Најмногу ме погоди обидот за самубиство. Mислам дека ова е повеке од криза и потребна им е помош од страна. Не би рекла дека депресивна жена е во состојба да се справува со мало дете, да готви ноќе ,да му угодува на сопруг ,без да има било каква помош. Таа не е во состојба да се грижи за самата себе , камоли за друг. Депресијата е за жал непредвидлива болест. Најдобра би била стручна помош, а родителите се само една можност плус.
а мене знаеш на што ми личи обидот -на недозреаност,или ко што пиша некој погоре на желба за внимание. треба мисленје пред да скокнеш во нешто а не после ке се убиваме. 10 години сум во брак. сум поминала и сито и решето.сама со две деца и со сите обврски,воглавно на мој грб. мм е приватник без раб.време,колку може помага ама главна преокупација му е да ни обезбеди средства за живот.и на работа одев и кука и деца и се со ред. ми се смачило и мене од се- ко на сите.знаеш колку пати ми дошло да спакувам куфери и да заминам. ниедден брак не е песна ,ако некој така ти го слика својот те лаже. ке влезеш во шема.само примени од неколку од советите што ти ги пишаа погоре и ке видиш промена
Не е лесен периодот после раѓање на дете, нова ситуација, нови проблеми, хормони, ненаспани, недостаток на квалитетен секс со нежности, страст и се по ред, оти обично се губи желбата некое време и сексот е онака ради реда, набрзинка да не се разбуди бебето, или боли или сме уморни или нешто слично. Додади на ова двајца избувливи, недозреани личности да се носат со ова и имаш еве бегање од дома од едната страна и труења со апчиња заради ручек од другата. А бебето кај е? Кој е повеќе крив од вас двајцата не знам, ама ако почне едниот малку постабилно да размислува, да се смири и да ужива со бебето како што треба еден родител да ужива, а за останатите работи малку да излади глава, верувам другиот ќе почне да го следи. Ако очекуваш нормален, фин брак како од списание, маж, жена, дете, сите на прошетка насмеани, фатени за рака и сл. ќе се потрудиш прво сама да се нормализираш, стабилизираш, па сам ќе посака со вас да шета, гордост ќе му биде. Не иде тоа така лесно само затоа што сте во брак и имате детенце, треба желба да се јави. А со секојдневни кавги, драми и глупости секој ќе сака да бега. Не треба да бега, сопруг е, татко, има одговорност, но знаеме дека барем дома одговорностите треба да ти се и задоволство. И сама гледаш дека уцени и драми од стилот ќе се убијам или повредам за да ти доловам колку ми е тешко не палат, туку повеќе штетат. Мислиш така е тоа, со еден потег сите проблеми ќе се решат. Треба време, труд, полека, ненаметно, постепено и смирено. Првенствено за добро на бебето, а после и ваше. Заборави на драми и избувливост, ништо во животот не добиваш со силување на работите, а и не си веќе дете, добредојде во светот на возрасните.
Никако не би оправдала обид за самоубиство само затоа што мажот не ме сака (посбено ако имам детенце). Ама многу ме погоди што на неколку пати некои од вас ја советуваа да преќути! Да преќути за дерење за ручек покасно зготвен (или тој да мрчи за било што а таа да преќути)??? Еднаш, два пати, ок. Ама не може тоа така да функционира. Па јас немам деца, ми се случувало да не сум на работа, ама сум се зафатила со нешто друго па место во 5, ручекот бил готов во 5ипол. И сега маж ми да ми се развика а јас да преќутам? Или гостите да ги баталам/избркам/игнорирам за на мажето да му готвам манџа, пошто нели, друго ништо нема во фрижидер ако е толку зорт за јадење? Советите од типот ти си жена, освој го и сл., ми личат на совети на баба ми, кога мажот смеел да биде дивјак а жената морала како змијулче итро да го припитомува. Бракот е еднаквост. Нема преќутување, драње, и заканување (од ниедна страна). Само разбирачка. Па така еве го и мојот совет: размисли дека колку тебе ти е тешко можеби и него му е така тешко, само што можеби не знаеш од каде му доаѓа тоа чувство. Пробај да дознаеш и разговарај, и уважи му дека и неговата мака е голема, стави му на знаење дека не го омаловажуваш. Ама и не дозволувај таа негова мака да биде на прво место. Објасни му дека и твојата е ЕДНАКВО голема. Кажи му дека си спремна да смениш некои работи, ама дека и тој ќе мора да смени нешто, и двајцата да се трудите. Дури и да не мислиш дека тој има право да биде нервозен, речи му дека го разбираш и кажи му дека и тој еднакво мора да те разбере. Па и двајцата нешто направете. Позитивни мисли и дај боже да успее
