Ти пак, моите,неговите. АКо сакаш брак, заборави ги и работи на бракот. Нема што да ги мериш, мои твои. Мажена жена си бре, мајка ти до 15 години ја слушаш, после сама имаш у главата да расудуваш. Заборави ги сите и реши го проблемот со маж ти. Или вечно мерете си ги со родителите.
Виши, очигледно е дека ниту ти ниту тој не сте се разбрале во поглед на очекувањаата еден од друг пред да стапите во брак. Очигледно и двајцата сте очекувале нешто едни од други кое не сте го добиле. Да останеш во ваков брак, кој со секој твој пост ми делува по дисфункционално (и од кој и таа љубов што ја има, ако и колку ја има, ќе си замине набргу со вакво темпо), значи да си терате инает буквално. Ама на самите себеси. И тоа е само на ваша штета. На 30 години треба да си доволно зрела за да си пресреќна што си ја открила дисфункционалноста во вашиот брак без притоа да страда и невино дете, а не згора па да пекаш за дете од него. Да дојдеш до вакво сознание во брак во кој се`уште нема деца е знак дека животот ти дава шанса. Шанса, поучена од грешките да ти успее следниот пат. Дете среде овие несредени односи би било се` освен носител на нешто позитивно во бракот.
еее виши ,виши кога ти викавме порано на првиот твој пост во врска со ова дека е добро да се смириш ти мислеше се што лета се се јаде. Кога ти викавме дека неможе да рушиш зидови не бевме во право ,кога викавме дека не е ок со другар да испадниш на кафе навечер пак не бевме во право сега ептен сте ја затегнале работата. И сега прашуваш што како понатаму ??Редно е да послушаш бар еднаш оти секое твое инаетење и лигавење те носи еден чекор подалеку од мажот ти и бракот. Ке земеш најпрво да се смириш ти самата себеси па ке гледаш да го омекниш маж ти ке кажеш дека ке се поправиш и потрудиш бракот да ви успее и ке се сториш домакинка жено што значи ручек перење пеглање и кога он ке види промени кај тебе ке омекне и он е тек тогаш ке правите смирен муабет и за рушење зидови и бебе и се што треба вака со нервози ништо не постигатате . Едино маж ти не го оправдувам што ти сменил брава и што е толку послушен кон мама и тато али вака со инат не постигате ништо,едниот секогаш ке биде тој што ке попушта повеке ако сакате успешен брак Знаеш старите како викаат волот кога риел земјата си на фрлал на главата
Едино маж ти не го оправдувам што ти сменил брава и што е толку послушен кон мама и тато али вака со инат не постигате ништо,едниот секогаш ке биде тој што ке попушта повеке ако сакате успешен брак Знаеш старите како викаат волот кога риел земјата си на фрлал на главата[/quote] ти едино тоа,јас многу работи што правеше не ги оправдувам,и убаво пишано ама со ваков маж не бива бре моја грешка кој ме терал да ги идеализирам и издигам на пиедестал бепчето на мама и тато,он не знае газот сам да си го избрише без нив,ама тука тие се виновни нивни неуспех и мој личен што не видов на време
ти едино тоа,јас многу работи што правеше не ги оправдувам,и убаво пишано ама со ваков маж не бива бре моја грешка кој ме терал да ги идеализирам и издигам на пиедестал бепчето на мама и тато,он не знае газот сам да си го избрише без нив,ама тука тие се виновни нивни неуспех и мој личен што не видов на време [/quote] Имаш време да ја управиш работата ама очигледно не сакаш разведи се бе мила ако не оди ,што ке се оболувате и двајцата а покрај вас и вашите родители барав но не најдов пост во кој бар еднаш не ги спомнуваш неговите ама за жал не најдов и тоа многу кажува за тебе и он не е китка за мирисање ама ја знаеш онаа за танго се потребни двајца
како да не ги спомнувам неговите,па се они учинија да не иде,го оставиле сам ко пусто говедо,важно кога решиле да му дадат благослов за женидба средиле се бреее,јас неспособната за ништо да си учинам,нит рекоа овде ќе живеете пресели си се спреми си нешто ништо,а убаво на прсидба моите запрашаа треба нешто да спремаме женско дете мажиме,не они се си знаеле,ете нека си занаат се,а мила можеш да оправиш нешто што привремено е расипано,ама нешто што од раѓање е расипано епа ни мама ни тато не можат па ко лепешки ќе се лепат цел живот
Виши ко што е тој бепче на мама и тато така и ти си бебче на мама и тато . Кога ке ја смириш страста и гневот можеби ке успееш да го задржиш така наречениот брак. Кога престанеш да гледаш со омраза према сопругот и према неговите можеби ке успееш да го задржиш бракот.Кога ке успееш да сфатиш дека не си повеке сингл девојка и дека бракот по секако носи обврски без разлика дали ти се допагале или не ке успееш да го спасиш бракот. Кога ке успееш сарказмот да го задржиш за себе и да не го нарекуваш бепче и мамина маза можеби ке успееш да го задржиш бракот, пошто како што тој бега кај неговите така и ти бегаш кај твоите.Пошто како што не си најдена на улица така и тој не е најден под Камени Мост во кутија. Кога ке дадеш се од себе за да го прифатиш таков каков што е ,кога ке смогнеш сила да премолчиш и да замижиш пред некои работи,кога ке почнеш да се однесуваш како возрасна жена а не како дете кое плаче кое нема да ја добие омилената играчка тогаш можеби би имале вие двајца функционален брак. Сите сме бепчиња нечиви,сите негодуваме кога не ни е по кејф, сите кукаме кога нема да го добиеме тоа што го сакаме ама на крајот од денот сите стискаме заби и легнуваме во постела со надеж за подобро утре. А утре кога ке се разбудиме сите ја водиме одново битката на животот и го бараме нашето место под сонцето.
