Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Криза во бракот

Дискусија во 'Брак' започната од sweeteva, 21 октомври 2010.

  1. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    струмка ок си е он и си е се ок доколку е 13век,ама ете толерирам,брзам да зошто знам што сакам сигурно не сум влегла во брак да се држиме за рака водиме љубов и си раскажуваме приказни сакам бре потомство,дете од мерак и љубов правено а не он да ми се премислува сакам-не сакам,а неговите да се мешаат какво производство ќе им биде внучето спонтано(што ете не иде 2добри години обидување)или со помош на медицинава денешна...најди се во моја позиција некогаш во животот(а најдобронамерно баш не би ти посакала)па ќе ме сфатиш.
     
  2. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    според мене уште повеќе проблеми би имала тогаш од страна на неговите, разговарај со маж ти да се оделите,
    оделеност тема :^)
    за станбената ситуација пишував повеќе во тема снаи-свекрви проблем,ама на кратко еве неговите се пензионери кои неколку години живееле во странство кадешто е нивниот друг син со снаата,и пола година се кај едниот син во странство другата пола кај нас со маж ми иако од другиот син во скопје имаат стан и имаат фамилијарна куќа во градот од каде потекнуваат,но не они мора да се досинчето кое стресно ги доживува молбите на жена му да создаде нешто во животот наречено заедништво со сопругата само,заеднички дом и да создаде нешто од себе надвор од сенката и помошта на мама-тато...
    ...инаку овој дом на сите што е што да пишам,преубав е за него зошто му е близу работата,но е на бучно место +кафич има под станов и секој викенд најчесто заминуваме во фамилијарната куќа за да се наспиеме на мир,друго си е останат онака во ергенски стил и нешто неговите што имале,дури есенва по 100расправии почнавме да преуредуваме ама еве ни дојдоа гостите и се е превесело :@ инаку да не ме сфатите дека до станот ми е дојдено или незнамшто за чудо на нештата моите во наследство ми оставија куќа во периферија на скопје и него не му одговара далеку му е од работа,да знаев што ме чека како ќе си ја реновирав тип-топ па ако сакал заедништво со сопругата под рака и таму на раат да живееме,се сакаме,расправаме и се што иде во пакет со бракот ама само јас и он а не сите во пакет со сите предлози желби и се и сешто(инаку ај да не се жалам толку неговите предложуваат паметни решенија за просторот искусни се но често од култура тешко ми е да одбијам некоја нивна идеја и после се осеќам фрустрирана дека добивам нешто што не ми било по замисла...но некако нивниот однос си е ова е наше и ние се ќе ви средиме организираме итн ко ние младиве неспособни да сме :( )
     
  3. pink1991

    pink1991 Активен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2013
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    5
    Ах vicy се прасувам дали еднас ке заврси се и ке бидеме срекни со лугето сто ги сакаме или некој мора да ни се меса јас да ти казам не сум подготвена да родам дете бидејки тогас ке ее усте потеско пак ке сакаат да е по нивно.само се молам на господ да не додрзи на умов.поздрав
     
  4. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    ама тогаш што стоете? покажете заби, ќе дозволите тие да ви раководат со животот, па кога и во прашање дете? фати го маж ти под мишка и носи го одма да си направи испитувања, две години не се малечок период, годините одат, можеби после првото дете, ќе сакаш уште 2-3, и додека да видиш, отишло времето... доколку не си ги решете проблемите со мажовите, не правете деца, мој совет, тогаш ќе ви биде уште полошо, ќе имате уште поголеми кавги, вие сте тие што треба да преземете се во свои раце, доколку сакате да ви успее бракот, не очекувајте на некој друг
     
    На vichy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. babynova

    babynova Нов член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    Мисли и недостаток на бифшиот за време на БРАК

    Феминки имам некое чудно чуство во последно време. Постојано си замислувам како би ми било да сум омажена за друг. Постојано ги сонувам бифшите партнери. Кога ке ги сретнам неможам да тргнам поглед од нив. Едноставно за кратко време постојано ги мислам. Божеееееееее што ми се случува или е можеби од осаменост,од недоволно внимание од сопругот? Дај помогнете како да се справам со ова.
     
