имат една тема со разлика на годинит и јас ко дадов некој лимити сите ми се подбиваа .Според мене имат улога разликата во годините. Само овде мене ми е чудно обично мажите се љубоморни на младите жени, сопруги ама ти да си му љубоморна не ми влегуват во глава ! Велиш млада образована !?! а седиш дома а работа? Јас мислам под итно да најдиш работа незнам какво образование имаш но ако е некое што треба да работиш со многу луѓе уште поубо ! Значит го зголемуваш егото ! самодовербата се средвиш на шопинг одма и секој ден на работа да бидиш под конец .После ке почниш полека да го ангажираш во секојдневните обврски на пазарење не оди без него кај твоите не оди без него а бе сегде ќе го влечкаш и тоа не со расправија туку со умилкување , срцка,душо ај ако сакаш ,морат да ми помогниш и т.н. завиткај му се ко змија на нога да не можит да мрднит бес тебе . Ни случајно за развод да не си размислувала ако го сакаш и ако чусвтвуваш дека сеуште те сакат. Немој да му правиш испади на љубомора од такви испади пропаѓат бракот бидејки тој ке бегат од кавга и можит да завршит во скутот на некоја која едвај чекат да ти го лапнит. Мојата Јатрва знајш што викат ?!?!? ,,мажот се советуват со милување , бакнување ако сакаш да добиеш нешто од него требат секогаш и секогаш одново и одново да го смуваш што викет цуркиве на форумов ,,За жал треба да учиме од младите форумџики.
Тој другар магија некоја да не му пуштил па овој вака се занел Мислам дека дружбата со тој нема да му трае вечно, ама во сево ова не ми се свиѓа што тој се однесува како тинејџер, се попалил на парите, искачањата, клубови не знам што.На 35 години веќе треба да е оформен како личност, да знае што сака и да се дружи и да излегува, ама да знае кои ми се приоритетите. Плус, ти крие работи, како таа повозрасната жена. Претпоставувам и си разговарала веќе ама џабе.Си пробала ли да некогаш да се зближиш со тој другар му?Речи му на маж ти да излезете некогаш сите на вечера или пак да го викне дома.Пробај да им се приближиш.Ако ни тоа не му одговара веќе биди многу сериозна и кажи му дека ако продолжи ќе те изгуби и дека нема сто пати да го предупредуваш.Во меѓувреме потруди се да си најдеш работа, дружи се, не оставај целиот свет да ти е околу него Детето во овие услови, немој ни да помислуваш
Фала ви на сите за поддршката и за советите ,многу ми е тешко претешко,инаку работа барам но некако тешко оди па сега ја подготвувам магистерската,па можеби кога ќе магистрирам ќе најдам работа.Знаете денес без партиска книшка и без дебела врска мн тешко се наоѓа работа.Инаку јас се однесувам поладна но тој и вика како ќе се однесуваш ти така и јас,почна да ми вика дека воопшто не сум го сакала на мене ја префрла вината а гледам дека тој другарот и клубот му се приоритети.Заради него ги запостави другарите му ја полни главата не знаете како и се нервирам како може овој да му верува и да го слуша.Искрено сеуште мислам на развод,инаку не сум од Скопје од помал град сум знам дека ќе не озборуваат сите и најверојатно во иднина ако барам партнер ќе треба да барам разведен не знам како ќе продолжам но сепак имам поддршка од моите за се што ќе одлучам само да не се нервирам и да не го губам здравјето поради него.И искрено се плашам да не се слуша сеуште со таа пачаврата .Фала ви убаво е навистина да имаш со некого да споделиш ,ве чувствувам за блиски пријателки
