Спојлер Vichy, извини...но не те разбирам, нели до скоро пишуваше дека се средија работите дома?!„“’%’%‘%&*‘&(()(*
се средија донекаде,привидно на друга територија и на муабет,сега во ''nasiot''стан се е по старо,некој мора да трпи за другиот да е среќен и обратно
Верувам дека си под стрес и нервозна, ама објасни што ти значи ова "Nashiot" стан, во која конотација...всушност за што се проблемите, за станот, за деца, за живеење со неговите...што? Разговарате ли вие воопшто сериозно....мислам дека не сте до крај искрени, кој што очекува од бракот...односно кој со какви очекувања влегол во брак...иако се разбира, во НИЕДЕН брак не цветаат рози
^ Стан на родителите на момчето во кој виши и маж и` живеат сами и во кој некогаш свекорот и свекрвата доаѓаат на неколку дена годишно и не може да ги истрпи ради нивниот табиет и однос ако добро паметам. Така што, нивен стан, не е.
токму така,наш е кога јас правам како он ми нареди,кога јас се бунтувам и правам по мое има викање или еве го максималниот екстрем-мењање брава,следно ќе ме читате по црни хроники фрлена жена од балкон не правела како мажот сакал т.е. мама и тато на мажот, теси овој пат се 3месеци дојдени,првите пати остануваа неколку дена ама верувај еден ден со нив е ко цела година во забавиште да си,денес мајка му ми се јавува(се јавува да контолира)и ми вика вчера со мајка ти се слушнав онака ради реда и немој да ја слушаш мајка ти ненамерно те врти против маж ти,мајка ми е проста итн,се осеќам како трофејот за кој се борат 2фамилии кој ќе го освои,моите се максимално навредени и не сакаат ама воопшто да стапнат во овој стан
А зошто родителите ви даваат за храна? Не работиш? Ни ти, ни маж ти? Прво тоа ми е чудно малку. Друго, ако работите меѓу вас не чинат, зошто пробувате за дете? Тоа е толку погрешно на повеќе нивоа што не се објаснува! Ако мислиш дека детето ќе ви ги реши проблемите, ептен многу се залажуваш себеси, а ќе земете на душа и некое детенце, тоа па сирото зошто да страда? Трето, ако веќе имате проблеми, а не сакаш да ги направиш поголеми, нема да правиш кавги на Нова година, ти бегаш кај мама и тато, тој кај мама и тато... Колку години имате бе, по 6 двајцата? Па скар сме и ќе видиш ти на мама! (Ова важи и за двајцата, секако). Не сте зрели за брак, а извини, ми изгледа и дека не се сакате доволно. И тој секако е похрабар и решил да стави крај на тоа, а тебе тој ем не ти чини, ем не сакаш да се разведеш, па го молиш да те прими назад. Зошто? Си размислила искрено? Затоа што толку многу го сакаш, или затоа што тоа ти делува полесно отколку да се разведеш? Некои работи се полесни гледано на куси патеки, ама оние потешките често долгорочно гледано се многу подобро решение. И така си во ваква ситуација, обиди се да ја искористиш паметно и да не мислиш кусогледо или од типот „што ќе речат моите“ (на пр.) затоа што тогаш треба и да се запрашаш што ќе речат на овие твои скандали, разделувања, полиции и сл. Значи, ако си мислела и ти на развод, еве ти ја шансата, размисли си паметно. Уште полошо е сега се смирувате, за недела-две пак проблем, па после пак се натегате сакате-не сакате... Ја продолжуваш агонијата, а вреди ли? Ти најдобро си знаеш. Едит: Да не барам, ова беше снаата на која и советувавме да не претерува со рушење ѕидови, негативност кон родителите на мажот и со величање на своите родители?! Ако е таа, појасно ми е што се случува.