    На HeidiDiWalt му/ѝ се допаѓа ова.
  6. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    само постави си го ова прашање зарем некој од бившите ќе останеше бивши толку да вредеше и да знаеш било кој бивши да го контактираш ќе те заведува,залажува за да те добие и ти го растури она највредното брачното спокојство,не биди наивна за тема бивши,а со мм малку време за вас,романтики и ќе се потсетиш одма зошто тој ти стана сопруг а не некој бивши под услов да се сакате 2та :)
     
  7. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
     
    На emma2005, Dentina и duffi им се допаѓа ова.
  8. ilenaki

    ilenaki Популарен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2012
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    1.299
    Пол:
    Женски
    Многу се мислев и собирав храброст и на крај решив да си кажам што ме мачи и да слушнам нечие друго мислење освен на мајка ми која единствена знае што се случува. Мојот проблем во бракот е што со мојот сопруг не можиме да најдиме компромис околу местото на живеење. Јас сум во брак 3 години (пред 3 години се регистриравме, а пред неколку месеци се венчавме и во црква). Веќе година и пол живееме во странство, а пред тоа година и пол живеевме во неговата држава (тој не е Македонец). Од моја страна јас сменив три држави во рок од три години и промената ми е многу тешка и нагле. Малку се навикнав да живеам во неговата држава кога одново се. Сега во оваа држава мене ми е најтешко, имав огромни проблеми со документите кои само што ги поминав во неговата држава, па наоѓање на работа, па не можев да се враќам дома долго време, па ептем сум далеку од сите, не можам да си најдам работа ни приближно со професијата, условите за живот се катастрофални итн. Со оглед на тоа во какви услови уште живееме, која плата ја земаме, колку сме постигнале според мене не се исплати да се жртвуваме до тој степен. Таму не ми се допаѓа и тоа не можам да го променам. Година и пол се обидувам да ја сменам ситуацијата таму ама не иде и тоа е. Е сега за мојот сопруг не постои друго решение и тој не е спремен на компромис или таму или нека си се вратам. За мене не е проблем и да се вратиме во неговата држава ама тој не сака да слушне. Не сакам да се разведам и поради тоа седам таму ама не сум задоволна. Се трудам да мислам позитивно, да ја сменам ситуацијата колку можам ама факт е дека три години се мачиме финансиски и премногу ми е собрано за да бидам позитивна цело време. Јас не се жалам ама тој осеќа како ми е и нон стоп ме обвинува што не сум му доволна поддршка и не мислам исто како него. Јас сум доста скромна но едноставно не можам да се навикнам таму што и да направам. Еднаш се искаравме пред неколку месеци и тоа доста сериозно и едвај се смиривме. Се убедував самата себе и него дека кога ќе ги средам документите, сменам работно место ќе се променам. Сега повторно се искаравме и веќе очигледно е дека јас не можам таму. Моментално сум МК, се скаравме пред да дојдам и не знам веќе дали и би ми се смирил овој пат и дозволил да се вратам. Дополнително е тешко што јас отидов и на посета во неговата држава (тој знаеше дека одам, тој не дојде поради работата не може одмор да земе сега) и отидов до куќата да си земам некои ствари. Последно што му се јавив и единствено што ми рече т.е ми се развика како сум отишла без да добијам дозвола од неговите родители. Јас па мислев таа е наша куќа ама очигледно е само негова и на неговите родители и ова секогаш ми било ставано до знаење и јас си знаев ама овојпат беше и директно. Ја навреди и мајка ми и сега таа знае. Не сакам да навлегувам во др проблеми, секогаш сум преминувала преку се и јас и мојата фамилија ама тоа е веќе друга тема.
    Сега дури и да ми дозволи да се вратам и да продолжам таму како досега не сум сигурна дека пак нема да се скараме. Плус навредена сум, дозвола ми треба за да влезам во неговиот стан (законски е и мој зашто сме во брак)? Еве и да останам и уште неколку години таму, едноставно знам дека цел живот не би останала таму (не би можела) , а тој си има веќе свој став и затоа не можам да видам никаков излез. Јас не можам таму, тој не би живеел на ниедно друго место.
     