Klum мила, не е ништо чудно да се ти осеќаш овака кога тој ти има удрено по самодовербата. Но сети се само дека ти си најважната личност во твојот живот, и пак ќе ти речам да се посветиш на себе, ти што сакаш. Разбирам дека ако дојде до развод се плашиш да не останеш сама. Ама со него ако не иде, со сила не можеш. Цел живот така не се живее, и премлада си да се осудиш на такво нешто. Ако имаш поддршка од твоите како што кажа, тогаш не му се плаши ако решиш дека не оди веќе вака. Гледаш, ги имаш твоите, не си сама. А народот, за народот ич да не те боли становитка!(извини за изразот) Колку и ти да си добра, ако сакаат да ти вадат муабет, народ ко народ, а особено и од помало место, ќе си најде муабет да озборува. Јас сум од село, амо во странство повеќе време и уште сум им интересна на жените од село, па оти повеќето си доаѓам сама за Македонија, со маж ми три пати имам доаѓано само, 2 пати веќе ме разведоа и лани повторно ме омажија. Тоа што не сум родила уште ме нарекоа јалова, па ако со три мажи не затрудне значи кај неа нешто фали, па на мајка ми и препорачуваат кај кои жени да ме води на баење кога сум си идела. Народ, да не речам жени! Уста нема да им се затвори. Затоа гледај си како ти одговара на тебе и не му ја мисли што ќе озборуваат. Ништо не ти можат со муабети и не им дозволувај да имаат таква инфлуенција на твоите животни избори. Ајде белки со магистерската ќе ти се отвори убав пат барем на финансиско поле засега. Ако се среди работа со маж ти супер, оти кажи речи секоја двојка си мине низ кризи, ама ако тој не умее да се среди, тогаш пријатно. Ако те женил не значи дека те поседува. Има и други мажи.
Фала ти Имелда,ми значат многу твоите зборови ,ах да и за мене прашуваат зошто уште не сум трудна и јас ги имам тие проблеми лелелел само да се зборува ама за да не си ги гледаат нивните проблеми се занимаваат со туѓи.Ајде ќе видам како ќе се одвиваат работите .Поздравче
ИТНО МИ ТРЕБА ПОМОШ,СОВЕТ Ќе бидам кратка во уводот: Со вереникот сме заедно повеке од 3 год. од кои една година живееме заедно.Нашата врска до пред неколку месеци одеше по нагорна линија и го градевме нашиот заеднички живот.Последните месеци се одалечивме еден од друг за кои и двајцата сме виновни.Се појави монотонија апсолутно во се дури и во интимата се исто па исто и се помалку бевме интимни, кога и да посакав да сме интимни тој секогашме одбиваше или е уморен или не му се сака и секогаш беше утре али тоа утре можеше да биди по една недела а сето тоа мене ме одалчи од него и колку и да сакав да превземам нешто неможев. Пред неколку дена конечно разговаравме за нашата ситуација и ги отворивме картите се си кажавме ги увидовме нашите грешки и решивме дека ова треба да се реши, дека вака повеќе не можи.Јас сум одлучена да ги поправам моите грешки и тој тоа го знаи и веке почнав.Но тој се уште не е одлучен дали ние да продолжиме и да поправиме или да прекиниме вели дека се му било каша попара во главата и дека му треба малку време да размисли сакал со бистра глава да донеси одлука.Инаку чуствата се присутни од двете страни.Нема трета личност,во тоа сум сигурна и знам дека и тој има надеж за нас. Ми треба помош не сакам да се раскини врската,премногу ми значи не сакам да го изгубам. ИТНО ми треба да превземам нешто.Оваа неизвесност ме убива............. ПОМАГАЈТЕ
ИТНО МИ ТРЕБА ПОМОШ,СОВЕТ Па кога сака малце време дај му малце време и ПРОСТОР да си размисли, а ти занимавај се со нешто друго за тоа време не му досадувај да почниш да му недостигаш и да види како би било без тебе. Се најдобро ти посакувам и да си ги решите сите проблеми за брзо време. Good luck
ИТНО МИ ТРЕБА ПОМОШ,СОВЕТ И јас се согласувам со MrsH дај му простор малку одалечете се некое време еден од друг.Нека размисли и тој малку со ладна глава, а и ти исто, ќе виде дека му недостигаш па тој ќе те побара.Вие сте се презаситиле еден од друг и затоа се случиле такви работи.Бидете во контакт, но без напнување и нервози, ќе се средат работите.Ти посакувам се најубаво