Vichy дали си свесна дека ти зборуваш за сопствениот сопруг . За човекот на кого си му се заколнала дека ќе го сакаш во добро и во лошо, во болест и во здравје, во богатство и сиромаштија... Е дури сега го жалам мажот ти, па дури и родителите негови. Ако ти вака го третираш него секогаш, почнувам да ја разбирам неговата постапка со менувањето на бравата. Очигледно е дека човекот не те сака покрај него.
ај сега мешаш баби со жаби,да сум се заколнала мислејќи зрел човек држам под рака,а не бебе на кое тато и мама му одлучуваат кога да зачне и на каков начин со жената,кој нормален маж дозволува татко му личниот гинеколог да го премислува да не врши инсеминации и дај ве молам како ќе го цениш некого мајмун кога прави од тебе не сакам вака,сакам вака да правиш ама сега сакам сега не сакам дете си видел човекот милина и ај сега ќе ја мачкам на лепче е сега што ќе мачка ете не е во ред ни од моја стана но од негова веќе не се дискутира за ред и неред очигледно е и срце ми се пара кога го сфаќам тоа,пола мозок би му дала да знам дека ќе му функционира ама џабе,на ајнштајн мозокот да го има пак он ќе ги бара мама и тато за одлука носење
^ А зошто тогаш се измачуваш самата себеси? Зошто едноставно не си продолжиш со животот и не си најдеш некој на тоја бранова должина??? Во една тема имаш напишано дека во брак те одржува „ЉУБОВТА КОЈА НЕКОГАШ СИ ЈА ЧУВСТВУВАЛА ПРЕМА НЕГО.“ Зошто не се стремиш кон љубов која ке те прави среќна, па не е тој единствен на свет. Колку што приметувам родителите се на твоја страна и можеш да сметаш на нив, а ако се сеќавам добро дури и имаш своја куќа. Зошто не почнеш од почеток и не почнеш да уживаш во животот. На ова гледај само како на една добро научена лекција и имај ја во глава кога ќе бираш нареден партнер.
ме боли разочарувањето,ама ќе ми помине,некогаш работите и луѓето не се онакви какви што изгледаат,благодарам за советите
Абе знаеш вие двајцата и не сте толку различни Не ми е јасно тоа пријавување во полиција а потоа молење да те прими Имаш ли ти став и стоиш ли позади твоите одлуки или како ќе ти текне во моментот ,имплусивно се однесуваш .. Па при караница за која сте одлучиле да прекинете ти загрижена што ќе носиш за Нова година . Божем си 13 години Го сакаш ли овој човек што постојано го навредуваш ? Или се плашиш да не останеш сама ? Ако го сакаш труди се, ако дадеш напор и престанеш да мислиш само на себе ќе си го спасите бракот ,ама ако не невозможно е да го задржите бракот со вакви испади и инаетења и вмешување на пошироката фамилија .. Родителите секогаш ќе ти бидат родители и секогаш ќе ги сакаш и почитуваш ама тоа не значи дека треба да ги ставаш во средина на вашите брачни проблеми плус па и ако нив ги сакаш ќе ги поштедиш од нервози на стари години . А и не заборавај жената ако е паметна и тактична може многу лесно да го заврти мажот на својата воденица Мене ми се чини дека ти немаш љубов за него , без разлика кој е крив тоа и не е важно , ако не постои љубов ..Нема да бидеш ни прва ни последна што се развела ..
