Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Криза во бракот

Дискусија во 'Брак' започната од sweeteva, 21 октомври 2010.

  1. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    И што бидна со женава?
     
  2. gocevska

    gocevska Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    110

    Ме насмеа со коментаров, навистина мислев да пишам до каде се случувањата но не бев во можност.
    Многу работи се случија во меѓувреме така да сега се се заврши добро.
    Не велам дека сопругот не е крив но открив под чие најголемо влијание потпаднал и кој е мојот најголем непријател. Тоа е свекрвата. Ми кажа сопругот се што му зборувале кога им кажал дека сум бремена, веднаш му се налутиле, го разубедувале, и ред други работи. За уште поинтересна да биде работата и се јавила и на мојата мајка и нејзе и зброрувала против, луѓе не ми се верува што ви пишувам, не знаев дека постојат толку лоши луѓе на светот.
    Кога се дознав веднаш распалив по мајка му кога дојде кај нас , оти децата ни ги чува , демек они сакаат не дека некој сосила ги тера, добри актери, всушност најдобри пред другите луѓе. И кажав се што имав да и кажав , да не речам се и плеснав во лице, и реков дека со нас е веќе завршено и дека повеќе нема снаа.
    Сопругот исто е налути оти таа и звонела на мајка ми и рече дека ќе разговара со неа и од кога и дадов се по капата на мајка му не ми префрли ни збор напротив е многу добар, како да не тој што беше, ме бакнува ме гушка , се смееме и играме со децата, не ме тера на абортус , не го ни спомнува туку ми рече добро, ке имаме трето дете. Мислам дека после од кога му кажав некои работи а многу ми помигна и вашите совети, ги потсетив дека за сите успеси што ги имаме постигнато за кратко време се благодарение на заедничкиот план и договор, охрабрување и подршка, а напротив неговите секогаш беа против за се, и дека се покажало дека не се во право.
    Важно сега сме добри.
    Поздрав
     
    На Victorian, fairy88, vitamina и 7 други им се допаѓа ова.
  3. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Конечно нешто убаво да се прочита. Мило ми е за вас. Те чекаме во тема труднички муабети.
    пс Кога свеки ке дојде нареден пат, свери и кафе со сол од мене. :D
     
    На fairy88, vitamina и westt им се допаѓа ова.
  4. gocevska

    gocevska Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    110
    Фала ти многу , а за свекрвата какво кафе, јас кога ќе избришам некого тоа е засекогаш, посебно за ваква работа.
    Инаку заборавив да пишам дека сопругот доби покачување и тоа големо, па мислам дека и тоа има удел што се тој се предомисли и плус јас што му зборував.
    Се молев на господ да направи нешто и верувајте дека ова покачување дојде баш тогаш кога најмногу ни требало. Религиозна сум и верувам дека постои господ кој е тука за нас во најтешките моменти.
    Многу ви благодарам феминци за големата подршка и за вашите непристрасни мислења , многу ми помогнаа , ме направија посилна, и немојте другпат да кажете дека било кој проблем не е за на форум бидејќи ова се реални проблеми и секогаш е добро да се има во предвид и друго мислење од страна.

    Ве сакам
     
    На fairy88, H.VAGA, vitamina и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.161
    Допаѓања:
    259.305
    Пол:
    Женски
    Може ќе ме избришете или налутите ама според мене ова е премногу филмски, од барањето совет па се до расплетот!
     