Најголемиот процент на феминки кои дадоа совети се скоро сите во брак. Да погледнеме од себе и нашите помалечки кризи во бракот (во споредба со нејзината состојба сега). Можеби не биле во тие размери како нејзиното сега, ама барем малку пореално да погледнеме. Кога тоа би било во нашиот случај и кога двајцата би биле гневни и сколни кон конфикти и кавги, кога ќе го решиме нашиот проблем? Никогаш. Едниот ќе тера на една страна, а другиот на друга. Игнорирањето не го решава проблемот. Бидејќи сепак еден треба да попушти и тоа е секогаш така за да се надмине проблемот. Зашто ако тоа продолжи и понатаму со меѓусебно игнорирање на двајцата, оладува се. И да е крајно во право неговиот став, од љубов и сакајќи да се надмине проблемот, тој сопружник и ќе попушти и ќе ја прифати сосмирение „виновноста’’ иако еневин. Не може да се надмине некој проблем доколку и двајцата тераат инает и секој го брани своето со гордост, како еве само јас сум во право. Бракот е компромис и бескрајна жртва. Некогаш едниот ќе се жртвува, иако е потполно во право, а друг пат и другиот. Во нејзиниот случај и таа колку да сака да се смири ситуацијата, самата кажува дека тој не сака да разговара со неа. Затоа и таа сакала или не, доколку навистина сака да го спаси бракот, таа мора на смирен и добар начин да пронајде пат до неговото срце. Тој изгледа не е таков тип на човек кој би седнал и би поразговарал, бидејќи ако бил таков досега и и тој разговор ќе се случел. Па затоа и таа во случајот е таа која треба да го понесе тој јарем на жртвување, иако и е бескрајно тешко. Значи овде не зборуваме за ручекот, тој е само споредна работа во се ова. Ручекот кој феминката го напомена е само „закачалка’’ за кавга од негова страна. Почетокот да се започне кавга е многу посериозен во нивниот случај, бидејќи има многу голем темел (погледнете ги нејзините мислења со какви проблеми се соочувала). Тој е повреден и таа е повредена. Никој не седнува да разговара отворено. Нејзиниот сопруг има проблем со својата машкост. Тој се плаши, падната е неговата самодоверба, па затоа само на тој начин преку испад стои и се крие зад таа маска. И повторно ќе се навратам на обидот на самоубиство. Само тој нејзин чекор направил за тој да ја има најголемата улога и авторитет во бракот. Бидејќи тој сега размислува дека само тој е во право. Додека, да не бил тој инцидент, тука ќе се играше поинаку. Затоа и таа е онаа која треба да се жртвува сега, доколку сака да го спаси бракот. Иако е во право и иако никој кутрата не ја разбира низ што поминува, сепак треба да заврти нив лист во животот и да започне од самиот почеток.
Што се однесува до обидот на жената да си посегне по сопствениот живот и вие што ја осудивте како ваква, таква, себична и тн. Серафима беше една од ретките која покажа разбирање за тој момент. И јас на времето мислев, слаби се оние коишто си посегнуваат по сопствениот живот, не мислат на другите, вакви се такви се... Дали можеме да си замислиме колкава болка и безнадежност треба да чувствуваш и колкава немоќ да се контролираш самиот себеси за да го направиш тој чекор? Остајте тоа и ние сме имале тешки моменти... јавна тајна е дека нашето бреме секогаш ни` е најтешко. Да, сме имале, но тука има два фактори: надворешниот и внатрешниот. Надворешниот е ситуацијата/проблемот , а внатрешниот е како самите се соочуваме со тоа, кои се нашите сили за истото и тн. Инаку се согласувам со Серафима за тоа кон што придонела со обидот за самоубиство, но не се согласувам дека тоа е единствениот повод којшто му го олеснува воспоставувањето на авторитет над неа. Каде се тука нејзината финансиска зависност и недостатокот од поддршка од родителите? И пак ќе речам, човеков не ми изгледа како навистина да сака да го спаси браков. Да беше така, немаше да бара изговори за да воспостави авторитет. Познавам жени кои ни биле финансиски независни, ниту пак поддржани од родителите и плус имале песимистички епизоди и паѓале со дух, биле и кенкави и склони кон кавги, па мажите не искористиле ниту едно од тие три за да прават закачки. И целосно се согласувам за тотално смирен пристап од нејзина страна. Утре и ништо да не биде достоинствено да си замине. Пак доаѓаме до она дека треба секогаш мажот да има на ум дека сме доволно силни и независни и без него. Дека сме доволно силни да бидеме сопатници а не господар и слуга да изигруваме. И избегнувај ги моментите кога тој се дере. Детето ти е поважно од неговите епизоди. Смирено сослушај што има да каже, ако побара нешто дај му и ако не оди конструктивно работата со детето во друга соба.
