Сите знаеме, жена која има однос со маж секогаш има потенцијален ризик да забремени, маж кој свршува во жената секогаш може потенцијално да ја оплоди.. Па чим со веќе две деца сте имале незаштитен однос и двајцата сте биле свесни и совесни за ризикот, и претходно две деца сте направиле позната процедура. Е сега недоразбирањето околу да се роди и ли не е веќе комплицирано, ако крајната одлука значи одење по изборот на едниот наспроти желбата на другиот и тука стварно не чини. Затоа мора добар муабет, зседничко согледување на аргументите и носење на заедничка одлука која ќе ве задоволи и двајцата. А ако бракот е во криза и со нарушени односи, дете нема да промени нешто многу кога веќе имате две деца, значи од аспект на вашиот брачен однос, а промени со плус уште едно дете секако ќе има. Еве ако ти е од некое значење, јас сум во ситуација како твојата - имам две деца, 4 и 2 години и ззбременав без да е плански ај да прајме бебе туку во опуштен брачен однос, и кога направив тест само се исрадував, се израдува и сопругот и децата и здравје боже се спремаме и со љубов си го очекуваме бебето А проблемите кои како партнери во бракот си ги имаме знам и гледсм дека уште едно дете повеќе или помалку нема да променат многу, и само едно дете да е и десет да се односот сопруг-сопруга и односот на истите кон децата се два различни поими. Ова е само мпе мислење и мој пример од мокот брак и родителство, сепак одлуката си е ваша и само ваша, и ти посакувам леснина како и да одлучите @gocevska
Site prolemi se resavaat so otvoren razgovor . Jas ako sakam dete kje mu kazam , ako zaedno se resime za dete ok . Ako nejke ... vo red . Ako ne saka dete nema zosto da si prai bajram na mozokot i da svrsuva vo mene i posle jas da si ja cukam glavata. ova e realno problem . Kako sto kazaa pogore clenkite odlukata mora da se donese samo dali kje bidete dvajcata zadovolni ?
Да бидеме јасни, не е дека ја оправдувам Гоцевска потполно, дете треба да го гледаат двајца родители, ако мажот не е сигурен не можеш да праиш дете, ама и мажот знае сигурно после 2 деца како се праи дете, па не требало да свршува внатре. И двајцата се виновни што не седнале претходно да се договорат. Три деца не се исто ко и 2 и точка.
Добро небитно тоа се, таа е веке бремена. Со срека, со убаво, со лесно. Овој фраеров требал да го извади на време а не после да мрмла како не сака 3то дете. Детето ке дојде за некој месец. Не ја тормозите феминката повеке со минатото, ете ги средила проблемите. Дај Боже никогаш повеке да ги нема. Јас со тие примања би го родила, кога веке го сакам тоа дете и сум го планирала. Зборам од финансиски аспект, не од гледна точка на мажов. Во првиот пост не ја разбрав во врска со финансиите, па помислив дека тој само работи и дека имаат некои просечни примања. Е сега тој знаел дека таа сака дете, а ако тој не сакал не морал да го прави. Не ја обвинувајте само неа. Таа побара совет како да се справи со сопругот во оваа ситуација, што не значи дека утре тој кога ке се разбуди нема да сака да биде татко. Ако ти спомене уште еднаш абртус, спомени и ти вазектомија. Ако ти рече дека не сакал да го прави, прашај го зошто тогаш се олабавил и си терал кејф до крај. Ако почне за финансиите, кажи му дека ти од животот не сакаш луксузи туку нормален живот, а и дека си го мислела истото за него. И на крај прашај го дали сака јас да му платам една вечер во стриптиз бар некоја за денс во крило. Токмак. До некаде и го разбирам мт и мене ми се шета на убави места и одмори од 15-20 дена на убаво море, ама со 3 деца какви сакаш примања имај, тоа не можеш секоја год да си го дозволиш. + другите две деца ти се премногу мали и сите 3 уште подолго ке бидат зависни во секој поглед од вас. Ова со помошта на неговите и твоите не сакам да ја коментирам, зошто денес ништо не е за чабе и се се наплатува на некој начин. Да не дочекаш утре ден покрај 3 деца да гледаш и стари, па тогаш одново да почнат проблеми. Не се потирај на никој. Ок значи жени биднало што биднало, таа го сака детето, а да бидеме реални абортусот остава последици а имаме и таква тема, каде може да прочитаме, кога веке не сме го осетиле. И феминке друг пат не си прави планови сама, кога знаеш т.е треба да си свесна дека во бракот се заеднички се планира. Мене би ме изнервирало ако се купи и чаши без да бидам прашана, а не пак дете кое тука ке биде цел живот и кое не можеш да го фрлиш ко одмината мода на изработено стакло. Фала многу пријатно
