар и свршил повеќе пати, после подолго ќе издржи.... Ви треба излез од секојдневието, уплати некаде, одете сами и пробај нови техники....ви посакувам среќа и трпение! Спојлер И морам да ти се заблагодарам, ми го направи денот, ма и неделата, со тоа Predsednik skupstine
Не би знаела како да те советувам за ова. Само знам дека во Македонија повеќето бракови се вака скроени. Според мене тоа не значи дека мажот ти не те љуби, туку дека општествено мажите кај нас така се скроени-да си уживаат и раце да не засукуваат кога ќе се појави некаков проблем. Едноставно тие си свиркаат и не се грижат за ништо. Не гледаат колку обврски ни остануваат на нас. Баш убаво што и самата ги спомна истите. Слична е состојбата со бракот на моите родители. Мајка ми ги има сите обврски земено во свои раце. Но мислам дека со тек на времето мажот ти ќе научи да те цени повеќе, верувај ако е добар човек неговата почит кон тебе ќе порасне. Така беше кај моите барем. Мислам дека грешката е што ние жените сакаме се да оди според нашите замисли и не им дозволуваме на мажите и они понекогаш да решаваат за тоа како да се воспитуваат децата и ред други работи.
Енд оф д роад се најдов некаде во твојот пост можеби не 100% но се пронајдов и те разбирам а не ако јас не кренам низ станов 100 години нема да биде кренато ако јас не ја изнесам малата он сигурно нема... И не се брои колку пати седнав да праам муабети се завршува на тоа дека јас си праам филмови идека он бил бајче нејќел да се меша ( ова ако дадам конкретен пример и кога му реков па добро бе мене ме интересира т воето мислење добив одговор, а не нејќам да се мешам гледам ти како ќе се снајдеш --->глупости у боја . Колку за пример дојдовме од гости јас одма се зафаќaм тоа што не сум средила да средам, претходно ја расоблеков малата и ја успав и се зафатив со средувањето , нормално он пред ТВ . Средувам и гледам дека до рака му се нејзините алишта што ја расболеков и завршувам и му викам Ќе сакаш ли да ги здиплиш значи не требаше да се мрдне од местото 3 малечки алишетенца и ми се врти ими вика а ти што правеше до сега ме фати нервоза но сепак , набројувам и капак на се вика да догледам филмот после може ќе ги средам , нормално ги средив сама после тоа му се развикав му додадов дека да ме почитува и сака немаше да ме одбие ме ислуша и биииииппппппп тишина за мали ситници сум праела проблем беше заклучокот си се спреми и излезе. За ваквите „ситници “ разговарам веќе 6 месеци и едно големо џабе е и што викаш веќе сеедно ми е дури ни муабет не му праам
Прави му муабет зошто да не му правиш, не му терај инает. Така си е научен, некој да оди по него. Остави некој период нешто да му засмета и нека самиот ја отвори темата, па истапи со свој став. Без разлика ако тој оди на работа а ти си по дома, нема да се фати во рацете ако крене алишта или сам си зеде вода за пиење на пр. дефинитивно треба да му створиш нова навика во животот Не дека не те сака или почитува ама на секоја ,,ситна,, караница му правиш одбивност и затоа се спрема и излегува надвор. По машка демагогија - го гушиш и пумпаш нервоза. Ако куќата оди, ако бе нека оди кога стигнам ќе средам, раскренам, ама откако малото ќе заспие сакам квалитетно време со тебе и крај на приказната.
Ете заради ова треба да се живее година дена најмалку со дечко пред да се стапи во брак и пред да се планираат деца, зошто не е исто да се гледаш со дечко година, две, три по кафиња, со друштва, на искачање, и после кога ке треба да се споделуваат домашните обврски настануваат проблеми. Ама веќе кога маж ти е таков, и ако не се разбира со смирен нормален муабет, пробај остави неизмиени садови еден куп, за да нема чаша да пие вода, остави му нездиплени, неиспеглани негови алишта кои ке мора сам да ги среди кога ке му дојде зор, колку и да те нервира неуредноста стрпи се недела дена да видиш како он ке реагира, а кога он ке ти пререкне нешто тогаш кажи му дека немаш време, се грижиш за малата, се е на тебе и ако му смета сам да среди.