Во потполност се согласувам со тебе tessie и во потполност ја разбираме нејзината состојба и онаа фаза на животот низ која таа поминува. Не е лесно, особено од тие хормони и таа постпородилна депресија. Вистина е дека таа е во потполно право, но ајде сега да ја анализираме и неговата страна, како размислува, па на крај и да се ставиме на негово место. Не со цел да го оправдаме, туку да видиме како размислува, па и на кој начин правилно да се делува. Факт е дека мажите размислуваат на друг начин од нас жените, малку поладно и без многу чувства, поточно размислуваат со разумот. Тој не знае и не може да претпостави која е улогата на мајката и што претставува тоа Мајка на неговото дете. Тој не знае што е тоа обврска (од љубов), ама не работна од 8 часа, туку 24/7. Тој не знае како е да бдееш и не спиеш. Не знае и не почувствувал сигурно сеуште дека едноставно станал родител. Тој во случајов чувствува празнина, осаменост, бидејќи свесен е дека тој има проблем. Се срами од себе и се плаши тоа да го признае, а уште помалку да бара од неа помош. На моменти сигурно и размислува дека таа не го сака, а тоа е најважната алка од овој синџир кој и двајцата силно ги заплеткал (затоа и чувствува извесен авторитет поради нејзиниот обид за самоубиство). И двајцата потајно мислат дека помеѓу нив нема љубов. Во овој случај тој делува малку егоистично, но тој за тоа не е свесен или само на моменти е свесен. Си размислувам подетално, ако не сакал да биде во брак и ако не сакал да биде со неа во животот (ако не му значи), тој досега ќе направел и уште поголема ситуација од оваа и тие веќе ќе беа разделени. Можеби делува малку психолошки со неговите излегувања со другарите или пак со поминувањето на времето со татко му, но тоа не е највалидната карактеристика за нивна разделба. Значи сепак помеѓу нив постои жар и во него сеуште постои нешто, а за тој жар повторно да гори потребна е искра. Таа искра во случајот треба да биде таа. Со нејзината трпеливот и љубов да ја разгори нивната љубов која очигледно ја зафатила бура. Додека подршката на родителите е сосем друга тема. Или таа не им кажала или се таков тип на луѓе. За нив не ни треба да разговараме, бидејќи ако биле и малку поблиски со неа ќе сфателе низ што поминува, па и тие ќе се заложеле за да се премине преку тој проблем. Но сепак не е тоа тема за дискусија (според мене), битно е тие да си го спасат бракот и да не дојде до разделба заради нив и тоа невино детенце да не остане на самата средина. Еден заклучок од се што изложивме. Таа и само таа моментално размислува и со срцето и со разумот, па затоа и таа треба повеќе да вложи од себе за да се намине овој проблем. Еден мора да попушти и да ја потегне ситуацијата кон подобро. Можеби клин со клин се избива, ама оган и оган прават уште поголем оган, а со тоа и поголема штета. Од срце ви посакувам што побрзо да го надминете ова .