И после неколку дена Vichy пак ке ни пишува,ја цитирам "имам голема благодарност за мојата свекрва(се осеќам како магаре за повеќето критики на нејзина сметка досега )толку грижлива мајчински настроена жена немам запознаено,од грижи здравјето си го пореметила и често влегувавме во непотребни закачки но откако си направивме фер коректен разговор сфативме и 2те дека најважна ни е добросостојбата на нејзината рожба и миличкиот мој и во нашето живеалиште цвета љубовта посакувам вечно да е така " и ке си игра мајтап со сите што и даваат совети...оваа или е трол и премногу гледа турско индиски серии или се омажила во Адамс фемили.. Од цветање љубов до пекол во рок додека да речеш кекс...
го сакав тоа што мислев дека е,ете не е нешто во ред со неговото однесување,и на претходни партнерки им има приредувано нешто слично,по овој испад ми призна,и не сум ни јас цвеќе за мирисање признавам ама сигурно ако сум во брак со некој со кој не оди во мојата куќа т.е.наследството од моите сигурно нема да му сменам брава да не може да си земе ствари,а за изглед за нг па отсекогаш сум ја чекала во нешто ново и си имав купено ама ја дочека тоа новата во плакар
Vichy поконтрадикторна особа од тебе немам сретнато на форумов. Многу си конфузна.Секој пост буквално ти е нејасен,несфатлив и неразбирлив.Мислам дека пишуваш,но и сама не знаеш што и како пишуваш. Искрено не сакам ни да ги читам твоите конфузни постови каде постојано ги споменуваш родителите на мажот ти,едноставно зрачиш со негативна енергија. Па добро бе жено,ако имаш 30 години како што се претставуваш,зарем не сфаќаш ли дека напнуваш,ама буквално? Зошто упорно се вртиш во зачаран круг и едноставно не се разведеш од разгаленото бебе,според тебе нели ти како многу созреана,па за циркузот да биде уште поголем вклучуваш и полиции!!?! Не те разбирам. Пред три дена напиша пост каде што се пофали од свекрва ти по вашиот искрен разговор,а сега опет нови проблем. Како демек ти да воопшто не си инволвирана и не си виновна и сите други се криви,само ти не. Со овој карактер и пристап што го имаш не ме чуди воопшто реакцијата и пристапот од мажот ти и родителите негови,затоа што друг на негово место,не само што бравата би ти ја сменил,него ли никогаш немаше повторно да стапниш во нивниот стан. Зошто упорно се мачиш да докажиш нешто,како само ти си во право и дај молим те престани постојано да се вадиш на тоа дека за се се виновни родителите на мажот ти. Пред да осудуваш некој друг,погледни се прво кон себе и потсети се на сопствените постапки и реакции,па потоа барај дежурен виновник. А па уште бараш дете во ваков брак,полн со негативности? Стварно не те разбирам.!?
дентина така е ама откако почна да ме врти против мајка ми и да ја нарекува дека е проста па извини она е само мајка на сопругот а не советодајна служба со навредливи намери ако со син и може со мене не може така
Ауууу се чувствувам искористено Vichy извини вака ама ти се зезаш со нас или со кого На 06.01 2014 твојот пост А пред тоа таква драма ти се случила во животот, епа стварно не ми е јасно Оставете ги жените кои стварно имаат проблем да се олеснат некаде, да си ја искажат маката, вакви режирани проблеми стварно се веќе досадни. Да го видев датумот на овој пост никогаш немаше ни да ти пишам, ама од сега натаму буквално ќе го прескокнувам секое твое мислење
Vichy, молам без лутенjе на следново што ке го напишам, немам намера никого да навредам ниту да те оцрнам,само НАJИСКРЕНО ке ти го кажам моето мисленje: 1. Многу си контрадикторна во своите мисленjа(,денес црно утре бело); 2.Немаш реални очекуванja во животот (не ти чини работата,станот,свекорот,деверот); 3.Опседната си со вредноста на материjалните добра(низ секоj твоj пост се провлекува муабетот за статусот на станот ...наш ли е/негов ли е/моj ли е....,станот на брат му,куката на неговите,твоите, гардеробата нова, финансиите... 4.Не си искрена,цело време пишуваше дека си ги средила работите со мажот,свекрвата,ДУРИ И ДЕЛЕШЕ СОВЕТИ НА НЕКОИ ФЕМИНКИ на тема криза во бракот. Одлучи се што сакаш и коj е твоjoт проблем и биди начисто со себе си.