Па вака иди поразговарај со него што како понатаму и отворете ги картите кој заш и како праел увидете си ги грешките и пробајте да ги поправите а заш идеш одма кај твоите тоа не е убаво најпрвин пробај да си ги решиш сама проблемите па потоа поразговарај со твоите за совет со неговите но најпрвин со него бидејки вие веке сте семејство треба сами да си ги решавате проблемите а не да чекате мама и тато затоа што доволно било додека сте зависеле од нив сеа сте самостојни и мора сами да се обидете да си ги решите проблемите во врска со бракот...јас имам 20 год верена сум и што и да ми се јави како проблем разговарам со партнерот не идам кај мојте тие нема да го решат мојот проблем се обидувам сама да си створам компромис со партнерот ... иди и разговарај што како позз
Ти го сакаш, а тој тебе? Некако како да му е сеедно за вашиот однос, не се труди, си ја гледа само работата. Оставете ги телефоните, појди кај него лично видете се и разговарајте со отворени карти.
Zdravo.Imam 18 godini i vo brak sum skoro 9 meseci imame i since.Vrskata pomegu mene i soprugot mene mnogu silna uste na samiot pocetok sto dojde do brak.Postojano bevme zaedno ne sed odvojuvavme eden od drug toj za mene bese se,mnogu go sakav a isto i on mene.Otkako se zemavme pred da se porodam imavme nekoe nedorazbiranjeto so negovata majka sto dojdov do situacija da zaminam kaj moite roditeli tamu bev dodeka se rodi bebeto.Potoa povtorno se smirivme i si dojdov jas.No od togas taa ljubov so ja imase megu mene i nego ja snema.Jas znam deka on mene seuste me saka custvuvam dlaboko vo sebe no sepak ne go pokazuva toa kako porano.Toj period dodeka bevme razdeleni mnogu vlijaese i vrz dvajcata.Sega nemame odnosi mnogu retko vo mesec ednas a dali i ednas ne e nezen sprema mene kako so bil nekogas a toa me nervira kaj nego i pocinjam i jas sprema nego ko zafarkancia da se odnesuvam da go zaebavam da si igram kurtasak od nego i koga i da ne dobiam neznost od nego toa so go sakam pocinjam taka da se odnesuvam.Jas znam deka odi na rabota deka e izmoren no moze eden den da ne zaspie porano nemozeme ni da go gusnam od so spie.Sakam da si go vratam covekot koj go imav prethodno onoj koj bese raspolozen za seks vo sekoe vreme za ispaganje za setanje za luduvanje.Ocekuvam nekoj odgovor koj ke mi pomogne da si ja vratam ljubovta od porano. [mod-kirilica:292qif1s][/mod-kirilica:292qif1s]
Зашто толку често слушам дека кога ќе се скара брачен пар, жената оди кај нејзините и седи таму, па се враќа? Па нормално дека тоа не може да влијае позитивно, не се решава така проблем, туку со разговор, а и секс Ќе го пречекаш еден ден полуоблечена, ќе го одвлечеш во кревет и ќе тргне на подобро
А, да поразговараш со него наместо да играш курташак? Навистина, си поразговарала отворено? Си влегла во брак, како бракот да е играчка, не верувам ни дека си била свесна за тој чекор. Едноставно си премлада и не доволно зрела. Ама, кога си веќе во него, научи да пливаш.
Девојки само да ве известам решивме да се разделиме,тој така мислеше дека би било најдобро за двајцата да се разделиме па ако било пишано пак ке сме биделе заедно ако не секој по својот пат. На двајцата ни е тешко и двајцата се сакаме и имаме се за една успешна врска да опстани али се разделуваме. Тоа е реалноста не сме повеќе заедно. Тешко ми е али морам да продолжам напрет со него или без него. - И сакам да ми се врати.
Понекогаш судбината сам си ја кроиш. Ако се навистина сакате нема да се разделите. Самата кажа дека ти е тешко и мораш да продолжиш понатаму али ако сакаш да ти се врати тогаш ќе останеш заробена во минатото и ќе се вртиш во некој магичен круг во кој очајнички ќе бараш излез. Самата си противречиш. Ја гледаш реалноста и соочи се со неа. Реши што сакаш и што ќе правиш во животот. Многу млади сте влегле во брак (неизживеани) и не сте ни биле свесни за брачните обврски и одговорности. При првиот проблем ти одиш кај твоите и таму остануваш некое време. Со тоа си му опалила еден жежок шамар. Неможеш при секоја караница или недоразбирање да трчаш кај твоите. Како прво ќе седнете и ќе разговарате што го мачи или нервира. Ќе му кажеш дека го сакаш (и докажеш) и сакаш да се врати оној стариот. А кој стариот?!? Дополнително го иритира што ти си играш курташак со него и се ти е на заебанција - како што пишуваш. Треба да се уозбилиш, ако сакаш да ти врати со нежност треба да ја дадеш. Бракот е нешто повеќе од секс а не само секс. Излегувањата, лудувањата се сведуваат на минимум, имаш бебе (незнам колку месеци ти е) а и тој оди на работа, а ти? работиш нешто. Само самата можеш да си помогнеш а љубовта не се враќа како ДВД диск туку трае и се разгорува љубовната искра.