  9. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    ти си го напуштила него,а за влез во куќата во право се сепак ме чуди како немаш клуч од таа куќа или дека заминавте во др.држава не задржа клуч,жал ми е само за љубовта што ја осеќате и што би се уништила заради место на живеење,сепак се зависти од тебе и ти посакувам се најдобро што и да одлучиш :)
     
  10. ilenaki

    ilenaki Популарен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2012
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    1.299
    Пол:
    Женски
    Не, можеби премногу изнапишав одеднаш па не се разбравме. Јас не сум го напуштила, сега се празници и си дојдов во МК на една недела, а требаше и тој да доаѓа со мене но не можеше одмор да земе од работата. Јас имам клуч од таа куќа, а тој е навреден зошто воопшто сум влегла без да ги прашам неговите. А неговите не живеат во таа куќа, си имаат своја. Сепак фала многу што посвети внимание на мојот проблем, се најдобро и на тебе
     
  11. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    ок,тогаш исправно си е се од твоја страна,ти ги проверив год.26 еден ден ќе посакаш дечиња,а за тоа требаа слога,љубов и финансии а по тоа што пишуваш сфаќам дека тешко врзувате крај со крај,па размисли си најарно што е за тебе,остави другите и слушај си го пола срцето пола разумот(сепак потајно посакувам љубовта да победи,бидејќи нема поубаво од тоа да сакаш некого,кога безусловно сакаш некого домот ти е кајшто е саканиот :inlove: )
     
    На ilenaki му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ilenaki

    ilenaki Популарен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2012
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    1.299
    Пол:
    Женски
    Фала многу на поддршката vichy. Така размислувам и јас и затоа не знам што да мислам. Би сакала се да се среди ама не можам да најдам решение, не знам како би си го решила проблемот, а да останам со него.
     
  13. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Искрено, никако. Сте зборувале пред брак во која држава би живееле? И како? Некако пред брак многу работи ги сфаќаме „здраво за готово“, веруваме дека некои работи се подразбираат, ама не е така. Од друга страна, на маката јунак се познава. Силната љубов во проблеми станува уште посилна, таа што е и вака и така слаба, кога ќе се појават проблеми уште толку ослабнува. Од ова што читам, вие не можете никако да се усогласите. Тој бара целосно да се прилагодиш на неговите желби и амбиции, делува како воопшто да не му е важно што сакаш ти, дали си среќна, дали ви одговара тој живот на двајцата... Како што го опишуваш, делува многу неразумно. Има куќа во својата држава, веројатно може и да најде работа, а оди да се мачи во некоја трета земја, да нема доволно финансии и одбива да се врати во својата земја? Освен ако неговата земја не е некоја балканска, во иста лоша положба како Македонија, се однесува себично и неразумно. Ако и неговата држава е од сиромашниве, тогаш разбирам зошто сака да проба некаде на друго место, ама ме буни неговиот став кон тебе.
    Види, не си среќна со него, се расправате, не можеш да смислиш да живееш во земјата во која мора да живееш заради него, тој бара да си му поддршка, но тој нема намера да ти пружи поддршка тебе... Не се живее така. Не се тоа мали работи. Не знам дали работиш таму и дали мора веднаш да се вратиш, ама можеби е умно да направите мала пауза? Да го продолжиш одморот тука, да видиш како ќе се чувствуваш ти, како ќе се чувствува тој... Па ако ти покаже и ако ти каже дека воопшто и не сака да му се вратиш, барем ќе знаеш на што си. Можеби и ти ќе сфатиш дека го сакаш толку многу што би се жртвувала и би живеела во земја која не ти одговара само за да бидеш со него, сѐ бидува, нели. А можеби ќе сфатиш дека не можеш да сакаш човек кој од тебе бара толкави жртви, не го интересираат твоите чувства и кој можеби и не те сака доволно, туку баш му е сеедно дали е со тебе или не.
    Само не дозволувај настаните да те носат стихијно, не чекај само од себе да се смени нешто, еве, јас како постара да ти кажам дека ништо не се менува така во животот, а уште помалку не се менува такана поарно. Земи го својот живот во свои раце, млада си, очигледно и храбра си, штом си тргнала во таква неизвесност заради љубовта, пробај да си ги средиш работите така што би била најзадоволна ти, не другите.
     