MrsH и BettyBoop25 Фала ви на советите идентични се вашите мислења.Јас најважно него му дадов до знаење дека моите грешки ке ги поправам.Ние се уште сме заедно и заедно живееме и ги извршуваме заеднички нашите обврски се уште е присутно она НИЕ.Значи се уште постоиме.И јас сум размислувала да се дистанцирам, да му дозволам да размисли да ги согледа работите правилно и да донеси правилна одлука според него.На пример еве сабајлето додека спиевме(пред да стани за на работа)ми идеше да го избацвам го галев но не толку апла се припив до него едноставно сакав да му дадам до знаење дека сакам да сум интимна со него а тој сети знам дека сети,очекував и тој да возврати,не се противеше,можи требало да продолжам али јас се повлеков само поради тоа да не го притискам,го бацив и тој ми возврати на бакнежот и мораше да стани пошто веке каснеше за на работа.Незнам колку е добро да му дадам простор да размисли или да делувам додека се уште е пресна ситуацијата тука сум во дилема.Инаку на секој мој бакнеж или прегратка тој исто така ми возвраќа се уште се чуствата тука.Нели има една изрека железото се кова додека е се уште жешко.Тука е мојата дилема.......
Според мене кога не си сигурен дека не сакаш да бидеш со некого тешко дека ќе му кажеш дај ми време да размислам.Незнам,се ставам во твоја ситуација и не би било лесно така да ми каже дечко ми,а и уште со самото тоа што воопшто кај него постои двоумење јас веднаш би му дала не само простор туку и слобода.Искрено,не можам да бидам со некого кој се мисли дали да продолжиме или не,т.е дали да е со мене или не... Но се разбира секоја врска си е посебна приказна и ти најдобро можеш да заклучиш колку тој навистина сака да се дистанцира од тебе,од вас како пар.Може стварно му е потребно само малку повеќе време за него,па треба да му го дадеш.Не значи дека ќе се разделите ако си дадете малку простор за себе,но сепак за да продолжите треба и двајцата да сте цврсто решени во тоа да се поправите во вашите грешки,а тој ти кажува дека не е сигурен што сака. Се надевам дека што и да направите ќе биде за ваше добро и ќе излезе дека е вистинската работа.
јас мислам дека ја читав мојата приказна од врската бидејќи и јас сум верена и треба кај да е да се земеме.И мене ми се случува истото и јас се наоѓам моментално во голема депресија.Ете одеднаш гледајќи филм ми се натажи душа и почнаа солзи да ми течат, дури морав да се напијам апче за смирување. Ми падна тешко што денес повеќе муабет си направи по телефон со мајка му отколку што мене ми прозборе. А за интимата да не зборувам, не се сеќавам кога беше последниот пат. Ми се иде да си ги земам работите и да се иселам од станот во кој јас исто така вложив средства. Сите мислат дека сум среќна а јас обратно. Откако се веривме не е истиот , не ми посветува такво внимание, се чуствувам како да сум му слугинка која го пречекува со ручек, секогаш чисто средено. Имаше муабет дека ќе се среди работата ама ништо од тоа. Понекогаш мислам дека кога се верив со него како да се верив и со неговата мајка.Таа за празникот пред некој ден му се јави да ја однел со колата некаде, па после го кандисала за ручек и цел ден отиде, а не праша дали јас сакам некаде да го поминам празникот со него некаде, ама и тој е виновен оти знаеше дека претходниот ден се договоривме да шетаме по продавници. Не знам каде исчезна таа љубов, тој направи јас да не го сакам поради таквите работи,до мене е странец кој не буди чувства во мене, јас заборавив да водам љубов, јас едноставно не знам како да излезам од оваа ситуација.
