Гледам дека никој не се позанимавал со твојов проблем, па ајде, со закаснување од скоро месец дена, да ти го кажам моето мислење. Такви бракови како тој на твоите има многу. Да не речам, 90% се такви. Знам дека ова не е никаква утеха, ама чисто да бидеш свесна дека не се единствени. Ти, како нивно дете, за жал, не можеш многу да направиш. Можеш да направиш муабет со татко ти кога ќе биде у „добрите“ за да му ги предочиш твоите размислувања за неговото однесување. Но, да не те лажам, не верувам дека нешто ќе успееш да смениш. Можеш да поразговараш и со мајка ти за ова и да ги чуеш нејзините размислувања. Дали таа размислувала за развод? Имај у предвид дека ако се разведат, мајка ти нема да мора да се спакува и да си оди. Таа има право на половина од станот/куќата во кој живеете и се друго што е стекнато за време на бракот, а можеби и на издршка/алиментација (не ме фаќај за збор, не сум до толку упатен). Но, во секој случај, нема да остане без ништо. Инаку, колку и да ти звучи чудно и изгледа несфатливо, има и луѓе кои се научени да живеат во такви „садо-мазохистички“, да ги наречам, врски и бракови. Едниот кога е лут вика, другиот ќути, а после кога све ќе помине, никому-ништо, како да не се случило. И така си тераат. Така да, можно е твоите едноставно така да функционираат, колку и да не е здраво тоа и колку и чудно да ти изгледа на тебе. Во секој случај, гледам дека ги сакаш, особено мајка ти, па затоа ќе те посоветувам нешто - ти си млада и животот е пред тебе. Треба пред се да се занимаваш со „проблемите“ кои ги носат твоите години - искачања, испити, дечковци, а не да изиграваш „родител“ на сопствените родители и да ги береш нивните грижи. Секој човек, пред се, е одговорен за самиот себе и за решавање на своите проблеми. Поздрав!
Еее златна @Malina 36 ова ме потсеќа на поранешната моја комшивка, ама таа би била Малина41.. Сега секој ден доаѓа и и ја удира главата од ѕид ама касно и е.. Си се омажи жената на малку постари години, нејзините им дадоа стан за живеење затоа што господинов не беше од Скопје, ама веќе со години живееше и работеше тука.. Не знам како ја натера да го продадат и да купат нов...Не купија поголем стан, само населбата не му се допаѓала на господинов па да ја сменат.. После 6 години во брак и едно 3-4 годишно детенце, ете ги се разведоа.. Цели 5 ипол години човекот чекал изгледа за овој момент, да и земе пола од станот и да ја влече цела година за развод.. Бог да не даде на никого таква завршница.. Успешна си, финансиски независна. Кажи ми нешто, како стои тој со оваа страна? Успешен е? Независен? Родителите се РОДИТЕЛИ! Дали имаш 16 или 36 години, никогаш нема да ти мислат лошо. А на тој мочко (да ми извиниш) што сака да те сврти против родителите, да му кажеш да си ги спакува куферите и да оди кај неговите на месец дена, да види какви благодети ќе пропушти.. Убав стан, убава жена, убаво семејство. Ако не му фали, ич нека не си се враќа. Можеби е редно и ти да покажеш заби мила. Неговите родители се светци, а твоите не чинат?! Не! Неговите чинат исто колку твоите или помалку од нив (ако заслужиле за помалку). Никогаш немој да ги цениш повеќе од твоите.. Никогаш. Сака да се прави газда? Нека се прави. На тоа што сам ќе го купи или на тоа што неговите ќе му го купат. Не можеш бе брате да бидеш само ти газда на нешто што го делиш со жена ти! Место да се радува што твоите ви овозможиле кров врз глава, тој ги потценува?! Некој да ги потценува моите родители со се партали ќе лета низ балкон. До таму било. А тоа дека го навредило фактот што татко ти му рекол дека ти носиш пари дома, извини ти се молам, по твоето пишување тоа е повеќе факт отколку навреда. Е ако не е, тогаш и може да се најде навреден. Ама очигледно е жива вистина.. А ако вистината го навредува, тогаш е негов проблем, не твој. Комплекс на помала вредност.. А тоа знам како е, сум го почувствувала на моја кожа.. Колку сакаш да угодиш на некого, на крај ќе ти плесне во лице дека со пари си сакала да го купиш, дека со пари било ова, она, не знам што.. А ти сирота за доброто на двајцата си инвестирала.. И уште нешто.. Да не те чуди ако целта му е да заврши со 60.000 евра во џеб. Некој рече дека не би си растурил брак за 60000 ама денес брак се растура и за многу помалку од тоа. Тоа ти се 60,000 причини во неговата празна глава..
