Сметај дека ако останеш со таков идиот ќе мора да минуваш низ истото во наредните дваесет, триесет или повеќе години и направи си сметка дали се исплати сета таа мака. Замисли што ќе биде откако вашето дете ќе се осамостои кога ќе порасне.
Драги мои пријателки: Ana Klarc, Abrakadabra, karak, Bridget, An-na, referentka, baba Rada, Daleron, ALISA0000, Punk girl, Night Rider голема благодарност пред се за времето што го одвоивте, што ми го посветивте и ми дадовте најискрени пријателски совети. Разговарав и одлучив: си одам. Ќе свртам нова страница, ниту прва ниту последна што ќе биде разведена, барем ќе си бидам мирна и нема да трпам секојдневни психички малтретирања од некој исфрустриран психопат. Многупати паднав и пак продолжив да чекорам, ова ќе ми биде мнооогу голема лекција. Ви благодарам уште еднаш на целото внимание! Поздрав и ви посакувам само среќа и радости да ве пратат!
Драга Abrakadabra, најискрено ти благодарам за пријателскиот и искрениот совет што ми го имаш пишано погоре. Но ова овде што ми велиш дека: се зезам со постов и дека отварам лажен профил, ме навредуваш. Незнам зошто погрешно си ме разбрала, бидејки навистина сум очајна, затоа сакав да слушнам мислење од некој машки член, да слушнам од машка гледна точка како го коментираат ваквото однесување на некој од нивниот вид. Немам намера да губам од ничие драгоцено време и биди сигурна дека немам баш никаква корист да формирам некој лажен профил и да ги замарам членовите со некакви бла-бла муабети, а и јас да пишувам некакви измишљотини. Јас никогаш не сум ни помислила, ниту на сон, дека сопруг може да упати на сопруга такви грдни зборови, секојдневно ги слушам зборовите како некое ехо. Бидејки секој има некаква мака, па сака да си ја сподели со некој што би му дал искрен совет, така и јас постапив. Јас ти се извинувам што така си ме разбрала и уште еднаш голема благодарност за пријателскиот и искрен совет. Не ти се лутам, можеби имаш лошо искуство со некои, па затоа така коментираш. Поздравче
Тогаш и јас ти се извинувам ако те навредив, но ми беше крајно чудно што на жески форум бараш мислење од мажи за твојава ситуација......маж може ли да те разбере подобро од жена?! А одлуката ти е правилна, зошто јас во твојава ситуација ни момент не би издржала со таков човек, само оставив ти да си одлучиш за својот брак. Сепак сите ние сме различни и со различни ставови и размислувања кои ни ги обликуваат одлуките. Браво за храбриот чекор и ти посакувам се најдобро.
Одлуката дали е правилна или не времето ек покаже ама штом ти си решил така значи е ок ништо не е вечно ни маж ни жена љубовта се гради и надоградува во спротивно не бива ништо од тој брак Нека ти е со срека новиот животен пат ,ни си прва ни последна порано било срамота а денес е добро утро добар ден да си разведен затоа да си ј акренеш високо горе главата и да не се замараш за рекла казала ,ке биде тешко на почеток ама ке преживееш Мене многу ме интерсира како ек изреагира коа ке виде дека навистина го напушташ? Пиши ни понекогаш како си и што се десава а ако сакаш разговор можеш и во лп да ми пишеш со срека
Кризата во бракот се решава со разговор, како и се останато! Ако не можеш да разговараш за кризите, тогаш си со погрешен човек. Тек тогаш барај нов.
Според она што го прочитав за твојот проблем,мислам дека ова е идеално решение и за тебе и за детето,нема да навлегувам во тоа дали он има или нема друга,зарем вреди една жена да биде секој ден психички малтретирана и вознемирувана и покрај работните обврски па и дома?Ајде да кажеме ке стиснеш заби ке поминат навредувањата,ама што правиме со тек на време кога ке почне да те тепа?пошто чим од нигде никаде почнал да те вреѓа од крајност во крајност значи он е спремен и да те удри,зарем тоа дете да расне со такви трауми да гледа како татко му ја тепа и вреѓа секој ден мајкаму зарем мислиш кога ке порасне ке биде нормално тоа дете и на прав пат?ретки се многу таквите деца со такви трауми што останале нормални.Еден маж едно машко ако искрено засака од срце и душа,освен господ никој друг неможе да му забрани и да го отргне од фамилијата.Не разбирам искрено зашто те вреѓал ај тебе,ама сопствено дете да си го бркаш од дома?Човекот незнае буквално кај тера и што сака,но едно ке ти кажам како ГОСПОД никој не е,све ке си среди ти само иди по патот што ти го кажува срцето.Ти посакувам све најубаво и да бидете со твоето детенце најсреќни на светот.
