Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Криза во бракот

Дискусија во 'Брак' започната од sweeteva, 21 октомври 2010.

  1. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    @Malina 36 мене, некој да ми купи и чоколадо, а после да ми пререче, дека ете тој ги дал парите, јас и те како ќе се навредам.

    Јас потпочно ја разбирам сутиацијата во која се наоѓа маж ти. Верувам дека не му било баш лесно да ги прифати тие пари, но тоа што го направил тој, кажува многу за неговата љубов и почитта кон тебе.
    Тоа што твоите ви помогнале не им дава за право да го зајадуваат со коментари од тој тип. Крајно безобразно и без осет од нивна страна што така го подбуцнуваат, а вие си го имате мирот.
    Не мора да биде тоа директен муабет на конретната тема, доволно е и без некоја особена цел тоа татко ти да му го плеснал во лице. Или со тек на време се таложеле фрустрациите, а сега дошло до кулминација.

    Не си направила погрешен избор, едноставно на маж ти му дошло преку таквото од коментарите. Ти си на средина, тој ти е животен сопатник, тие ти се родители.
    Дај му до знаење дека ти не ги оправдуваш родителите, направи муабет и со нив, да избегнуваат било какви коментари што се однесуваат на вашата финансиска состојба.
     
    На joy1 и Malina 36 им се допаѓа ова.
  2. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.330
    Пол:
    Женски
    Најтешко е да си на средина. Мораш некако да ги избалансираш работите, за тебе да ти е полесно, инаку вака си меѓу чеканот и наковалната. Седни ги сите заедно на една маса и отворено да се разговара, и твоите да се тука и тој, и да се расчисти кој што мисли, и да се разјасни дека сте семејство и не си посакувате лошо, и дека никој ништо лошо не мислел. Само така, инаку отиде ти меѓу двата огна.
     
    На eloves, referentka, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Malina 36

    Malina 36 Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2015
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Ова сега го планирам, јас си го сакам семејството и ке направм се, колку и таа средба да биде непријатана за едната или другата страна. Морам да се обидам, за да не ми биде криво дека не сум се обидела со се сте е можно. Затоа и прв пат напишав нешто на форум, и тоа е дел од моите обиди.
     
    На eloves, referentka, jacqueline.s и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.569
    Пол:
    Женски
    @Malina 36 значи мажите мора да одболуваат ако некој им каже нешто а притоа не ги велича,читај не трпат критики.Тебе ти фали еден сериозен разговор да му кажеш дека знаеш за муабетот,дека татко ти е опоменат...и сега што?Треба да го обесиш татко ти,да се откажеш од него?Што е тоа што ќе го задоволи неговото величество?Кажи му дека ти пречи што се нарушил односот меѓу вас и ако мисли понатаму да се расправа и да има проблем само нека продолжи.Следниот пар направи се дека не слушаш ако продолжи да коментира и тргни се од муабетот.
    Бреј,да не треба и со рози да му го посипуваш патот кај што оди.
    Ова го кажав како да се карам со мојот,сум имала слична ситуација.:^)
     
    На slobodka, Sky-butterfly, MacenceEna и 7 други им се допаѓа ова.
  5. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.174
    Болно ни е општеството....затоа и се ваквите појави.
    Кога луѓето би имале нормална работа, кога ќе заработуваат колку што им вреди трудот, кога ќе можат да си дозволат кредит за стан кој би бил дел од нивната заработувачка а не колку две плати, кога ќе бидат понезависни од пензијата на родителите, кога наместо да седат во четири ѕида и да играат спортска или гледаат турски серии ќе излезат на вечера, на викенд, на планина...тогаш бројката на вакви случаи би била незнам колку пати помала....
    Јас и жена ми изградивме куќа со кредит што го земавме двајцата...моите купија плац, нејзините нешто финансираа, плус нашите кредити и еве после осум години имаме уште ситно за враќање, ниту некој некогаш седнал да собира кој колку дал, кој колку зел...
    Јас искрено би бил среќен кога повеќе би ни помагале финансиски моите или нејзините а не пак да им противречам или тоа да ми преставува фрустрација...
    Ама не сме сите исти.
    Извини @Malina 36 , знам дека не ти помагам ништо со муабетов ама едноставно не можев да не искоментирам. Знам дека ние мажите понекогаш сме потешки за разбирање од малите деца и тешко ви е на вас жените да излезете на крај со тоа...единствено можам да ти посоветувам трпение и итворен разговор...па и по цена да ги седнеш двајцата рогоњи на една маса и отворено како мажи да ги отворат картите, да расчистат кој што рекол, да си ја голтнат гордоста...за да сфатат дека нивната ќерка или жена е многу поважна од нивната гордост или фрустрација...
     
