1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Криза во бракот

Дискусија во 'Брак' започната од sweeteva, 21 октомври 2010.

  1. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Кога ќе го слушнам зборот коцкар ми се :puke:
    Ова ми е болна тема, имам другарка што со нејзините поминаа низ сито и решето од нејзинот несовесен татко кој се коцкаше и изгубија куќа што баба и и дедо и цел живот ја средувале и биле пресреќни што имаат што да им остават на внуците. Ги избркаа од дома, баба и и дедо и се во постела легнати неможејќи да се помират со судбината, а они се шетаат од стан во стан под кирија што едвај успеваат да ја платат.
    Од блиски роднини нашле пари да им се оддужат и таман излегоа малце од кризата, тој пак си тргна по лошиот пат и сега пак се заглавени до гуша и му се заканувале по живот.
    Во страшна ситуација е другарка ми, само плаче и го проколнува татко и што и го уништил животот. Затоа Изабела и самата кажуваш дека тој не заслужува ништо, па според тоа остави го со време, затоа што тешко дека ќе се откаже од коцкањето колку и да те убедува во спротивното.
     
  2. izabela.sk

    izabela.sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    17
    Кога бев на психијатар за мене, мислев дека полудувам и жената ми кажа дека сум сосема ок и дека сум свесна и реална,но кога го слушна проблемот само ги крена рамениците и рече : секакви ми поминале низ раце ама од тоа нема спас остави го за да останеш нормална, они апстинираат мозе и со години но никогаш не престануваат. Живее во нереален свет и сам е убеден во своите лаги. Мислам дека сега не е во некоја форма поради неможност најверојатно, ама презаситена сум од лаги веке ми се гади. Отруена сум од лажење. Од друга страна ко демек е многу загрижен за децата и ги чува онака присутен е физички дома со даљинско во рака и он сепак мисли дека ги чува. А мене и тоа ми е помош затоа што сум максимално зафатена и животот ми е 200 на саат.
    Колку и да се трудам колку и да сум амбициозна сепак имам чувство дека правам еден чекор напред а он ме влече два назад.
    Поима немам што да правам сега е потсмирена ситуацијата, ама кај и да е ќе пукне пак.
    Фала за советите и поддрската.
    Ретко со кој разговарам на оваа тема и ретко кој ми ги знае проблемите, вешто ги прикривам, ама душата ми е празна :(
     
  3. datela

    datela Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    јас мислам дека само со разговор ке можеш да постигнеш многу.и јас имам свекор свекрвива и баба на маж ми која има 86 години ,и многу ми е тешко да опстанам во таа кука до ден денес .
    но сепак имаме две деца и мораме да размислуваме со ладни глави ,тие не се виновни за ништо а најмалку за ситуацијата во која се наоѓаме,финансиски сме слаби и не би можеле да одиме под кирија моите живеат во друго населено место подалеку од скопје сум сакал до сега сто пати да заминам и сум заминувала но сепак мој совет е да седнете и да разговарате секојдневно и да несака обидувај се ,повторно и повторно без навреди ке разбере но само ако има малку разбирање помеѓу вас и страст инаку мислам дека многу тешко ќе биде .....
     
  4. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672

    убаво ти викаат сите членови пробај да го заведш пак и кога ќе го заведеш играј ја онаа игра топло ладно.

    ако ептен гледаш дека не бива па и ти најди си другар излегувај си...
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mrs.Hartnett

    Mrs.Hartnett Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Сите имаме кризи во бракот, кој повеке кој помалку и сите различно ги пребродуваме. Лично јас почнав да не се замарам многу, нека се замара тој. Колку повеке сакаш да им угодиш толку се понеблагодарни. Еден е животот и не сакам да го поминам со замарање. Секогаш си кажувам што мислам, па на некој ако не му одговара-здравје, не можеме да се менуваме според мислењето на другите.
    Пис :)
     
