Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Криза во бракот

Дискусија во 'Брак' започната од sweeteva, 21 октомври 2010.

  1. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    1.имаш право да го мислиш тоа твое право е.
    2.работата имам право да не ми чини,кој ми е крив што го прифатив предлогот и понудата на неговите да раб.нешто што не ми одговара,сама сум си,станот не ми чини зошто не замислував тука да свивам брачно гнездо во туѓа територија,свекорот деверот и остало саде цвеќиња за мирисање,ама тоа е.
    3.не сум јас туку неговите види каква свадба,каква гардероба итн безвредни глупости од нафатирани стари луѓе наместо да се гордеат со многу внучиња среќни синови ете се срамат со вакви снаи ко јас ;) (само сами си се виновни кога било време за воспитување затаиле на лекција осамостојување)
    4.ги срдив привидно,кога се вративме во станот се е по старо и јас имам уште поголема одбивност и кон сопругот и кон станот,а зарем вие сите немате проблеми што мене ми делите совети,кој има проблем да молчи само оние филозоферите треба да пишуваат мака што не виделе,јас порадо би читала паталец отколку гаталец.
     
  2. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Реално, ти не би читала никого. Сакаш поддршка како од мајка ти тука, ама тешко. Не се навредувај, ама свекрва ти рекла дека мајка ти е проста... Ти сакај си ја, секако, мајка ти е, ама можеби навистина жената е таква. Со оглед на ставовите кои очигледно ти се од дома наметнати, со оглед на тоа какви совети ти дава сопствената мајка... Не сакам да навредам, ама можеби навистина остава таков впечаток жената? Секако, зборувам на памет, извлекувам заклучоци од твоето однесување, твоите зборови и нејзините совети. За жал, најстабилен и најразумен човек во твоите постови ми е твојата свекрва. Па и свекорот е во право. Ако човекот гледа каков е твојот однос кон нивниот син, колку го потценуваш, секако дека ќе го советува сега дете да не правите. И јас тоа би му рекла на својот син. Ако се зае*ал со женидбата, не треба да го зголемува проблемот и со дете.
    Мислам дека има големи шанси мајка ти да е доминантна дома, да се наметнала некако (секако, според советите и твоите постапки, не со арно) и сега тебе те учи како да го постигнеш истото, ама не сфаќа дека не се сите мажи како татко ти :) некој кога ќе му направи хистерична сцена жена му брава ќе смени и нема да сака да ја види веќе, нема да трча по неа и да ја моли.
    Помалку слушај ја мајка ти, за почеток. Може ти мисли добро, ама ти прави лошо со советите.
    И мислам дека ти не сакаш да се разведеш само затоа што не ти се испуштаат „нафатираниве“ како што ги нарече. Делуваш користољубиво, многу. И збеснато, разлигавено.
    А инаку, никој не рече дека жените треба да ќутат, а мажот да ги малтретира. Напротив, мислам дека скоро сите те советуваа штом маж ти е незрел човек кој те малтретира, да се разведеш (нема да е тешко, тој очигледно сака да се разведете, нема да ти прави проблеми). Ама тоа некако не ти се слуша, пусто, стан среден, родители во странство, лежиш цел ден, им бараш мани, а тие те издржуваат, не ти се остава тоа... Ти би го сакала сето тоа, ама плус да ти молчат и да ти играат како што им свириш. Е тоа, тешко.
     
    На Glasna, fighter, tessie и 3 други им се допаѓа ова.
  3. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561


    многу паметна си мори жено
    :* :* :* :* :*

    морав да ги спојам вака мислењава за да може заедно да се прочитаат
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  4. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    слободно,баш ми е мило што се споделуваат различни мислења,а колку луѓе толку различни мислења и се е ок,дека јас нешто ги милувам нафатираниве ццццц ако ги милував ќе се жалев ли бре жени |(
    ако мислите дека материјалното е главно за среќа,добробит честито,јас не го мислам тоа и својата среќа(несреќа)сама си ја кројам,а мајка ми нека е и најпростата жена на свет јас сум нејзино чедо и нема да ме тера да премолчувам атак врз мојата лична сопственост,и имајте си вие ќерки и нека им менува некој брава од х причини не е важно,делото останува како доказ за нечија налудничавост,ама тоа веке не ме ни тангира,било поминало,мислењето е создадено веќе,и вие тешете си ги поќути мило биди фино да не те задави на спиење па ти рече извини не сакав(сега преувеличувам ама некогаш некои раб.не се далеку од вистината само што тешко е да ја погледнеме во очи тоа вистината многу болела,е и мене ме боли ама ќе помине,благодарност за разноликоста во текстовите :) )
     
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.100
    Допаѓања:
    135.187
    Виши, кај си сега?КАЈ маж ти или кај мајка ти?
     