    Последна измена: 19 август 2015
    На Kaetana, mimiiiii, Sky-butterfly и 16 други им се допаѓа ова.
  6. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Јас не би да ги седнувам дедото и зетот на маса и да им изигрувам медијатор. Посебно додека не ми е јасно што му е во глава на сопругот и додека е лут да му го бапнам пред нос човекот кој му е очигледно каталистот, барем спрема него, на тоа негово однесување, ма Хирошима нема да ни е рамна.

    Не знам што да советувам. Чудно ми е однесувањето на сопругот. Човек може само да нагаѓа и да не погоди од каде му е овој излив после толку години.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека ова уште од почеток тлее во него и купувањето нов стан му дошло како кец на десетка за да не си ја подгази гордоста и да изигрува газда. Го знам ова од искуство, кога со маж ми ја трампавме мојата кола и доплативме за да земеме друга кола свекрва ми почна на сите да се фали дека маж ми ја купил колата она му помогнала ама тогаш маж ми изреагирА и еве ја сега несмее да зуцне а кај тебе проблемот е поголем бидејќи маж ти сака да изгрува џек на туѓо. Таков бил ама ете ти не си го приметувала тоа, можеби успешно криел од тебе, мислам дека го повредува што ти имаш подобро платена работа. А од друга страна ако татко ти навистина му пререкува и тоа не е убаво, џабе е се што ќе имам ако тоа ми го ругаат пред нос цело време и тука го сваќам дека е навреден бидејќи сум се нашла и во таква ситуација кога ни префрли свекрвата и тоа за пари кои дупло и ги вративме ама она се направи дека заборавила и не изруга пред други луѓе и навистина не е добро. Мој совет е дека немам совет, навистина недај боже да се најдам во твојата ситуација бидејќи мислам дека не би можела да го најдам излезот од неа, туку ќе се караме нонстоп и ќе дојде до развод за глупави причини, кој колку дал и што дал
     
    На MacenceEna, tessie и Malina 36 им се допаѓа ова.
  8. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.906
    Допаѓања:
    272.560
    Пол:
    Женски
    @Malina 36 мажите се навистина многу чудни суштества Ако не им даде никој ништо ќе кукаат како ништо никој не им помогнал ако им даде се чувствуваат повредени понижени...татко ти и ништо да не рекол тој пак можел да почне со таквите обвинувања.Има чувство на пониска вредност плус ако ти повеќе заработуваш и си поуспешна од него Пробај извесно врем игнорирај ги неговите дофрлања но ако се големи кавги во прашања пробај разговарај ако е маж кој знае да слуша и разговара (оти повеќето не знаат ),пробај да ги разрешите неговите фрустарции но не го вознемирувај татко ти не заслужува кај помогнал па сега и крив.
     
    На okcenzi, tessie, lunicka и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Malina 36

    Malina 36 Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2015
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Толку е банално и глупо однесувањето на маж ми, не кажува што е решението според него, што би го усреќилоо и како може нешто да се поправи, туку само негодува. Како да не сака ништо да се промени по тоа прашање и дека веќе му е се исто, а кога ќе прашам тогаш зошто секоја втора вечер зборува за истите работи, кажува дека не му е сеедно и дека се нервира. Најново е дека одлучил ништо дома да не помага за да сум сфатела колку бил тој пожртвуван сопруг и да сум ценела се што тој правел, додека јас безгрижно напредував во кариерата (п.с. јас за да не се чуствува неубаво заради парите сите сметки ни се заеднички, сите картицки се кај него и мој принцип бил пред да си купам било што да му кажам пред да платам. Не дека некогаш нешто ми забранил, туку чисто да го удостојам, дека за секој одлука е битно и неговото мислење и без разлика кој колку заработува, одлуките биле заеднички.
    Следното прашање ми е, дали му недостаства внимание (бев на теренска работа во странство со секојдневни патувања), па започнува тема за расправње за која знае дека нема да ја игнорирам?

    Можно ли е крајната намера да му е развод, за да види во џеб 60.000 ЕУР што е половина од вредноста на нашиот стан? Дли јас негде погрешив?

    Уф, колку отворени прашања имам.....

    Како и да е, благодарам за Вашите размислувања...... навистина ми значи вашето одвоено време........
     
    На galapce, tessie и ninja35 им се допаѓа ова.
  10. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.174
    Зошто не го прашаш отворено...
     
