Баш ми помогнавте, ама навистина,со вашите совети. Секој совет и видување е добредојдено. Неможе да се врати времето назад, ама барем научив голема лекција.
Значи да резимираме девојки : Не постои ниту една добра причина,ниту едно оправдување нема за изневерување во врска, а првенствено во брак. Може да постои само причина за развод на еден брак...па потоа секој со својата среќа. А инаку сите тие оправдувања од типот,не ми обрнува внимание, немаме секс, не постои блискост, или било какви детски оправдувања од типот заборавил поклон, не честитал роденден, не ја бакнал тештата за добредојде се чисти небулози. Кога ќе дојде до криза во некоја врска или брак се седнува се разговара, па ако не можат да се надминат проблемите или разликите се знае развод, впрочем ненадминувањето на разликите е една од причините и зконски да се побара развод.
еве ме пак...пак сопругот се премисли за инсеминација како опција за забременување ако е успешна или неуспешна пак допринесува за понатамошно добивање ваучер за бесплатно инф...пак се замешаа неговите дека природно е исправното...пак он попушти денес под притисок на стравот да не му ја замешаат спермата со на друг донатор откако стручно лице го убедуваше дека има 30год искуство и не се замешало досега и нормално не му дозволија да го надгледува процесот...и смачено ми е веќе,да го присилев ќе го предомислев но гледам со какво гадење зборува за инсеминацијата и не сакам да го терам да прави нешто што не сака но мене ми минува времето и немам ни интерес веќе да одам да се резилам по доктори кога он очекува/се надева на природен начин а ете кај мене сега за сега е невозможен.ме мачи ова дали според вас вреди да се трудам да останам во брачна заедница и да терам дека можеби некогаш ќе успее да затруднам природно или да се подготвуваме да се разделиме и јас да најдам друг партнер што не би имал предрасуди кон медицинско помогнато затруднување а он да си најде жена која природно си раѓа?не сакам пристрасно да судам но ете како би постапила некоја на мое место?
Смири се малку, нервозна си и затоа така пишуваш. Среди си ги малку мислите во главата. Сосема нормална појава е да така реагираат мажите кога станува збор за доктори, лечење, захват....веднаш паничат и цмиздрат, најискрено. За него тоа е шок и незнае како да се справи па затоа лесно подпаѓа под туѓо влијание односно под влијание на неговите. Прво направи муабет со него дали тој навистина е психички спремен и сака бебе а потоа произлези со факти зошто неможеш да останеш бремена (не ти ја знам приказната од почеток и незнам кај кого е кочницата па затоа така пишувам), убаво објасни му. Клучната дилема не е дали се сакате туку дали навистина сакате заедничко бебе кое ќе го створите по било која цена. За тоа ти треба и негова подршка. Не го условувај, ќе направиш поголема грешка туку тактички го обработи. Ќе му треба време да го ,,сомеле,, фактот но ако навистина сака бебе со тебе ќе ,,легне на брашно,,. Не губи надеж и избори се ако навистина мислиш дека вреди таа жртва
Ах Vichy, навистина не знам што да те посоветувам. Тоа свекорот и свекрвата, такви глупости зборат, значи невидено...ако се правела инсеминација, можело да се замеша спермата ?!?„?“„!’ Најискрено мислам, дека тие со синот нивни нешто кријат и многу се несигурни во целиот процес со бебе, да не случајно преку инсеминација ти уствари им дадеш бебе од друг . Мислам земи разговарај со тоа маж ти, а не да се понаша ко мало дете мам и тато да го водат.
славица не е нервоза значи бесна сум и лута,но не ко првиот пат во декември,ме тера да се резилам пред докторката,инаку 1,7месеци сме во брак и по година дена отидовме на прегледи и се беше ок хормонално и анатомски тогаш,ама заминав летото од работа што не ја сакав а бев приморана од неговите зошто работев кај нивни тн.пријател и демек пензија да имам во иднина стаж да ми тече да работам во пеколни услови,и недодржав ме наместија за нешто и си заминав,но од стрес ми се поремети циклусот и од 6ти.8.на 6ти.10ти добив ме проверија хормонски и стрес хормоните беа многу покачени,и тогаш се договоривме со докторката да почнеме со испитувања дали е се ок за започнувае инсеминации и на крај ако треба и инф,ноември испитав проодност одлична,он сперма уште поодлична,декември примав кломифен и инсеминација требаше он се премисли под убедување на неговите,и на крај татко му отиде да и каже на докторката дека природно ќе се обидуваме,ништо,јануари инфекција имав не пиев члекови и ништо,февруари бевме кај доктпорката и му рекла решете што сакате па после и се испокаравме дури му реков ќе се разведам од него,џабе време ми губи(од 2009та го имам чепкано на тема брак/деца и он ми вика не сега не ја работам таа раб.што ја сакам )и ај се реши дека ќе правиме инсеминација и денес ми е 5ти последен ден од пиење лекови и она виде убав фоликул вика вечер боцкање и утре инсеминација,отидовме и до кај биологот и кажува он што го мачи да не му ја смешаат спермата и она му вика јас 30год.работам тука не се случило тоа и јас реков ај ќе се среди ама потоа гледам него му се поти чело,бледнее и му реков ај природно,а јас знам како ми е без везе,го разбирам сака природно но е те неможам и што сега цел живот да чекам дете од небо да падне?
