Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Криза во бракот

Дискусија во 'Брак' започната од sweeteva, 21 октомври 2010.

  1. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.569
    Пол:
    Женски
    Решението Нита за твојот проблем е во твојот пост.
    Јас го прочитав а верувам дека можеш и ти. :)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  2. women17

    women17 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    26
    Незнам веќе што да правам...

    Здраво девоји!!
    Ми треба некаков совет,помош, а и некој на кого да си кажам се што ми се дешава...
    Во брак сум 1 год и таа година мислам пола и повеќе ни помина во караници. Многу го сакам сопругот и покрај се што ми има направено и покрај сите караници, но веќе незнам дали сакам да останам во брак со него. На почетокот караниците не беа некои големи повеќе ситници и брзо се смирувавме бидејќи и двајцата лесно избувнуваме и кажуваме свашта без размислување и потоа набргу се покајуваме и се смируваме за час. Останав бремена и тогаш некако повеќе се зближивме не се каравме, но откако се породив и откако тој почна да оди на работа ( пред тоа не одеше и бевме постојано заедно) бракот ни се влоши и скоро секој ден се караме секогаш ќе најде он нешто за да се развика, од 100 добри работи он ќе најде нешто што не сум направила ко што треба и ќе се развика без да размисли дека јас имам и дете за кое треба да се грижам кое има 3 месеци а нема никој кој да ми го чува... Вчера за првпат и покрај тоа што имам бебе кое постојано плаче за првпат не успеав на време да направам ручек односно ќе требаше пола саат може и помалку да почека а тој веднаш се развика за тоа а и гости имав и детево ми плачеше и ете неможев да постигнам да биде навреме готов... и јас веќе неможев да издржам повеќе и направив глупост за која сега се каам, земав се напив апчиња сакав да се убијам но се покајав и мм ме примети и му кажав се.. секако тој се развика и веднаш ме однесе во болница и ме исчистија и не се деси ништо страшно. но работите повеќе се влошија муабет не ми прави и ми рече да си идам дома кај моите ама без детето а јас секако неможам да го оставам и кажав без него не идам никаде и тој рече добро седи но не е работата да седам а да се понашаме ко странци знам дека е лут и во право е но мн пати му викам да се смени ама се е залудно тој си е пак истиот... несака да излегуваме постојано сме дома, т.е. со мене несака а со другарите одма ќе летне , но јас не му дозволувам што неможе да шета со мене нема ни со нив... доаѓа од работа јаде и веднаш иде кај татко му, во ист двор сме, и со него седи дома доаѓа само за спиење.. а не да седне со мене да прави муабет ко секои маж и жена туку со мене е само за јадење и спиење ништо друго... а и јас не ни имам кај да одам моите не би ме примиле дома ако се разведам, работа немам и незнам што да правам...
    Малку бев долга, но морав ова некому да го раскажам бидејќи немам на кого па макар и да не добијам никаков совет... :(
     
  3. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Ах од кај да почнам со тебе?
    На профилот ти пишува дека имаш 22 год, што и донекаде ми е логично за твоиве детски постапки. Немаш наведено зошто предходно сте се карале, освен за последнив пат со ручекот.
    Кажа дека нема кој да ти помогне за детето, што значи живеете сами, а тоа е голема предност, кога нема кој да ти се меша по дома.
    Ок можеби е до постпородилната депресија, ама како бре мајка на толку мало бебе прави глупости????????????????????????????????????????? Како бре можеш да пиеш апчиња само за да добиеш внимание од мт??????????????? Тебе гледам ти е дојдено само до тоа. А си се запрашала ли зошто мт така се понаша со тебе?? Велиш дека е во право што е лут на тебе, а од друга страна бараш да се поправи. Промените започнуваат од себе. Јас не викам дека си мрзлива и готованка, но ти си дома, а тој оди на работа и кој знае каков притисок има тамо и уште ти му фалиш за ситници да се фатиш.
    Немој да му вршиш притисок за разговор или за внимание. Немој да се расправаш за се. Немој да се глупираш со самоубиство, иако сигурна сум дека апчињата си ги испила само за да привлечеш внимание од него. Да да, тој што сака да се замоубие знае како и кога. а ти само претешка глупост си направила и па дури си му кажала. Пфффф не можам да те сфатам најозбилно. Внимание привлечи му на 100 други начини, како жена, како мајка, како љубовница, а не како недозреано дете не спремно за брак.
    Морав ова да ти го пишам а ти ако сакаш лути се. Жално за бебушот, жално за тебе и жално за мт.
    Знам дека ти несакаш дома да седиш додека тој е со другарите, ама можеш на друг начин да го добиеш и ти тоа што го заслужуваш. Како може да сакам да шетам со некој, ако пред тоа ми ги има искорнато живците со глупости?????
    обично секогаш како жена застанувам на страната на жената, но ти сама кажа дека брзо избувнувате и двајцата и си кажувате се што не треба. Епа кај мажите е подруг тој систем. Тие многу подолго ги паметат навредите. Исто како и неверствата.
    Не дека го правдам мт, но и ти си немаш граници.
    Ок доста со карање, за кое несмееш да се лутиш.
    Вака, ти гледај да си имаш прво време за бебушот, потоа и за тебе. Домашните работи не дека треба да се занемаруваат, но со толку мало дете е оправдано. Е сега ручек нормално е да има штом седиш дома, но дугото може и да почека. Гледај да неколку пати во текот на денот си ја вежбаш психата со позитивни мисли. Секогаш кога ке осетиш немир или пак нервоза, земи си 2-3 минути за тебе и замислувај убави работи. Мт штом не сака внимание, не мора и да го добива. Ако ти пререче за нешто, гледај да се воздржиш од било каков коментар, а најмногу од кавга. Бебушот веке е спремен за шетање, па ти кога ке завршиш со се, земи си ја количката и на прошетка. Нареден ден кај пријателка, потоа кај фамилија итн. Што помалку го гледаш, помлаку и кавги ке имаш. Знам дека ти е тешко што е така ладен со тебе, но и за него тоа ке биде промена. Кажа дека свекор ти е во ист двор со вас, па ти преку ден ке си одиш кај него на кафенце со малото, па ке си поразговараш и со него, за кога ке оди мт твој тамо, да има кој да го искара или бар совет да му даде.
    Најбитно е ти да излезеш од дома и да се опуштиш.
     
