Немам напишано долго време на форумов долго време,но кога го процитав ова сто го напишала Sexycatt можам само да го кажам следново... Многу жално особено за синчето исто така и за тебе...тоа што си го изневерила е кукавичлак и најнискиот чин кој си го направила кон себе,своето тело,својот дух...си се уништила максимално...несакајги си го повредила и своето детенце... А за сопругот -секој проблем има решение...но оваков начин кој си одбрала ти за да се чуствуваш исполнето е мизерија Времето нема да го вратиш и мислам дека штом си била со него 1год. со еден повик негов,пак ке бидеш со него...но како и сега пак ке дојде време да се каеш....Немам намера да те судам ни осудувам твој живот прави како си сакаш...но внимавај ниту една тајна не останала неоткриена...е дури тогаш е она најлошото...Ке бидеш сама вистински сама....затоа внимавај штоправиш
Така е. Но не повеќе. Научив да игнорирам. Таа грешка е готова. И не нема да се дознае бидејќи само ние двајцата знаевме. Тој не е таков да се фали,бидејќи го знам уште од малечок во исто маало живеевме.
Да нема оправдување за неверство,но нема ниту за запоставување. Изгледа тој ме гледа како мајка на неговото дете а не и како негова жена. Немојте да ме сватите дека зборувам за сексуалните односи тоа е добро. Ете вчера ми беше роденден а тој не ми го ни честита. Почнав да се прашувам кој е овој човек,небеше таков порано. Знам дека нема друга. Незнам, се чуствувам ужасно.
Запоставување? Затоа што работел човекот од утро до мрак за да му овозможи на семејството подобар и поудобен живот? Не секој има сила да ги држи очите отворени подолго време по таков ден а камоли нешто друго. Еве сега една хипотетичка ситуација: И тој сеа црнчи за на мене, госпожата и на моите деца да ни` биде покомотно, пример, ама прави голем грев затоа што уз тоа па и ме запоставува, па сега додека тој со пот и мака го печали лебот, јас му местам рогови. Он е поише крив од мене, како смее да ме запоставува, срам да му е... Не си видела што е запоставување, драга моја. Ги има шетаат, честат швалерки по цели ноќи, без да прашаат дали мајката има што на детето да му даде за јадење. Е, тоа е запоставување. Ако не, кажи му да си седи дома, ти оди на работа наместо него. Или пак нека оди хонорарец негде. Ама не, ем сакаме повисока плата да носи дома, ем да не` тинтра. Тоа ретко каде го има. Бракот не се склучува само за „кога се` ни` е под конец“, туку е заедништво во добро и во зло, во здравје и во болест, во богатство и сиромаштија, а не „додека квантитетот и квалитетот на интимниот живот не не` раздели“. Не е само сексот аман бре луѓе. Бракот е голема одговорност. Особено ако има и деца во приказната...
две години во брак и при најмала криза(koja не ми ни личи на криза)си го изневерила а тој кутриот црнчи од јутра до сутра.мене би ми било срам да го погладнам в очи,а не да му замерувам... а бре вие уште од медот треба да сркате .не сакам ни да помислам што може да направиш кога ке имаш подолг брачен стаж?!
Баш ме засрамивте. Да се срамам за неверството и никогаш повеќе нема да сторам такво нешто. Сега само детето ми е приоритет.
А каде е тука мажот да ти стане приоритет? Сигурна си дека нема нешто приметено што правиш?? Детето за детето ама ти гледај да си го задржиш бракот. И моли се на господ да не дознае дека си го варала, мада не верувам дека нема приметено. Така да тоа негово запоставување можеби е само реакција на твоите воншколски активности.
Па мислам дека не е забележал нешто. Јас вешто се криев. За таа работа и не се сомнева. Ама со тоа е веќе готово. Оној другиот несака тоа да го прифати и ми вели дека нема да се откаже од мене. Но јас СЕ ОТКАЖУВАМ од него и од такви работи. Доста ми беа воншколските активности .
Mаче, не дреми во ова време на компјутер правдајки се...на друго место оправај ја работата. најдобронамерно!!!!
веќе реков секоја ситуација е причинско последична Никој не прави нешто без причина.Оној кој вара сигурно има некоја причина нешто што го поттикнлао на тоа ,ти твојата ја кажа .Да заборави дека ми е роденден а толку малку во брак? пфф
Kако мислиш вешто си се криела? Kога кажа дека на фб си го тероризирала швалеров со искажување на емоции . и ти навистина поред све мислиш твојон пие нафта ,ај важи .Kога нешто не штима не останува не приметно од партнерите,само што постојат луѓе што не сакаат да се соочат со вистината,па така да не е ни случајно тоа со роденденот.
Шо убаво ја правдаш во се`уште за неа ранлива ситуација. Ако повторно тргне по тој пат нема да се чувствуваш виновно дека ти си ја поттурнала? Или тогаш ќе речеш „Она можела да не ме послуша.“ Ве молам без вакви лицемерни тапшања по рамо и оправдувања на разнишувања на семејство поради лични нагони. Ако има причина, не значи и дека е оправдано. Бракот како таков си носи свои одговорности, не е само легализирана форма на љубовна врска. Имаше една во мое окружување, прва да ги удри б`цките кај други парови, ама па за чудо либералните правила кои таа ги проповедаше на другите, за неа не важеа, кутрата како мумија му гувееше на нејзиниот а не па да стане збор за неверство...
Се мешам? A ти демек, не се мешаш. Додека се сметам за компетентна за совет и коментар, ќе го давам. Камо сите да се мешаа со конструктивни совети, светов ќе беше со повеќе среќни семејства. На жени кои минуваат низ ваков период потребен им е конструктивен совет, а не оправдување и тапкање по рамо. Семејство е во прашање.
прво јас не и дадов совет воопшто немам зошто да и давам,второ кажав дека секоја ситуација е причинско последична,значи жената кажа била запоставена јас и вратив дека ради тоа запоставување се случуваат вакви работи и тоа е мое видување а еве сега и совет или нека молчи и нека си седи до мажот или нека се разведе па секој по својот пат