    На okcenzi и ilenaki им се допаѓа ова.
  14. ilenaki

    ilenaki Популарен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2012
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    1.299
    Пол:
    Женски
    Пред да влезиме во брак, додека бевме во врска многу пати имавме разговарано на вакви теми. Но во тој момент конкретно размислувањата повеќе беа насочени кон неговата-мојата држава и како би се прилагодила јас. За да се преселиме во оваа држава тогаш не мислевме и не ни беше ни опција. Јас знаев дека тој и претходно живеел и студирал тука ама повторно си се вратил во неговата држава. Тогаш тој искрено не ни планираше, а да планираше и да ми кажеше од тогаш сигурно би размислувала поинаку.
    Неговата земја не е сиромашна ама е во криза моментално и неговите размислувања дали би нашол работа се на место. Но, тој воопшто не зема во предвид колку мене ми е тешко таму и како јас се осеќам таму. Јас пак мислам дека ова што го имаме тука не е невозможно и назад. Нему полесно му е да најде работа тука, потешко таму но кога би се средиле таму веќе се ни е средено бидејќи од старт имаме место на живеење.
    Сега моментално сум уште позбунета што да правам. Вработена сум но се водам како почетник и платата ми е далеку под минималниот просек. Сега би требало да се вратам на работа после одморот иако таа плата е толку ниска.
    Најдобро би било да можам да останам тука и размислам но имам и други обврски кои мора да ги завршам таму. Во случај па неговата одлука да е крајна пак морам да се вратам да дозавршам што сум почнала иако би ми требале и дополнителни пари за да опстанам таму некои 2-3 месеци додека да завршам се.
     
  15. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    156
    Може да те прашам нешто искрено ? Го болдирав она што ми падна во очи ... Зошто ти треба дозвола од него да се вратиш, ако не сте разделени туку само скарани зашто тој треба да ти даде дозвола да влезеш во сопствениот дом во кој двајцата сте живееле до пред празнициве ? Можеби не е во ред но јас не би очекувала во домот во кој живеам со брачниот другар да барам дозвола да влезам во истиот. тоа веќе би ми изгледало како малтретирање ... си разговарала за проблемов со неговите ? или тоа би повлекло нови недоразбирања
     
  16. ilenaki

    ilenaki Популарен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2012
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    1.299
    Пол:
    Женски
    Не ми треба мене дозвола да се вратам, но ако тој повеќе не сака да биде со мене може да се исели од станот, во таа смисла сакав да кажам.
    А за станот во неговата држава зошто ми е потребна дозвола од неговите тоа и јас се прашувам. Мислам дека поради тоа што се скаравме беше оваа реакција ама нефер во секој случај.
    Со неговите никогаш не би разговарала затоа што знам какви луѓе се и на нивна поддршка или разбирање одамна веќе не сметам. Не ми ја дале никогаш и нема да ми дадат сега.

    А и законски ако сака може да ме пријави на властите дека не сме веќе заедно и да ме вратат дома. Јас во таа држава сум само покрај него и имам право да бидам таму само ако е тој таму
    family member of a... citizen
    Ова е веќе правен аспект ама моите законски права таму не се мојот проблем.
     
  17. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Не може да те вратат тек така, треба прво да се разведеш инаку имаш право да седиш. Ти нормално не се разведувај пред да си обезбедиш престој (преку работа или било кој друг начин) :).
     
  18. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Јас се согласувам дека во куќата не си требала да одиш самоиницијативно. Што те кошташе да се јавиш кај неговите и да ги информираш. Таа куќа не е твоја разбери. И во брак да сте не е пола твоја. Твоја ќе биде кога ќе си ја спечалиш.
     