    На bittersweet, SV1911, imelda и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Мила women17,

    Мислам дека ти имаш многу посериозен проблем отколку што е опишано во твојот пост. Колку што успеав да ти ги прочитам постовите, сфаќам дека вие имате и низа на други проблеми. Се надевам дека тие веќе станале минато, ама кај тебе е проблемот што сега во овие мигови навистина имаш извесна доза на постпородилна депресија. Малку минатото си го направило своето, малку сегашноста. Морам да ти укажам на фактот дека си направила погрешен чекор со чинот на самоубивство, но фала му на Бог што денес си жива и здрава. Мораш да сфатиш дека не е само сопругот центар на се’. Денес пред се го имаш тоа малечко душиче и на него му е потребна мајка. Си погрешила, но за се има покајание и простување.
    Заврти нов лист во животот. Кога ќе ја видиш најповолната ситуација пристапи на искрен разговор со сопругот. Извини се, направи се помалечка, превземи ја целата виновност на себе. Со тој гест сигурно ќе ја повратиш неговата доверба.
    Знам како е со малечко бебе, особено сега во овие месеци. Можеби нема секогаш ручек, ама има разбирање за истото. Но кај вас доколку го нема тоа, направи да не биде така. Сигурна сум дека често стануваш заради доење на бебенцето. Ако е потребно и преку ноќта направи некое негово омилено јадење што ќе биде спремно за кога тој ќе се врати од работа. Најважно не извршувај никаков притисок врз него. Следи го советот на феминката пред мене, излези прошетај се, па така ќе ги промениш целосно мислите во себе. Планирај го секој иден миг. Поминувате низ тежок период и ти си повредена, но и него сфати го дека е повреден. Веројатно тој сега мисли во себе дека ти не го сакаш, па затоа си се одлучила на тој чекор на самоубивство. Биди мудра и многу паметна. Врати ја неговата доверба, ама на најубавиот начин. Заведи го повторно со својот шарм исто како кога сте се запознале. Така ќе си го решиш проблемот :) .
     
    На tessie и Lori-30 им се допаѓа ова.
  5. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Што погрешила со самоубиството и испаднала незрела, дефинитивно е така. Ако не за себе требало да мисли барем на тоа беспомошно мало бебенце пред да се одлучи на таква глупост која и без тоа не можам да ја разберам, млад човек што има иднина пред себе. Но, не можам да сфатам како можете за се неа да ја обвинувате, иако сме жени испаѓа дека и ние размислуваме дека жената е крива за се и жената само треба да прави жртви за мир у куќа? Па мажот зар не е крив, како може на својата сопруга, на жената што само пред 3 месеци му родила бебе кое е сеуште презависно од нејзе, да ѝ се дере затоа што каснел ручекот? Па некогаш и ич да не стигне да направи додека е со мало бебе, па што? Бог да чува какви мажи има значи. И немојте да ми кажете дека е во ред да скита со другари а жена му и бебето дома и дури и кога е дома да си седи со татко му. Што му е него жена му, слуга само за ручек правење? Камо љубов, внимание, почит..... Па жени од Пустец зимаат па ќе седнат заедно после работа, а не овој со татко му си правел муабети само. Па само јас ли по постот на девојкава сфатив дека таа живее во хорор? Прав хорор. Пак ќе кажам, самоубиство не оправдувам, но нејзе ѝ е многу тешко со овој однос на маж ѝ, а што е најлошо и очигледно има старомодни родители кои не ѝ даваат поддршка. А вие се што имате да кажете е да направи ручек сред ноќ кога ќе стане да го дои бебето за маж ѝ да биде задоволен. :x Епа не можам да разберам..... Разбирам жртви кои треба да ги трпат И ДВАЈЦАТА партнери за се да биде комплетно, за да бидат и двајцата почитувани, задоволни и сакани, јас сум прва за тоа. Но во случајов тој е тој кој што нема разбирање, со што го заслужува па нејзиното? И тоа повторувам, таа само доцнела со ручекот, а не го прескокнала скроз. :!: Бесчувствителен гад, татко му нека му прави ручек штом само со него прави муабет.
     
