Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Криза во бракот

Дискусија во 'Брак' започната од sweeteva, 21 октомври 2010.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.654
    Допаѓања:
    22.360
    Пол:
    Женски
    Можеби намерно така прават, го провоцираат, му завидуваат на успешноста ... кај нас такви работи ехее
    на кило! Искрено чисто се сомневам дека од таков фин човек се преобразил во она за кое коментираат.
     
  2. marlonbrando69

    marlonbrando69 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    474
    Допаѓања:
    5.519
    Пол:
    Машки
    Во потрага сум по ваква личност како што си ти, додека не сум женет :)
     
  3. Erika1203

    Erika1203 Активен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    5
    здраво,јас сум нова на форумов,цело време ги следев вашите дискусии во сенка и решив да се приклучам,да го напишам својот проблем без разлика дали некој ќе ми одговори ќе ме посоветува или слично, да се испразнам бидејќи и ѕидовите веќе не ме слушаат...Вака пред 5 год. мојот татко почна да пие премногу и настанаа големи проблеми во семејството јас бидејќи и предходно не му бев драга на својот татко (тоа е широко) мене ми кажа "Заминуваj одовде не можам да те ранам и тебе" а бев на пола студии.Заминав во градот каде што студирав во станот од мајка ми (која што не можеше да ми помогни ) ,за среќа најдов работа.Таму запознав момче,работите тргнаа на подобро имав работа,цимерки,другарки,дечко единствено што немав средства да го завршам факсот.Ми беше убаво ,но кратко...Цимерките набрзо завршија со факсот и си заминаа,а јас почнав да живеам со дечкото кај мене,на почеток се беше ок се веривме ,меѓутоа тој почна да ме убедува дека работата не ми одговара дека ќе ми најде подобра и јас напуштив ,станав финансиски зависна од него,потоа почнаа и проблемите со другарките поради него бидејќи едната имала врска порано со него а јас тоа не го знаев се скаравме со нив и останав без ниту една пријателка до ден денес.Останав сама со него.Знам дека ме сака и јас го сакам премногу ама работите не се како што беа на почетокот кога почнавме да живееме заедно.Значи верени сме но не можеме да се земеме поради мали финансии.Тоа во ред,она што најмногу ми пречи е што тој веќе не е заинтересиран за мене како порано не одиме никаде освен кај неговите родители,не сака да излегува по кафина и слично,не сака јас да најдам работа каде и да покушам да пробам за работа секогаш им најдува мани на газдите биле манијаци де не плаќале и такви работи,постојано сум затворена дома и каде би скитала сама без пријателки немам со кој кафе да се напијам,киснам по цел ден на компјутер, готвам и мијам садови ,а тој кога ќе си дојди од работа е ладнокрвен ги нема оние слатки прегратки бакнежи и немаме секс ,а знам дека нема друга 100% Едноставно се чувствувам ОЧАЈНО сама најтешко било кога човек нема пријатели кога ни најблиските не можат да му се најдат кога саканиот губи интерес за вас ..Незнам како да го решам овој проблем собирам се во себе еден ден ке пукнам а не сакам да се разделиме..Можеби ја згрешив темава но простете ми сакав само некаде да се испразнам.се надевам ќе се најди некој што ќе ми даде совет и ќе си најдам пријателки овдека
     
  4. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Си му кажала ли како се чуствуваш?
    Си го прашала ли како тој се чуствува ?Мислам дека се чуствува исто како и ти, депресивно и осамено.
    Седни го на еден мирен разговор и кажи му го истото што ни кажа и нас.
     
    На Erika1203 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.563
    Пол:
    Женски
    ^ Ерика тоа што нигде не излегувате најверојатно се должи на тоа што ви се мали финансиите ,освен ако дечко ти не зима некоја голема плата па да можете да се издржувате и двајцата со нејзе па да има и за живот и за шетање. Во тој поглед треба да имаш разбирање према него бидејки денес како што се е скапо излегувањето и шетанките се луксуз поготово во твојата ситуација.

