Тој не смее да ти вели ОДИ СИ ДОМА (дома е домот кој го делиш со маж ти, а не куќата на родителите), а ти уште помалку и тоа да го направиш A што да правам кога тој вели ако се жалиш на мене т.е.ако не ти одговарам оди си од мене,ова е мој стан оди си кај твоите???знаете ли кое понижување е тоа???посакувам никоја од вас да не го осети тоа,добро е што имам родители кај да одам,инаку во хотел би требала да преспијам. Eдноставно тој е таков каков што е,не се менува дури ме боли што викендов неговите ке дојдат кај нас на гости со престој и ми вика ако сакаш оди си ти кај твоите да преспиеш за да не ги гнјавиш моите со твоите муабети или остани тука и молчи(а луѓето претпоставувам доаѓаат во улога на олеснувачи на недоразбирањата меѓу нас),јас ова го доживавам како бесчувствително себично од негова страна ко демек ти пати си во себе твој проблем,само моите да се среќни со мене и тебе доколку глумиш среќна жена.
Vichy, знаеш како ќе му ја затнеш муцката?! Обиди се тој викенд кога ќе дојдат неговите збор да не изузстиш, мислам не да не разговараш воопшто , туку само службено..од типот, добар ден, повелете, ручајте, вечерајте, а ти ни една друга тема да не отвораш, а сигурно ќе те провоцираат. Пробај, ништо не губиш, па ќе видиш. И не ви требаат олеснувачи, проблемите сами треба да ги решавате и тоа треба ним да им го кажеш без многу галама, еднаш и смирено.И стави точка на тие муабети со нив. Ќе видиш ќе останат сите без зборови.
Vichy читајќи за твојов проблем можам да речам дека во вашиот брак има недостаток на квалитетна и искрена комуникација.Проблемите нема да се решат со заташкување и криење под тепих...имам чувство дека многу работи останале премолчени и недоискажани..тоа е она што ве кочи работите да се придвижат по нагорна линија.Претпоставувам дека си мирна личност и разумна личност која избегнува конфликти...додека сопругот е оној кој што сака да доминира и не прифаќа компромис. Мислам дека е редно време да излезеш од тој маѓепсан круг и да ја земеш работата во свои раце...твое е да одлучиш дали вреди да останеш и да се бориш за тој брак да опстане.Решението е да покажеш цврстина во карактерот.Со тоа одење кај твоите и враќање нема да постигнеш ништо..ете гледаш дека воопшто нема ефект..господинот воопшто не се секира,зошто знае дека на крај пак ќе си дојдеш дома. Прво пробај со убаво да разговараш со него..кажи му што ти пречи...дека ти е потребно неговото разбирање и подршка при донесувањето на важни одлуки.Трпение спасение што би рекле стари. Второ доколку пак дојде ситуација да ти рече да си одиш од неговиот дом(се надевам нема)тогаш не подлегнувај на ничиј притисок и терај ја работата до крај,па можеби тогаш ќе му светне сијаличката . Трето во никој случај не ги мешај твоите и неговите...не додавај масло на огнот ,уште тоа ви фали да се расправате твоите тоа рекоа..моите ова рекоа...значи во никој случај.Во брак сте само вие двајца и никој друг сами треба да си ги решавате проблемите.
Vichy читајќи за твојов проблем можам да речам дека во вашиот брак има недостаток на квалитетна и искрена комуникација.Проблемите нема да се решат со заташкување и криење под тепих...имам чувство дека многу работи останале премолчени и недоискажани..тоа е она што ве кочи работите да се придвижат по нагорна линија.Претпоставувам дека си мирна личност и разумна личност која избегнува конфликти...додека сопругот е оној кој што сака да доминира и не прифаќа компромис. Мислам дека е редно време да излезеш од тој маѓепсан круг и да ја земеш работата во свои раце...твое е да одлучиш дали вреди да останеш и да се бориш за тој брак да опстане.Решението е да покажеш цврстина во карактерот.Со тоа одење кај твоите и враќање нема да постигнеш ништо..ете гледаш дека воопшто нема ефект..господинот воопшто не се секира,зошто знае дека на крај пак ќе си дојдеш дома. Прво пробај со убаво да разговараш со него..кажи му што ти пречи...дека ти е потребно неговото разбирање и подршка при донесувањето на важни одлуки.Трпение спасение што би рекле стари. Второ доколку пак дојде ситуација да ти рече да си одиш од неговиот дом(се надевам нема)тогаш не подлегнувај на ничиј притисок и терај ја работата до крај,па можеби тогаш ќе му светне сијаличката . Трето во никој случај не ги мешај твоите и неговите...не додавај масло на огнот ,уште тоа ви фали да се расправате твоите тоа рекоа..моите ова рекоа...значи во никој случај.Во брак сте само вие двајца и никој друг сами треба да си ги решавате проблемите.