    На Nova, Emy867, bittersweet и 10 други им се допаѓа ова.
  6. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.330
    Пол:
    Женски
    Малку филмски ми испадна со покачувањето и мене, и промената на сопругот наеднаш од мамин син до цврст маж што знае што сака.
    Инаку да знаеш како свекрвата може да му го наполни мозокот на синчето, тоа чудо едно. И дека може да врти по телефони и да покрева иницијативи за нешто да биде по нејзино.
    Се надевам сето ова е точно, и им честитам на двајцата. Сакам среќни краеви :)
     
    На Bozica1980, eloves, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. gocevska

    gocevska Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    110
    ,,Не , ништо од ова не е точно , се си измислив оти имам време за губење на форумот.,,

    Не ми се верува дека не ви се верува дека еден проблем може да има и добро решение. Може повеќе ке ви се веруваше дека крајниот епилог бил дека сум абортирала а не дека победила мајчината љубов и верба во доброто а не во лошото. А покачувањето дојде во вистински момент не е лага, мислете што сакате, баш ми е мило што мојот проблем заврши ,,филмски,, позитивно и мојот сопруг го смени мислењето, одкога увиде дека нема да можам да го направам тоа и дека многу ме погодува.
    може уште во себе не го прифатил целосно но ке се сменат работите, како што ми кажа еднаш дека ке го сака детето и да решам да го родам.
    Се сеќавам дека имаше мислења во кои имаше пишано дека имало и други вакви случаи што завршиле добро, но на вас оставам , нема да ви се мешам и да ви противречам. си го кажав своето.
    поздрав
     
    На AngelOfArh, DVAANGELA, Sky-butterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.330
    Пол:
    Женски
    @gocevska, не сфати точно... јас бев против да абортираш цело време, и јас верувам дека свекрвата го направила сево ова. И верувам дека се завршило добро и не си абортирала. Муабетот беше дека малку е тешко човек од мамин син, кој ја слуша мамичка и е спремен да си го убие сопственото неродено чедо заради што мама така рекла, да наеднаш стане цврст човек кој ќе и се развика и ќе ја отера и сето тоа. Ех, за тоа некогаш требаат години, за човек да сфати како стојат работите и да се тргнат од сукњата на мама.

    Затоа викав, дај Боже да е точно. Можеби на твојов таа му ја полнела главата години па сега конечно му пукнал филмот, не можеме ние на форумов да знаеме каков карактер е маж ти. Не ме сфаќај погрешено, не ми беше таква намерата, ниту да те навредам. Баш сум среќна што вашето семејство ќе се прошири, и што добро се заврши. :)
     
    На gocevska му/ѝ се допаѓа ова.
  9. gocevska

    gocevska Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    110
    Те разбрав, и реков погоре дека не велам дека тој не е крив , тој беше уплашен , не беше сигурен дали финансиски ке издржиме, слободното време како ке го распредели, како ке оди на одмор и други работи но тие работи за финансиите и одморите главата му ја наполниле неговата мајка па после татко му. Важно они се противеле и го разубедувале како што го разубедуваа и за станот, за колата и ред други работи. Со убав разговор и согледување на состојбата а и на иднината како би било, тој омекна, а и многу се засрами од мајка му, од нејзините потези, посебно од тоа што и се јавувала на мајка ми.
    Сфати дека нема да ни биде лошо со три деца, не сме ни први ни последни нели.
    НекогаШ ја гледам емисијата ,, време е за бебе,, колку парови има со по три деца па дури некои и повеќе , сите се просечни фамилии, но се среќни , посебно бабите и дедовците.
    Се оставам себе на страна , еве проблемот да е на некоја друга да речеме, можам да разберам да абортира по нејзина воља, но да ја тера некој , посебно па да ја нападнат како волци свекорот и свекрвата, тоа не можам да го оправдам, само гледам дека жената е жртва а една јака и достоинствена жена не би дозволила некој друг да и управува со животот. Моите родители не се осмелиле на такво нешто а дрскоста на овие ја помина секоја можна граница.
    Ова не е филм ова е стварност, верувале или не.
     
    На DVAANGELA, jacqueline.s, vitamina и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    ^
    За проблемите знаеме дека се вистински, ама ова среќниот исход малку ни мати есап :D Се шалам, мене не, поточно сеедно ми е, ама еве на некои да.
    Сме имале тука на форумот многу драмски ситуации, ама членките биле така попознати па никој не се осмелил да им каже дека се малку сомнителни. Ти оти прилично нова па знаеш како е, тебе можеме се да ти кажеме.
    Ајде со среќа, со лесно, и пишувај почесто да стекнеме доверба малку, нели.
     