    Во поглед на тоа дека не ти дава да работиш било што и во право е и не е. Сепак на ниту еден маж нема да му е сеедно девојката да му работи било каде по кафани и кафичи каде што иде секаков народ. Тргам по тоа дека татко ми никогаш не би ми дозволил да работам на такво работно место каде што не се знае кој јаде кој пие. Но како продавачка во некој бутик не знам зошто не би ти дозволил.Газдите сегде се к'не сегде гледаат да искористат ама тоа е и без работа не се седи.Колку и да е мала платата пак е некаква плата отколку ич да се нема.

    Неговата ладокрвност можеби е резултат на тоа што е ете и нему му смета што сте во таква ситуација,што мора да се стегате не можете ко сите нормални млади луге да се опуштите да штетате и да уживате во животот.

    Разговарај со него за проблемите,прашај го зошто е таков према тебе,објасни му дека ти треба работа да потпомогнеш и ти финансиски во домакинството а и да се тргнеш од дома малце,дека неможеш да изджиш по цели денови дома да седиш и да готвиш переш и пеглаш.
     
    На Erika1203 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Erika1203

    Erika1203 Активен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    5
    да да во право сте финансиите ни се мали зато и сакам да работам нормално пред се за пари и не на секакво место туку на соодветно се разбира за да подизлегувам од дома и да не се чувствувам неспособна буквално ми е паднат карактерот.но јас не барам луксузни шетања но тој не сака ни во парк да одиме единствено кај неговите мајка и татко епа смачено ми е од нив ми требаат млади луѓе пријателки речиси на моја возраст (25) а не само свекор и свекрва. Тешко ми е сама сум постојано не можам да рачунам ниту на мајками ни на сестрами бидејќи таа е многу малечка..и му имам кажано како се чувствувам и се останува само на тој разговор и последно што се случува е дека неколку пати уназад го фаќам како гледа ноќе порно (со едно програмче) јас си легнувам чекајќи го да си легне и тој знаејќи дека е уморен од работа а види тој што прави а ја бриши историјата од ком. за да не го видам а јас се знам...мене не ми смета што ќе гледа порно сите мажи се такви мислам ама нека си ги извршува брачните обврски а не година и пол уназад дали десет пати сме имале секс и тоа по моја иницијатива иначе се тој е изморен и слично,па не сме верени за да бидам калуѓерка.или како да кажам .. ако не му се допаѓам нека кажи и готово ама секогаш на тоа прашање како што кажав и горе има совршен одговор дека ме сака изморен е од работа а за порно не е изморен.и тешко ми е што останав и без другарки барем кога е на работа да има со кој кафе да се напијам да сменам мисли ...верувате или не заборавив со луѓе да правам муабет
     
  7. Erika1203

    Erika1203 Активен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    5
    не можам секогаш јас прва да пристапувам како и секоја жена и јас сакам да се почувствувам посакувана од својот маж...јас не го игнорирам воопшто но секогаш кога и да почнам нешто тој на културен на чин одбива ќе се бакнуваме пример и по 1 мин него му текнува дека треба да се јави негде или му се јади и слично кога му кажувам нешто општо знае да се запули во телевизор и да ми обрни внимани по еден саат да праша што рече? јас мислам дека најмалку е во мене проблемот
     
  8. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Прочитав што си напишала и е ти дадам совет што незнам дали ке ти се допадне.....
    Ерика тебе ништо не те врзува со човеков.

    Тоа е негово мислење не дозволувај тој да одлучува затебе.

    треба да го прашаш зошто се однесува овака нели?

    Себе си кажуваш дека тој никогаш не би направил такво нешто нели?

    Кој убедува? ти себе.. или тој тебе ...и си велиш па да така е,прости ми што овака директно ти пишувам но тоа може да се заврши само со двајца сведоци,ако нема кој друг да ви помогне.