Имам увидено дека за да се реши и надмини кризата потребно е признавање од двете страни дека нешто не е во ред и дека не оди како треба. И двајцата да си направат искрен муабет, кој што сака, што го мачи, да си ги отворат душите. Разговор како со најдобар пријател, со искрени зборови, без дерење, со убаво, со гушкање со држење за рака. Се додека само едниот се труди, а другиот мува не го лази, нема решение. И се додека двајцата си тераат по нивното. Не е решение да тресниш врата и да заминиш. Зошто кога пак ќе поминиш низ таа врата се ќе е по старо. Во повеќето случаи луѓето трпат, мора да го допрат дното за да се свестат. Иначе не се свестуваат. Мора најниското дно да го допрат, да ја осетат најголемата празнина во себе, па да побараат промени и решение. И потоа прават нагли промени, донесуваат радикални, нерационални решенија. Се прават акции насобрани од сета лутина, бес, тага. Значи потребно е обајцата да разговараат, да се трудат. И многу, многу секс. Важно е сета вишок енергија да се потроши во сексот. Сексот зближува, омекнува, ве исполнува, пак се поврзувате...
Не дека се однесува на Виши ова конкретно , ама еве во мојата блиска околина се почесто , мажени жени применуваат тактика на одење дома при секоја караница И после очекувате некој да не ви се меша ? Па за родителите тоа е стрес си го доживуваат како мини развод . Ако не сте сериозни во намерата дека сакате да се разделите , зошто ги искористувате родителите во вашата војна со сопругот со иди ми дојди ми тактиките . Па вие сами ги вмешувате во вашиот брак . Кога за обични караници се враќате демонстративно дома , сите ќе се обидат да ви објаснат дека бракот вреди да се спаси . Тетка ми е болна , а братучетка ми скоро секои два месеца се враќа дома со куферите за да по неколку дена е среќно заљубена со сопругот , а мајка и крева притисок Стари луѓе, за нив ова одење дома е стресна и сериозна ситуација а не обична караница . Непотребно ги вмешува во нивните караници и се однесува како дете кога нешто не и одговара не се обидува да го реши ами собира куферите без да мисли дека ги инволвира сите во бракот со нејзините каприци . Што вели мајка ми , што ќе беше ако на секоја караница и криза си ги собирав куферите Ако бракот вреди тогаш решавајте ги проблемите во домот и не се однесувајте како деца . Ако навистина не иде тогаш се знае и сигурна сум дека најблиските ќе ве подржат .
Кога идаше тетка ми дома (демек на спиење ќе ви останам) одма знаевме дека се скарала со маж и. Дедо ми секогаш ја советуваше да си разговара со маж и, да не бега од домот, но секогаш и вратата дома и беше отворена, никогаш никој не ја вратил назад. Но, по мое мислење, виновни се и мажите. Биди маж и застани на врата, прашај ја жената: Каде одишбе жено? Кај е твојот дом, кај ти е креветот ? А, не мажот се оптегнал со папучите на кауч, врти на дајлинското, голта гордост и си молчи. Ако е маж, нема да те пушти да го поминиш прагот. Зошто тоа и негов срам е. Ќе те врати назад, ќе седни и ќе разговара за што и да е. Бегањето е најлесно, ама и најкукавички.