    Последна измена: 5 октомври 2015
    На Victorian, Luna91, DVAANGELA и 3 други им се допаѓа ова.
  11. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.024
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    @gocevska Заедничките одлуки во бракот се подлога за среќен живот.
    Тоа што ти посакуваш трето дете, а тој навидум не е подготвен со туѓа поддршка (неговата мајка), настанува очекувано несогласување меѓу вас, па за кратко време ситуацијата со перипетија во вашиот дом доживува среќен расплет е нешто што само етапно ти дава надеж дека се е подредено на свое место.
    Виновник (свекрвата) за таквите случувања секогаш ќе има штом еднаш се појавил. Таа е присутна меѓу вас повеќе од што ти мислиш, а можеби и сама свесно веруваш во нешто што тешко може да се промени кога твојот сопруг очигледно свесно потпаѓа под нејзино влијание.
    Бракот се заснова меѓу двајца. Местото на свекрвата е таму каде што ќе и го покажете на почетокот. Кога финансиската ситуација ви е на солидно ниво нема потреба свекрвата да ги чува децата. Има институции каде тие ќе можат да се социјализираат низ контактите и дружењето со другите деца, а ти ќе имаш поголема физичка удобност и посмирени мисли кога ќе се вратиш во сопствениот дом.
    Не ме сфаќај погрешно, но за нејзината голема улога во вашиот живот, мораш да разговараш со сопругот колку може да ја држите на дистанца од донесување на ваши одлуки за да не ти приредат нова епизода од семејниот серијал во денови кога најмалку ти е потребна наелектризирана атмосфера.
    Поздрав и со среќа секогаш и секаде!
     
  12. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Извинете што се мешам,ама како разубедувањето од страна на неговите родители да нема 3то дете е различно од разубедувањето на жена му да има?
     
    На DVAANGELA, gocevska и okcenzi им се допаѓа ова.
  13. gocevska

    gocevska Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    110
    Само една реченица а толку вистина во неа, кон тоа се стремам цело време, секоја ти чест.

    Ама од другиве форумци тешко ми паѓа и не ми е сеедно што се сомневате во мене и што сметате дека е утопија да се предомисли сопругот , само поради тоа што не сум често на форумот, туку понекогаш да се пожалам и да го изнесам мојот проблем. НиШто нема контрадикторно во моите мислења и ставови ни сега ни порано.
    Свекрвата не знае каде и е местото но јас сега и покажав и се ке биде јасно, немам никакви противења од сопругот. Мислам дека многу се засрами од нејзината постапка што се однесуваше таа лоШо со мене и се дрзнала да и се јави на мајка ми. Тоа е најголемиот срам. тоа е несфатливо и неприфатливо.
     
    На DVAANGELA и stefanija70 им се допаѓа ова.
  14. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.971
    Допаѓања:
    219.543
    Пол:
    Женски
    Дали сево ова е вистина или не е само таа си знае, ова е форум.. секој пишува и советува како му чини нему, и според пишаното ние сме должни да дадеме совет, критика, подршка или било каков збор, ако сакаме де, ако ни чини на нас. Ако не можеме, едноставно да игнорираме и да се воздржеме од мудрување дали е вистина или не бидејки вистината или лагата на нас лично за туѓ живот и чуства не ни менува апсолутно ништо.
    Всушност и сето ова е суштината на фунцијата на овој форум.

    Не сме и во чевлите нејзини за да знаеме како и е нејзе и што всушност преживеала и доживува таа, но според она кажаното и споделеното можеме искрено да посочиме совет, критика.. подршка, а да мудруваме и од 1 да правиме 2, да разглабуваме и да додаваме или пак одземаме зборови од она кажаното и да кажуваме како таа лаже или незнам што ми нема воопшто смисла.