Теси ептен си во право. Таа нема никаква помош од никаде ни од нејзините ни финансиски, за да може да се споротивставии да крене глава. Неможам ни да замислам колку и е тешко во оваа ситуација, навистина неможам да замислам, туку само да претпоставам. А бидејќи работите се такви какви што се, таа мора да ја смири топката, затоа што мн веке има каде да живее, има работа и еден куп другари, а таа? Таа нема каде да се врати, таа нема свои финансии и нема некој излез. За тоа и така ја советуваме. Да имаше барем поддршка од нејзините ке ја советувавме друго. И да не заборавиме и покрај се таа сака да е со него. Но нема секогаш да боде така црно. Ке порасне бебушопт, па за неколку месеци таа може да си пораба работа, а бебушот ако нема кој фала Богу има градинки. Е тогаш нема замерки за ручек, за ситници, за скитање со другари. Тогаш и таа ке биде силна и без да се расправа, достоинствено може да си го покаше своето место и да ја добие почитта и вниманието. А ако мн до тогаш не се среди, тогаш ке и дадеме други совети. Се надевам дека ке не послуша и ке постапи правилно и ке излезе од хоророт.
Мислам дека премногу остро ја нападнавте а не помисливте дека сите луѓе и карактери не се исти.Не се сите способни да се фатат во коштец со проблемите во бракот,кои од наша гледна точка се поминати ,прежвакани кај некои не ни постоеле,кај некои се пикнати под тепихот. Јас ќе кажам дека сосема ја разбирам зошто испила апчиња,што ме значи дека ја оправдувам,едноставно ја разбирам.Знаете тоа е само еден момент кога не размислуваш многу и сакаш само се да прекине.Момент ,кога егото надвладее се и не му дозволува да се она што е вредно за да се живее, да дојде до израз. Советите што и ги давате држат вода,но мислам дека на неа во моментов и треба помош од друго лице.И да не се лажеме ,жените што постигаат се ,имаат помош или од сопругот или од некое трето лице. Верувам и дека мажот во случајов е со краток фитил,па избувнува за ненаправен ручек.Ако нешто во животот мразам е кога ќе видам дека некој сака само да биде намирен со храна.Па боже мој тоа бил еден,само еден задоцнет ручек.Зарем немало ништо друго да изеде за да ја задоволи моменталната глад.Тоа е да ми простите служење,а таа му е жена и сопруга а не слугинка која работи за плата. Очигледно немал за што друго да се фати да се скара,па ручекот оправдување.Глупост. На женава и треба многу сила да си го среди бракот.Напуштањето на домот не го гледам како решение,туку само разговор и разговор.И воља од двете страни.И трпение.
Да сум на местото на wоmen 17 не би чекала ни еден ден а да не се обратам на лекар.Првин кај гиниколог, зошто може сепак се работи за поспородилна депресија, но би го изнела и проблемот со имотентноста кај мажот. Верувам дека тој би дал упатства за понатаму, и ако се сомневам дека таа сепак не е оставена без никаков лекарски надзор, по обидот за самубиство. Сите и дадовме совети на место, но постовите на Серафима едноставно зрачат. Од сочувство,разбирање,и пред се желба да помогне. Би додала само ,дека ова не е нешто што сепак не може да се реши.Млади родители сте, и свртете го вниманието кон детето.Децата сепак ги зближуваат родителите. Почни да речеме да го споредуваш ликот на бебето , со ликот на сопругот, но на начин да бидат сфатени како комплименти. Ги има твоите очи,твојата насмевка...... Па обиди се да го убедиш да прошетате заедно.Ако одбие сепак остани дома и речи дека не ти се шета сама. Едноставно дај му до знаење , дека ти недостига, дека се обидуваш да го спасиш бракот , не за друго, туку како што ти пиша теси за да знаеш дека сепак си се обидела и достоинствено да си заминеш, ако е потребно. Значи народно кажано со убаво. Ти посакувам срека.
Ги исчитав сите постови. Воглавном сите ја советувате да седне да разговара, јас само едно ќе кажам. Со некои луѓе едноставно не можеш да разговараш. Нејзиниот проблем не е моментален, има многу подлабоки корени. Во одредени моменти едноставно не можеш да премолчиш некои работи (кај нив караниците се константни). Возот тргнал надолу или можеби постојано јури во обратен правец и сега многу е тешко да го упатиш по вистинската линија. За самоубиство треба храброст. Ако некој реши да се самоубие ќе го стори тоа, сето останато е заплашување или обид за привлекување внимание. Верувајте дека секој ден караници и закачки не водат на добро. Јазот се повеќе се продлабочува и едноставно ќе се удавиш во него. Целокупнава состојба ќе доведе во ситуација кога повеќе не ќе можат да се поднесат еден со друг. Тогаш што ќе се случи? Таа ќе остане поради детето или икс други причини, а, тој ќе спие на тоа уво дека нема кој да ја заштити и поддржи и ќе се изживува врз неа (ќе скита, нема да се прибира, постојано ќе бара некоја закачка, а таа само ќе тоне). Многу е лесно да советуваш некого отстрана, ама да не си му во кожа. Само едно ќе кажам, никој не е вреден да ти го уништува животот, било за која страна да се работи.