    На IveBrajan, Daydream, Glasna и 2 други им се допаѓа ова.
  6. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.984
    Допаѓања:
    67.820
    Добив впечаток дека и пред да стапите во брак сте имале куп проблеми, ама што од игнорирање, плус бременост, валда сте мислеле само по себе сѐ ќе се реши. Извини ако грешам, нормално.

    Со самоубиства, закани секакви, уцени нема добро да видите. Незрели сте штом jазикот не можете да си го контролирате. 22 години не се малку, jас на твои години се омажив, ама jазикот пред мозокот никогаш не ми лета.

    Научи се да се контролираш! Ти ги прочитав предходините постови за да имам слика одприлика што ви се случувало пред ова, па, како што напиша Серафима, овоj проблем е доста длабок.

    Како возрасна личност, маjка и сопруга, зборуваj со него смирено, зашто само со разговор ќе си ги средите односите.
    Пишуваш дека го сакаш, па какво сакање е тоа ако си болно љубоморна? Не викам дека он е совршен, слични сте и двајцата, да имаше повеќе памет, не би се однесувал на овоj начин.

    Затоа, разговор додека скроз не сте се оладиле еден од друг. Ако доjде до тоа, бракот ќе ви биде пекол, посебно за детето.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  7. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Mислам дека на мажена жена и мајка на мало бебенце не и личи да се однесува вака. Мајка ми оди на работи од 6 и пол до 2 и пол па пак стигнува и јадење да направи, и да не испере, и да среди по дома и се. Разбирам дека јас тебе неможам да те споредам со мајка ми но цел ден си дома иако имаш мало бебе јас како што знам тоа повеќе време во денот спие што значи си слободна и јас мислам дека можеш да постигнеш се. И нормално е маж ти да се изнервирал може и од работа бил нешто изнервиран и ко видел дека ручекот не е на време на тебе се изнавикал. Ама и ти некогаш треба да имаш разбирање. Семејство сте створиле неможеш ти при секоја кавга да се тровиш или да мислиш да одиш кај мајка ти. Посебно не затоа што имате дете веќе. Во ред е да бараш внимание ама сфати дека сега сте во брак, не во врска и тоа не е исто. Си требала да бидеш подготвена на ова. Бракот е сериозна работа не игра. Неможе тој да ја напушти работата и се останато и да седи дома тебе внимание да ти посвеува. И ако го напнуваш човекот вака постојано дека не ти посветува внимание и да излезете тогаш нормално е дека ќе бега од тебе и ќе седи со татко му. Мислам работи цел ден и дома кога ќе дојде треба да си го одмори мозокот а не некој уште повеќе да го вознемирува. Едноставно ТИ претеруваш. Ако сакаш бракот да ви биде ок кога ќе дојде тој од работа место да го притискаш и замараш со глупости спремај ручек пред тоа нахрани го бебето среди го и вие двајца седнете и ручајте на мира како нормална фамилија и разговарајте за обични теми како било на работа, ова тоа ти нему посвети му внимание и разбирање. Ако тој ти пререче или развика за нешто ти не возвраќај и не се карај. За кавга се потребни двајца ако ти молчиш тој сам со себе неможе да се кара. И имај разбирање сигурно е уморен од работа. Сега незнам каква ви е финансиската состојба дома ама само тој работи и ако сте само од неговата плата мислам дека треба да имаш ептен разбирање за човекот. А за да излегувате имате премало бебе и не е во ред да го водите по кафани или на такви места. Но ако престанеш да го напињаш верувам дека работите малку од малку ќе се средат по можете да излезете некоја приквечерина во парк со бебето на шетање. Или повикај некоја пријателка.
     
  8. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Таа тие совети ги доби, затоа што таа сака да остане со него и затоа што сама кажа дека и таа има многу грешки.
    Види никој него не го оправдува, туку ја советуваме да погледне сама малку и за себе, а не да и се врти светот само за него. Искрено јас сум малку и зачудена бидејки во приказнава бебушот не е споменат, освен дека е присутен. Е сега сама исто си кажа дека јазикот и е побрз од мозокот и дека и двајцата кажуваат многу навреди. Сама кажа дека постојано се караат. Кој разумен човек се кара постојано?? Јас не. Па сите имаме маки и работи кои ни сметаат, ама со дерење, со кавги и навреди ништо не решаваме.