    Да така @gocevska мило ми е што сте ја решиле ситуацијата и што на крај испаднало океј, што сте се свестиле и двајцата дека треба да живеете и да терате како вам ви чини а не на другите одоколу. Велат секое лошо за добро е.. секоја грешка за памет е..
    Гледајте си го домот и дечињата а за останатите да не ви е гајле што ќе рекле бидејки секогаш ќе зборуваат и така или онака, туѓа уста не се затвора но пак затоа се игнорира за тоа треба да си свесна.
     
    На sunrise_123 и DVAANGELA им се допаѓа ова.
  15. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Воопшто не ме изненади фактот дека свеки помешала прсти. И кај нас е исто само што мојата јавно си кажува дека второ дете не треба да имаме, како животот е тежок и трошоците се големи демек она од искуство и што не сака ни кажува. Тоа многу влијае на мажот ми и тој несака второ дете од истите причини иако финансиски можеме да си дозволиме.Тоа е, во брак се е со договор ама бракот ретко само меѓу две особи.
     
    На DVAANGELA и gocevska им се допаѓа ова.
  16. gocevska

    gocevska Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    110
    Мислам дека мојот проблем за тоа дали да имаме трето дете не е само мој проблем туку очигледно многу имаат против трето дете како да е крај на светот , малку повеќе се себични, сакаат да уживаат во животот без многу обврски, има и такви кои ги оставаат на нивните родители и тераат кариера и луксузен живот, а од таа причина и многу парови остануват со едно или две деца, трето е премногу. порано сите скоро имале по три и повеќе деца, а посиромашни биле,многу помалку имале финансии па успеале.
    Наталитетот во Македонија опаѓа , зошто?
    Никој не е спремен,никој не може да издржи?
    Затоа е и кампањава на државата да помага финансиски за трето дете, нели демек тоа е најголемата причина. реални да бидеме не се малку пари да ти ги дава државата 10 години.

    Сега беше мојот збор против зборот на сопругот. Еден ке победи, но кој, зошто мора да биде по дифолт она негативното, оној што не сака , не станува тука збор за кукла за играчка, станува збор за живот во мене , кој го сакам и едвај чекам да го видам на ултразвук за неколку дена, и се молам да биде се во ред, како со првите две деца. И ке го сакам бескрајно и ке го заштитувам најмногу затоа што јас не сум мајка која може да си го убие своето чедо по ниедна цена, ни по цена на одмори и други луксузирања. А нема да биде ни на штета на другите две деца затоа што сме доволно способни да имаме уште еден член во семејството.

    Но веќе нели кога го решив мојот филмски проблем каде победник е љубовта, сега имам и друг проблем а тоа е дека сум лажливка и дека ве правам будала сите вас а јас од сите најголемата будала, но која сум јас да ве разубедувам.
     