  19. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    ilenaki, искрено морав неколку пати да ги прочитам твоите постови за да разберам, зошто цело време она што ми паѓа во очи е МОЈА;НЕГОВА, ДРУГА држава.
    Сигурно ти е тешко, не се сомневам во тоа, но ти некако како да ја влечеш работата да се вратите во неговата матична држава, бидејќи или психички ќе се осеќаш подобро таму или пак си поблиску до дома?! Незнам ...погодувам, можеби не.
    Искрено, животот во странство не е мед и млеко, знам по себе. Меѓутоа кај вас се мешаат премногу работи, не сте само вие двајца, туку и законите и правата и неговите родители и твоите. Очигледно е дека тој ќе остане таму каде што е, а некој од вас двајца во име на љубовта ќе мора да се жртвува, односно или ти ќе го пратиш него сегде или тој ќе се откаже од таа држава и работа и ќе дојде по тебе. Ама ова второво, според она што си го пишала не се случило. Затоа направете сериозен разговор, анализирајте со аргументи и факти кои ви се солуциите, каде сте, дали се уште сакате заеднички живот. Само така , со разум ако пристапите ќе ги решиш работите, но тоа не значи и дека ќе го натераш да замине од таму, односно можеби твојата желба нема да се прифати, но барем ако мислиш дека вреди, ќе останеш покрај него, како негова сопруга а утре и мајка на неговите деца.
     
    На ilenaki му/ѝ се допаѓа ова.
  20. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    ми се смачи да пишувам ама денес многу мака ми е цел ден го прележав освен појадокот откако маж ми ми искоментира ќе треба да ми даваш пари од твоите за храна,моите веќе не ми префрлаат....ај не е тоа проблемот....ми треба совет од вас како вие би се осеќале кога би ви се случило ова на мене што ми се случи и што понатаму....
    пробуваме за дете,декември со терапија плус и на 31ви правев тест беше негативен и многу се разочарав он ме мољака ајде да тргнеме во куќата на мама и тато да дочекаме таму нг така имаше план јас нервозна се премислив и заминав на гости кај моите да ми помине маката и он ме бара таму и во нервоза му реков не сакам со тебе,знам згрешив(но цела врска се нагодуваме кога брак/деца се он се мисли/премислува демек доволно не ме познавале неговите :o ,и кога се решивме не иде).потоа се прибрав малку и тргнав во станот наш да поседам таму и сакав да си земам посвечено нешто и да прославам со моите кога гледам сменета брава и звонам дома и викам вака и вака и моиве ми викаат пријави во полиција а он во меѓувреме иде кај нив и остава некои мои лични предмети и они му велат зошто си и сменил брава она кон полиција тргна и он искоментирал она сакаше така и си заминал.јас пред да пријавам го замолив да се врати брем да си земам нешто и ми рече ок,чекам чекам абер нема(отпсле дознав ги прашал неговите дали да се врати они му рекле темно е вози до кај нас и се затепал на кочење со некој ама ништо озбилно демек јас сум била крива нон стоп звони пораки итн).пријавивво полиција и ништо се изнасмеавме и така остана,ама некојти таму да му текнало да обива вечерта и стварно бравата малку висната беше и маж ми вракање утредента тука бевме договорени да ми дозволи да си земам алишта и одма обвинување мене,моите итн,неговите вракање тука исто и се испокаравме вечерта и се заврши со тоа дека маж ми мене ми е лут и дека треба да го напуштам станот он да размислел што понатаму.заминав кај моите седев неколку дена но толку се испотресов што срцето почна да ми прелупува и на болница ми најдоа висок притисок од нервоза,и он се смилува некако а и постојано го молев да ми прости(зосшто го пријавив,тоа ги здоболелео неговите :o )оправивме раб.бевме во куќата на неговите и се ок,но денес се вративме во станот и мене не ми е ништо како порано,ми се гади од се,немам волја за ништо,лежам цел ден,што не е нормално за мене,и само мислам како да заминам од тука,само да си отидам,нормално ли е се ова,веќе не разликувам што е исправно а што не(инаку моите само рекао по ова не ви идеме на гости во тој стан и толку)