    Ја советуваме да го остави на мира некое време, зошто таа сака да остане со него. Зошто таа направила глупост со “самоубиството“ за да му го привлече вниманието.
    Никаде нема кажано за што и кога почнале со расправиите и ние според пишаното и ја посоветувавме. Јас и кажав дека кога веке 24 часа е дома, може да најде време само за еден ручек, а другите работи и да ги запостави се небитни. Не дека го правдам мажот, ама можеби тој работи тешка физичка работа и гладен се врака. Можеби не јаде на работа, па едвај чека дома да дојде и згора на тоа да се расправа и да нема ручек. А тоа што излегува со другарите му е како издувен вентил. Не дека го правдам НИКАКО, но можеби тоа му е единствен начин на кој може да се смири, па за тоа и јас ја советувам феминкава, да почне да си излегува за и таа да може да се смири, па понатака да си најдат ршение.

    Ако таа имаше услови и ако сакаше да го напушти и ако веке не го сака, тогаш друг совет ке и дадев.

    На крај да кажам само и ова; сите знаеме дека имаше случаи кај некои фемники, кои мислеа дека после раѓањето дете ја завршиле целата работа на светов и дека имаа многу нереани барања од мажите и животот. Посебно реченица која ме изиритира беше ; Јас му родив дете ( и милон забегани барања), јас се чепев на боксот ( милион откачени работи во очекување) тој мора да прави вака или така ( како мажите да се програмираат софтверски). Ете тоа е проблем кај некои жени.

    Епа врската и бракот се градат и негуваат секој ден. Не е работата роди дете и гази се пред себе и навредувај и кулирај, па после се жалат на вакви работи, па на неврства, па разводи итн.
    Ова не се однесува на феминката од случајов.
     
  9. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.180
    Eее млада дамо,ова ли е успешноста на еден брак :) ,каде едниот целиот товар треба да го сноси во бракот,за да се нарече успешен брак???зарем се споредуваш(тинејџерка) со три месечно бебе :?: ...од каде идејата ти е дека сите бебиња само спијат :geek: ..партнерот може да разбере,да се стрпи,да причека,ама бебето не може...
    Hема да ме изненадиш ако за некоја година и ти почнеш да се жалиш на ваква тема,бидејќи самата си признаваш оти сеуште мајка ти трча по тебе :emo: ...
     
    На MacenceEna и bittersweet им се допаѓа ова.
  10. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    women 17
    За тоа што се карате постојано во една година брак мора да има причина само ти тука не ја кажуваш,неможи во 1 година брак вие да се карате секој ден за било што не е битна кавгата туку е битна причината од самиот корен, што е работата меѓу вас немате доверба осекате како да избрзавте со бракот или што?значи мора да има некаква причина за вие секој втор ден да се карате...
    Порано велиш дека тој не работеше ти не работеше и секој ден бевте заедно,ок бе девојко но бракот е заедница каде што треба да се вложва и финсиски и емиционално и на секаков план инаку како ќе биди тоа здраво и просперитетно семејство,извини што ќе ти го речам ова ама ептен сте се затрчале да влезите во брак без да знајте и какви одговорности имате во бракот,и според мене вие воопшто не знајте ни да функционирате ни да се справите со нешто...
    Нормално дека еден ден мажот ти ќе почнеше да работи и да заработва па неможи вие во брак да живејте како тинејџери секој ден по цел ден да си седите заедно и да си гугате тоа е неприфатливо тоадете што си го родила треба да го гледате образовате и што уште не немоат твоите и неговите цел живот вас гајлето да ви го берат нормално...
    За ручекот можеби и тој претерал но и ти не треба на сите пардон да им правиш,сега гости за гости гледат дека имаш мало дете дека сама се справуваш со све јас да бев на твое местоќе му речев извинете седетеси ама јас ручек за мажотми треба да направам,значи јас никогаш не би направила пардон на никој кој шшто сака нека е на гости на прво место ми е фамилијата и кај на приказната...
    Апчињата што си ги испила мн незрело си постапила и така проблеми не се решават,туку со разговор озбилен и да најдите заеднички јазик,и престани да се понашаш како некоја тинејџерка не си го пуштала мажот ти да излези со други ова она,и да можи со тоа го реши проблемот,очигледно е тој ладен кон тебе а зошто треба самата да дознајш и да поработиш на тоа не да се инаетиш,и на не го сигурно му е тешко работи уморен е и све и тебе не велам не,но на ваков начин све повеќе и повеќе пропаѓате според мене жената ја чува топлината во домот затоа потрудисе да дознајш зошто тој е толку ладен и поработи на тоа разговарај и со него и најдете стредина....
     