Има една работа што би го усреќила, а тоа дај му отворена карта на такви зајадливи коментари да врати со многу ниски ударци, вклучувајќи те и тебе во муабетот. Едноставно, кога татко ти го дал тој коментар, он си ќутел пред се да не почнат разни злобни разговори меѓу татко ти и мајка ти, па после мајка ти да разговара со тебе за маж ти, дека е ваков или онаков. Тоа што мајка ти и татко ти после ваквиот коментар прокоментирале е, види како заќуте, го боле и сличните малограѓански коментари. Кажи му да не ќути, за такви работи и дека многу полесно е да се решава со ниски ударци вакви зајадливи дофрлувања и нормално да порасне и да не се кара како мало дете и да се однесува како недораснат.
Маж ми не е ниту успешен, ниту независен. Има мала плата, а станот сеуште го отплаќаме на кредит пред се од мојата плата. И двајцата не сме од Скопје, така што ниту едниот има ниту другиот каде да оди, освен да се вратиме кај нашите во градовите од каде доагаме, а работиме и живееме тука. Сега најново му е дека веќе воопшто и не сака ништо да се промени во нашите односи, дека немал повеќе сили да се бори и против моите и нивните коментари и против мене, која сум била на нивна страна. Не сака да разговара ниту со нив, а богами ниту со мене повеќе на ова тема, а проблем постои. Кога ке се врати од работа само кути или ако не кути се расправа на оваа тема. Дали сака да ме натера психицки да попуштам, зошто јас сум доста сентиментална, со вискои семејни вредности и да кренам раце од се и да излезам од станот??? Што во случај на развод, станот не може да се продаде зошто уште е под хипотека, ниту јас можам да му дадам пари, ниту тој мене? Останува дека треба да функционираме како разведени под ист покрив пред очите на децата??? Не знам што повеќе да мислам, толку сум збунета......, а школската година ќе започне, се што мислам се моите деца и атмосферата во која ќе треба да живееме, ако нешто не се промени....
Тоја има отворена карта, но тој очекува кога нешто ќе се каже јас да сум таа што треба да реагира. Кога ќе ми пренесе што му рекле, јас да им се јавам и да ги прашам зошто така, тоа не е убаво. Е сега, јас сум сложна и на тоа, ама тој се навраќа на работи од пред 6 години и очекува јас да ги прашувам за работи од пред неколку години, зошто тогаш така и така, зошто не вака? Јас прифаќам од сега понатаму да реагирам, ама тој вика дека е веќе касно, дека требало да реагирам порано и дека веќе неможе ништо да се промени.....
Ако не може ни тој ни ти да дадете пари, ќе си го лапне банката за доручек и тоа е тоа.. Што е греота да се случи со оглед на тоа што ти си вложила големи напори а и твоите родители за да имате покрив над глава.. Ако си сентиментална, треба да ти е уште појасно дека од тој стан треба да замине тој а не ти и во никој случај немој да потклекнеш.. Инаку, ако ќути тој, ќути и ти.Биди малку ладна, не дозволувај да те врти како сака. Тој видел дека може да манипулира со тебе и сега така си тера... Со самото тоа што велиш дека им се јавуваш на твоите да ги прашаш зошто нешто му рекле, ти веќе си станала негова марионета.. сега те врти како сака. Нема што да им се јавуваш на твоите и да ги потресуваш на стари години со фрустрациите на маж ти.. Ако е маж нека седне отворено и нека им каже на твоите што му смета..ако има такво нешто ..
