Кризата што се јавува во мојот брак не е некоја криза, но ете некој проблем понекогаш се јавува најчесто предизвикано од надворешната средина, поточно од сосема небитни персони, кои нас ништо не ни значат. Не знам дали вие сте се чувствувале во моменти, како да сакате некого да убијате, кога на една забава една кокошка му иди на мм ми и го гушка и бакнува на лице, без никаков осет пред мене и пред нејзиниот дечко. И не се трга!! Се залепи во него!!!! Не зборувам за гушкање, не зборувам за поздрав со бакнеж нешто такво, туку без никаква причина.. Ова траеше долго!! Јас не презедов ништо.. Значи да напоменам ние не живееме како некои другари, туку таа е девојка на наш другар, не моја другарка, се имаме видено 2-3 пати најмногу каде разговорите се подпросечни. Се видовме после цела година дури... Дрсла, никаква , смрдена кокошка извинете за ова но преизненадена сум со ова што се случи и многу изнервирана. На чупево само да го опишам карактерот, таа е мажот во врската, го малтретира, се иживува и го навредува пред сите без никаква причина, на секој збор што ќе го кажи тој. Таа му го чува паричикот, дури и го тепа, да, да пред сите. Тој нема никаква контрола над неа, не можи да и преречи за ништо, не можи да ја спречи, таа си прави што сака. Али ми е гајле веќе за неа и нивната врска. И ми ја донесе на забавата, за да прај глупости. Е сега во тој момент се обидував да се воздржам колку што можам и да не изреагирам лошо (сега се каам што не и ја искубав косата) очекував мојот да се тргни, да ја одтргни некако, но тоа не се случи. Потоа збеснав дома. Тој беше малку запијан и таа се напи,јас не пијам многу една чаша до две. Алкохолот не е оправдание. Дечко е ни да си ја прибери ни ништо, не реагира, не знам него ништо не му смета. мм е културен човек, многу е добар, не се кара со никого, ќеф ми е со него, но понекогаш ми смета тоа што не сака да згази некој, не сака да понижи и кога е потребно. Сакам да кажам дека го решивме тоа, помина, јас не можам да заборавам уште дека морав да гледам како некоја му се залепи така, поарно чора да бев и да не забележев и не можам да ја тргнам од главата таа слика. Муабетот ми е да не верувате на никого и да бидите подготвени на се, па дури и да излезите некаде, па дури и ако сте сами со него, има секакви празноумни девојки кои можат да ви направат проблеми. И да реагирате!!! А не да оставите како мене така, демек не сакам да се спуштам на ниско ниво да не правам сцени и слично, оти потоа вас ќе ви биди тешко!! На таквите девојки не му е гајле каква врска имате вие, тие и во врска се слободни и прават што му чини. Ако нека и чини на умот тоа што го направи, се погрижив сите да ја разберат, а и веќе има правено проблеми на други како што имав разбрано од порано и веќе цело друштво поранешно, никој не ја поднесува, туку сите велат ајде атер за другаров и ја трпат неа. Инаку немаме некакви поголеми проблеми, не сме во некоја криза, долго сме во брак, не си замеруваме за ситници, се изнашетавме, си излегуваме си помагаме низ дома и со муабет, се подржуваме во се, се сакаме, јас лично го обожавам!!! После ова ги игнорирам и ќе ги игнорирам Но неа не планирам ни на свадба да ја канам Не знам што да очекувам. Можи да направи триста глупости пред сите таму(толку и сечи во умот).
Missfortuna ,за други/туѓи луѓе не можеш да им забраниш како да се однесуваат,ама за твојот и те како ..вајда знае да се одбрани ако веќе гледа дека нештата излегуваат од контрола,освен ако и него не му годело
И јас на тоа помислив, сто пати му повторив дека веројатно ти годеше што не се тргна, но никогаш до сега се немам најдено во таква ситуација, па и јас бев изненадена и не знаев дали да изреагирам, не сакав да излезам некоја љубоморна и да се искарам, кога зборувавме за тоа ми рече дека не знаел што да направи во моментот и зошто еве јас не сум била таа што реагира. Ни крива ни должна јас крива на крајот испаднав. Лесно е така да се одбраниш со обвинување, ама барем малку повеќе искреност во такви моменти сакам, ти годеше ти годеше ок, само еден момент? -ок Немој да ти смета ако некој ме гушни мене и јас останам така, Оти вака сега после тоа ми се намалува довербата, прво ме лажи, чора на очи ме прави, второ тешко е да признај како се чувствува во моментот и зошто не изреагира, а и како утре еве пр ќе излези и некоја му се опни пак така, тоа што бев до него не го натера да размисли во тие минутиии(долги леле јака ми душа како издржав) па ко ќе биди сам ќе помисли воопшто?? Ох леле до кај ќе одиме со преголема доверба вака....