Значи barbiegirlll од твоите постови, ти и свекрвата толку се скаравте еднаш додека не бевте ни регистрирани со маж ти па ти си отиде кај твоите и се породи кај твоите, па енос се врати кај маж ти со бебето во раце, и тогаш стапивте во брак. Сега твојата свекрва те учи да готвиш, ти го чува детето, те учи се што мајка ти веќе требало да те има научено, ништо не работиш, ти се лудува и излегува, изигруваш разгалено детиште( всушност да сум фер, не изигруваш), а маж ти е мамино синче. Ха ха! Џабе ти што сакаш да си зрела, се занесуваш и ставаш 28 години на профил, додека признаваш оти си 18, ама со тој ак'л ако си 13 нема да ме чуди. Јас да сум ти маж, не ти сама да си бегаш назад кај мама, туку јас ќе те пратам кај мајка ти да те дочува и воспита додека не пораснеш.
Среќно понатака во животот. Се надевам дека одлуката е конечна и дефинитивна за да можете навистина да одите секоја по свој пат. Вака пишувам поради болдираната реченица дека сакаш да ти се врати. Душо, ако тој не сака да се смирите, ти ќе жалиш по него, лажно ќе се надеваш и ќе живееш во тага поради тоа. Затоа биди и ти сигурна во твојата одлука. Ако и ти сакаш крај, тогаш оди напред и не врти се назад. Поздрав
Да се разделивме. И знам дека морам понатаму но не е лесно. Тој само мисли дека е најдобро засега да се разделиме па за понатака не се знаело тоа се неговите зборови и него му беше тешка разделбата јас се уште имам мои работи кај него и се уште клучот од станот е во мене сакав да и го вратам но тој ми рече засега да бидел во мене.Се уште ми е рано да ја прифатам разделбата помина само една недела али со тек на време знам дека ќе морам да се помирам со судбината но потајно се надевам дека ќе се врати. Но сепак ми треба време да ја прифатам реалноста. Али надешта како велат последна умира.
Гулабица, сте се разделиле, тешко ти е, ама не му давај на знаење дека кога сака може да ти се врати. Така ќе знае дека ги има конците во раце и ќе си прави како што му одговара. Ти кажал да се разделите, покажи дека продолжуваш напред и труди се да е така заради себе
taze razvedena i ocajna vo brak sme pola godina i se uste ne sme pravele svadba a vo vrska bevme 6 godini pred da ziveeme zaedno,trebase na prolet ama kojznae dali i ke se sluci,super ni bese ziveenjeto zaedno se do pred edna nedela koga se podnapivme dvaicata i pocnavme doma da se karame potoa toj me udri i jas mu vrativ a tuka bese prisutna vo to moment i majkamu koja zivee so nas zaedno,pocnav da go navreduvam so grdi zborovi,mi rece da si gi soberam stvarite i da si odam vo 4h sabajle,dojde vujkomi me sobra,cekam cela nedela doma se uste ne sum kazala zosto ne mi zboruvaa oti se omaziv za nego zatoa sto e postar 17god od mene,bea protiv da sum so toj covek,krijam od niv se nadevam ke se smirime,samo bratmi znae i insistira da se smirime da ne pravime idi mi dojdi mi,neznam dali ke se predomisli a zboruval kako me sakal i mu bilo zal a ne mozel da mi oprosti za navredite i samarot sto sum mu go udrila pred majkamu,sega taa i sestramu se sigurno najsrekni bidejki bea ljubomorni zatoa sto se mi udovoluvase,skrsena sum od bolka ne jadam cela nedela ne spijam samo na dijazepam sum,pretesko mi e,pisete vase mislenje ili ako imala nekoja vakov slicen problem,pomos i pozdrav do site
taze razvedena i ocajna Јас мислам дека треба да му се јавиш и да се видите да разговарате смирено.Мислам дека за една караница па колкава било не треба да се доведите до овај степен,а ти не си требала да заминеш,разговарајте.