Јас предлагам да разговара, но несака ни тоа. Тој машкоста се обидува пред мене да ја докаже и се изживува врз мене со неговите муабети. Кога зборуваме навечер тоа трае до 2-3 часот по полноќ, а јас другиот ден треба да станам во 7 и да имам сосатаноци. Најлесно е да си легнеш, ама кога остануваат проблемите последна надеж ти е да поразговараш уште малку можеби нешто ќе се реши. Му викам дека ако јас ја загубам работата, ние ке бидеме на улица, но тоа не му е битно. Летово јас имав доста работен ангаќман, а тој беше цело време моја подрашка. Јас работам на комјутер до 1-2 саат, тој седи и ми прави друштво за да не ми се приспие. Кога јас сакав да направам ручек, тој ми вика седе ти работи јас ке средам, јас ке направам кафе, ке измие садови итн за да ми помогне. Јас му бев многу благодарна, секој мој втор збор беше што би правела без твојата подршка, но сега кога се испокаравме ми вади на нос, ми вика колку пати јас сум зготвила, колку пати јас сум сварила кафе, дали сум миела садови итн. Јас му викам дека ти инистираше да биде така, за да ми помогнеш колку можеш, зошто сега го зборува тоа, но после муабетот пак на враќа на тоа дека така било, но јас не сум знаела ништо да ценам???????? Луге, земав одмор за да најдам решение за ова, но сама со своите мисли ништо не правам....Само повеќе прашања ми се отвораат.......... Ви балагодарам за подршката, барем немам чусртво дека сум сама на светов....
@Malina 36 Според твоиве постови јас сватив само едно, мажти е љубоморен, се чуствува толку немоќно до тебе тоа го боли и лечи комплекси. Од друга страна верувам дека и твоите родители намерно или ненамерно му имаат префрлано работи што во тој случај кај него се прелила чашата да се чуствува покрај тебе толку немоќно и безпомошно. Ова ти го кажувам од искуство. Ќе бидам кратка и само едно ќе ти кажам, разговор мила само разговор може да ти помогне во ситуацијата. Треба да поразговараш со него и да му кажеш дека и покрај се го сакаш и сакаш да си го спасиш бракот, дека ни најмалку не ти е сеедно за неговите чуства, дека патиш и ти и сметаш дека треба еден со друг да се ислушате и помогнете. Стави му до знаење дека тој ти е најбитен човек во животот дека ако се сложува би можеле обврските околу домот и ти да ги превземеш ако нему му е тешко, дека ќе најдеш време за вашиот брак, дека имаш потреба од него и неговата подршка да се изборите, дека ни најмалку не е така како тој што замислува, и не се карај сето ова кажи му го како на човек што неизмерно го сакаш. Во врска со твоите мислам дека не треба до толку да инсистираш, ако не сака да ги почитува и да оди кај нив не треба да го присилуваш, можеби навистина се случиле некој работи што ти не ги знаеш, остави ги на страна твоите и исвесно време пробај да си го средиш твојот брак и хармонија, на некој начин да му покажеш дека ти навистина го цениш и почитуваш. Поздрав
Да сте во заедница со твоите некако да разберам, но вие во Скопје со ваш живот, тие далеку, и освен ако не ви се јавуваат секој ден и не коментираат што треба и не треба, не разбирам зошто некој би ги ставил како проблем. Можеш да бидеш трпелива, можеш да пробаш да ги ублажиш неговите фрустрации во врска пари, успех, моќ. Можеби тој има потреба да се чувствува како нешто повеќе од обична домаќинка по дома па да му покажеш дека го почитуваш како маж, не само како другар кој ти дава подршка во твојата работа. Но ако гледаш дека нема резултати и продолжува психички да те малтретира затоа што сам не знае како да биде маж па мора некој претстави пред него да прави за да му докажува (не мора да има голема плата и висока работна функција за тоа, доволно е малку зрелост и стабилност), тогаш престани да се измачуваш. Не знам зошто толку озбилно си ги сфатила неговите проблеми, ќе седам до 3 во ноќта да слушам за работи кои ги рекле родителите пред 6 години, ќе земам одмор од работа за истите банални проблеми да ги слушам, па на крај да размислуваш да го напуштиш станот. Бре, на мајка му е па ти да си одиш. Разбирам да сакаш да вратиш хармонија и да размислиш каде ти можеби грешиш или си згрешила, ама што било поминало и години подоцна за тоа брак не се растура. Да растураа брак сите заради коментари некои од свекор, свекрва, баба или дедо, сите ќе бевме разведени. Немој да одиш на јајца и да се потресуваш толку за неговата состојба моментална. Не е мало дете и нека си ги решава фрустрациите сам ако не прифаќа помош од тебе.