Незнам дали темава е соодветна, но морав некаде да си го напишам мојот проблем. Да не биде на долго и широко (ќе биде) да кажам само за последнава криза која што ја имаме моментално. Имаме многу проблеми со мм, но во последниве 9 месеци (откако се роди ќерка ми) не се поднесуваме. Се што јас правам му смета и обратно, се што он прави мене ми смета. Сексот скоро и да го нема и чувствувам дека тоа нему највеќе му смета. Прво никогаш не сме излегле сами без претходно ја да ја дигнам на нозе цела куќа, господинот се сака сам да си шета, со другари по кафанчиња (места каде што се собираат само алфа мажјаци). Еднаш дури и ми има речено дека му било понижување да излегува со мене. Во афект или не незнам зошто и јас некогаш знам да го испровоцирам кога ќе ми се спојат жичките. до сега за се си молчев ајде млад е му се шета ( јас престаренава па дома како будала), ама пукна филмот и почнав да се карам ама само успеав да не излегува толку често сам. А со мене пак не изразува желба да оди некаде. Второ мене сега воопшто не ме тангира каде оди што прави и дури сум пораат кога не е дома, зошто кога е само се караме за глупости (зашто омилените гаќи не му биле испрани или суви или здиплени, зашо манџата ми била ваква а не онаква, зашто алиштата не сум ги здиплила, а претходно ручек сум направила, садови сум измила, деца сум наранила, леб не сум јадела за да постигнам се, а тој пак ќе се фати за нешто) Од 50 работи јас што ќе ги завршам и сработам он ќе се фати за таа што не сум ја сработила и ќе се дере како ја сум легачела по цели денови едно јадење што ќе ссум направела ќе сум се "прекршела". Трудот мој околу куќата и за децата воопшто не се цени. И не е ова од вчера од секогаш било така, само што со две деца сега ми дојде ептен преку глава. И он воопшто не се замара да праша како сум и слично. Трето се осеќам како само да е добар со мене само кога му се сака. И пазете ситуацијава од пред некој ден - вообичаени кавги (зашто лево а не десно), што ти е проблемот му викам, неможам повеќе да те поднесам, ако ти се седи, седи ако не слободно оди си, ми вика. Јас си преќутев. Вечерта легнува до мене ( не спиеме заедно да не му се нарушувал мирот на господинот) и одма таму. Аааа епа нема да може. Цел ден ме јаде и после сака да ужива. Да си кажам искрено воопшто не ни помислувам на тоа. Може и јас сум крива, ама па кога нема нежност, кога не се покажува љубов, кога со секој втор збор ме навредува, како може да очекува нешто од мене?