    На vesne му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    47.812
    Пол:
    Женски
    Здраво мои виртуелни пријателки.
    Цело време активно ве читам,но немам сила,не ми доаѓа да напишам нешто.
    Поминувам низ една криза во бракот, и би сакала да споделам нешто со вас,а воедно и да ве замолам за мислење или за совет.Јас сум многу затворена личност по природа и со никого не ги споделувам моите проблеми и интимата,дури ни со најблиските.Но еве, собрав храброст да си го отворам срцето и да си ја олеснам душава. ;(
    Во брак сум осум и пол години.Имаме две деца,и горе -долу,да речеме дека бракот ми е солиден.
    Но во последно време (неколку месеци трае ова), како од нигде-никаде проблемите почнаа да се појавуваат ;( .
    За се нешто ,најбанални ситници,доведуваат до голема кавга која резултира со тишина неколку дена,само разговор околу децата.Ако дојде до подобрување,тоа е затоа што во текот на ноќта дошло до разгорување на страстите,а потоа се чуствувам како да сум се изгубила и се сум простила.
    Мојот маж е човек кој не сака многу да зборува,а доколку разговорот започне, се се сведува на тоа дека јас ја имам вината за се и пошнува да ме навредува.
    Инаку јас сум посветена на децата,на домот,не работам по струката(инаку сум специјалист во својата област) само за да имам повеќе време за семејството. И многу е лошо кога мажот ми ќе ми префрли дека ништо не правам ,и дека само се замарам со него.А всушност ме иритира кога некогаш ќе заглави со другарите до 5 часот сабајле во некоја биртија,и потоа следи моето префрлање,па неговото не му давам да диши слободно.После следува те молам дај смени ги сијалиците(како пример давам),и неговото ти мене ме мислиш за хаус-мајстор,а не ми даваш слобода.И се така до недоглед.
    Ќе се смириме и ќе си кажеме будали сме што се караме,но тоа ќе трае се на се неколку дена и повторно истите ,,проблеми,, ќе не надвјасаат.
    Инаку јас имам целосна доверба и слобода од него,јас сум таа која кажува каде ќе се оди на одмор,каде на гости,кој ќе дојде итн...Добар и посветен татко е ,кој оди со децата по игротеки,ги разнесува на секакви активности.Но за мене како да е глув,и како јас да не сум му најважна ,така се чувствувам ;( .
    Како мојот брак да дојде до степен кога неможеме да се разбереме еден со друг.
    Се земавме релативно млади,јас се уште студирав и тоа од чиста љубов(не бев трудна).
    Ве молам да ми кажете дали барем некоја од вас поминала или имала вакви моменти кога помислуваш дека се е свртено против вас, икога и најмала ситница е доволна да ви ја разниша довербата и љубовта.
     
    На Butterfly-itgirl4s му/ѝ се допаѓа ова.
  7. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Верувај дека нема некој кој не е поминал низ тоа. Јас не сум во брак, но со дечко ми сум многу долго време, за некој месец 10 години. Што значи со него сум од дете, се сум поминала со него и добри и лоши моменти. И јас се чуствувам понекогаш исто како тебе, верувај многу се пронајдов во твојот пост. Ретко зборувам за своите проблеми и ако со некој зборувам отворено за се, тоа е со него. Ја имам неговата подршка за се, знам дека ме сака, ми го има покажано и докажано тоа многу пати, но ете некогаш се чуствувам осамено, незадоволно од се.. Има денови кога сме ептен блиски и ни е убаво, но има денови и кога неможеме да се поднасаме еден со друг, кога постојано се караме за банални работи. Живееме заедно, сум помислувала на моменти да не го гушам и ред други работи, но знам дека не е така. Секој си има слобода, никогаш не сме се ограничувале со ништо. Но ете и покрај се некогаш се јавува тоа нелагодно чуство на осаменост, празнотија, чуство кое навистина неможам да го опишам. Еве деновиве сум во такво издание, кога се ме нервира, кога ме мачи тоа глупо чуство дека нешто не е во ред со нас.
    Уфф забегав малку место да дадам совет си ги кажав и јас маките. Но тое е некои денови со добро, некои со лошо, животот си тече. Често се прашувам дали сум само јас таква, за другите од страна мојата врска е идеална, но јас знам дека сме далеку од тоа, но прашањето ми беше дали јас навистина многу барам, дали незнам да го ценам тоа или пак машките се тие што не сакаат многу да се замараат и што премногу го ценат тоа што ќе го направат...лелее ептен забегав :worried:
     
    На ph.orhideja му/ѝ се допаѓа ова.
  8. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Орхидеја, јас не сум мажена ама сум била сведок на ова што го опишуваш, па затоа ќе се обидам да ти помогнам, ако можам.