што да пишам....по се сите обиди за оправување на бракот...по сите обиди за зачнување...по сите глупости и испитувања во болница...утре требаше да се направи инсеминација...господинот се премисли по наговор на мама-тато некој си умислени професорски господа демек спермата негова за мое оплодување ќе ја искористеле за да ја пуштат во банка за сперма,остатокот де смачено ми е од се,а капаче на нештата ја изгубив и новата работа бидејќи не се развивал бизнисот како замислувале и не можеле и понатаму да ме држат во превод ми заврши пробниот период...навистина не знам што да правам освен да заминам кај моите и да продолжам понатаму... како вие би постапиле???
Девојче, чим ти веќе си помислила на развод, чим сеуште на неговите одлуки влијаат неговите, наместо ти, како заедница ВИЕ да одлучите...и подобро што нема да има инсеминација. Сакаш дете и да се разведеш ли?? Вашиот брак оди кон крај, прашање на време е кога ке се разведете. Што поскоро го прифатиш тоа, толку подобро за тебе. И не тажи. Денес секој втор брак се распаѓа баш поради вакви глупости од буцкања од страна. Среќно.
знам,благодарам за мислењето некогаш ништо веќе невреди...можеби очекувам да ме премислувате...не знам,само разочарувачки е и страшно понижувачки мама-тато да одлучуваат кога и како,ама ете има и такви мажи
многу познато ми е ова. посебно ме иритира фактот-жена му си отишла тоj д*ка на порничи. у превод-уопште не е допрен од ситуацијата дома. не, јас нема да го правам тоа твоите што го прават-да ти давам лажна надеж дека некад ке му е стало за тебе. тој очигледно сака дете едно за пред фамилија да рече има деца а друго за ти да си имаш занимација и да му се скинеш од врат. ако сакаш утеха за да останеш со него-од мене не ја добиваш. јас би ти дала совет дур си со него да гледаш колку не е за тебе за после тоа кога ке си отидеш да ти е последно. и остај тоа -што ке речат роднините, и јас сум разведена па никој не ме гледа ни ко криминалец ни ко убиец.
...посебно ме иритира фактот-жена му си отишла тоj д*ка на порничи. у превод-уопште не е допрен од ситуацијата дома... знаеш мене како ми беше??? сакав да ме премисувате,зошто веќе не можам самата да се премислувам и залажувам...уште тоа мајка му кога ќе ми каже абе кој имаше најубава свадба???ко демек свадбата го прави бракот...само не губам надеж бракот е најубавото нешто кога е склопен помеѓу две психички и емоционално зрели особи спремни да се носат со предизвикот наречен брак...
Леле не сакав да се умешам ама морам. Зашто бе да дозволуваш заради мешкањето на старите да си расипуваш брак. Мислам дека прочитав негде дека сте тазе влезени у брачни води..( ако грешам се извинувам ). А ако сте тазе мислам дека ви е потребно време да се прилагодите еден на друг и на сите убавини кои ги носи бракот. Не се избрзувај со разводи и враќање кај твоите. Ако ти се осеќаш дека си по зрела и спремна за брак, не се однесувај незрело со бегање. И те молам....немој да бараш совети по форуми за толку важни одлуки како што е развод, зашто овде сите го читаме само твоето гледиште на проблемите. Не барај некој анонимен да те премислува и убедува. За овие работи постојат брачни советувалишта, психолози.... Значи пак ти се извинувам...стварно не сакам да те навредам, ама мислам дека малку ситничариш.... ако мајка му ти рекла ...абе кој имаше најубава свадба...не го сваќај толку трагично..па со тоа треба да се гордееш. А тоа со порничите...можеби од инат гледа зашто знае дека те нервира, или така ја смирува нервозата (боље така, него да те изневери со некои курвештии)...иначе и мојот гледа порничи...а и не само мојот туку сите мажи, само некој добро се кријат Се додека ги бараме грешките кај другите луѓе а не се погледнеме себеси каде грешиме, се до тогаш животите ќе ни бидат преполни со тага и омраза. Зашто ти да се откажуваш....па зарем не си жена. Нели ние жените сме попаметни и по лукави од мажите. Биди насмеана, весела, полна со живот ....за инат на цел свет и да видиш како се ќе се смени околу тебе. Верувај ми, од искуство ти кажувам. Те молам не ме сваќај погрешно ... сакам да сум во право зашто од се срце ти посакувам да ти успее бракот и да ги искусиш сите убавини од него. пс. незнам што изнапишав, се ипревртев. многу мисли ми се извртеа во глава. сепак јас сум да се потрудите да си ја вратите љубовта и да уживате повторно во неа