taze razvedena i ocajna Некој што кренал рака на жена еднаш-ќе крене и друг пат. Не заслужува никаква почит а уште помалку разбирање. Очигледно во вашиот брак има нешто кое не штима. Низ целиот пост, криви се сите освен тој. Мајка му, сестра му, твоите. Не знам зошто, но имам чувство дека во оваа приказна има многу повеќе отколку што ни кажуваш.
taze razvedena i ocajna moite ne dozvoluvaa i se protivea zosto e 17 god postar od mene i deka e ednas razveden so 13god sin koj si e kaj majkamu a kaj nas za vikendi i toa sto jas sum mu vtora zena,negovite se pre ljubomorni sto setame i sto mi ide po gazot zosto trosel pari na nas a ne sakal da pomogne na sestramu,inaku megju nas se bese super i deteto super me prifati,znaevme nekogas da se podnapieme ama vo sabotata bas za mojot rodenden ne ocekuvav deka ke pocne da me skube i udira i toa za sitnica sto mu prefrliv,i jas pocnav da mavam na nego dojde majkamu i toj vo 4 sabajle me izbrka a jas i se javiv na sestramu da me spakuva,a taa ladno krvno reagirase epa dobro ako e kraj neka e kraj i se potsevkase pod mustaki,a doma ako se vratam kaj moite toa ke bide zasekogas kraj a znam deka po nekoe vreme ke moli i place,eve sega sum kaj bratucetmi krieme i cekame da se sredi situacijata neznam samo kolku vreme da mu dadam za da pomisli dali ke ziveeme zaedno ili ne,inaku za nesto drugo poveke nema go bolelo gospodinot sto sum go udirala i jas i sum go navreduvala,ne postoelo nekoe izneveruvanje ni od negova strana ni od moja,se nadevam imate nekakvo iskustvo i pomos za sovet drugo e koga nekoj od strana gi gleda rabotite otkolku samiot covek nekogas e prezaslepen,pozzzz golem za vas
taze razvedena i ocajna Тоа шо ти си на дијазепами и не јадеш,право да ти кажам,ама ич не ми пројавува доза на жал. Кој како дробел така ќе си срка. Циганската,се поднапиле,се испотепале,типична Македонска приказна од секојдневието,ама у ромско маало. На 30 години со овој памет и однесување... Арно ти збореле.
taze razvedena i ocajna na 30 godini tocno ako nekoj te napadne ke se branis,mi zborea moite i toa sega najmnogu me plasi da ne gi povredam, normalno ke me primaat doma nazad ama so nego bi bil kraj ne bi dozvolile pak da mi se sluci takvo nesto, a sto ako doticniot moli na kolena togas?a jas sum izgubila 7 god so nego i seudte custvuvam deka mi e tesko bez nego i toa po samo edna nedela
taze razvedena i ocajna Те молам врати му се заради тие 7 години и изгуби уште 50. Полесно ќе ти биде тогаш. Не ве разбирам,сериозно коа поставувате вакви проблеми. Па шо ако ти е тешко?! Мислиш инаку би ти било полесно?! Целта е да дојде на колена да те моли?! И ?! Ти ќе се вратиш за да ти љубоморат сестра му и мајка му. Пф!
taze razvedena i ocajna Stefaneli ако вие сте биле добри заедно цели 7 години, и покрај негодувањето од твоите што тој бил постар, разведен, со дете, или и покрај љубомората од страна на неговите дека тој целово време ти посветил внимание тебе, мене не ми е јасно од кај така од нигде никаде сте избувнале двајцата, па ќотек еден на друг, па падење од дома. Ај дека сте се поднапиле да рече човек пијана работа, ама сигурно не сте се напиле прв пат? Еве велиш и друг пат сте се поднапивале па не дошло до тепачка дома. Мислам, целата ситуација ти сама си ја знаеш најубаво која е, и кои се шансите дали тоа би се повторило доколку решите да се смирите. Ако ти мислиш дека сакаш да се смириш со него, нема што да го чекаш него тој да клечи на колена и да моли, за да би виделе неговите дека сепак тоа би го направил за тебе и ете баш да Пукнат од љубомора, или твоите да видат тоа и да конечно увидат дека е тој за тебе, остави тие драмски сценарија, туку јави му се и викни го на разговор. Излезете некаде, никој од неговите или твоите дека нема да ве слуша, на кафе некаде можеби, и овој пат не пијте алкохол. Ќе си направите муабет, ќе се разберете кој за што е, ќе се извините еден на друг за шамарите и навредите од двете страни(ако така сакате), а не вака тој рекол преку други уште ме сака јас ваму очајна не јадам чекам да се среди ситуација...никој друг проблемот за вас нема да го реши. Ако алкохолот е тоа што чисто ве довел до таму кај што сте сега, а се друго ви е во ред меѓу вас како пар, едноставно крај пиење за двајцата.