Ја еднас имав вака направено.....и нисто...не помогна! абе лудје теле се учи , не вол! кој како е скроен така и ке си остане, па ние ако сакаме и да умираме сеедно ке е! а и во случај да се поправи, тоа ке биде на почеток после кавга, потоа пак се се врака по старо!!! него не ни останува нисто освен да бидеме вредни, да се гризиме и да го негуваме и она сто го имаме! соврсенство не постои колку и да го бараме! мојот брак е супер, фала богу, ама маз ми освен сто оди на работа дома нисто не ми помага! но добро е сто барем е педантен! на почетокот не ми бесе се едно, но сега кренав раце! колку мозам средувам и без негова помос!Сакам да ви препорачам на сите да бидеме срекни ако не пијат, ако не се дрогираат, ако не не тепаат,ако не доадјаат да ни легнат во кревет пијани, или да излегуваат, да се зенскари,... и тоа е срека сто ние некогас не ја гледаме, туку бараме ех да е оваков, ех да е онаков,ова не ми се допадја, она не треба вака,... абе соврсенство нема , и самите ние не сме соврсени! за мене лично, после нелку години брак, сватив дека, за да бидам срекна во бракот некако медју првите работи би ги ставила почитта од мазот, мирна дуса пред спиење, а сето тоа ги донесува останатите задоволства и убави работи во бракот! Така да не мислиме секогас на оние малку работи сто не ни се дôпадјаат кај насите мази, туку да се обидеме да ги согледаме убавите страни кај нив и се ке биде полесно! знаете, од секое лосо постои полосо, и од секое добро постои подобро, така да за утеха нека ни е сто ниедна од нас немозе да се пронајде ни во едното, ни во друготомозеби не се слозувате, но ако размислите со ладни глави, секако ке се согласиме со ова! НЕ МОРА да давате коментари на постов, подобро времето да го тросиме на совети за оние кои бараат помос!поздрав
Немаме криза,баш напротив,ама не најдов каде да си пишам Имено маж ми е раководител во една поголема фирма,инаку е многу добар,срце и сите го знаат тоа ,неодамна сестра ми ми пренесе гласини дека на работа бил вистински шеф,многу го мразеле,бил многу строг и озбилен,не попуштал за ништо,и јас баш се изненадив.Онака си мислам да му речам или некој ден да му отидам на кафе на работа,едноставно не ми се верува дека он би можел да биде таков.Сестра ми го зафркаваше и он и рече -Не може да сум добар некој мене на глава да ми се качува. И баш се замислив не ми се верува дека он би можел да биде таков како што слушнав .Дома си е истиот тој од кога се запознавме исто и за сите блиски се нема сменето Да сака да изиграва некој големец на работа исто не ми е верно пошто не е таков........
Зависи какви му се работниците. Со некои ако се поставиш ептен блиско и пријателски, ќе ти се разлигават и на глава ќе ти се качат (а сум видела влечкање и лигавење такво и знам што зборам). Работа си е работа, дружење си е дружење. Не е ништо страшно.
Мима мислам дека и ова не е твој проблем. Па подбро да биде лош шеф, отколку лош сопруг, нели? Сепак тој си има свои одговорности и е претпоставен таму за да не му се качуваат на глава мора да биде малку и лош
Да,да милички не напишав дека е проблем,ама многу ми е чудно навистина ,не знаете колку е добар дури многупати го искористувале сите од таа негова добрина си пати,и сега кога разбрав вака многу ми е чудно,си велам да не се смени и спрема мене
Ич да не се секираш што е таков таму. Јас сум маж во женска кожа на работа, од причина што тоа се бара од мене, и сум ненормално строга, затоа што ако попуштам не само што работата ќе биде зезната, туку и сите се доведени во опасност. А нашата природа човечка е забушантска, така да мора малку со собрани веѓи, инаку боли глава искрено. Имав случај на повреден работник чија повреда на душа ќе ја носам заради тоа што попуштив. Ако те почитува и имате убав брак, не се секирај. Мене Наци ме викаат, ама заради Наци нема никој повреден, и имаме 5-ка производ. А и на маж ми бога ми влакно од главата не му фали, врската и бракот ни се цврсти. Сакај си го и почитувај си го, ако истото ти го враќа назад, немаш гајле!
Веќе 4 месец како му најавувам кога ми се плодните денови, дека треба поинтензивно да работиме на случајот. Го разбирам дека е уморен, напнат поради стрес на работа, обврски...воркохолик е! се чувствувам во криза бидејќи нема заинтересираност кај него...има, кога ќе види комшиско дете, после тоа пак по старо...дали мора секогаш иницијативата да е од моја страна?колку е тоа нормално?
Мила може не се чувствува доволно спремен за тоа.И еве велиш изморен,напнат па не мисли на тоа.Ако сака и тој бебе зошто да му кажуваш кога ти се плодните денови,ти си ги знаеш водете љубов и готово