    Знаеш многу добро знаеш но премногу си исплашена.

    Мој совет ти е воопшто да не се плашиш како прво и основно мораш да најдеш работа,она што веке не сте испаѓале по кафулиња демек нема пари ОК,но еднаш во месецот може нели?!200 денари за по едно сокче од плата може да си дозволи....
    Немој да дозволиш да се затупиш што ке добиеш од тоа што го переш пеглаш ручек немој да му дозволуваш да си игра со твојата младост...Имаш 25 години бар така прочитав и не изигрувај домакинка
    кога тој ништо не ти приуштува љубовта ви е???
    не сте земени,не работиш, за влошки ке бараш од него?Ама ајде ти се молам....
    Почни да се бориш за себе убаво размисли и ти посакувам многу срека :*
     
    На WORRIED.BT му/ѝ се допаѓа ова.
  9. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.340
    Допаѓања:
    148.206
    Пол:
    Женски
    100% се сложувам со тоа што погоре ти го напишаа.и само сакам да ти кажам да си ги отвориш очите се додека не му си жена оти штом си дозволил а и ти да ти се меша во другарки и се што ти треба да го имаш како твој личен живот со стапуванјето во брак ке биде 100 пати полошо,верувај ми.јас би се замислила дали сакам да живеам со човек кој ми брани да живеам во согласност со годините и кој не сака да ме прошета во јавност оти мене ова така ми личи.за чистенје ,перенје и готвенје има жени што го прават тоа за пари.мене ми изгледа како тој да е сигурен дека ти нема кај да одиш и дека по секоја цена ке останеш со него па затоа си дозволува вакво однесуванје.ако не си сигурна собери храброст подобро сега отколку по некоја година кога нема да бидете само вие двајца во прашанје.можеби ке те навреди ова мое размислуванје и ти се извинувам ама верувај знам што зборувам 9 години сум во брак ,допрва ви почнуваат вистинските проблеми,а сега треба да живееш.
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Убаво и јасно кажано само треба да собере храброст и немој да се плашиш дека нема каде да одиш или да работиш за се има лек немој младоста да си ја уништиш немој
     
  11. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Eрика си е дома.Tој треба да собере храброст.
     
  12. Erika1203

    Erika1203 Активен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    5
    Знам девојки и навистина фала,ми требаше подршка навистина...сите сте потполно во право..Понекогаш си велам како ќе излезе сето ова како ќе се снајдам повторно сама бидејќи еднаш го доживував истово,што ќе биде кога луѓето ќе ме прашуваат зошто ,како (бидејќи сите знаат дека сме верени и дека треба да се земеме) Ама не ,не вредело да се нервирам и олку време да чекам,после тоа од сношти (избегнување и разговор и дека треба пак да стани рано за на работа и плус на сето тоа саркастични шеги: правевме општо муабет за убави глумици и тој од нигде никаде ми лупнува в лице па и надвор на улица има многу убави девојки ) епа браво си реков на себеси и што сакам јас уште.џабе не рекле читај меѓу редови така ?..доволно сум и убава и згодна и паметна за да најдам маж што ќе ме цени и да успеам во животот! Прво нешто што направив утрово ГО ИЗВАДОВ ВЕРЕНИЧКИОТ ПРСТЕН и го вратив во кутиче .не дека значи тоа нешто ама јас се чувствувам слободна и по храбра,а кога ќе се врати од работа отворено ќе му кажам дека ова нашево вака значи навистина не го бидува...оти не што затупив јас туку како во затвор да се наоѓам.Сакам нов живот не можам да се мачам повеќе па колку и да го сакам.Мислам во право сум и имам право да бидам среќна.И уште еднаш ФАЛА ви девојки ,се надевам ќе продолжиме да се дружиме.
     