И јас сум во вашиот клуб. Да има.Јас сум видела парови и во поодминати години како си пружат нежност,љубов и поддршка,но ете ја немаме сите таа среќа,за жал
Можеме да коментираме за надворешниот впечаток кој паровите го оставаат и се изгледа совршено. Никој не може да знае што точно се случува „внатре“ позади затворена врата. Брачна криза не значи само неосгласување и кавги кои водат до пред развод, а предизвикани од однос ос свекрва/свекор/девер /јатрва и слично. Брачната криза не значи непочитување на едниот кон другиот партнер или немање разбирање, зошто и во вакви случаи може да се случи да се јави таа криза, предизвикана од x фактори. Сите имаат по некоја брачна криза, мала или голема, кратка или долготрајна и тука нема ништо спорно, лошо или невистинито. Љубов и 100% хармонија до крај на животот има само на филм.
Па дури ни на филм, дури и сите бајки завршуваат со свадбата Шала на страна, секој треба да се труди и да работи на тоа бракот да успее (бидејќи без компромиси и влог од двете страни тоа нема да биде возможно), но не и да се споредува со другите, бидејќи навистина за никој не можеме да знаеме што му се случува во спалната, или во главата.
не дека сум жртва ама нема да се навикнам на ова. Знам дека секој има проблеми во својата глава ама дома не треба тоа да ти делува или да ти ги расипува односите
Еве ме мене пак драги феминки да "тупам" малце... И како што ветив завршив со изневерувањето и чиста сум сега Ама што кризи ме фаќаат уште ми е мил кога ќе го видам... И си помислувам WTF !!!
Јас сум во брак 3 години,и сум втора сопруга на сопругот,проблемот и кризата во бракот што ја имаме започна од мајкаму секојдневни кавги,сега се потсмири ама затоа почнуваат проблемите за детето што го има од првиот брак.По 3/4 дена од неделата е кај нас,има 15 год и не е баш мало се разбира,кога ке дојде не ме поздравува ако го прашам сака ли нешто,одсечно одговара,се затвора во соба и кога сум во дневна не влегува не зборува,кога таткому ке си дојде дома тој тогаш си оди, и мојов ми се дипуба на мене ср лути зс се сум јас крива со денови не зборуваме,а синму ретко седи кога е дома таткому,значи доаѓа од сабајле кога не е дома и бабаму му дава да јаде зошто од мене несака,мажми го боли што не комуницирам со детео,епа какокога некој цело време бега од вас и ве гледа напреку неможе да ве смисли,пред некое време носеше друштво и спиеја во дневна по цел ден,еднаш ом реков дневната не е за спиење,овој одма преку врата и му се заканил на таткому да бира или него или мене,мојов луд до развод што не дојдовме.Како само не ја погледне вистината и да свати како ми е мене,ие немаме дете сеуште,бев бремена ама имав спонтан,таа рана во срцето сеуште не заздравела а јас треба да трпам кавги за синму,незнам како понатака,ке полудам дајте некој совет зошто еазмислувам да си заминам од него засекогаш,поздрав мили феминки
Според мене, заминувањето ти е и единствено решение. Како бракот да го одржиш кога за почеток, ни основното го немаш, ја немаш поддршката и разбирањето со сопствениот сопруг. Неговиот син, очигледно овие работи намерно ги прави и сопругот наместо да се однесува како вистински родител и да го воспитува, тој за се вината во тебе ќе ја бара, а по емотивна основа, детето секогаш ќе го оправдува, па одозгора и проблеми со мајка му се како црешата на шлагот. Зошто да трпиш вакви работи? Не е крај на светот ако се разведеш, па можеби и после вистинската љубов и среќа ќе си ја најдеш.
Не сакам да коментирам на теми од овој тип, ама не можев да се воздржам, а да не искоментирам... Значи велиш дека си му втора сопруга (во ред) ама овој твојов сопруг не се задржал во првиот брак и наместо тоа да му биде за пример, тој го води кон пропаст и својот втор брак. Жал ми е што ќе речам ама таквите уште десет сопруги да имаат нема да успеат во бракот. Ако сакаш да бидам искрена ќе те советувам да се тргнеш додека е време, додека сеуште немате деца, затоа што после ќе биде уште потешко, милиони пати потешко. Самата си сведок во каква ситуација сте со детето од првиот брак, ете тоа нека ти биде појдовна точка за размислување во каква ситуација не би сакала да бидеш во иднина.