да јас бев со рушењето зидови будалче јас си помислив влегов во брак во заедништво со зрел маж спремен на компромиси заедништво жртвување а влегов во брак со мајка му и татко му и брат му и жена му,а син им некако затајува во сите брачни задолженија не му дале дозвола мама и тато за запознавање сопруга,за деца правење,инаку јас моментално сум без работа а неговата работа е онака кога има кога нема финансии,се кај него е онака и како да не би било кога тука се мама и татко да ускочат помогнат,инаку да јас се срамам што постапив како 6год.дете со скар скар ама смачено ми е да се клукам со лекови за забременување сега а кога беше време она да ми пее песнички не раб.тоа што сакам кога ќе раб.ќе правиме фам.а апсурдот да е поголем уште он не раб.тоа што сака(можеби и затоа не се ни труди за дете ,незнам аможеби и мама и тато не се спремни да бидат баба и дедо,врска немам по се)а уште потрагично е што јас со моите 30ти год се срамам од постапките а он со полни 35 абер од ништо си нема важно живот тече далје мам и тато господ да ги поживи ќе донираат финансираат итн
Кога жена ќе ги послуша своите родители и ќе стапне во полициска станица да го пријави својот сопруг од било која причина треба да и е јасно дека тука е крајот на нивниот брак. Со кој памет бе виши? Ај сега смири ја топката, и обиди се сериозно да го оправиш бракот зошто лошо си тргнала. Спојлер предпоставувам дека не си но мислењава кога ќе ти ги чита човек може да си помисли дека си трол
Па сега, од она што го прочитавме пред некое време тука, далеку си и ти од идеална снаа и од идеална жена, не барај само на другата страна грешки. Ти збеснуваш едноставно кажано ако не е по твое, значи, ти сакаш брак, тој не, ти искри фрлаш, па тој попушта. Ти сакаш дете, тој не, ти напнуваш дека мора и ете тој не се труди... Па не сака дете! Има две опции-или мисли дека не е време или не сака дете со тебе. Што и да е, немаш право да збеснуваш заради тоа, ти кажал човекот, аман! Очигледно не сте компатибилни, немате исти амбиции ни исти планови... не ми изгледа ни баш дека сте во некоја љубов, од двете страни. Не напнувај толку. Сфати дека не може цело време да биде по твое, ни за ѕидови рушење, ни за тоа кога ќе дојдат на гости неговите, ни за дете правење-едноставно, двајца сте во тој брак, не си сама. И ако сакаш да ги почитува твоите желби, треба и ти неговите желби да ги почитуваш, дури и ако не ти одговараат. Посебно за такви работи. Дете на сила правење... после тоа, најчесто, детето сама ќе си го гледаш, ќе пукне уште толку работата и ти ќе бидеш кривата што си запнувала, а си знаела дека не сака. И лути се колку сакаш, ама каков карактер си, после и тоа дете ќе ти биде само оружје за да си го истераш своето и за да му зановеташ... Дете се создава од љубов, пред се, не затоа што ти имаш 30, а тој 35 години и „ви лета времето“. Со закани, уцени, обвинувања „Ти не сакаш дете, срам да ти е“ не се создава нов живот. Не сака-негово право. После тоа се знае кои ти се опциите-или ќе го прифатиш тоа, или ќе си го бараш чарето со друг, а овој брак заврши го. Вака, не знам, од страна, тој барем ми делува искрен, не те мавта многу-многу.
ако е искрен пред да влезевме во брак требаше да ми каже се уште не сум спремен за дете со тебе независно од која причина и да е а не да ми го троши времето...сепак благодарам за советите,ми треба непристрасност и мака ми е што воопшто сум доведена во ситуација да пишувам но форумот нели и за тоа постои
Виши и мене да ме пријават во полиција не дете што нема да сакам туку иситот воздух со таа личност нема да сакам да го дишам. Убаво ти рекоа бегате кај мама и татко ко деца да сте па уште и деца ваши ке праите. Не го осудувај човекот,на почетокот можеби и тој сакал со тебе семејство да оформува ама после сево ова што напиша за вашиот живот ништо чудно не е да го сменил мислењето и да не го сака повеке истото.И јас не би сакала дете да имам со некој што мама и тато му рекле да ме пријави во полиција и одма без да му трепне око го сторил тоа. Башка што ти стварно како што кажав во една друга тема нема момент каде не се испожали колку е тој мамин син,колку е тој без свое јас , колку се неговите никакви .Пак ке кажам покрај толку поплаки упатени спрема твојот животен сопатник не знам како можеш во иста соба да седиш во него а не па да се обидуваш за дете. Или детото го сметаш како некоја гаранција која ке го поправи вашиод однос или утре ке биде предмет со кој ке можеш да го уценуваш сопругот за да ти оди по газот. Можеби спремни сте и двајцата за дете ама не за ваше дете. Вие не сте за во овој брак.Една допирна точка немате една карактеристика што ве порвзува немате.Не знам само зошто упорно се измачувате и едниот и другиот и си го загорчувате секој нов ден.