  11. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Дали постои некој кој е во брак, а да немал проблеми?!
    Нема таков и нема такви брачни парови.
    Понекогаш и од една општа ситуација и од обичен разговор, доколку едниот или другиот неправилно разбере излегуваат спротиставени мислења. Но тоа не значи дека тие треба да резултираат со кавга!
    Проблемот во нивниот брак е тоа што во овие мигови тие взаемно поминуваат низ вистинска и во буквална смисла на зборот Криза. Особено минатите нејзини постови и нивните проблеми со интимноста, даваат една нова димензија на проблемот. Затоа и потенцирав во минатиот пост, дека проблемот е кај неа. Во која смисла?
    Со тоа сакав да и укажам на фактот за таа самата убаво да размисли за нивниот живот. Проблеми не се решаваат со самоубиства, туку со отворени разговори. Оној проблем кој го потенцирав е онаа нејзина нетрпеливост и слабост кон него. Сфаќам дека тоа е од љубов и дека не сака да го повреди, па кога таа него го сака, таа треба да делува многу на него.
    Со игнорирање нема да се реши ситуацијата, туку само ќе се влоши. Зошто? Бидејќи тука се отвора нов хоризонт на друг проблем. Што ако самиот за овој период додека таа го игнорира тој ја сфати својата грешка?! Што ако сфати дека заради него и неговите недостатоци таа сакала да посегне по нејзиниот живот, а со тоа автоматски покажува дека таа не го сака?! Не овој проблем (мислам, не тврдам) е вистинскиот проблем, кавгата или ручекот или нешто друго. Мислам дека тој си го сфаќа својот проблем со машкоста. Повредено е неговота машко его и тоа што во изминатиот период (пред да се роди бебето) не можел да биде со неа интимно како што треба (ова го кажувам од нејзините минати постови во друга тема). Значи и тој поминува низ тежок период и затоа бега од неа. Нема сила да ја погледне во очи и затоа преку тие кавги можеби и го истура неговиот гнев, само да ја прикрие таа своја состојба (потполно погрешно од негова страна). Можеби се срами и да побара медицинска помош, па вака ќе викаме по дома. Затоа токму во овој случај е потребен некој трезвено да размисли и да реагира. Таа во случајот, ако сака да му помогне и ако вистински го сака таа треба да се жртвува. Ако вика, нека вика, ќе си изнавика и ќе му помине. Може ќе заболат зборовите и може тој период ќе потрае, месец, два... ама еден ден ќе сфати самиот дека греши. Тогаш тој самиот ќе побара помош од неа, бидејќи таа ќе му биде светлата точка во животот исполнета со топлина. Па тоа е и жената во секоја смисла на зборот. Жената е таа која треба да ги скроти не само похотливите страсти на мажот, туку сите негови страсти. Да го смири неговиот гнев, да го утеши, да му дарува поддршка и топла прегратка... Она на што постојано алудирам е токму тоа, добриот пристап.
    Од друга страна, има и има различни видови на бебиња, некои спијат некои не. Но сепак додека се врати тој од работа сигурно ќе преспие барем половина час (од искуство зборувам). За тој половина час премести го во друга просторија да не му пречиш и слободно можеш да си напавиш ручек, макар и јајца само да испржиш. Некогаш ќе нема време и за толку, ама пак тој тогаш самиот ќе сфати дека не си можела.
    Повторно ќе повторам, биди мудра, ако сакаш да си го спасиш бракот. Подобро сега потруди се, отколку во иднина да патите и двајцата, а најмногу тоа мало душиче. Колку што се остава проблемот, толку и самиот се зголемува, затоа е потребна итна реакција и санирање на истиот. Бидејќи само на тој начин, со твојата добрина, и премолчување, и трпение, и не избувнување на неговите напади, ти ќе му дадеш голема поука за тој да ја сфати својата виновност. Животот е пред вас и не си го уништувајте, а особено на тоа невино душиче кое ви го дарил Бог.

    Затоа за почеток не избувнувај и гледај да го привлечеш на секој начин. Секој збор нека ти биде исполнет со трпение и смирение. Труди се полека да го ангажираш низ дома, особено со бебето. Повикај го да ти помогне, во смисла да го подржи додека ти работиш нешто друго, или пак за бањање или нешто друго, па така и него ќе му биде исполнето времето и нема после да има време да размислува за шетање со другарите. Ќе биде изморен и ќе сака дома да си биде. Ти во меѓувреме труди се да го изненадиш со нешто убаво. Некој топол гест, негово омилено јадење, нека биде и тоа едно писмо во кое ќе му кажеш колку го сакаш и колку ти значи, само во никој случај немој да потенцираш дека тој е нешто виновен. Во тие редови од тоа писмо извини се за се’, побарај простување и нов почеток. Има милиони и милиони начини да си ја искажете љубовта и взаемно да си помогнете. Делувај мила women 17 и за себе и за него, а најмногу за вашиот плод на љубовта :) . Бидејќи само на тој начин и тој ќе си помогне на самиот себе да биде добар сопруг и родител.

    И најважното...
    Зошто скоро секој брачен пар поминува низ криза?!
    Бидејќи поминува заљубеноста, онаа во буквална смисла на зборот еротска привлечност. Тогаш настануваат кавги, расправии, секој бара нешто ново, па досадно му е во бракот... а тоа е само еден голем показател дека љубовта е сосем нешто друго. Таа не е само миг и розово чувство кое ќе трае вечно, љубовта е нешто што се гради постојано. Нешто што се зачнува на почеток со самата привлечност, ама потоа треба и како цвет да се негува и расне. Секојдневно да се полева со вода за тој цвет постојано да биде расцветан :) .
     