Vichy сега ти ги прочитав сите постови, зал ми е сто трпис тоа сто трпис, но си се фатила во оро со погресни лудје и морас да продолзис!!! од постовите, заклучок паметна и разумна си, стабилна, но несигурна, ти како да не верувас сама во себе, не смеес така! биди брод кој ке плови каде сто сака, а не каде сто водата (тие лудје) ќе те носат!!!! колку и да си слаба во тески моменти(сите сме слаби и изгубени тогас, нели)колу и да не знаес сто да правис, колку и да си немоќна -НЕ ГО показувај тоа! биди карактер и терај по свое, и да погресис терај по свое, со тоа ќе им показес на сите дека мозес, знаес, упорна си, не се отказувас и нема ниедно несто на светот сто ке те сопре до твојата замисла или цел! сето ова го мислам за работа, за одлуки и друго! само мислам дека не е добро сто си одис дома! и да ти казе оди си, и да се скарате, излези во друга соба ама не си оди и не му давај реплики на тоа! остави го да му помине и пак се поднесувај ко нисто да не било! потруди се да го згаснес тој муабет ОДЕње дома!!! и ако ти недостигаат пари, позајми се од твоите и он немора да знае, вазно докази му дека знаес и умеес да излегувас на крај и со малку, и да бидес горда на сама себе сто мозес се да постигнес сто сакас!верувај мазите сакаат зени сто се карактер сто мозат и знаат се! и едно запомни, не му показувај слабост! колку и да ти е теско не показувај, премолчи и излези во др соба! он во лутина мозе се да казе, ама паметниот молчи а он после сигѕрно се покајува! тоа е додека го придобиес, а после мозеби и ке издејствувас простор за разговор! и прасање е Дали навистина го сакас? Сите ние имаме некој вид проблеми во бракот, но не е ресение одма да трчаме кај мама и тато! лесно е тоа, но сто после! најдобро по,екај усте малку, засто од сето ова немозе да се казе дека ти е катастрофално, постои и многу полосо, не дај Бозе, мозеби ке се сменат работите, размисли не брзај! ти посакувам успех и да бидес сакана, чувана и почитувана зена во иднина и мама на дечиња! Само цврсто, не се давај, кази си на себе дека мозес и потруди се и без нивна помос да бидес успесна, тогас ке сватат дека згресиле и ке биде се во ред! само храбро и поздрав
Јас го имам пишано моето мислење за тоа идење дома во друга тема па да не се повторувам тука ама тие заканувања мора да престанат под итно! На што личи тоа? Секогаш кога нешто нема да му биде по кеифот, кога она нема да му иде по газот, он ќе ја праќа дома кај нејзините? На 40 и кусур години, со куферите и децата под мишка ќе иде кај родителите зошто на господинот нешто не му чини? Срамно однесување од возрасен човек. Исто така, убаво пиша mimiiiii, станува збор за постари луѓе, целата таа ситуација ги потресува, не знаеш што може да се им случи од сите тие стресови и нервози. vichy, особено ми падна во очи моментот кога не сакал да оди да се провери. Верувај, не е дека неговите се некој параноични лудаци, туку напротив, се многу итри балканци Што ако нивното синче е тој со проблемот? Што ќе каже светот? Па уште ако ти го оставиш, а тој не може да има деца, која друга ќе го сака таков? Извини што звучам вака сурово ама блиска особа е во слична ситуација и кога го прочитав твојот проблем зоврев Спојлер другарка ми и дечко и веќе 3 години се обидуваат да имаат дете, она ги направи сите можни испитувања, и болни, и понишувачки и секакви и она е здрава, супер и е репродуктивниот систем, хороните и се топ, и би требала да може во секој момент да остане бремена ама ете не останува, што значи дека не е до неа ама дечко и не сака да слушне да оди да ја провери спермата, едноставно не сака, одбива и еве како повеќе од година тапкаат во место Дали да останеш во брак или не е прашање на кое само ти можеш да дадеш одговор, ти знаеш најдобро дали вреди да се трудиш за тој човек. Со среќа, што и да решиш