    Пред да направиш било што, сети се дека сте се земале млади од љубов и дека уште се сакате, тоа нека ти биде мотив за се. Мислам дека разговор нема да помогне многу, можеби ќе подобри однос за една недела, ама после пак исто, потребни се дела.
    Кога ќе дојде до расправија, како што велиш за банална работа, не се вклучувај и ти.Сигурно ќе се изнервираш и ќе сакаш да се караш, ама потруди се и остани смирена, потенцирај дека ќе решите и дека не вреди за таква глупост да губите време. Труди се и ти да не почнуваш прва да се караш.
    Никако не дозволувај да не правите муабет повеќе денови.И ако се скарате повеќе, продолжи како ништо да не било.Прашувај го за работа, за пријателите, прави му што повеќе муабет, се разбира смирен.Предложи му наместо да оди во биртија, да излезете некаде на вечера, само вие двајца, средени, дотерани.Кога ќе сакаш следен пат да ја смени сијалицата на пример, речи му дека си се обидела, ама не си успеала, па дека сакаш да ти помогне.Нека се осети како дека ти е потребен, а не како да му наредуваш.После награди со некој негов омилен колач.
    Ти наведов само примери, се надевам дека ми ја сфати поентата.Среќно.
     
    На srcekrsacka и ph.orhideja им се допаѓа ова.
  9. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Верувај Орхидеја нема некој не поминал низ ваква криза, јас сум во брак и ми се случило да се почувствувам невидлива...во смисла тука сум ме гледа - а не ме гледа, не знам како да објаснам...значи доаѓа од работа, разговор минимален - како си , што правиш, има ли нешто за јадење и потоа фаќа кревет позиција, далечинско или компјутер, разгорување на страсти и утредента пак по старо.....
    Имало периоди и кога сме се карале за глупости, од обична реченица- стави ја чашата на маса, сме знаеле да направиме таква караница што после и јас сум се чудела како дошло до тоа...а всушност само излегло на површина се она што јас сум го потиснувала.
    Е сега јас сум малку побунтовна и секогаш сум иницијатор за разговор и на неговото - не ме замарај, не ме дави..почнувам со драми, сцени, што сум ти јас тебе, слугинка, сексуален објект итн.итн. се ти е стокмено, секогаш сум насмеана, расположена, а ти како ми враќаш - со молк и два реда муабет...Кога мене нешто ми смета реагирам и му нагласувам дека сакам да ја почувствувам неговата љубов, сакам да се почувствувам сакана, да ми покаже дека сеуште му значам, дека не ми се доволни само вечерните активности..му нагласувам дека мене ми е потребно да ме сака, потребно ми е да ми покаже колку му значам и требам, дека тука сум, полна со љубов и дека сакам да ми се возврати...и уште нешто, му кажувам дека ако јас во секое време можам да направам нешто што тој сака, ако јас му речам да смени сијалица има да смени сијалица....Што сакам да кажам, најверојатно сакам да ти кажам да бидеш послободна, посамоуверена, побунтовна и да се бориш за себе, да се бориш да бидеш видлива, се што ти лежи на душа кажи му, не се устручавај, и не дозволувај после караницата да има молк, умилкувај се онака како мачињата што прават, гали се, кажи му дека не сакаш да бидете скарани, биди мила а сепак гласна.
    Вакви периоди имало и знам дека ќе има и понатаму...е сега не знам каков е твојот сопруг, ама мојов паѓа на моите солзи..(малку да те насмеам - две капки ми паднаа љубов моја...). Поздравче :)
     
    На srcekrsacka и ph.orhideja им се допаѓа ова.
  10. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    47.812
    Пол:
    Женски
    Фала ви за одговорите и за утешните зборови.
    Не верувам дека нема некој брак кој нема ,,жута минута,, . Но,со разумен разговор се се решава.
    Така и кај мене.
    Претходниот пост го напишав во моменти кога се чувствував многу тешко,што сега не е случај.
    Инаку вака некој да не гледа одстрана ,би рекол дека имаме идеален брак.
    Сега за сега ,се е о.к.,па да се надеваме дека ќе потрае.
    Свесна сум дека некогаш во животот се соочуваме и со подеми и со падови,но тие само можат да не научат на нешто.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    лелел исто како јас да сум го пишувала ова :lol: кај нас лошо е тоа што двајцата сме големи инаетчии и никој да попушти, е сега мажето мое е поладнокрвно, а јас кога ке се налутиме цело време му се врткарам околу него а тој абе око не му трепнува :D јас секогаш му велам ти немаш срце имаш камен, хихих. ама после некоја солза,инаку јас почнувам да плачам некој да ме погледне настрана а не па ова, се смируваме и ми кажува дека ме сакал многу и за глупости сме се карале ;)
     