    На tessie, slavica999, danichap и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    Сите холивудски роматнични филмови завршуваат со величествена свадба или со среќното раѓање на дете но ретко кој филм покажува што се случува со парот подоцна. Приказната на women17 е типичен пример дека и кога си во брак мора многу за да работи на врската.

    Ти мораш да го прифатиш фактот дека тој сега оди на работа и дека нема да може да ти обраќа внимание како што правел порано, особено што веројатно уште се навикнува на работата. Не кажуваш што работи но ако е некоја работа која бара потежок физички напор, тој е преморен и последно нешто што му треба дома се кавги и нервоза. Ако почне да се кара, не му одвраќај, почекај да се смири па после човечки разговарајте.

    Викаш после работа оди кај свекорот, од што претпоставувам дека маж ти нема мајка. Епа, зарем не е нормално син да оди да го види својот татко и да поседи со него. Земи го бебето и оди и ти кај нив, ем нема да седиш дома како утка ем ќе го израдуваш свекорот па што знаеш, како што една феминка пиша погоре, може утре човекот и ќе застане на твоја страна.

    Следно, не му забранувај да се гледа со другарите, на тој начин само уште толку ќе го тргнеш од себе и ќе му станеш одбивна. Подобро да излезе со нив и да се издува отколку да рикате и двајцата со саати. Облечи се и ти, земи го детето па отиди и ти некаде. Прошетај, види се со другарките, оди на гости кај твоите, не седи затворена дома!

    Што се однесува до ручекот, потруди се ако се враќа во 5, ручекот да биде готов до 5. Штом маж ти сака да го чека јадење кога ќе се врати дома од работа, а ти сакаш да оправиш климав брак, потруди се јадењето да е готово. Сцената тој да урла зошто касни ручекот воопшто не ми се допадна, тотално не била фер од негова страна но твојата реакција на тоа е толку лабилна и глупава што сметам дека и двајцата се однесувате како деца и дека озбилно не сте дораснати ни за брак ни за бебе. Патот што е сега пред вас двајцата е тежок и трнлив, последиците од твоето `самоубиство` уште долго ќе ги чувствуваш но ако во иднина им пристапиш на проблемите како нормална, паметна и смирена жена, можно е да успеете.
     
    На danichap, bittersweet, WORRIED.BT и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.654
    Допаѓања:
    22.365
    Пол:
    Женски
    Таа вчера родила, тој ќе и` се издерава за се` и сешто, за пола саат доцнење на ручек бре... ало, кој век сме?! Се знае дека кај жените хормоналниот момент трае и одреден период по породувањето. Неговата предност пред неа е што тој навистина може доколку сака да се толерира, како што бил фин во бременоста. Или роди го еднаш живо и здраво, после јас си знам како со тебе е работата...

    Сега бебето е многу мало, а надвор е многу жешко и многу му е полесно нему да поседи дома со семејството отколку таа да излезе со него. Може, ама не секогаш. Не го оправдувам во никој случај, да тој оди на работа, но во жена му растел и од неа излегол нов човек, нова душа којашто е беспомошна без неа. Нема никаква помош, цел ден е сама, родителите не би ја примиле по развод, така што дури и да отиде кај нив на поседок ќе ја притискаат од страв да не се разделиле. Девојкава е беспомошна, плус играта на хормоните којашто ја направил периодов, плус неодговорното однесување на мажот довеле до тоа да си посегне по животот, неговото дерење било само капка којашто ја прелило чашата.

    Јас мислам дека само со покорност, женава ништо не праи. Од искуство ова. Со покорност, мажите (коишто не се склони кон анализирање како нас и најчесто го носат најлесниот заклучок и оној којшто највеќе ним им одговара) само си ги оправдуваат сопствените постапки. Треба да почувствува тишина од неа, да, но не покорна тишина, туку и нејзино отсуство. Нека му го направи тој ручек којшто толку му значи и нека си излезе. Па да го видам навечер да легне во кревет со чинијата грашок и со неа да прави муабет. Немам ништо против излегувањето со другарите и поминувањето време со татко му, но таа жена не е слуга само за јадење да му принесе и да му го стопли креветот.

    Покажи му дека можеш без него. Не велам да го остави, туку да му покаже дека не сите активности се поврзани со него и со неговиот дом. Од искуство, тоа е единствениот начин мажот да види што има крај себе и што губи. Tогаш тој ќе ја забележи твојата трпеливост и покорност кон него што си ја имала и ќе му биде криво. И обиди се, колку што можеш поскоро да се осамостоиш, да си најдеш работа, да си имаш свој денар. Обиди се да најдеш начин во меѓувреме и детето да биде згрижено. Затоа што од родителиве немаш поддршка, тој уште повеќе добива на сила, стреми се да добиеш поддршка од сопствената пот.

    Да биде тотално незаинтересирана за причината на неговото издеравање колку што е тој заинтересиран за кревкоста на нејзината состојба. Kај цел ден не ги погледнува, како што си прави со татко му муабет цел ден нека му се подере малку и нему, а ти и излези со детето. И не, не изгледај страшно и заканувачки, мудро и со насмевка одговори му „прошетавме малку, да смениме воздух“ ова она. Помалку викај, повеќе размислувај.