не сакам да те осудувам,сфајќам во каква лоша ситуација си...но вистина е дека ти си виновна за дел од оваа ситуација,,вината твоја ево тоа што ти за се си ќутела и си трпела...драа моја,,верувај мажите се такви колку повејќе им ќутиш толку повејќе на глава ти се качуваат....тоа етвојата вина,,а друга вина немаш..но тоа едоволно за тој да прави како што сака,кога има некој да го сака,да го почитува,да го сака,да се грижи за него,,,повикај го на разговор,кажи му убаво како луѓе да разговарате,бидејчи вака више не мож=е..ти треба лјубов ,разбирање.хармонија,,а не сама да се наслонуваш на се..се надевам еден добар разговор ќе ја среди оваа ситуација..се ке биде како што треба...само биди силна и не се давај...а вакви кризи има во секоја врска,во секој брак...се надевм се ке испадне како пшто треба...
Ориноко, навистина не е добро ... не молчи, реагирај. Разговарај кажи му како се чувствуваш. Факт е дека не е исто во врска и после верена или брак. Но мораш да му укажеш ... отворен и искрен муабет. Ако и тоа не помогне тогаш има последен начин да раскинеш и да си ја бараш среќата на др место. Ти си најважна сама на себе.
Мислам дека повеќето бракови минуваат низ таков период. Еве не се срамам да кажам дека и јас имав еден таков период. Едноставно си мислев како да не ме регистрира дека сум жива, туку имав чувство ко да сум кукла, робот што само ќе ги извршува домашните обврски. Но згрешив. Мажите тешко трпат промени. Жените се пофлексибилни во однос на тоа. За нас не е проблем да заминеме од дома и да одиме во куќата на мажот да живееме, додека мажот да го напушти своето гнездо-е тоа е тежок емотивен удар за нив. Имајте малку трпение. Процесот на навикнување на новонастанатата ситуација (веридба и заедничко живеење со партнерот, брак, дете) може да потрае неколку месеци. Нормално нема само да си ќутите и да чекате тоа едноставно да заврши, туку разговарајте со нив, ама пазете како се изразувате. Мажите се многу нежни, мало лошо изразување и одма се лутат Мене мајка ми постојано ми кажува, и да не сака да сте интимни, ти заведувај го секоја вечер И застанете цврсто помеѓу него и неговата мајка. Не да ги разделете нив, туку тој да го разграничи поимот мајка и сопруга. Ако често шета со мајка му (без да се консултира со тебе) и слуша мама што ќе каже, тогаш зошто земал жена? Да му биде само слугинка дома? И пак ќе повторам, трпение-спасение. И мудро размислување и малку политика водење
Мислам дека тој е тој страв на мажите пред брак, бидејќи тој знае дека заедничкото живеење води кон тоа, а сепак и таа заедница е иста како брак, само без документи. Ако си сигурна дека не постои друга, тогаш не е ништо страшно, веројатно фаза која ќе помине, ќе му се среди тој хаос во главата. Но, ако мислиш да му даваш простор, немој тоа да биде претерано, труди се околу него, покажи му дека си тука за него секогаш, бидејќи и на него не му е лесно. Исто така пробај да го заведеш на некој различен начин, нешто ново направи, да знае што има дома и да не ни помисли да си оди.