статус:брак комплицирано е... во брак сум година и пол,пред тоа се забавуваме 5год,а пола година пред тоа бевме познајници,значи го знам 7години...по година и пол врска јас прв пат се вработив и на муабет му спомнав те сакам и сакам да си татко на моите деца,одби со изговор не е на вработен таму кадешто сака,ок прифатив некако...година дена пред бракот му реков ај да пробаме предбрачен живот,одби тоа било неморално...цело забавување он се пазеше од тоа да не ме затрудне срамно било,почнавме сериозно на тема деца и имање деца пола година пред брак и цел брак сериозно пробуваме се додека еден месец додека работев по препорака на неговите родители кај нивните "префини"познајници од сите психички тортури не ми задоцни премногу циклусот за што дополнително се извади муабет трудна е а повеќето знаете колку работодавците милуваат трудници на раб.па дополнително ме доистортурираа за да си заминам уттре да не испадне ние ја отпустивме и отогаш почнавме со анализи по болници...испадна кај мене од стрес не овулирам и дека се средува со терапија која ја земав ама докторката сметаше дека е поуспешен обидот и со дополнителна инсеминација која тој ја одби во 5мин до 12х со изговор природно да пробаме и под наговор на родителите негови... сакам дете,премногу сакам со години,тоа сега ми е најважно во животот...инаку не ми е толку лошо неиздржливо во бракот какошто заклучи некоја од вас,но не е ни сјајно...да не изгубев толку време со него и контакти со многу луѓе заради неговата посесивност и љубомора не би била во ваква за мене непријатна ситуација...дополнителен проблем се и неговите,но тоа е што е...во врска беше поинаку и очекував совршен брак но далеку е опд совршенство...понекогаш посакувам да ги затворам очите и кога ќе се разбудам да се вратам пред 7години да направам друг избор и сега кога би ги отворила да имам барем едно слатко детуленце во прегратка,ама се надевам ќе ми успее некако
зошто сметаш дека бебето би ја подобрило ситуацијата? мислиш ли дека би ти било поубаво? според мене уште повеќе проблеми би имала тогаш од страна на неговите, разговарај со маж ти да се оделите, гледај прво да го завртиш на твоја страна, бидејќи така ќе ти биде уште полошо, после би требала да почнеш да мислиш на бебче... размисли убаво што и како треба да направиш, да не ти биде после тоа уште потешко, да дојде до уште поголеми кавги
Чисто информативно.....Дали он има направено спермограм??? Спојлер да не е до него проблемот па сега некако сакаат сите да прикријат
Според мене типов е сосема ок и незнам каде му најде маана. Според мене ти си таа која што брза и сака одма и сега да се случат работите. Незнам на што му наогаш маана, на тоа што некел да те затрудни пред брак? На тоа што неќе да склепа деца без да може да им пружи убав живот? На тоа што некел да имате предбрачно задничко живеење во кое девојката е ни ваму ни таму? Според мене ти треба да се гордееш што имаш таков сопруг. Дајте си време да затрудниш по природен пат, оти не сте престарени за да го факате последниот воз. Доколку поминат одреден број години тогаш побарајте помош од медицината. Опуштете се и водете љубов а не да влегувате со мисла да правите дете. Мој личен впечаток, што немора да е точен ти незнаеш што сакаш, се нешто не ти чини па дури ниту неговите родители, барем така јас разбав. Да повторам децата доагаат како плод на љубов а не, ајде направи ми дете. водете љубов сакајте се и се ке биде ок.
Офтопик ама морам да искоментирам Никако не можам да се согласам со тебе! Ако после година активно обидување (па и тоа е многу) не се случи бебе, мора да се побара помош. Не сите проблеми се решаваат од прва и зошто да се губи драгоцено време?