    Тој веќе ти се заканил со детето (зборува многу за тоа со каква личност си), биди помудра и размислувај однапред и заштити се навреме од такви работи. Кажи му за грешки броење лесно е, да почнеш и ти да ги броиш и ... до кај сме стигнале ... до никаде.

    И смирете малку топката и двајцата. Што е тоа нон стоп избувнуваме. Многу од нас се избувливи, но со самиот чин на стапување во брак малку мора и воздржување и смирување на топката. Мора да се ослободите од навиките кои ви го рушат семејството коешто со љубов и трпение сте го изградиле.

    Kaжи му отворено и смирено за се` она што те мачи и сите твои колебања. Ако покаже интерес да го реши тоа како човек, добро, ако не, постапувај итро и размислувај како твојот непријател. ;)

    П.С. Кога ќе доаѓа од работа, не почнувај ти прва со викање. Дури и да се случи нешто, си заборавила, ова она, кажи му го на смеење. Ако и на тоа возврати со викање, џабе ти е сиот труд да го придобиеш повторно, сета послушност и слично. Кога тој е смирен и заинтересиран за да го оправите бракот и твоето добро однесување и смиреност имаат друга димензија и појасно ги гледа и почитува.
     
    На Dentina, Glasna, joy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Понекогаш животот ќе ни залепи еден врел шамар,па ќе се најдеме во дилема дека е подобро да не сме дел од него.Осаменоста е болест на денешницата.Опкружени сме со затворени личности.Ретко кој го отвара срцето, зошто се плаши да не биде повреден,и се така во круг.
    Тешко се допира до нечие срце, од проста причина што луѓето не се доверуваат меѓу себе.
    Едоставно не разговараат меѓу себе за проблемите кои што ги имаат.
    Во овој случај тие се брачни другари и растењето на детето е обврска и на двајцата.
    Она што довело до оваа криза е немањето блискост меѓу нив,но и средината во која живеат. :!:
    Тој си седи со татко му и со другарите и ја оставаат неа да се мачи сама со детето.Мислам дека ако некој од другарите ја забележал нивната неслога а верувам дека да, бидејќи тоа е нешто што тешко се сокрива , и му сугерира дека е погрешно тоа што го прави, тој ќе се врати дома.Па татко му кај кого оди на поседок му рече дека дома е попотребен
    Oд друга страна родителите на women 17 од кои нема никаква помош и разбирање,и дадат до знаење дека тие се секогаш тука за неа , таа не би посегнала по сопствениот живот.
    Kога бракот е во ваква криза , мислам дека е најдобро партнерите некое време да бидат сами.
    Tака тој ќе сфати дека му недостигаат сопругата и бебето.
    Tаа пак дека има родители кои ја сакаат , бебе на кое му е потребна и сопруг на кој и покрај се му недостига, и нема да посегне по сопствениот живот.
    Би порачала само никогаш повторно да не посегнува по сопствениот живот.зошто има чедо на кое му е потребна и дека утре треба да му ја пружи онаа љубов и внимание кои нејзе цел живот и недостасувале.
     
    На Teodora*, Serafima, Glasna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.088
    Допаѓања:
    134.952
    E многу тежок брачниов живот. А се можеш да смениш сама. По ред ке почнам со болдовите.
    1. Викаш брзо избувнувате и брзо се карате и кажувате што не мислите. Почни да не се расправаш одма за се. нека рече нешто, и не му враќај. Прекути. Ако навистина згрешил, ке му паметиш и по 2 саати. Кога ке се смири, разговорај. До тогаш гледај кај си згрешила. Не може само он да е крив за се. Преиспитај се. Остави да се сммират работите. Не можеш секогаш за бидеш во право.

    2. Он бил невработен, ти си се породила, он се вработил. Дотогаш двајцата сте биле невработени. Човекот имал мака што има жена и дете, а нема од што да ги гледа. Сигурно фатил се да работи, и можеби ми е тешка работата и мачна. Може и не ја сака. И си иде дома, а ти ппреморена од бебето, оти спиело и цицало и плачело за да јаде. И уште јадење да нема. Ако му е битно одма после работа да јаде, има 8 саати минимум за еден ручек да направиш. Направи го во 12, после само стопли го. чекај го со салата и ракија, пиво...Биди насмеана. Мислиш лесно му е на нова работа? Преморен е човекот.

    3. Бебето никој не треба да ти го чува. Ти си мајка, ти треба да го чуваш. Една возрасна жена без никакви обврски може едно бебе да изгледа и еден ручек да направи.

    4 Прашај се оти сака да шета со другарите? Дали можеби бега од дома? Не можеш да му забраниш, можеш да направиш да сака да шета со тебе. Со намрштен човек никој не сака да се дружи. Затоа, насмеј се и биди другар. Ако си родила, не значи дека треба да си само мајка. Треба да си другар, жена, љубовница, и мајка. И домаќинка. Кога се мажеше што ти се чинеше?