Виши, нели тој не сакаше деца со тебе? Зошто вака го присилуваш? Плус тоа имате и многу проблеми, нејаснотии, неразрешени конфликтни прашања... јас те разбирам сакаш да основаш потомство, не сакаш да ти го губи времето (многу јасно) но важно е и со кого го основаш. А и тука според мене важи онаа „подобро сам, отколку во лошо друштво.“
@vichy,извини вака ама во многу проста и конзервативна фамилија си влезена,никако не ми оди во глава дека свекор ти бил да ти го откаже целиот процез за ивф,јас би се развела уште во истата мин,срамота,ама незнам ни ти што си им дозволила до толку во интимни ствари да буричкаат...мислам свекор ти бе
гласна не се идеални,но еве за појасно професори се биологија/хемија учеле на времето во загребачка школа и сезнајни се за здравјето итн.значи како они ќе кажат така е,плус синот им дозволува,така е воспитан ученичето што се трба да им каже на мама и тато професорите,по строг режим е растен што мене ми е bulsh..бидејќи јас не сум растена така,ако сум сакала нешто сама сум го постигнувала без мама и тато да ми помагаат иако знеле што сакам,а он не знае да направи нешто без мама и тато да не го потурнат,и убаво теси пиша да не силам и не ни сакам зошто луѓе одиме кај биологот и он ко учениче божем мајка му е биологот и вели ќе дадам сперма ама да не се оделам од неа и јас да гледам како ќе ја сработите да не се замеша женава се насмеа и му рече зарем 10инсеминации ако правам сите 10 треба да си ја гледате спермата и сега во тесно пред мене како да рече не сакам а пред неа како да ја измоли да му да де да гледа а во себе си вели како ќе ги гледам моите во очи дека им ветив ќе ги слушам и се поти по чело и бледнее и жал ме фати реков одиме и ај му попуштив,ама мака ми е.видете не ме боли што нема да фати или било што ме боли тоа што не е истраен докрај,срамно е се ова,искрено не ми се верува што ми се случува и низ што поминувам,знам дека е до мене проблемот но не е нерешлив да добивам ваков третман од него и фамилијата негово,и на крај краева што менува природно или вештачки зачнато бебе,божем кога ве викаат на мекици тоа се прашува како енаправено?
јас ова што го кажав апсолутно нема никаква поврзаност со тоа дали се образовани или не,знаеш колку познавам козервативни луѓе што се на повисоки функции,многу,толку и при прости луѓе.Tие ако сакаат докторат нека имаат завршено ама тоа не им дава за право да иде свекор ми на гинеколошки преглед со мене бе,јас тоа би го сватила ко нешто настрано.
ех не вреди за замарањето...изгледа чарето е мени партнер и на тој начин смени и гинеколог...ех какви мажи се не трпи земјава,ќе му ја замешаат спермата бе не може кутриот да го прболи раскинувањето со неговата сперма...ах на макате си се смејам за да не пукнам од плачење
Не е за смеење работава ама јас си се изнасмеав. Ќе му ја сменеле спермата бе хахахха. Тој кога ќе забремениш ќе треба дома да се пораѓаш пошто може свекор ти слушнал дека во шеесетите во загребачката болница децата ги менувале. На, тебе ова е погрдо, убавово за богатите ќе го чуваме. Божеее
Vichy,кажи ми како очекуваш твојот да чува,одгледува,и да ги расте вашите деца како родител,кога самиот тој не знае ни за самиот со себе што да прави,ни пак со тебе,а камо ли со сопствените деца. размисли си убаво за со таков човек.