    На makedonkamak, sabatini, WORRIED.BT и 2 други им се допаѓа ова.
  13. eme.sk

    eme.sk Активен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Вака девојки. Не се работи конкретно за мене, туку за мајка ми и татко ми кои имаат голема криза во бракот, а тоа воедно влијае и на целото семејство. Пред неколку месеци ( додека јас не бев дома тогаш пошо студирам во друг град) тие се спречкале околу финансиите(поконкретно татко ми се сомнева нешто во мајка ми ) и до ден денес нонстоп се расправаат за тоа. Јас бидејки не бев пристуна тој период не знам ни што ни како било. Кога си дојдов дома само ги затекнав како се расправаат. Тој ми кажува едно, таа друго и на кого да верувам не знам.Се расправаат секој ден и искрено јас ако не сум дома во некои моменти да ги смирам не знам што би можело да се случи , ке се испоколат. :x Работата значи е дојдена до тој степен што татко ми е решен да се разведе од мајка ми и да поднесе кривична пријава против неа. .Јас колку што можев се трудев да ги одвратам од тој потег, да ги смирам, да размислат , да разговараат и сл. но ова повеке не се издржува. Имам и помал брат , не е мал ама па тој не се ни замара со нив, јас сум таа која што мисли на цела ситуација но повеке не можам , си имам јас и други проблеми, испити ме чекаат за учење па не можам да се малтретирам повеке и да ги слушам нив.Мене лично никој од нив двајцата не ме малтретира со ништо, ама мене самото нивно карање ми претставува психичко малтретирање . Тешко ми е кога ги гледам. Ваш совет за излез од состојбава, како да продолжам понатаму?? Што да направам?Само не ме советувајте од некој да брам помош, не сакам сите да не разберат што се случува. Однапред ви благодарам.
     
  14. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Седни ги на маса,еден спроти друг,ти во средина.
    Секој нека ја раскаже приказната од свој аспект.
    Кажи дека ова неможе до бескрај и дека нивното карање мора да заврши,а како ќе заврши зависи само од нив.Нека мислат и на тебе и брат ти,како разводот(доколку биде единствено решение)би влијаел врз вас.Кажи дека повеќе тоа што они го прават не се трпи,дека ве занемаруваат вас,и вршат негативен притисок.Допринесуваат неуспех за нивните деца.
    После тоа можеш да им одржиш убав говор,или лекција,за тоа дали навистина вреди да се разделат.Потсети ги на убавите моменти кои ги имале,на тоа како ти и брат ти сте плодови на нивната љубов.Претскажи им ја убавата страна на бракот.
    Ако со тоа не успееш,нека се договорат човечки,а не како најголеми непријатели.И разводот е дел од животот,јеби га,ако не иде-не иде.Со сила убавина не бива.
    Само,мој совет :!:
    Нека има добра и поткрепена причина за тоа,ете ти можеш да им пресудиш одкако ќе ги ислушаш нивните приказни.Не дозволувај да биде некоја банална причина,за која може да се најде компромис.
    Да нема каење после,зошто сепак и возрасните знаат да донесат погрешни одлуки.
     
  15. eme.sk

    eme.sk Активен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Ги седнав незнам колку пати, се наогаше решение на некое време и се смируваа малку работите но после тоа пак старата приказна. И што сеа, еднаш ке се смири , па после ке се најде друга пречка и пак ке избие кавга. Тоа веке нивното е почнато одамна, и постојано излегува нешто ново, причина за кавга. Значи татко ми упорно се сомнева во мајка ми дека работи нешто зад наш грб( троши некаде пари кои ги вадела во големи суми од нивните заеднички сметки ) , а мајка ми се брани дека ги трошела за дома тие пари што на татко ми му се гледа нелогично толкава сума на пари да се користи само за дома. Ете тоа е целиот проблем за кој не знам каде веке да го барам решението. Фала ти многу за советот. Чекам и други мислења , по можност и од некој постар ако има на форумов.
     