Мислам дека овој проблем го има во многу семејства, најжално е што мислам дека не се ни решава многу пати туку само доаѓа момент кога жената си се помирува со своето место во домот, се посветува на децата и тоа е тоа, се тера животот во некаков си брак на хартија, луѓето стануваат цимери. Не знам зошто е тоа, најверојатно да сме во некоја побогата држава кога жената ќе биде финансики самостојна, кога нема да има предрасуди од разводи и такви работи, би било многу поубаво. Зошто кога луѓето не сакаат да бидат зедно се тера некој лажен филм, зошто секој да не си ја пронајде среќата на друго место кога овде веќе ја нема, зошто да робуваме на некој што тоа не го цени? Совет напраи му го ова некој ден, или неколку дена соред па да не знае за што попрво да ти вика и да ти се дере за ручекот или з аалиштата не исперени! Мажот кога се вратил од работа ги затекнал своите три деца во дворот, сеуште во пижами. Си играле во калта со празни кутии од храна и насекаде имало расфрлано ѓубре. Вратите од автомобилот биле отворени, како и влезната врата од куќата. Кучето го немало. Во ходникот затекнал уште поголем хаос. Светлото било исклучено и на подот имало згужвано ќебе. Во дневната соба работел телевизорот со глас до максимум, а собата била преполна со играчки и расфрлана облека. Умивалникот во кујната до горе бил полн со нечисти садови. Остатоците од појадокот биле расфрлани по масата, а вратата на фрижидерот била ширум отворена. Храната за кучето била насекаде по подот, а куп песок имало пред вратата. Мажот поитал по скалите, газејќи врз играчките и купиштата алишта барајќи ја сопругата. Се испаничил, помислил дека можеби нешто лошо се случило. Забележал вода на подот која протекувала под вратата на тоалетот. Влегол во тоалетот и занемел од нередот кој и таму го затекнал. Купишта мокри пешкири, сапун и пена и повторно играчки расфрлани по мокриот под. Неколку метри тоалетна хартија имало врз WC школката, а паста за заби имало размачкано насекаде по вратата и ѕидовите. Испаничен од глетката со брзи чекори поитал кон спалната соба. Ја отворил вратата и ја здогледал својата жена како скупчена лежи на креветот. Била во пижами и читала книга. Го погледнала сопругот и се насмевнала. Го прашала како му поминал работниот ден. Мажот бил преплашен и збунет. Ја запрашал: Што по ѓаволите се случило овде? Таа повторно се насмевнала и одговорила: Секој ден кога ќе се вратиш од работа, ме прашуваш ШТО ПРАВАМ ПО ЦЕЛ ДЕН ДОМА. ТАКА ЛИ Е? Е па денес ете не правев ништо! – одговорила жената и продолжила да си ја чита книгата. Домаќинки, мајки, споделете ја оваа приказна понатаму доколку и вие некогаш сте се нашле во ситуација кога партнерот ве запрашал: Што правиш по цел ден дома, што толку има да се работи?
Во текстот на @НаталиЛили не гледам дека проблемот е во што правиш по цел ден. Проблемот е од пошироки размери , а се оденсува на нетрпеливоста еден со друг. Најверојатно при расправиите фрчат и навреди кои што само го продлабочуваат јазот помеѓу нив. Нормално е при секојдневни расправии да се нема желба за секс, од женска гледна точка. Самото неразменување на нежности ќе ги доведе до степен да почнат да се мразат еден со друг што е доволна причина за заминување на еден од брачните партнери. Типот си води ергенски живот и нормално Натали кренала раце. Со самото тоа што ја понижува го искажува своето незадоволство од брачниот живот. Натали кога нарен пат ќе ти каже да си одиш ќе му одговориш вака: Јас не одам никаде, ако тебе не ти се допаѓа ти замини си слободно, јас останувам овде со децата. Не знам ама од твојот пост гледам дека нема да опстанете заедно или ќе останеш во тој брак и ќе трпиш цел живот или додека тој не се вљуби во некоја и не те остави. Можеби делувам грубо со постот, ама со Х примери во животот слободно можам да ти кажам: Тешко тебе со таков маж.
Boze kakvi raboti citam obidi za samoubistva,navredi,poniuvanja,izneveruvanja prosto coek da se zamisli dali nekogas saka voopsto da stapi vo brak...Pa sto e ova bre,dali ostanalo uste nekoja vrednost na bracnata institucija ili site pocnaja da se zemat radi reda,deka mu doslo vremeto ili deka samo taka nalaga opstestvoto Prosto sum zgnasena i zgrozena od nacinot na koj se odrzuvat semejstvata navidum so cesni i se poretki isklucoci sekako,pa kade e ljubovta koja gi spoila 2ta partneri pa kade e pocituvanjeto kade e gizata ede kon drug,pa toa do tebe e licnost so koja imas potomstvo licnost koja sekogas bila i ke bidi pokraj tebe za sve taja pomiska e besceneta,dosta lupetajte so toa STRAS SEKS TI REKOV MI RECE sekoj 2 den kako mozi da ima stras bre ili sekoja nedela pa sve se slucuva vo zivotot,deca problemi bolesti i zarem vo tie iskusenija so nekoj sto si pominal 5 20 15 godini brak ke receis ne sakam poveke da bidam so nea ili so nego nema stras nema ljubov,koja budala koe drznuvanje i moronsko ponasanje koj gnasoti vo denesno vreme si gi pravat parterite eden na drug,bez nikakov stram deka i lebot i krevetot godelele i go delat tolku vreme,se drznuva da posegni po nesto gnasno za 5 minuti stras unistuvajki go partnerot do koren ili raspagajki go semejstvoto... Pa zivotnite imat poveke pocit kon sebe bre,sozadal semejstvo dom a saka da go prci vo sekoj 2 kafic na polu goli tinejcerki kako od sincir pusten,poslem zenatamu da se potrudela imate li pamet vie sto zboruvate bre? za koj da se potrudi za PES? sto ne se potrudi toj za nesto?pa uste vregat pa uste ponizuvat,koga ke stignime nie bre da dozivejme brak od po 30 i poveke godini?koga so ova opstestvo so ova razvratno ponasanje svakanje,ligaenje,lazenje zarem nekoj gi naucil sto e toa brak i kako se funkcionira? Ne sum mazena i neznam sto ke dozivem gospod neka mi e napomos ama ova sto go gledam i slusam e zalosno za placenje e...