Па не верувам дека ќе бидам насекирана колку сум дотерана, искрено . И ти го пријави маж ти во полиција за да можеш да се дотераш за Нова година?! Ааууууу... Наспроти сите проблеми, тебе тоа те засекира? Не ти посакувам ништо лошо, ама ако навистина имаш 30 години, треба да се засекираш малце за себе. И ако мама и тато ти се главни советници, не си требала да се мажиш, па слушај си ги нив цел живот. А бе мажот ако ги послуша мама и тато, партал ќе го направиме и дома и тука, ама како бре жената не сфаќа дека и таа треба свој ум да има, не од мама и тато? А и твоите што убаво те посоветувале... Алал да им е. Пријави во полиција, направете скандали и после моли го да те прими назад. Арно ти рекла свекрва ти, твоите, веројатно без да сакаат, толку им сече, ама само проблеми ти прават.
супер така нека биде,мажите ќе не газат,малтретираат и ние ќе си молчиме и ќе се радуваме што сме во б(м)рак.стојам зад се тоа дека доколку некој се однесува криминогено треба да се пријави а покриминогено да му држиш лични ствари на некој нема,ај заклучете и канцеларија на колешка од раб.и оставете и се лично внатрее капут торба мобилен и како ќе ве гледа она во иднина или вас нека ви се случи тоа и размислете како вие би гледале на таква личност во иднина,сепак мило ми е да прочитам различни ставови.
Освен ако фустаните не ми се Кавали и Долче и Габана а штиклите Лобутин па стварно видно да се потресам пошто вредат повеке од самиот стан ,нема логика твојава реплика впрочем како и останатите твои излагања.
Виши, вие сте две инаетливи деца во брак. Он ја прашал мајка му дали може да се жени и дали може да сврши во тебе за да има дете, а ти си ја послушала мамччка, за сопствениот сопруг да си го пријавиш во полиција. Он ти сменил брава по караница, ти полиција му викаш. Вие звнучите како да не сте, ај да не употребам лош збор, ама...не сте урамнотежени ментално. Можебо океј е од твоја страна, со сите тие хормони додадени, ама мажена жена си која сака да има дете и треба да знаеш дека местото ти е покрај мажот, не покрај мајка ти и полицијата. Мене да ми викне некој полиција, во живот нема да го погледнам. Јас какви кавги сум имала со дечковци, ама никогаш никој не дознал ниту пак другарките. Во моја врска, мој е проблемот, не па на мајка ми да и се жалам од некој. 30 годишна жена треба сама да реши што сака и да право како што треба. Имаш сопруг кој има несигурна плата, ти си издржувано лице, чекаш од свкрва ти да даде да јадеш оти денар плата не земаш, а сакаш дете. Приоритети. Прво, барај работа. Не биди легаш дома и да чекаш пари од друг. Ако треба и во трафика работи, 6000 се доволно за сметки барем, за тампони да не бараш и гаќи. Правиш драми, место ко возрасни луѓе (баба ми на 37 стана баба, маж ти на 35 не знае дали смее да има дете) да седнетеи да расчитите. Ова време на форумов потрошено, ке беше подобро за смирен разговор со маж ти. Иако не гледам спас за брак во кој има бркање од дома, менување брави и полиции, плус уште 4 родители. Бараш да ти кажеме што би ние на твое место. Јас, ке се разведам, и ке размислам каков ке ми биде следниот маж и како да се сменам.