  16. merida

    merida Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    267
    Ние само по 2 месеци од веридбата страшно почнавме да се караме, уште малку и ќе се испотепаме. Причина: родителите - од двете страни. Неговите за ништо не се заинтересирани, моите се премногу заинтересирани и замислете што настанува. :@ Неговите не се ни дојдени од ко се преселивме а моите нон стоп се тука, се што беше за работа во станот работеше татко ми, мајка ми ми помогна за чистење а и секој пазар доаѓаат со торбите и ред други работи. А тоа му пречи на господинот. Да... и мене ми пречи понекогаш зошто не ме ни прашуваат дали имаме други обврски туку доаѓаат за да сработат нешто ама нели е крајно неблагодарно од наша страна да се жалиме?! Моите си ја оставаат нивната работа и доаѓаат да ни помогнат и на крај пак неговите се поарни од моите. И вечерва кога ќе си дојди мм дома ќе има војна. Ќе се регистрираме а неговите не сакаат да идат - стандард - трошок му е :!: а моите сакаат и сега што да правам јас? Да се карам со моите или со мм? А и јас сакам да идат моите на регистрација - па не сум сираче да одам така сама ;( Свадба не сакаа сватовите и не напраевме наводно заедно со крштевка требаше ама тие насекаде раскажале дека нема да правиме свадба ;( Ве молам кажете што да правам.... не знам ;(
     
  17. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.215
    Допаѓања:
    139.873
    ^ Секој почеток е тежок, треба време да си легнат работите.

    Мислам дека треба да разговараш со твоите, да не доаѓаат толку често. Кажи им отворено дека многу ја цените нивната помош, но како тазе верени имате потреба да поминувате повеќе време заедно САМИ со вереникот. Ако треба да ви помогнат нешто, гледај или да го направат тоа кога не е вереникот дома или остави им клуч да завршат работа додека вие сте на работа. Или нека дојдат кога ќе има повеќе работи за правење, па нека дојдат да речеме еднаш неделно и нека завршат повеќе работи, наместо да дојдат за едно, па за друго, па за трето...

    А за неговите, биди благодарна што не доаѓаат и што не се заинтересирани :D

    И на регистрација нема што да правиш паралели, ако сакаат да дојдат твоите, нека дојдат. Не значи ако неговите решиле да не доаѓаат, не треба ни твоите. За ова барем би требало вереникот да те сфати, особено ако ја средиш работата со доаѓањето на твоите.

    Мој совет е да уживате сами колку ѓто можете повеќе, макар и да не е се совршено средено во куќата. После доаѓаат други обврски, деца, ќе има периоди кога ќе се гледате само пред спиење. А страста што ја имаш на почеток со тек на време избледува и не се враќа назад.
     
    На Annath, slavica999 и stetoskop им се допаѓа ова.
  18. pink1991

    pink1991 Активен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2013
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    5
    Zdravo feminki jas ne pisuvam tuka cesto no redovno ve sledam.na nekoj moze ke sum poznata za probemot so svekrvata no kako sto pominuva vremeto toa ne e problem samo so nea tuku so mm sto e najtragicno.so vremeto taka i toj se pomalku mi obrnuva vnimanie se pomalku misli na mene ne znam sto e problemot jas ili toj.bidejki ziveeme vo stranstvo nemam nikoij blizok n i :devil: kogo da se otvoram za sovet.mnogu cesto se karame za sitnici i jas go izvlekuvam podebeliot kraj kako sum bila ne sega i bezobraza i sum mislela samo za sebe.porano pokazuvase otpor prema niv a sega e laden so mene ne pocituva nisto moe i veli deka sum sama vinovna sto se nerviram i cesto placam.ve molam nekoj sovet od vas. Vi blagodaram odnapred.
     
  19. pink1991

    pink1991 Активен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2013
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    5
    Zarem nikoj nema komentar za mojava situacija ;(
     
  20. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    10.908
    ^ Probaj da razgovaras so mt na smiren nacin,kazi mu koi raboti ti smetaat od negova strana,kako I negovoto odnesuvanje koe te povreduva.