Јас се обидувам да не се карам, сакам да разговарам, не инсистирам тој да оди кај моите или да ги почитува доколку се чувствува навреден. Благодарам за советот, ке се обидам да најдам сили да се изборам за нашиот брак, разговорите сега засега започнуваат и завршува атисто без поента, без решение. Можеби треба неколку денови да избегнувам разговори на оваа тема за да му се излади главата.....
Јас само се обидувам да се фатам во костец со овој проблем, а можеби решението е на неколку денови и да го игнорирам неговото однесување
Лесно е да солиме памет од далеку на некој кој не сме му во кожа. Ти најдобро си го знаеш маж ти и ситуацијата во која се наогаш. Остави го извесен период да си ја олади главата а во меѓувреме обиди се со твоите постапки да му дадеш до знаење дека греши. После некое време обиди се повторно да разговараш, бидејки едно е секојдневно да се расправаш а друго е тие секојдневни расправии да ги оставиш и малку подоцна на ладна глава да ги продлабочиш.
@Malina 36 сите мажи имаат фрустрации кога нивнитр девојки,сопруги се појаки од нив. Очиглеедно е деоа успеал фиктивно да стане газда на станот за да не го влече товарот дека твоите го купиле и ти можеш од таму како партал да го исфлиш.Затоа и те натерал да го продадете првиот стан,за да имате сан стекнат во брак.Со сметкте си направила голема грешка.Не мора да се кажува за се и сите пари и немало потреба д заеднички сметки и картички. Дали е маж т накај 40 тина години? Ако е гарант го дрма климакс криза,и пошто мнгу себичен единствено ќе гледа тебе психички да те уништи и после се ќе си дојде на свое место.Нема да се разведе ,сака само да те стави под нога.
Баш толку е, ама каква е таа климакс клима и како може некој да сака да си ја уништи жената? Е ова не го разбирам....... ај ке прогуглам, да видам симптоми.....
Ох, мори мајко Во ред е да му се дадат клоците, бидејќи живеел во станот на сопругата, додека снаичките кои живеат во станови на сопрузите или свекорот и свекрвата имаат еднакво право на истиот?! Just saying... @Malina 36 мене ми личи дека сопругов твој е разочаран и повреден. Не верувам дека толку го повредиле постапките на твоите родители, колку твоето одобрување (ако може така да кажам) на истите. Тоа што не си реагирала, автоматски значи дека се согласуваш. А прочитав тука дека се изјасни за сопругот, цитирам: “Маж ми не е ниту успешен, ниту независен.” Оваа твоја реченица доволно кажува како ти го перцепираш сопругот. За жал, најверојатно и тој го знае тоа, па затоа сега или му дошло преку глава, или бара начин да те повреди како што ти си го повредила него.
И мене тоа ми бодеше очи. Мислам кај нив во семејството (и кај нејзините, и кај младите) многу се придава значение кој е појак и поуспешен. Не те обвинувам, секој со своето, ама јас на твое место не би рекла така, некако како да немаш емоции кон мт. Сепак, не знаејќи ја ситуацијата разгледана од сите страни, тешко можеме да дојдеме до заклучок. Мислам ако се сакате, нема ни напамет да ви доаѓа да се натегате кој е поуспешен и побогат, туку ќе сте благодарни на Бога што имате да си пружите и самите и на децата без оглед кој колку заработува.