@НаталиЛили читајки го постот добив впечаток дека проблемот е кај двајцата. За секој проблем зборуваш или во множина или користиш и јас . Не се поднесуваме, се што прави он мене ми смета, знам да го испровоцирам, не ме тангира, воопшто не ни помислувам на тоа, може и јас сум крива ......... Јас мислам дека сите проблеми произлегуваат од тоа што ти избегнуваш да бидеш интимна со него.Незнам кои се причините за тоа,можеби заморот,неговото однесување или едноставно е период,но се вртите во зачаран круг. Тој станува се понезадоволен и понервозен поради тоа,се повеќе избегнува да се враќа дома или кога ќе се врати без/со твоја провокација ќе се фати за нешто безначајно и ќе направи кавга,а од друга страна ти уште повеќе ќе се налутиш и кога тој ќе посака интимност ќе го ''казниш''. Независно од однесувањето на сопругот прво треба да ги преиспиташ своите чувства. Дали го сакаш сеуште и дали единствената причина поради која не сакаш да бидеш интимна со него е неговото однесување ???? Можеби неговото однесување е рефлексија на тоа што чувствува дека не си заинтересирана за него. Мислам дека на мажите не им е многу битно дали куќата е тип топ,дали се е испрано,испеглано,дали ти цел ден си го потрошила работејќи по дома. Тој нема ни да примети. Претпоставувам дека неговите зборови ''едно јадење што ќе сум направела ќе сум се "прекршела"....'' се резултат на некои твои провокации. Немој да ме разбереш погрешно јас не го оправдувам неговото однесување,ама во интерес на бракот и децата се обидувам да ти укажам дека и ти имаш дел од вината. Можеби е од секојдневието,се чувствуваш затворена во четири зида, ништо посебно не ти се случува...... Мислам дека треба да смениш нешто. Доколку имаш финансиски можности земи жена за чистење, доколку имаш кој да се грижи неколку саати во денот за децата направи нешто за себе,оди на јазици, јога,козметичар,излези со пријателки,читај повеќе........било што што тебе ти претставува задоволство и што те прави среќна. Кога ќе бидеш и физички и ментално задоволна од себе, повеќе ќе се цениш ,ќе го смениш односот кон него, а се надевам дека тоа ќе влијае и тој да се промени. Најлесно е да се откажеш и да си заминеш. Но, ако не трпиш насилство, финансиите се слеваат само во домот,добар е со децата,посакува да биде интимен со тебе ..... нема потреба да правиш драми само поради моментална криза во бракот. Тоа што јас доцна го сватив е дека бракот е заедница на двајца во која секој треба да ја задржи својата индивидуалност. Нема жртви,нема кој повеќе кој помалку,секој на свој начин придонесува во домот истовремено задоволувајќи ги и своите лични потреби. Жртвувањето за избришани прозори,паркет,купатила......,на сметка на своите лични интереси и задоволства предизвикува фрустрации од кои потоа се развиваат кавги и нетрпение. Недостатокот на интимност со кој ти само мислиш дека го казнуваш,го зголемува јазот и не води кон подобрување на односите
Ги читам мислењата на темава и се си мислам ние (сопругите) сме тие кои од петни жили се обидуваме бракот да успее (секоја чест на исклучоците). Со самото стапување во брак од нас се бара целосно да го смениме начинот на живот и само ние успеваме да созрееме и да станеме одговорни за нашите постапки. Како прво одиме во друга куќа, каде од нас се очекува да се прилагодиме, неретко без никаков компромис. Како второ грижата за домот ни се доделува исклучиво нам (пак ќе речам секоја чест на исклучоците), ручеци, чистење, перење итн. Со што нашето слободно време се намалува и ние се запоставуваме и стануваме исфрустрирани. Трето грижата за децата барем во мојов случај (не сакам да зборувам генерално за ова зошто во овој случај се повеќе во семејствата се вклучува и мажот и грижата за децата е 50-50) е целосно моја од пресоблекување, бањање, хранење, шетање и ред други работи. Со што јас воопшто немам слободно време. Додека мажите си остануваат во своја куќа, не му ја мислат за ручеци и чистење. Мојот си доаѓа од работа, јаде, после е пред тв или компјутер и приквечер си излегува и доаѓа за спиење. Поентата ми беше дека од нас многу се бара и се очекува и доколку не ги исполниме очекувањата или се побуниме или во најмала рака побараме нивна помош, тогаш почнуваат караниците.