Драга vichy прв пат ти реплицирам. Мислам дека во моментов многу ти е се на куп собрано и неможеш сите проблеми заедно да ги решиш. Прво ова горе пред брак требало да ти каже, што да ти каже сакам деца и по секоја цена ќе ги правиме или да ти каже ако имаме проблеми нема деца. Сигурно и тој не очекувал дека брачниот живот ќе му биде полн со тензии. Второ како бре ти го троши времето. Бракот во кој сеуште нема дете ако ти го сфаќаш како трошење време, требаше да се мажиш одкако ќе беше детето на пат. И најважно на толку твое нервирање и стресови незнам како очекуваш да останеш бремена. Земи чекор по чекор решавај ги проблемите. Прво со мажот, проблемот ти е само со него. Не со мајките и татковците. Тоа е мачкање очи, ако они се упикани значи проблемот е мажот или ти, па вашите проблеми се ваша интима. Боже сачувај да се скарам со партнерот и да и разглабам на мајка ми, па совет од неа, незнам што. Мојот совет е јас и тој, ако се упика уште некој од вас дозволил. Е кога ќе биде мирно морето темата бебе сама ќе начне. Немој да форсираш.
Виши ај престанете да ги мешате родителите Посебно ти твоите аман .. На секој проблем трчаш кај нив ,може им ја претставуваш ситуацијата полоша од што е па затоа ти даваат лоши совети ? Како што разбрав сте имале договор за Нова година да одите кај неговите , а тебе ти текнало дека сакаш да одиш кај мамичка Па и јас би била лута на негово место .. На што личи тоа ? Можам да замислам дека зачнувањето дете ти носи огромен притисок ама тој проблем и тешење треба да го делиш со мажот а не со твоите родители ... Он изреагирал глупаво што сменил брава а ти уште поглупаво што си го пријавила во полиција .. Ко да се работи за тинејџери а не за возрасни луѓе .. И ајде фрлете тоа багажот вие во брак сте 6 луѓе .. Може и поарно што твоите не сакаат да доаѓаат , убеди го и да не доаѓаат и неговите , период на изолација вие двајцата сами арно ќе ви дојде .
моите готово се прекрстија и толку,ама неговите не бре,ај татко му колку и да се каравме си го штити синот ама мајка му не бре не се дава кај и досаѓала вчера на мајка ми телефонски денес мене сабајле и на крај уште не ја слушај не ти мисли добро ние ти мислиме наша си сега,тоа не се кажува така а до вчера кој ме растел,кој ме тешел,кој ме нервирал,кој ме образовал итн
Имате огромен проблем. Кога дошло до тоа да ја смени бравата од вашиот дом (станот можеби е негов, ама тоа сега е твој дом) значи нешто стварно не штима. Знам дека во секој пост кажуваш како само ти се трудиш да успее тој брак, ама јас од оваа страна на екранот тоа не го прочитав никаде. Како што сфатив јас (поправи ме ако грешам) мажот ти е тој кој оди на работа, но и се грижи за вашето домаќинство. Некаде напомена дека не те бива за домаќински работи и дека тоа страшно многу и смета на свекрва ти. Исто така напомена дека мажот ти не ти дозволува да се гледаш со другар ти и да излегуваш со другарки, а дека ти не го почитуваш неговото барање. Во секој брак треба да постои компромис, но тука кај вас тоа изгледа само се бара од спротивната страна, а ниту еден од вас не е спремен за тоа. Иако мислам дека веќе е доцна за било што да се поработи за бракот да успее, сепак мислам дека најголемата вина не е ниту кај свекрва ти, ниту кај мажот ти туку кај тебе. Ако веќе толку си инсистирала на брак требало да бидеш спремна да бидеш нечија сопруга. Не треба да се убиваш од работа по дома, ама барем покажи иницијатива дека сега тоа е твоја теритоија и ти ќе се грижиш за неа, а не мажот ти. Тој е тука за да ти помогне, а не целиот терет да биде на него додека ти си дома. И уште не ми е јасно како можеш да сакаш да се дотераш свечено и да славиш Нова година со твоите додека си скарана со мажот ти. Јас Vichy славев Нова Година во пижамите од маж ми, не ми требаше никаква свечена облека за таа толку небитна ноќ за мене