Нема проблем сите тука сме со желба нели ако можеме да помогнеме со совет и со сопствено размислување,ако бар малце 0.5 % помогнав ке ми биде ептен драго.
Не сум мажена, проблемот е меѓу мајка ми и татко ми. Овој период не е само една криза, досега ги имало многу вакви периоди и ми треба помош бидејќи не знам што да направам, како да помогнам. Не знам што е коренот на овој проблем, но татко ми се понаша лошо спрема мајка ми. Баш сабајлево, јас спиев, тие ме разбудија со караници за живи глупости, после татко ми почна да пцуе и да ја вреѓа. Некогаш е душа од човек, некогаш е толку добар, толку убаво размислува, но некојпат во некои периоди татко ми ми станува одбивен поради ваквите работи што ги прави. .И двајцата ги сакам многу, но мислам дека проблемот е во татко ми. Мислам дека не ја почитува доволно мајка ми и мислам дека си дозволува неговата сестра да му зборува лоши работи за мајка ми. Знам дека никогаш ја нема ударено. Вечерва пред да вечераме ја гледам мајка ми како плаче и не можам, не сакам да го гледам ова, нејќам да и биде вака, но не знам што да направам. Сабајле излегов од соба да му се спротивставам на татко ми, но ми рече дека мене никој ништо не ме прашува, и да одам да си легнам. Да можам би и кажала на мама да се разведе, но не зема плата и нема каде да оди, а и веќе е остарена, не може да работи. Пробувам да му кажам дека сум му лута, не му зборувам, не седам со него, но тој ми се чини дека не разбира дека и мене ме повредува. Сакам да му кажам многу работи, дека е срамно, дека не треба да ми дава ваков пример, ама не знам зошто не можам. Не знам што да правам, ја тешам мајка ми, но не можам да кажам ништо повеќе од не му се нервирај ќе помине, не знам што да и кажам и како да и помогнам. Сестра ми отиде да работи во друг град, од септември јас одам на факултет и страв ми е дека кога ќе останат сами ќе стане уште полошо. Има ли некој некој совет?
Драги Феминки, Нова сум на сајтот и за прв пат пишувам, зошто се досега сите проблеми во животот сама сум ги решавала без да ги споделувам со никого. Инаку, во брак сум 9 години и имам две прекрасни дециња, угледна и добро платена работа и станбено решено прашање. Од почетокот на мојот брак, моите родители ни помогнаа околу купувањето на првиот стан во кој живеевме, но сега станот кој тогаш татко ми ни го купи го продадовме и со маж ми си уплативме нов, заеднички стан. Од преселбата во новиот стан, започнаа и сите мои проблеми. Бидејки сопругот потекнува од посиромашно семејство, за што јас ниту еднаш не сум искоментирала ниту сум негодувала, тој како сите комплекси кои ги имал почна да ги вади на површина. Најпрвин, во коментарите почна да кажува дека сега тој е газда, дека моите родители ништо не ни помогнале, дека неговите исто така ни помогнале, кажува дека кога коментирал татко ми некогаш го навредил викајќи му дека знае кој носи пари дома кај нас, дека моите родители не се достојни за почита која јас им ја пружам. Не можам да го разберам изворот на фрустрации кај маж ми. Многу често се расправаме, велејќи ми дека јас како негова жена треба барем еднаш да признаам дека моите родители се лоши и да бидам на негова страна, да сум го подржела, дека ако јас сум се поставела поинкау со нив тие никогаш немало да го навредат, кажува дека тие не знаат да ги чуваат нашите деца, иако мајками после мозпчен удар патуваше за Скопје да го чува моето синче итн. Јас важев за една личност со самодоверба, но од неколку месечните целовечерни расправии со маж ми дали моите се лоши или не, дали заслужуваат почит или не, веќе почна да ми се лоши и повраќа, како цел свет да почна да ми се распаѓа. Ми кажувам дека во ред ке кажам дека се лоши, дали е срекен, но потоа почнува да ми вика дека јас само така кажувам, ама не сум убедена во тоа. На работа сум дефокусирана и расеана, мојата работа бара концентрација и постојано учење, а јас станувам се понеуспешна во истото.... Со никого не можам да разговарам за тоа, зошто не можам да поднесам сожалување. Порано имав чувство дека не постои нешто што не можам да го постигнам или решам во животот, но сега се чувствувам немоќно, а мојот брак почнува полека да се руши. Се обидувам караниците речиси никогаш да не се пред децата, но маж ми и на тоа не внимава. Тензијата се чувствува, а мојата кекичка кој има 8 години и самата вика мама што се случувам, немочам да го препознаам тато итн. Инаку, маж ми е домакин, ми помага околу домот и децата, се до пред еден месец од кога поинтензивно се расправаме, ме подржуваше во кариерата и околу домашните обврски итн. Кај нас дома никогаш немало расправијја на ни една друга тема, пари, неверство, алкохол, болест, излегување итн. Дали можеби некој бил во слична ситуација или слушнал за слично однесување, ве молам нека сподели. Дали да побарам стручна помош за неговото однесување? Зошто одеднаш сака да ги негира моите родители? Дали можеби има некои скриени мани кои јас за 9 години не сум успеала да ги видам? Извинете за долгиот пост.......