Не се согласувам со тебе. Не е точно дека само ние се прилагодуваме. Тој не го сменил домот , ама затоа некој му дошол дома. Сега не е сам и да си прави што си сака и кога сака. Ти мислиш дека само тебе ти е тешко и ти се грижиш за се, а тој си прави што си сака. Е не е баш така.Тој оди на работа за да обезбеди финансиски средства за да можеш ти да готвиш, переш, пеглаш, одгледуваш деца......Тој се грижи дали протекло негде, тој се грижи за колата, тој се грижи ако се расипе нешто, тој се грижи кога сте болни ( иако не ја покажува загриженоста), тој се грижи за сметката за струја/ или дали сте купиле дрва, тој во иста мера ги сака децата и се грижи за нив само треба малку да потпораснат и да не бидат толку зависни од мајката. Само знаеш која е разликата. Тој наоѓа и време за себе, бидејќи е свесен дека ништо не мора да се направи веднаш, има работи кои можат да почекаат и за утре. Не мораш во еден ден да готвиш, да переш, да чистиш ...... Неделата има 7 дена и со добра организација ништо нема да остане незавршено. Од последниов пост заклучив дека ти воопшто и немаш проблеми за кои ти треба помош и совет од некој друг, бидејќи 90% од жените го прават истото. Ама оние кои не кукаат се задоволни од себе бидејќи успеваат да ги задоволат и личните потреби. Нема оправдување дека немаш време, ако сакаш ќе направиш приоритети. Денес нема да готвам ќе купам пица, ама затоа ќе одам .......... Поентата ми е дека треба да престанеш да се сожалуваш, никој не ти крати ништо, ти сама се заробуваш ( најверојатно таков ни е менталитетот), не очекувај дека за извршените домашни обрски некој ќе ти даде медаља и јас мислам никој не очекува од нас премногу, туку она што ние самите го очекуваме од себе е тешко остварливо и ни го троши и последниот атом енергија. Не ми беше намерата да бидам груба, ниту да ги бранам мажите, само животот ме научи дека ваквите проблеми се секојдневие и дека дури откако ќе останеме сами сваќаме за што се се грижел и што всушност правел оној '' другиот''.
Тоа е само мое мислење. Јас не се сожалувам и не кукам по дома. Мене ручекот што ќе го направам и тоа што ќе исчистам ми е најмал проблем. И децата се мојот приоритет за разлика од него што кога ќе дојде дома од терен, кој трае 7-10 дена, прво оди да се види со другарите, а за нас ако има време. Јас тоа не можам да го разберам. Пс и велиш немора секој ден да готвиш, переш, чистиш. И јас викам ама нема кој да ме разбере зошто јас морам. Небитно нема што да се докажувам и правдам јас си знам кој ми е мојот проблем на долго и широко и знам дека по форуми нема да го решам. Си пишав да си ја олеснам душата.
Не сакав да те налутам Нормално дека ти си знаеш најдобро со што се соочуваш. Ама знаеш некогаш е добро да се слушне и поинакво мислење за одредена ситуација