Почесто помислувам дека можеби во мене е грешката,ама ова негово ладно однесување и кавги неможам да ги поднесам повеќе,како да непостои повеќе љубов,само напнта ситуација откако аум влезена во оваа куќа,а тој за ништо не го воспитува синму туку се му дозволува,па кас треба сите ли да ги тинтрам и да им го лижам газот,не ми е јасно што очекува од мене,или да им бидам потчинета цел живот.ви благодарам на советите и мислењата,ако има уште некој совет пишете ке ми биде од корист,зошто немам со кого да разговарам на оваа тема!поздравче....
Едно прашање, каде живееше претходно детето на твојот маж, во истата куќа каде живеете вие сега или на друго место? Треба да имаш разбирање за него, тоа е само дете и треба со него да се однесуваш како со сопствено дете, само така нема да си правиш проблеми со твојот сопруг и со свекрвата, доколку тоа е причина за поголем дел од вашите кавги. Негов син е и секогаш ќе му биде. Тој бурно реагира заради грижа на совест, а со падење на синот ништо не правиш, неможиш против него биди со него.
Детето е во пубертет,па нормално и да е поќудливо заради тоа,плус можеби во неговата глава ти си виновник за распадот на бракот ,или пак мајка му му ја полни главата против тебе.Дури и односот на татко му кон него и обратно не ми делува од напишаново идеален.Илјада и една причина може да има,само ти и таткото сте возрасните ,а тој детето,па од вас секако се очекува поразумно да се однесувате отколку тој. Комплицирано е сигурно,и сигурно не ти е лесно,ама пробајте да најдете некој баланс,ако треба и побарајте помош,во смисол совет од искусен психолог.Во Америка и најпетпарачкиот колумнист во стилот на.."Драга Магда\Савета\Amy\Aby" стално предлага брачен советник,или терапевт,или психолог,а кај нас или не постојат,или на лугето им е ван памети да побараат таква помош кога работите ќе тргнат на удолница.Кога ќе дојде до омраза меѓу партнерите,касно е за оправање.А проблеми има секој,и ретко се решаваат сами од себе,за жал.
Прво сфатив дека ти си барала од мт да бира оти те изнервирало однесувањето на син му. Затоа и редактирав. Нејсе, не треба да му замеруваш на детето. Дете во пубертет. Дете кое во пубертет се соочува со фактот дека домот му се растурил. Од кај знаеш како се чувствува? Можеби се` уште не се соочил со ситуацијата и чувствува грижа на совест кон мајка му да биде срдечен со тебе. Се плаши можеби со тоа да не ја предаде. А и возраста на детето е погодена...измешани чувства, збеснати хормони, забрзан развој, каша попара. Незадоволството твое од овој брак трае подолго, како што можам да забележам. Зошто уште ја туркаш работата сосила? Се согласувам со Самер. Прво проблеми со свекрвата, па со синот, во ниту една од ситуациите реална и постојна поддршка од сопругот... многу избор не ти преостанува.
Стефанели со самото тоа што си му втора сопруга и тој има дете,си требала да бидеш свесна за тешкотиите кои те чекаат.Штом проблемите со свекрвата се смириле на ред е проблемот со детето.Мислам многу е тешко да му се доближиш на тинејџер ,зашто ти на него нема никогаш да му бидеш родител.Можеш да бидеш само пријател,и треба да бидеш горда ако дојдеш до тоа ниво.Не е тој толку дрзок и безобразен колку што е збунет од новата ситуација,мислам еве тато има нова мама,секој би бил во таква ситуација. Не треба да го притискаш детето,не треба да го присилуваш маж ти да бира страна,не треба да му браниш.Па и ете се случило преспале во дневната ,па што.И сама велиш дека тој не е постојано со вас,доаѓа на 3-4 дена.И нормално е да си му туѓа не очекувај да ти се довери и да јаде од твоето јадење. Биди трпелива и нежна,времето во овој случај ти е најдобар сојузник. А за проблемот со мажот ,јас точно никаде не прочитав што е вашиот проблем.Бракот не е тинтрање и лижење газ,туку секојдневно вложување.Емоции,разбирање,љубов...доближи му се на маж ти,пробај поинаку од она што си го правела досега.Очигледно дека и тој е збунет и несигурен.Се разбира ова го кажувам ако гледаш дека со него има некое разбирање и муабет.Ако нема тогаш драга моја се е залудно.