Мене реакцијата на маж ти воопшто не ми е чудна. Реално е да биде исплашен и да размислува и реагира така. Живееме во средина каде семејствата вообичаено имаат по две деца и некако сите сме навикнати на тој стереотип, па нормална ми е и неговата реакција. Познавам голем број на жени кои го абортирале третото дете(не знам од кои причини). Имам блиски пријатели кои имаат три мали дечиња, со 1,5 разлика меѓу нив и слична беше реакцијата на мажот кога жената остана по трет пат бремена. Жената е многу религиозна и немаше шанси да се согласи на абортус, се ,,натегаа“ месец дена што и како и на крајот со отворен разгвор и со меѓусебна поддршка се решија да го зголемат семејството. И вам ви треба истото разговор, разбирање и трпение, без обвинувања и префрлање на вина. Кое и да биде решението треба да биде заедничко.
@ Gocevska,a koj pol ti se decinjata?Da ne izleze ova kako radjas sin / kerka bidejki prvite dve se maski ( zenski)
Не е полот важен @stetoskop воопшто во нивниот проблем. Од зачнувањето е проблем и пред тоа. Целото недоразбирање во тоа кој колку, и кога, колку деца сака. Како планирана бременост важи за планирана од страна на само од едниот партнер, додека другиот си игра на другата карта, нема да и кажам дека не сакам, нека се израдува прво дека добила тоа што сака па баш тогаш ќе и кажам. И се извинувам за директноста. Ме мрзи да филувам.
Значи колку е незрело вакво однесување стварно немам зборови Прво поставуваш проблем, бараш совет, читаш нешто што не ти одговара (не е тапшање по рамо дека ти си СЕКОГАШ во право) и не сакаш веќе да ти коментираат и да читаш. Ако сакаше таков пристап наместо првиот пост да го започнеше со „Здраво, сакам да ви кажам еден мој голем проблем и добродојдени ми се ваши совети“, требаше да напишеш „Бремена сум со трето, сакам да го убедам маж ми да го задржиме ми треба ваша поддршка“. Просто и едноставно. Исто како што и никаде во првиот пост не наведе дека ги надминавте проблемите со сопругот, па сега се јави овој, па ние преку екран не можеме да знаеме што и како се случува кај вас дома. И за тоа нема што да се лутиш и да се дообјаснуваш како ти цветаат рози ама ете сега не се разбирате. Прво, не е се во парите ама и те како се потребни за да одгледуваш деца. Второ не можеш да се споредуваш со другите што имале по 3 деца ( не знаеш зад затворени врати како им било) 100% си во право дека децата носат среќа и тоа најголема. Го знам тоа зошто и самата сум мајка и верувај дека и јас исто би реагирала како тебе кога би дознала дека сум бремена пак. Ќе скокам од радост и нормално дека ќе сакам да си го задржам бебето, разликата е во тоа што колку и да го посакувам јас тоа дете (во случајот кај мене второ). Прво разговарам со маж ми за тоа пред да подметнам перница или пред тој да заврши работа. Отпосле е веќе доцна за секаков разговор. Се иде на to be, or not to be. Уште еден добронамерен совет ќе ти дадам, а ти сфати си го како сакаш. Тука морам да те цитирам за да не излезе после дека извртувам зборови Зошто мајка му е вмешана во целава приказна? Сопругот твој не ли знае до каде може да ја изнесува вашата интима За која опција и да се решите, треба да биде одлука на двајца а не на тројца посебно не на свекрвата. Е ова го мислев претходно кога ти пишав дека можеби нешто друго се крие во неговата одлука. Не сакав да бидам дрска и да напишам дека некој му ја полни главата, ама еве се доизјаснив. И по горниов цитат повеќе од очигледно е дека не си го знаат сите местото каде им е. Мој совет е уште еднаш јасно и гласно да им го повториш тоа, за ти да ги немаш овие главоболки. Никој, па дури ни тој не може со сила да те натера да направиш нешто за кое што си цврсто уверена дека не го сакаш. Стисни заби кажи го твојот став и преземи одговорност како зрела особа. Свесно носи се со