    На MacenceEna и bebence456 им се допаѓа ова.
  17. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    @gocevska зошто толку дрскост??? И како тоа одеднаш сега сите тие што не сакаат трето дете сакаат да се луксузираат, а ти светица ќе се откажеш од се само за да го имаш? Си се запрашала ли зошто некој нема три деца. Може некој не може да има ниту едно, па ај сега нема право ни на одмор а камо ли на некакво луксузирање? Значи според тебе тоа што јас (или некои друг) мисли дека деца се прават плански сме себични и си гледаме само за нас. А тоа каде ќе ги чувам трите деца во 40 квадрати со една плата и станбен кредит е најмалку битно. Битно ќе сме среќни (facepalm) Или да одам да живеам кај свекртата она мора да ми помага, па мајка ми ќе доаѓа да ми помага, државата ќе ми помага... ехее колку фамилии има со по 3 деца, а порано имале и по 7. Па ајде да се стремиме и кон тоа, ама тогаш кој ќе ни помага :x
    Искрено верувам дека добро се завршила работата и драго ми е поради тоа. Многу мажи после првичниот шок за нив дека има уште едно бебе во најава, стануваат помеки и ја прифаќаат со радост новоста. Па се надевам и маж ти дека ќе ти биде голема поддршка во бременоста и понатаму во одгледувањето и на тоа дете.
    Ама немој толку да бидеш дрска кога пишуваш. Размисли убаво зошто доби такви коментари дека филмски се завршила приказната. Не си нова на форумов и знаеш какви се не приказни се вртеле тука, така да повеќето земаат се со резерва. Еве ниту ти претходно немаш напишано како си ги надминала проблемите, туку кога јас ти ги спомнав кажа дека веќе се решени. Ама не биле. Нели рече дека секој си го знае местото,
    И не е најголем срам тоа што се јавила свекрва ти кај мајка ти. Поголем срам е што двајца возрасни не знаат сами да си ги решат проблемите, туку ја вклучуваат цела фамилија и што и покрај сите проблеми кои ги направиле сеуште се очекува помош од нив
    Кога веќе ги гледаш сите околу тебе и земаш пример како живеат, земи пример од некоја што сама ги чува децата. Помош барај само од маж ти. Само тој е должен да ти помага по дома и да си ги чува децата. Никој друг. За децата има градинки, ако мораш да работиш во смени пробај да се организираш со сопругот кој ќе ги носи кој ќе ги враќа, ако не можеш ни тоа, плати си жена, ама главата нека ти е мирна.
    Ајде сега те чекаме во поведри теми, за бременост, за бебиња и за деца :hai:
     
    На eloves, Luna91, Annath и 9 други им се допаѓа ова.
  18. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Не сум сигурна дека се разбравме. Сакав да кажам дека колку не е во ред неговите родители да му наметнуваат мислење дека не сака трето дете,толку и ти не треба да го подбуцнуваш да сака. Не е ова бегање од часови па некој да подведува некого да направи нешто што не сака.

    Се додека не осознае што е тоа што тој го сака,нема да биде исполнет ниту спремен да се грижи за себе,а камоли за семејството.
     
  19. gocevska

    gocevska Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    110

    ако мислиш дека сум дрска со тоа што реков дека многу се против трето дете , грешка си. МеШаш и други работи, како некои не можееле од икс причини да имаат ниту едно, не е спомнато тоа воопшто.
    зборувам како некои не сакаат а можат но не сакаат а немој да измислуваш 40 квадрати стан , дека ке се откажам од се и ред по ред други работи. што е тоа се? одмори и луксузирања? па да не се подречам добро стоиме, ке имаме и за одмор,
    зборам за луѓе кои имаат можности но не сакаат, и немој да навредуваш со такви коментари како јас сум светица и многу подобра од некои други. Јас сум таква каква што сум и го сакав тоа трето дете , свесна дека имам можности, а дека сопругот испаничи и сега омекна е факт.
    и ти сметаш како не е најголем срам да се јави кај мајка ми и да и зборува против бременоста, за која син и ја извести ? со кое право она има да дава такво негативно мислење.
    Не се дрски коментарите кои велат сум измислила и е филсмки расплетот? само моето мислење е дрско, кое е еве нека биде последно оти веќе се покајав што го изнесов проблемот тука.
     
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    ^^
    Не мoже вo никoј случaј дa е истo плaнирaње нa пoтoмствo меѓу пaртнерите и мешaње oд стрaнa. Кaкo вooпштo и мoжеш дa ги изеднaчиш? Пoсебнo вo ситуaцијaвa кoгa тaa е веќе труднa. Пaртнерите не секoгaш ќе се слoжaт зa тoa кoлку децa требa дa имaaт, пa мaлo убедувaње дa се види ситуaцијaтa oд друг aгoл не е тoлку стрaшнo aкo дoaѓa oд пaртнерoт, пoштo сo негo тие децa требa дa се рaстaт.
     
    На Daydream, mimiiiii, Waka-waka и 2 други им се допаѓа ова.