Мојата констатација беше прост одговор на просто прашање во пост во врска со финансискта успешност и независност. Тоа нема врска со мојата перцепција за маж ми, со мојата почит кон него, заради тоа што успешноста и финансиската независност на некого, не го прават човек добар сопруг и пожртвуван татко. Мојот напредок се должи на неговата поддршка, како во поглед на домот така и во поглед на децата. Јас сум сосема свесна за тоа и ниту еднаш во животот не сум коментирала нешто што би го навредило. Дури некој од форумџиите ме опомена дека внимавам на неговото его. Како и да е го почитувам твоето мислење, ми отвора нова димензија на проблемот и при следниот разговор ќе се одбидам да добијам одговор на едно вакво прашање. Можеби и таму е решението......
Ova ne e sovet ili mislenje. Ova e samo edna pofalba za @Bridget. Dosta realna i iskrajna. Sum te procitala i vo svekrvi i snai, specialno da ne naglasuvam koj mislenja. Moja podrska. Mi se dopagaat tvojte mislenja, zosto se realni ili zatoa sto apsolutno isto mislenje delime na ovie temi. @Malina 36, ako mozebi si vo nedoumica i mojov like moze da pomogne, JAS delam isto mislenje so @Bridget. Toa sum jas, toa e moeto mislenje, no napisano od rakata na @Bridget.
Кај го најде жити се Кажи му дека е голем маж и дека треба он малку да ја отвори устата и да реагира на време (а не да играте расипан телефон), затоа што ако тоа не се случи на време, тоа жарче ќе тлее и тлее и некој ден од ведро небо ќе предизвика голем пожар и после гасењето никој нема да биде ист. Реално, твоите се криви, уствари не се криви, едноставно нивниот малограѓански дух е посилен и отвараат уста кога не треба, не гледајќи за последиците, а маж ти тоа го сфаќа премногу сериозно, демек тој коментар ќе ја преврти земјата наопаку. Најдобро вие да си ја удрите на заебанција и да си кажувате како ќе се смеете на ова некој ден и колку будали изгледате сега, а тоа и ќе ве смири. Реално, брак да расипувате заради малограѓанштина е незрелост на особите.
Политика. Друго не ти треба. На маж крени му го егото и таквото, другото само ке си дојде, Со твоите верувам еднаш месечно се гледате, сите ќе ги замолиш, за твоја љубов, тие 2 саати у месецот да се сакаат или да тераат политика. И него и нив. Ќе му кажеш дека го поддржуваш, дека е во право, дека може претерал татко ти. Ти не си судика, ти си сопруга. Тој ти е маж, ти направил деца, глупо е двајца кои се сакаат, кои имаат се што им треба за ваква работа да се раведат. Колку што сфатив, вие се сакате, имате двајцата работа, имате 2 деца, досега немало никакви големи проблеми и на прва пречка е лудо некој да ти вика разведи се. За некој месец се ке помине, а ти ќе излеверираш се што треба. Никој не е крив, периоди лоши има секој брак, некои лесно поминуваат, некои тешко. Бори се за семејството, жена си, значи силна си и можеш. Наутро ке се насмееш и ке ставиш црвен кармин, дома ке бидеш сопруга.Не мешај едно со друго. Има полоши работи, има неверства, болести, смрт. За ваква работа не вредии да паничиш, кога за брзо ќе се среди. Може само фали малце да покажеш љубов.Мажите не знаат да викаат ко нас кога ни паѓа самодовербата - Убава ли сум. ме сакаш ли, дебела ли сум, нели сум ослабена? Они ќутат и после аз глупост ќе избувнат. Гледам дека го почитуваш мажот, он може не гледа. Покажи му. Може малце треба да се среди.