Човек да не ти е во кожа, друго не знам што да напишам. Вака еднострано напишана приказната нема нешто многу што да се мудрува. Најверојатно годините поминати во твојот стан, кај сопругот таложеле фрустрации кои сега излегле на површина во целост. Можно е некој коментар од твоите родители он да си го протолкувал како навреда ама си молчел и чекал да биде како што кажува он газда за да искоментира. А собирани проблеми се најстрашни, уште ако е злопамтило и се си става при срце... Само разговор, не знам како поинаку би си помогнале а при тоа да останете заедно како семејство. Се надевам ќе добиеш поконкретни одговори. И со среќа.
Мажите се многу суетни кога се во прашање финансиите во домот и нивно обезбедување. Ако само малку се осети инфериорен во однос на тебе (ти носиш повече пари од него,....или твоите дале повеќе) тогаш фрустрациите се јавуваат, и зависи од карактерот на мажот или ќе ти плеска секој ден или ќе со собира и ќе молчи па ќе начека некоја ваква прилика (како станов)па ќе се прави газда. Верувам дека и твоите родители имаат некој си минимален придонес (имаат врзано некој безврска муабет ненамерно) па и тоа дополнително го боли. Мора да бидеш тампон зона меѓу нив и него...па не би било лошо и да им речеш , да ги предупредиш да не зборат повеќе пред него такви работи. Мора да бидеш тактична, очигледно дека бракот тоне. Има феминки со искуство овде, следи што ти пишуваат и селектирај што можеш да примениш.
Кажи ми, Малина, татко ти вистина го рекол ова? Доколку го рекол, мислам дека многу го навредил и од тука потекнуваат многу од фрустрациите. Не го оправдувам татко ти, ниту маж ти, не ја знаеме нивната страна, ама дали често му префрлаат твоите родители со зборови како што го наведовме примерот? Доволно е два три пати намерно или ненамерно да го пецнале на таа болна тема, и да му набиле комплекс или фрустрации.
Ви благодарам на брзите реакции, искрено не очекував некој толку брзо да одговори. Можеби татко ми изговорил такво нешто, јас му верувам на маж ми. Тој не е човек кој лаже за било што. Мегутоа, она што мене ме нервира е што доколку било така, на мое прашање маж ми не го кажува останатиот дел од разговорот, не може ваков коментар да излета во неврзан муабет. Го прашав татко ми (има 70 години) дали навистина постои такво нешто, но не се сеќава на таа ситуација ниту на муабетот. Ако тоа било кажано со намера или навистина така сметал и сега вака смета, татко ми ке ми каже. Се обидов да му кажам на маж ми да ги игнорира, не мора тој да ги сака, ниту почитува доколку толку многу е навреден и неможе да прости, но тоа не е причина да бара од мене поддршка во неговото непочитување. Во нашето семејство семејната хармонија била пред се и над се. Сите проблеми се решавале со разговор отворено. После толку години хармонија, не сакам да прифатам дека можеби јас сум направила погрешен избор. Можно ли е неговиот карактер и фрустрации толку години да ги прикривал?
Истовремено, го прашувам дали целта му е јас да не комуницирам со моите, дали тоа ќе го направи среќен? Дали сака комплетно да се изолираме, за да ги повреди? Не можам да прифатам дека некој кој има 38 години од една навреда да сака да води ментална војна со 70 годичен човек и да си ја уништува семејната хармонија? На овие прашања нема одговор? Јас навистина сум збунета, може коментарите ми се неповрзани, но такви ми се и мислите.