  12. inimini

    inimini Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    72
    Здраво, ке те замолам да ја прочиташ книгата Тајна ја има во секоја книжарница на Топер не многу скапа, но многу помага можам да ти кажам дека научив многу работи и почнав да ги применувам ми се промени животот, немој да ги тераш децата да ти бидат курири учиги да не слушаат старски муабети па колкави и да бидат мојот син кога ке кашесе нешто јас му викав ај доста неслушај незнаеш ништо, ти кажувам да не имаш последици со децата затоа што сега се деца ама они највеке памтат па недај боже може да се променат па да бидат и против тебе, Прочитај и ке кажеш дека стварно се променило многу во животот.Со срека
     
  13. klum

    klum Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    1
    Имам 25 год.Во брак сум 10 месеци.Со мм ми бевме во врска 6 год инаку тој од мене е постар 11 год.Врската ни беше одлична .Но откога се земавме поцнаа проблемите.Тој запозна еден нов другар богат со џип и многу пари,разведен и целосно се измени.Постојано беше во негово друштво,со мене поминуваше премалку време,секс еднаш месечно одвај имавме на моја иницијатива.Кога се обидував да зборувам со него секогас наоѓаше некој изговор.Почнав да се сомневам дека ме изневерува и најдов докази цврсти дека одржува контакт со една пачавра од 42 год.Ме молесе се колнеше во црква дека не направил ништо со неа дека само лабав муабет и зезанција многу имало со неа,му била интересна.Инаку е побожен и од таква фамилија е но се решив да му простам.Сега немам доверба воопшто во него,постојано мислам дека направил нешто со неа тоа ме убива од внатре на секоја кавга го брецам и 1 ден сме добри потоа по 3-4 дена не зборуваме.Инаку со тој новиот другар богатиот влезени се во една активност која мене воопшто не ми се допаѓа но тој упорно е загреан за тој клуб и не се отказжува.МНогупати сакав да му кажам да бира помеѓу мене и клубот но сеуште не сум му кажала зашто гледам дека го исолнува и ај да не го ограничувам.Но сепак нешто помеѓу нас не е како што треба не сме среќни,мене секое негово излегување ми смета ,јас ако му речам да излеземе гледам дека се тегави а ако му се јави другар му трча.Сега се обидуваме дете еве неколку месеци да направиме но и тоа тешко ни оди,не знам дали детето ми го зближило со мене или само се лажам,тој вика дека премногу сака дете а јас сакам само мирен живот како порано што имавме со љубов мир и разбирање,не знам дали и мене ми влијае тоа што немам работа дома седам и само на лоши работи мислам.А каква преубава и прескапа свдба направивме.Не знам како да се понашам пробав ете да не го гушам но тогаш премногу се опушти и пошна да комуницира со пачаврата.Морам да признаам дека и ја сум љубоморна може и повеќе од дозволеното а искрено јас сум како авион спрема него но овие 10 месеци ми ја уништи и самодовербата,знам дека имам мн повеќе од него,млада ,убава и образована можеби да се врботам ќе биде подруго но целосно ми ја уништи самодовербата.На моменти мислам дека и јас не го сакам ниту па тој мене
    Ве молам за совет! Како да се однесувам ???????
     
  14. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.394
    Мој совет ти е никако, ама никако да не брзаш со дете.
    Прво мора да се средат работите меѓу вас, па потоа дете. Или ако не се средат - веројатно најдобро би било да се разделите, а ако имате дете последиците ќе бидат многу поголеми.

    Инаку не знам како да се однесуваш. Според мене, со разговор се решаваат сите проблеми, ама секој си знае каква му е ситуацијата. И секој може да има разни кризи, ама ова делува прилично сериозно... Мора да престане да се дружи со тој другар, ама ти сама најдобро можеш да процениш како.
     
  15. klum

    klum Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    1
    Па искрено да не го подречам последниве 2 недели е сменет еднас до два пати неделно се гледа со тој меѓутоа јас сум многу напната и се нешто ми смета,гледам дека за секој потег сто го прави и активност ме известува но сепак нешто не ни штима како што треба
     
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Ако тој со своите 35 год не е изживеан тогаш што останува за тебе. И јас би ти препорачала да не брзаш со бебе затоа што прво треба да ја средиш хармонијата по дома па тогаш радост.
    Твое е да му кажеш што ти смета и не ти се допаѓа а негово е дали ќе те ислуша немора да те послуша ама ќе мора да те ислуша. Тој не му е другар, го држи поради некоја корист, е каква, тој си знае. Остави го самиот ќе види дека не му е другар. Ти не го премногу притискај, туку гледај да си најдеш работа и во најмала рака социјализирај се. Едно кафе со другарка, прошетка, шопинг... ќе те тргне од секојдневните грижи. Не целосно да му завртиш грб ама така малку олади, а кога ќе му се олади и усијаната глава на маж ти ќе свати некои работи. Што не ти штима ќе треба сама да откриеш.
    Во постела се решаваат сите проблеми, прави го тоа почесто ;)
     