остај цецилија и да не би ни го замешале бебето кога би го имале по чудо на нештата де не го замешаат и за тоа се трескаат од земја луѓе невкусно е да речам пак сум им влегла во фамилија ама ова било било се ама нивново не,ако не ја замешаат се плаши дека ќе забременуваат други пациентки со сопрузи кои имаат небаш толку квалитетна сперма,абе кога ги слушам сите нив добивам слика дека испитувачите на цси ќе ми правта инсеминација па леле стручњаци и апаратура чудо ќе се стори,,ај барем си се насмеала,позитивното нешто денес,зошто и мене ме фати смеење сега
леле и јас не сакам да се смеам ама vichy со ова твоиве споредби со ЦСИ ...веќе не можев да издржам.....кој простотилак од народ....а на мт има брат или сестра? ако тие имаат деца, што не ги прашаш дали и на нив им се мешале? Од кај знаат дека им се вистински внуци?! па може и нив во болница им ги замешале...одма ДНА сите да направат
еј fighter можда имаат направено днк,зошто шала на страна мојов ми има речено откако ќе го родиш ќе му правам тест за татковство и јас уплав имам од бодења и му велам не ти е жал бепче да се боцка и сериозен ми вели ај кога ќе попорасне,инаку свесна сум дека ќе направи тест знаела јас или не,тоа им е во генот на цела фамилија имав пред некое време пишано ко да го живам запознај ми ги родителите и овие се семејството на џек а јас ко од другите да сум на грег фамилијата гледам да вртам на смеење се ова иако луѓе напаст се јас ова немам видено сепак далеку да сум и јас од идеална или моите ама нивново е претеризам
Виши, ти и да го убедиш мт за инсеминацијата, ќе си имаш мака цел живот. Верувам дека секогаш ќе го загледува детето дали личи на него, дали има негови карактерни црти, а да не зборам за свекорот и свекрвата, тие веројатно ќе однесат (тајно ) да се направи ДНК тест за татковство. Мислам, мажите и така знаат да бидат деликатни за тоа дали детето личи на нив (или на комшијата, како што ги зезаат), на пример, ќерка ми ама ИЧ не личи на мене и сите ми кажуваат така, личи на маж ми ептен многу, и еднаш баш му реков на мм (оти ме зафркаваше во врска со тоа) - а како би ти било тебе на тебе ИЧ да не личи и да те заебаваат тебе? И ми вика сериозен-Е, тоа е веќе многу заебано, остај тоа, не се споредува. Колку за илустрација каков им е менталниот склоп. А инаку, сто луѓе, сто и кусур табиети (оти некои имаат по 2-3, променливи се) . Има разни мажи, некои ќе прифатат и да посвојат, некои ќе се согласат жената да се оплоди од непознат донатор и ќе си го прифатат детето како свое, некои се- како ќе рече Господ. Имам другарка која си остана без деца (сега е веќе накај 45 години) од таков проблем со мажот. Не сакаше и не сакаше ни инсеминација, ни ВТО ни прегледи, ништо. Ако требало да биде-ќе биде, така ѝ викаше. И си останаа без деца. МНОГУ е тешко против предрасуди да се бориш. Јас на пример имам внуче зачнато со ВТО, и тоа од втор или трет пат, и бабата баш најслободно си зборуваше (добро, може и затоа што се блиски со моите ептен) дека одат на терапија за ВТО, што има страшно или срамота во тоа, не знам. Но сигурна сум дека има мажи кои не се чувстуваат доволно мажи ако не направат дете сами, некако, како машкоста да им се намалува ако треба помош. Што знам... Ама ти треба да си одлучиш прво-дали го сакаш маж ти (зашто претходните постови и проблеми ви се баш...хммм) и дали сакаш дете ИЛИ сакаш дете со него? Мене ми личи дека некако си испаничена и го доживуваш како последна шанса, демек, времето лета, кај да најдеш сега друг па уште и бебе да направите, време ќе треба да помине... Од погрешни мотиви многу тешки проблеми може да излезат. А ако не можеш да си среќна со него без бебе, НЕМА да си среќна со него и СО бебе. Бебето може да е надополнување на една врска, ама не може да биде лек или со него да се крпи врската, за никого, па ни за бебето, не е фер тоа. И во целава ситуација, ако се надоврзам на претходните ваши проблеми (што не се мали ни наивни) може треба да си размислиш како би изгледало да се разделите, и евентуално да си најдеш некој кој повеќе ќе ти одговара во сѐ, не само во ставот за како да се направи бебе. п.с. Сега видов за иста работа сме пишувале
ме изнасмеа за тоа ако не го направи он природно ко помалку маж да е...деликатна е темата и не сум ја дискутирала со претставници од спротивен пол но мене лично не би ми пречело ништо вештачко или медицински потпомогнато доколку резултатот е постигнат т.е. добиено е посакуваното бепче...да ме фати паника особено кога ми доцнеше циклусот 2месеци летото и си помислив ми помина возот одма да се нафрлиме на дете правење,но не знаев колку конзервативно ги доживуваат целава негова фамилија овие работи инаку чисто како информација и другата снаа 11години е во брак и немаат деца бидејќи и она има други здравствени роблеми не од хормонална природа ама стариве се мешаат и кај нив природно да е се додуша таа снашка си еи така по религијата и се надева господ бог ќе и се смилува,верувам и јас во божја сила но како велат помогни си малку сам па и господ да може да ти помогне,ај со господов наш напред