последиците на твојата одлука ама не дозволувај никој да ти управува со животот. Се надевам дека ќе успееш да се избориш овој пат за тоа што го сакаш. Кажи му на сопругот дека време за вас (или негово слободно време) ќе имате на претек само да пораснат децата. После секој по својот пат, а вие ќе се чудите колку брзо летнало времето @AngelOfArh секој проблем може да се реши и да се надмине. Секој брак има свои подеми и падеми и нормално е да чкрипи нешто. Работата е само дали некој сака да ги надмине или не. Конкретно ти својот проблем го изнесе тука јавно и си доби мислења, ама тоа не значи дека кај вас постојано нешто не е во ред. Јас немам пишано личен проблем на форумов, што повторно не значи дека имам идеален брак или дека немам проблеми. Еве кај тебе се реши на најубав можен начин тоа веќе е надминато. Ама тоа и го напиша тука @gocevska со ништо не стави до знаење дека првичните проблеми се надминати па еве сега има проблем за кој и треба поддршка а не совет.
И двете опции се со трајни последици. Или детето ќе се роди и ќе се реорганизирате или ќе абортираш и ќе го памтиш и пререкуваш цел живот. Разликата според мене е во среќата. Маж ти секако ќе го засака тоа дете и еден ден ќе се прашувате како сте живееле без тоа дете предходно но доколку абортираш тоа ќе биде вечна тага за тебе и сигурно ќе му мрчиш многу долго време. Грешката се случила и ако мислиш дека нема да бидете без леб мислам дека треба да бидете сплотени заедно како едно семејство и да си преземете одговорност. Кризата во бракот ризикува да биде многу подлабока и потешка доколку на совест носиш одлука за абортус која ти била наметната. Чисто информативно се секавам на форумов имаше и други случаи како твојов и сите се решија со среќна принова и горд татко. Поздрав
Јас лично не гледам проблем во сето ова шо го објасни. Бебето е веќе зачнато и нека продолжи да си расти. Никаков абортус не иди во предвид во оваа ситуација и немој !! Веќе си мајка, си пораснала две деца, знаеш се како е што е , си поминала низ сето тоа и во поглед на финансии и со две не е лесно така ако гледаме. Ако не сакал твојот сопруг ќе можел да се заштити па најпосле и плус еве ти сакаш да си имаш уште едно дете тој може да се прилагоди на сето ова. Абортусот не е играчка(прочитај повеќе за самата интервенција обавезно информирај се ) и не ти го препорачувам освен ако се работи за твое здравје, здравјето на бебето, годините шо и ги имаш итн. И мислам дека шетањето и одморите не треба да се земат како причина кога плодот е веќе во тебе!!! Тоа не се ни споредува со дете! Со сопругот договорете се да појдите заедно на преглед кај гинеколог кој полека и двајцата ќе ве насочи да се фокусирате кон плодот, нека ви објасни за абортусот и тоа дали има потреба за тоа, пошто бебето не е проблем туку вие сте во паника за тоа како ќе го гледате сега по 5 години по 10.. Со сопругот само ти си знаеш како и муабет и се, наврати се на носењето на другите две деца како реагираше и во текот на бременоста дали имало вакви моменти на паника. Со свекрвати веќе ко е вмешана ЧД прави муабет не дека неа некој треба да ја праша и слично ова е меѓу сопругот и тебе, но кога има удел кажи дека абортусот е ризичен, не е лесно, се губи крф чистење рендање на матката и зошто воопшто да поминуваш низ ова. Повеќето жени поминале низ абортус знаат убаво дека тоа не се заборава лесно, тие што се одлучиле да родат дефинитивно се сигурни дека го направиле вистинскиот избор. Абортусот не е само не е само нешто како олеснување или нешто шо ќе ве спаси од големиот товар, тоа ќе го памтите засекогаш и ќе ви биди криво цел живот, а ако се одлучите за раѓање по тие 5, 15 години кои ќе поминат вака онака, може ќе се навратиш на ова сега и ќе си бидеш благодарна самата на себе што не си згрешила и шо сигурна во себеси дека зрело и мудро си постапила и си се соочила со ситуацијата, размисли на тоа дека си мајка, што се си постигнала до сега за со децата и нема ни потреба да се замараш или некој да те замара за абортуси , крај на прича остај го то за некој на кој по грешка му се случило, ти не си во таква чудна ситуација, си имаш фамилија.