Зарем мажите немаат чувства? Зарем тие немаат право да бидат депресивни, тажни, да немаат потреба од секс во одреден период? Зошто ние жените веднаш мора да се чувствуваме запоставени, неразбрани, наместо да ги прашаме како се чувствуваат, да им дадеме поддршка кога им е потребна. Што станува со комуникацијата, па никој на никого не може да му ги чита мислите. Во еден период ќе биде мажот во криза, во друг жената, но важно е дека треба да бидеме тука еден за друг, да си бидеме главна помош и потпора. Да си во брак значи да не мислиш единствено на своите потреби туку и да го разбереш другиот. Ориноко, ти си доволно возрасна и зрела и знаеш добро што е проблемот. Мораш да си го прифатиш фактот дека твојот сопруг смета дека во овој период и е повеќе потребен на мајка му. Таа останала скоро без сопругот, тој без таткото. Но, види, не го оправдувам воопшто што дозволил да дојдеш до овој степен. А посебно не свекрвата која најверојатно и ја злоупотребува оваа ситуација, манипулира и го оптоварува со својата тага. Мислам дека на него му е најтешко. Растргнат меѓу посесивна и осамена мајка и млада сопруга која си има свои потреби и очекувања. Мој совет е издржи и немој се да фрлаш во вода. Немој да се изолираш да дозволиш да запаѓаш во депресија. Биди тука за него, покажи разбирање, прегрни го најсилно, а интимноста сама од себе ќе си дојде.
Еве ме повторно. Само што ги прочитав новите коментари.Од разговорот помина еден месец, јас му дадов до знаење дека се што е до мене се ќе направам и почнав но Тој во изминатиот месец беше преокупиран со работа и освен за работата немаше време за ништо. Не ме игнорираше почнавме и да разговараме се повеќе и повеќе и излегувавме се гледавме со пријателите али она глевното никако да се случи. И пред една недела јас се запнав дека мора да се разговара на темата каде сме ние во иднина.И конечно по неколку дена седнавме да разговараме. И тој во овој месец очекувал да има барем некоја промена, а како да има промена кога тој не се прибра дома и кога беше дома беше мртов уморен. Сигурна сум дека ме сака и дека нема друга го видов тоа во неговите очи али се уште незнаи дали вреди ние да ја спасиме нашата врска и јас предложив да одам јас на некој ден до кај моите па тој да си поседи сам па да види дали нешто ќе се разбуди во него, за ова по некое време се согласивме двајцата. И на пат до кај моите јас предложив и неколку дена да не се слушаме и на телефон ме праша мислиш дека би ни поможило тоа ,јас можеби, јас сакав 5 дена али тој инсистираше на 3 дена и ај се согласив оти знаев дека ќе ми биди тешко да не го слушам по телефон. И ете сега е третиот ден и се немаме слушнато по телефон утре би требало. И искрено не знам што повеќе да мислам вели дека ме сака али не знаел дали вредело да се продолжи. Мое мислење е дека можебии тој сака да ја спасиме нашата врска ако нејќеше досега ќе ставеше крај. Али искрено спремна сум на се или едното или другото...... ќе видиме
Незнам колку ви било паметно тоа да се одалечите на 3 дена и да не се слушате. Така проблемот не се решава али ок, ваша одлука. Ви останува уште една варијанта, 3 дена да се заклучите голи по дома со исклучени мобилни и изолирани од светот. Или ќе се разгори страста а и сите проблеми се решаваат во кревет или ставете дефинитивен крај и не се малтретирајте и двајцата психички. Признајте си сами на себе дали сакате да сте заедно или не.
Девојки многу сум разочарана во моментот, мислам дека е се готово помегу нас така ми мириса работата. Се уште сум кај моите а тие ништо не знаат така тој знаи а знаат братми и мајками татко ми појма нема. Вчера само јас го барав на телефон не ме игнорираше но вечерта јас му звонев тој не се јави и чекав чекав и на крајот се јавив реде да си легнам и ете го се јавува тој и ми вели дека видел дека сум го барала на тел. дури кога си легнувал и мислел да не е касно затоа демек не се јавил и го прашав како ти е сам ми реце сега ли ќе збораме за тоа . ми рече ќе правиме муабет а јас вчера сабајлето кага му се јавив му реков дека го сакам али тој тоа го знаи и дека ми е многу тешко.Али мислам дека се движиме кон крајот или можеби грешам али оваа неизвесност ме убива сакам да знам на што сум и само плачам се отепав од плачење ЈАС НЕГО ГО САКАМ НЕ САКАМ ДА ГИ ИЗГУБАММММММ