    5. Не ја коментирам себичноста на една мајка да се самоубие оти мажот и не ја сакал, и да остави 3 месечно бебе само на светов.

    6. Разговарај. И он е крив за нешто, ама сам нема да сфати ако не му кажеш. Жени сме, знаеме да го направиме тоа. Кажи му дека детето се радува со очињата кога го гледа. нека седи со вас.
     
    На Sky-butterfly и Nausicaa им се допаѓа ова.
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.654
    Допаѓања:
    22.365
    Пол:
    Женски
    Многу силна поента, драга моја виножитке. Вистина, штом толку време поминува со татко му, како тој татко бре еднаш како маж не го поучи „синко, ова вака не оди, му требаш на семејството“...

    А за другарите, не ни очекувам со оглед на тоа на што се сведе денешното другарство. Тие попрво ќе го скараат со жена му, а кога самите ќе оформат дом или ќе се најдат во ситуација на којашто ќе и` стават приоритет, тогаш ќе немаат време слава да честитаат што се вели, а мажот ќе остане сам и ќе види дали не треба да се стави семејството на прво место.
     
    На Glasna, N.Kety и vinozito1 им се допаѓа ова.
  17. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    А и нејзините родители tessie.Како може да дозволат детето да им пати, да трпи се, по цена да не се разведе.?
    Нели е подобро да ја гледаат здрава , права , па макар и разведена.
    Не велам да биде советувана одма за развод туку да ја приберат дома на некое време,недела две , дури легнат работите.
    Да и помогнат околу детето, таа да се одмори, размисли ....а тие да му се нарадуваат на внучето.
    За тоа време и тој ке биде сам.Ке добие реална слика како ке му изгледа домот без сопруга, и без дете.Па нека реши, дали ручекот е она што недостасува.
    Мислам нема тука ништо лошо,како што некои тоа го сфакаат.
    Не е бегство, туку потреба понекогаш да се биде сам.
    А и каде ако не кај своите родители?

    Да не бидам погрешно сфатена , сепак се зависи од љубовта и разбирањето мегу сопружниците.
     
    На Glasna, SV1911 и tessie им се допаѓа ова.
  18. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Мила Women17, сите жени кои родиле се имаат соочено ако не со постпородилна депресија, барем со нагла промена на чувства, беспомошност, осаменост и сл. И ти се наоѓаш во таква фаза, но ќе помине со тек на време, верувај. Знам се ти е испомешано, сама си по цел ден, сопругот ќе си дојде од работа, ќе се најаде, ќе си легне да поспие, ќе си стане ќе си чучне во дворот кај татко му, ќе си дојде седне пред компјутер, тв и ќе си легне. За разлика од нив ние работиме нон-стоп, да, но да чекаме некој браво да ни каже, тешко. +Сакаме мажите да ни седат дома залепени до нас, да ни гугаат, да ни чистат, пеглат, перат, но забораваме дека и сметки треба да се плаќаат. Доколку ненавреме стасаниот ручек е причина да се кара со тебе еве ти тактика. Од секое јадење што го готвиш, готви двојно повеќе и половина заледувај во пластика со капак. Кога ќе немаш јадење извади си од фрижидер, право во микробранова и еве ти ручек. Масата нека ти биде поставена, па дури и од рано наутро. Салатата насечкај ја само и стави во фрижидер, дури стави и пиво да се лади, ако е љубител на пиво или др. Не заборавај столбот на домот и семејството е жената, а жената знае и умее тогаш кога ќе го научи табиетот на сопругот. Затоа стрпи се. Ќе дојде и твоето време. Не очекувај премногу, ни од животот, ни од бракот. Биди жена борец, заинати му се на животот, излези од оваа битка како победник.
     
    На Serafima и WORRIED.BT им се допаѓа ова.
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.654
    Допаѓања:
    22.365
    Пол:
    Женски
    ^ И тоа си стои vinozito1. Многу ми е чудно, но ете ги има и такви. Поважно е комшиите што ќе речат од среќата на детето.

    Да сакаат таа да остане во бракот заради нејзината и среќата на нејзиното дете, би и` дале поконструктивен совет од „ќути и трпи“.

    Aма мажот ако е човек, нема да влијае ставот на нејзините врз неговиот однос кон неа.
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  20. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.340
    Допаѓања:
    148.214
    Пол:
    Женски
    може и не кажала дома на нејзините што и се случува во бракот.
    не се согласувам со бегство секој кај своите.ништо не се решава на тој начин ,само се продлабочуваат проблемите и се шири кругот на вмешани луге-нејзините и неговите родители.
    само со смирен разговор ,насамо,може да се разберете.кажете си што ви смета еден на друг.променете што трпи промена.. .и за лјубов и за кавга двајца треба....
    тешки се првите години на прилагодуванје еден кон друг.уште си ги учите карактерите и животните навики и потреби.лјубовта во врска и во брак не е воопшто иста ..еве и сама гледаш.
    бракот не е лесен.сака и бара многу откажуванја и компромиси.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.