  6. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    виши мене не ми е јасно зошто не се разведете? ете гледаш не оди, штом вие и до полиција сте стигнале, не знам што треба да очекувате понатаму вие од вашиот брак... без разлика кој е прав, кој е крив, бракот вам не ви оди, очигледно е дека вие не се трудите да успее овој брак, туку си играте играчки... кога веќе еднаш си направил грешка, гледај да се заборави од другата страна и да не се повтори, а вие си играте на ти го, дај ми го... разведи се, тоа ти е најубаво нешто... џабе вие се мачите само така...
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Напротив, повеќето од нас ти велиме да НЕ ТРПИШ и ќутиш туку да продолжиш со животот, ама како од инает не сакаш ни да чуеш за развод, па дури сакаш и да го дозаврзеш браков со дете. Ти си таа која ВЕЌЕ трпи, а ЗОШТО трпиш и што се` уште те тера да седиш во тој брак, само на тебе ти е јасно изгледа.

    За инцидентот за нг, не е толку шокантно што си го пријавила во полиција, туку тоа што после си му тропнала на врата и си го молела да те прими назад. Ти си против тоа жените да трпат и да се понижуваат пред мажите, а со оваа постапка, не си можела пониско да се спуштиш во негови очи. Не затоа што си женско.

    И јас да се скарам со мм не дај Боже, па да си замине па после да ми тропне на врата, ќе ми биде доволно да го гледам како најниско суштество, а не пак така да ми се понижи откако ме пријавил во полиција. Би му рекла „Кога во полиција ги решаваш проблемите, а не дома и со мене како човек, во полиција и да си останеш (или кај мама и тато, зависно кај отишол да се жали од мене).“ Здраво на улица не би му рекла, а делење на ист кревет со него би ми станало во најмала рака дегутантно.

    Љубов тука, тешко да опстане. Па дури и почит. Со таа постапка си му покажала колку се почитуваш себеси. Да не почнам со тоа што го молиш да имате дете а тој не сака...

    Не те советуваме ние да ќутиш и трпиш, ти веќе го правиш тоа, ама очигледно не е веќе за трпење и тука е големината на проблемот...
     
    На mimiiiii, Li0ness, Glasna и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Токму така! Сите овде те советуваат да НЕ ТРПИШ, ама тебе не ти се чита тоа. И сите ти викаат дека се гледа дека НЕ ГИ САКАШ родителите на мажот и дека ги трпиш ЗАТОА ШТО ИМААТ ПАРИ, а ти пак викаш „ама ќе се жалев ли на нив да ги сакав?“. Па НЕ ГИ САКАШ, тоа ти кажуваме! Им ги сакаш ПАРИТЕ! Ни синот не им го сакаш, очигледно. Си му се утрапила затоа што си мислела дека ќе уживаш, мама и тато во странство (неговите), тој домаќин, ти само пари ќе броиш и ќе наредуваш. Е сега, малку си се зае*ала де... И нека те брани мајка ти, ако, нека те учи скандали како се прават и како се уништува врска до крај. Со тие совети верувај НИТУ ЕДЕН нема да сака ни дете ни брак со тебе...
    Или си трол, или толку ти сече, не знам што да кажам, ама толку очигледни зборови да не можеш да разбереш...
     
    На nena2010 и tessie им се допаѓа ова.
  9. mentalist.mk

    mentalist.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2013
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Џабе давате совети, виши само сака да си го обезбеди животот со детето, и сама е свесна дека од нејзиниот брак нема ништо, но барем ќе биде финансиски обезбедена ако роди дете
     
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    И да е така, се зезнала. Ако мажот и` е таков несамостален каков што го кажува, тешко ќе оди тоа. Мајка му и татко му нема вечно да живеат, a aко не дотураш храна во торбата, бргу ќе се изеде.
     
    На nena2010 и Glasna им се допаѓа ова.
  11. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    на нероден петко кAпа му скроивте :D ,ама тоа е има секакви на светов,јас побарав совет а налетав на гатачи бабчи и навредувачи,сепак тоа е нечие ниво,благодарам за советите,ај сега со здравје и уживајте во тумачењата на други шпански серии мојата тука застанува(сепак благодарност на неколку пишувачи на лични пораки и оние кои конструктивно искоментираа искритикуваа :) )
     
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Оф, оф, оф, ти не побара совет, ти бараше оправдување и потврдување на советите од мајка ти кои сите ти кажаа дека колку и да се добронамерни, се неправилни.

    A вие другите ако сакате да ве навредува, советувајте ја пак и обрнувајте и` внимание.