Деца се планираат (според мене), а и да не излезе планирано како во примеров, не ми е јасно како може да седнеш на форум и бараш совет дали да раѓаш или не. Тоа се решава на маса со мажот а не по форуми. Уште кога ти промрморел како што велиш ти, си требала да го ,,фатиш,, за гуша и расчистиш таа тема. Еве јас на пр. ќе ти кажам роди го за инат негов и нека цркнат душманите (ќе ме послушаш ).
Со три деца е хаотично Што ако на секое твое ,,кукање,, дека е тешко утре-задутре ти лепне -ТИ САКАШЕ !!
А што ако откако се породи човекот се поколеба и и признае дека ќе згрешел ако инсистирал повеќе да абортира. По некое непишано правило па баш напротив одкако ќе се роди тоа дете станува најмило (не секогаш ама природата е таква понекогаш). Така да не размислува исто човек додека не го види почуствува допре и одкако ќе го види ќе го подржи во раце. Животот е тежок и вака и така не дека нема обврски и слично но веќе го зачнале било кој и да е виновен веќе
Сама да се цитирам Секој случај си е индивидуален Ние само карикираме ,,шта би било кад би било,, Дај Боже се убаво да испадне, мене лично мило би ми било. Секој гледам разно советува а никој не ти е во кожа. Сама ќе осетиш што терба да сториш
Е така со ова се сложувам со тебе Рефке само она може да си процени и да си знае ние може да дадеме наши мислења но пак ако не сакала мислења не ни требало да го изнесува ова како проблем на форумов
Ме расплакавте со последните коментари од артемидис па наваму, фала ви за несебичните совети, сосема сте ме разбрале како се чуствувам и многу ви благодарам.
Да си го родиш бебчето само тоа можам да ти го кажам, децата се најголемо богатсво на родителот без разлика дали е едно или пет поздрав, и со лесно
Не сум мајка, но мојата најголема желба ми е да бидам. Кога се роди внука ми сфатив која радост се бебчињата. Можеби не сум најкомпетентна да давам совети, но мое мислење е да си го родиш. Секако ќе имаш поголеми обврски и минимално слободно време, но сепак за децата вреди се. Да побараше совет пред да зачнеше е друго, но сега откако си бремена мислам дека не треба да размислуваш на ништо друго освен на истрајноста и упорноста да го убедиш маж ти да не го фрлаш бебчето. Можеби ќе бидам малку остра, не знам ни јас во каква ситуација ќе се најдам во животот, но со вакви работи да си играте без цврст договор ми е ноу сенс. Тој се истурил внатре, ти си ставала перници и после оф што направивме. И за таа ваша глупост и несериозност да не дозволите да се роди една мала невина душичка? За тоа колку е тешко и дали си спремен да родиш се размислува пред, а не после да си ја лупаш главата. Таков совет најчесто се дава на деца во пубертете ама ете има и пубертет во поодминати години.
Пак ќе ме карате што пишувам кај шо не ми е местото ама сакам да кажам и јас некој збор. @gocevska мислам дека за ваква сериозна работа не се бара совет на форум. Да, ќе има совети и мислења ама не е тоа тоа. Ова треба со мажот ти да си го решиш со сериозен разговор, не со мрморење онака у пролаз. Да, децата се најголема радост ама размислите колку сте психички па и финансиски спремни за трето дете. Државата дава некои пари ама (мислам дека) ги дава до десетата година на детето. Потоа нема да бидат доволни чоколада или смоки. Не сум ниту за тоа да абортираш ама сепак ти си знаеш најдобро какви ти се фамилијарните односи, односите со мажот ти, финансиската состојба, колку си спремна и така натаму. Што и да направиш секогаш ќе се прашуваш што ако го одберев она другото.