  11. Malina 36

    Malina 36 Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2015
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Јас сум многу претпазлива, не би сакала да се почуствува дека ги сметам за материјалист и уште повеќе да го навредам. Ама и тоа прашање ќе дојде на ред, ако нешто не се промени.

    Ти благодарам
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.160
    Допаѓања:
    259.298
    Пол:
    Женски
    Дали има шанси да има и трета личност во караницава а не е татко ти?
    Да не запознал некоја па сега вака се обидува да избега од бракот, кога веќе спомнуваш развод.
     
    На forumka, crimson, okcenzi и 3 други им се допаѓа ова.
  13. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.174
    Додека ти водиш сметка за ЕГОТО на твојот сопруг, полека ти се рони се останато....на работа кажуваш дека тонеш, децата почнуваат да сфаќаат дека нешто не е во ред, ти се рони животот по сите основи а ти не сакаш да го навредиш сопругот ?????
    Извини, може како машко не размислувам на иста бранова должина како вас жените ама овој твој начин на размислување како и твојата пасивност не ми изгледаат баш добар начин за решавање на проблемот.
    Извини уште еднаш, нема повеќе да коментирам и да сугерирам ама мислам дека имаш катастрофално лоша стратегија на решавање на проблемот. поздрав
     
    На Kaetana, crimson, Bender Rodriguez и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Malina 36

    Malina 36 Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2015
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Не можам ниту да се посомневам во тоа, маж ми епосветен сопруг, не излегува со другари, нама кладилници, идење на фудбал сите викенди се посветени на мене и на децата, секој работен ден заедно одиме на работа заедно се враќаме, не ми недостасува сексуално внимание, никогаш не ме одбил, а и има сексуален интерес (освен нормално кога ке се испокараме).

    Ако веќе некој планира развод, покренува барање и тоа е тоа, не сфаќам зошто би трошел време на непотребни караници.
     
    На galapce и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  15. Malina 36

    Malina 36 Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2015
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски

    Можеби, го ценам твојот коментар, можеби јас грешам, затоа сум тука на форумот, можеби некој коментр ќе ме освести, ќе ми даде нова идеја како понатаму....
     
    На galapce и slobodka им се допаѓа ова.
  16. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Не фрла човек брак за 60 илјади евра. Нешто му е нож, да. Зарем не сте имале некоја поголема кавга до сега? Да од тоа извадиш резон, дека му е фаза или дека колку време го држи детска лутина. Внимание на сите ни фали без разлика колку време сме во брак. Ако ти паѓа на ум можеби и свесна си дека не сте биле доволно блиски некое време, ама како да удоволуваш на некој што те напаѓа во моментот?


    Шанса за викенд сами? На неутрален терен? Шанса за муабети на кој што му е бутур, и јасно и нежни моменти, ако и така избие кавга за кој е газда, тука нешто стварно не е во ред тогаш, и ако сум јас и спомнувањето на Р не му бега.
     
    На tessie и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  17. Malina 36

    Malina 36 Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2015
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
     
  18. Malina 36

    Malina 36 Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2015
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    САмо што с евративме од одмор, таму немаше такви муабети. Почнаа кога споменав дека треба да отидем 3-4 дена кај моите, за да си се видиме и да поседиме на гости. НАс не ни недостасуваат патувања (летување, зимување, сите празници сме БАнско, Боровец, Сандански), децат еден месец не беа дома, беа на кости кај мајка му, не ни недостасува време да бидеме сами....

    РАсправње во овие 9 години немало, освен сега во последно време за ова сто го пишувам. Нашиот брак беше приближно до идеален според моите стандарди и гледјаки како функционираат лугето околу нас...
     
  19. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Искрено, не верувам човек да може да скрие 9 години фрустрасии кои очигледно би се осетиле на вашиот брак, ниту тој да ги скрие до толку вешто, ниту ти да си била слепа да не ги осетиш. Мое мислење е сосем нешто друго има избиено како проблем ама се рефлектира на овој начин.

    Ако си спремна да побараш стучна помош можеш сама да почнеш. Ќе ти помогне да се справуваш подобро со ситуацијата во која сте, за самодовербата која си ја изгубила, генерално за твое добро, можеби ќе извадиш и некои одговори, ама и ќе добиеш подобар совет, на база на целата приказна и нивната стручност, отколку ние овде што можеме.
     
    На crimson, Bozica1980 и Malina 36 им се допаѓа ова.
  20. Malina 36

    Malina 36 Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2015
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Ке разгледам на интернет, не сум сигурна каква стручна помош ни е потребна, ако имаш предлог кажи