    И ако на твои 30 години вака ги навредуваш и им се брецаш на родителите на мт и на мт, не е ни чудно што оформиле такво мислење за тебе и за тие кои те воспитале.
     
    На Li0ness, nena2010 и Glasna им се допаѓа ова.
  13. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    што сум им јас виновна за мислењто ако им пречам нека си најдат друга снаа по мерка,за секое тенџерче на крајот на краиштата со има поклопче соодветно :)
     
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Па не можат бе виши. Нејќеш ни да чуеш за развод, уште и внуче сакаш да им подариш. :D
     
    На artemidis, mimiiiii, Li0ness и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    10.245
    Чат пат ги следам темиве за бракови, снаи, свекрви и сл. и генералниот заклучок ми е уствари дека секогаш доаѓа некоја напатена душа за совет, којашто најчесто е толку тврдоглава и убедена во самата себе што нема шанси да допре ништо до неа.
    Следат некогаш и десетици страни дискусија во врска со проблемот на дотичната и на крај дискусијата завршува со иронично заблагодарување упатено кон тие што сакале да помогнат, затоа што госпожата повторно останала неразбрана од светот.

    Ај ние на форумов може да киндеме кога сакаме, ама јадни тие луѓе што секој ден мора да се расправаат со вакви шпанско-турско-индиски драми.
     
    На imelda, SV1911, baby-star и 3 други им се допаѓа ова.
  16. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    10.909
    E vo vakvi slucaevi svekrvata e za zalenje.
     
    На Li0ness и tessie им се допаѓа ова.
  17. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Мене ми е жал за двете, и свекрвата и снаата.
    Сепак осудуваме ,а а ја слушаме само едната страна, иако верувам дека многу работи Vichy ги премолчува кога ги раскажува своите проблеми, однсоно ги премолчува оние работи кои не и одговараат и кои не сака ние да ги знаеме.
    Мислам дека свекрвата знае колку е саат, и затоа ја има неколку пати убедувано со зборовите ...кој имаше најубава свадба, види каква гардероба имаш и слично...и сето тоа е во насока да ја натера да не „збеснува“ за глупости.

    Vichy,имаш работи кои многу други девојки и жени можат само да ги посакаат, имаш маж, среден дом, родители и свекор и свекрва кои не се откажувааат од тебе и сигурно уште многу други поволности.
    Или прибери се, или ќе изгубиш се.
     
    На tessie, vichy и Li0ness им се допаѓа ова.
  18. Sexycatt

    Sexycatt Активен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2014
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    8
    Брачни разочарувања

    Вака имам 23год. и веќе 2год сум во брак. Имам и 2годишен син. Ден по ден осеќам дека бракот ми тоне. Се чуствувам осамено кога сум со него. Па така пред една год почнав да го изневерувам. Се беше ОК се додека не се вљубив во љубовникот. Станав опседната со него. И тој беше баш загреан за мене. Но потоа олади. А јас го сакам. Постојано висам на фб,100 пати на ден му го гледам профилот. Сакам да го ПРЕБОЛАМ ВЕ МОЛАМ 3А СОВЕТ И ПОМОШ
     
  19. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Па нормално дека ќе ти тоне, кога веќе си побарала утеха кај друг. Сигурно бременоста е била причина за свадба? Дали го изневеруваше и кога бевте во врска? Секогаш кога жената ќе иде со друг исчезнува љубовта и почитта со мажот, како и страста. И што очекуваш сега од нас. Ти си направила грешка уште во самиот старт, можеби затоа што не си ни била спремна за тој брак. Ама знаеш што велат што ќе посееш, тоа и ќе жнееш. Сега имаш дете, заборави на тој љубовникот, затоа што ниеден саглам маж нема да оди со омажена жена, знае се што го е интересирало со тебе и каква корист е имал. Потруди се да си го спасиш бракот заради детето и престани со изневерувања.
     
    На tessie и Sexycatt им се допаѓа ова.
  20. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    не ми е јасно како ти се посака да те допира друг маж,а досебе веќе имаш сопруг со кој имаш нешто најубаво,највредно дете?девојко,жено,мајко љубовникот си уживал со тебе имал мерак,ќе има чат пат во иднина ама дека нешто озбилно те сфаќа тешко.ај и да се разведеш од сопругот мислиш љубовникот ќе сака нешто озбилно со тебе занејќи дека во претходниот брак си изневерувала?мажите немаат женски мозок мила(читни ги мажите се од марс жените од венера и марс и венера во спалната соба,ќе ти стане појасно).дај читни малце и дете во рака,споруг под рака и ти посакувам побрзо да излезеш од овој тежок период(и ако сакаш да си го зачуваш бракот јазик зад заби и крај на неверствата).
     
    На Lori-30 и Sexycatt им се допаѓа ова.