Ја кризата во бракот си ја решив така што фино лепо и реков да си ги спакува алиштата нејзините и на детето и да си оди кај мајка и на некој период, ама работава испадна дека не е на некој период него засекогаш, неможев веќе да истрпам караници а особено нејкев да се иживувам со нејзе и ми беше жал што и ги влепив оние 2-3 шамара кој она таму кај незините ги објаснила како добар котек И едно да ви е јасно чим жена дома чука тапан не бива од таа домакинка
Ако не разбра, тој дел за дете е шала, не знам за кого зборуваш дека се теши, камо да беше тука па, и нека се тешев. Инаку за инфо само, како реагира твојот партнер рамноправен кога има температура ? Позз
Згрешила што тие 2-3 шамара ги објаснувала на нејзините место во полиција. Нас тука единствено што ни е јасно е дека маж што удира шлаканици по жени ,не е маж,а богами ни човек и треба да биде соодветно санкциониран,а не да пишува по форуми за тоа.
Кога зборуваш во множина се пишува КОИ а не КОЈ и плус да знаеш дека си гомно од човек штом си и влепил шамари... жената не смееш да ја допреш незнам колку ти е јасно тоа... па уште слободно си кажуваш...срамота...јас така кај моите да се вратам,да сум била на нејзино место татко ми јајцата би ти искорнал.
Кризата во бракот или пак во врската е последица на човековата природа за промена. Затоа што промената во сите работи е слатка, возбудлива и представува нов предизвик. Понекогаш и поради парите ама највеке за горенаведеново.
Се во ред тоа ама се имало причина за тоа а дали ја сум гомно или она или и двајцата или не сме ништо тоа е друго, ја жена никогаш не сум удрил се додека не откриев дека цела година ја дома сум бил мајмун и се се работело зад мојот грб
Добро бе, вие навистина си ги тепате жените, не го разбирам ова и сум го видела ама никогаш нема да го разберам, затоа жениве мислат ако пишеш некој збор дека мажот тепал по дома, бог да чува. Кои и да се причините, а не се секогаш изневерувања, мизерно е на жена да се крене рака од проста причина што ја нема истат физичка сила за да се одбрани, а да сте еднакви во мускулите ОК, па, да видиме ко је јачи, НИЕДЕН ПРОБЛЕМ НЕ СЕ РЕШИЛ СО МУСКУЛИ.
Мене муабетот кој и го направи, ми се виде ко тешење. Демек не се нервирај повеќето мажи се такви, размазени деца. Со таков совет не и помагаш. Мојот партнер коа има температура си прима соодветна терапија за истата. Тоа што јас ќе му напраам чај или сл. не го прави размазено дете. Зошто не ми кенка по цел ден, дека носот му течел или грло го болело. Си има и он свои маани, далеку е од совршен. Но како што кажав, ние сме рамноправни. Неможе тој мене да ми забрани да одам кај мајка ми, ако јас осеќам потреба за истото.
Дајте малку да се разбереме и малку реално да пишуваме, не битно што не си ме разбрала, туку не може на секоја жена што ќе се изнервира дома и ќе седне на форум, главата и' чади и ние уште на огнот масло да додаваме: одма под итно да го фатиш за гуша, како тоа он тебе ауууу !!!!!!!!!. Не пиша она дека маж и' и' забранува туку дека се лути и збори, се кара. А искрено знаеме сите дека не е единствена со вакво недоразбирање, секој маж и човек не е ист, па се наоѓа заеднички јазик, со лошо не оди. Има решение за се. А да ти кажам и размазано дете да е голема работа и ние си имаме некој тик па, за мажот семе како деца.
Она баш пиша дека и забранува, прочитај ја повнимателно. И уште додаде дека и рекол да го донесе детето, а таа да си седи колку сака. Страшен муабет. Никакво почитување од негова страна. Во никој случај не е решение да молчи, секој треба да си се избори за местото кое го заслужува, кога веќе не го добила по автоматизам.
Ако не сум забележала можеби ама нема логика без причина да и' забранува, има тука нешто со нејзините гарант ... ни мои ни твои, сама да седи таму и тн. полека ... За молчење кој рекол такво нешто таман работа, ама типов оштар некако, два остри камења тешко одат заедно, еден мора да попушти, сепак е брак, дете имаат, прифатливо решение за двајцата. Обично внимавам посебно за браков што пишува, ретко кој ќе ти каже реално, а не еднострано што е проблемот во суштина, затоа меко, на шала , на смеа, и тој што чита да не го гледа проблемот ко планина, туку да бара решение кое тешко ние дека ќе го кажеме, можеме мислење да си пишеме, тоа е се.
@Outlook , a kade ti znaesh ako ima Ili nema nikakva " logika" bez prichina za vakvo odnesuvanje m ? Znaesh li da prepoznaesh SELJAK m?