    На klum му/ѝ се допаѓа ова.
  17. snezan4e

    snezan4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2010
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    1.202
    Потполно истото и јас го мислам. Инаку, секогаш најпрво сум за разговор и отворени карти за кој и да е проблем и предлог како истиот да се реши,но ако нема разговор тогаш мора некоја контра мерка соодветно на неговиот карактер.
    За твојот случај искористи го фактот дека си многу помлада од него,како што кажуваш и атрактивна,најди начин да го „потсетиш“ на тоа.Пример купи кондомчиња и стави ги да ги види и он,а кога ќе те праша зошто ти се, кажи му за нас се злато, знаеш решив правењето дете да го одложиме,сакам најпрво да се вработам (искрено мислам дека треба најпрво да се вработиш),да придонесувам,па млада сум си јас, имам време.Исто така не се затварај дома,излегувај со пријателки,па да се јави желба кај него заедно да излезете,а не да излегува само со неговиот пријател.
    п.с Кондомчињата можеш и немораш, ги спомнав зошто ефектот е појак дека цврсто си решила,барем од еден пример што го знам
     
    На klum му/ѝ се допаѓа ова.
  18. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    И јас ќе те советувам со НЕ за дете. Со дете не се решаваат проблеми во бракот. Бебе може уште повеќе тебе да те закова за дома и уште поисфрустрирана ќе си додека тој шета со другар му со џипот. Значи тој сака дете и ти си спремна да му го дадеш, макар што не си спремна на тоа, мислејќи така да го освоиш повторно? Вие прво зближете се па потоа дете да ве зближува повеќе.

    Досадно ти е. Од седење дома залудно арно не излегува, посебно ако имаш активен мозок. Како што ти кажаа другите, барај работа како приоритет борј 1. Па ќе запознаеш нови колешки, па ќе си идете на кафе, на ручек, вечера, на вино, на женски муабет...Ќе видиш како ќе ти се врати самодовербата кога ќе си застанеш на своја нога. Тогаш кога ќе погледнеш околу себе да можеш убаво да заклучиш ова со маж ти ќе оди ли на некаде. И гледај ти што сакаш, а не по секоја цена да трчаш по него за да биде тој задоволен, оти што тогаш ако се' му дадеш и пак малку му е? Ако сте тргнале по различен пат и нема враќање барем дете не сте направиле да му се тресете над глава, што со него.
     
    На klum му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Се обидувам да те сфатам,ама малку себично ми е од твоја страна да правиш дете за да го задржиш сопругот.Знам дека човек се фаќа и за сламка кога тоне,ама детето не е предмет и за неговото доаѓање на свет треба да бидеш убаво подготвена. Ако сопругот решил да шета, ниту детето нема да го задржи,а кога ќе го исправаш сама на нозе,револтот ќе биде уште поголем.
    Ако не го бива бракот,подобро да пукне, немате дете, ќе најдеш друг со кој можеби ќе имаш повеќе љубов,па со тој ќе си имаш дете.
    Околностите веќе ти се отежнати,не ги комплицирај уште повеќе.
    Еве да земеме в предвид и да родиш, а бракот пак не функционира и детето ќе го осудиш да расне без еден родител.Кога веќе можеш да бираш, роди го кога ќе можете да му пружите семејна хармонија и топла родителска прегратка.
     
    На srcekrsacka, klum и blond им се допаѓа ова.
  20. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.077
    Допаѓања:
    81.907
    Пол:
    Женски
    не бери гајле ако се сакате доволно сите проблеми ќе се решат нормално е во секој брак да има криза ама за тоа треба да се трудите заедно да ја пребродите вие и претходно сте имале долга врска и затоа сега се јавува и таа криза потруди се да смениш нешто ново на пример нов долен веш некое парце нова гардерода па поканиго ти да излезете сами и послушај ги и советите да најдеш работа а за бебе и јас би ти рекла не брзај има време и за тоа само по себе ќе си дојди среќно па кажи што ќе направиш поздрав
     
    На klum му/ѝ се допаѓа ова.