@yoyoo врз основ на твоите постови јас заклучив дека ти немаш веродостојни докази дека жена ти те изневерувала. Си потчул си склопил некој коцки од туѓ разум но тоа и баш не ми изгледа најверодостојно за да се оформи еден доказ за неверство. Згора на се шамариве и не ти требале, со сево ова ти само си се докажал дека си ископлексирана личност што го слуша и разбира народот а не и својата жена. Како и да е, што и да направила (ако направила) шамарите не се изговор и решение за проблемот, постојат соодветни решенија во случајот а не шамари и дрскост. Оваа ваша сторија ми изгледа надалеку испобркана и некомплетна зачинета со тетки, стринки и рекли казали од народот. Може си во право со сторијата а може и не си, не знам, но како и да е шамарот не е решение за ниту една работа во животот.
Што се нема да прочитам. За јакиов тепач што ги пратил и жената и ДЕТЕТО кај нејзината мама нема ич да коментирам дека ке пишам нешто што не е за на јавен форум. За феминката која кажува дека мажот и забранува да оди кај мајка и, нека го потсети кој ја изгледал, родил. чувал и што е најчиста љубов на светот. Какви мажи сељаци има, тоа чудо едно. Да ми забрани да одам кај мајка ми, нема да ја погледнам мајка му, а не пак кафе да и сварам.
Kako prvo kako moze da mi BRANI,nema da doceka da mu se odmazduvam na majka mu bidejki ne go poznavam toj zbor NESMEES! Jas sum dovolno svesna I znam sto treba,a sto ne vo daden moment. Od vakvi kreteni mi se gadi,jas da sum na mesto od zena mu bi go prijavila u policija pa neka se cesa,bitanga niedna. Izvinete na izrazive no navistina me pogoduvaat vakvi raboti.
Па кој заслужил нека јаде шамари. И јас да имам маж и да го изневерувам сигурно ќе очекувам и боксови, исто и мажите заслужуваат по еден цреп во глава ако те изневерил. Значи семејно насилство е од чиста мира да земе да те истепа некој, ама ако со сила си бараш и предизвикуваш ќе си добиеш, не од мажот или жената па и на улица да закачиш некој ќе те затепа. Не може да очекуваме да не гали некој кој вложувал во нас а сме го направиле будала или мајмун и дознал за тоа. За тоа пред било кој да направи нешто нека се позмисли за последиците.
Ако го изневерам нека ме остави, ако ме изневери ке го оставам, нема што шамаари и боксови да лупаме.
Да се надоврзам само со @okcenzi што би ви сменил тој шамар, бокс, лупање од земја и кубање коса? Ништо, освен епитет на мазохист и насилник.
Па сите што тепаат имаат ист одговор-си го бараше. Кое е мерилото според кое една жена си го бара друга не? Не ми се верува дека вакви гнасотии и оправдувања за ќотек кон жени читам баш од жени. Ужас.
Убаво кажав пред да направи човек намерна грешка треба убаво да размисли за се она што може да го снајде.
Ова е битен момент.Зошто господинот @yoyoo не се запраша и размисли што тоа таа барала на страна? Мислам пред да ја дигне раката и да почне да шамара. Остави ја човеку,разведи се ако си сигурен или се сомневаш во неверство,ама да лупаш 2 шамара а можеби се 20 за мене е нечовечно.Си има и име се вика насилство во бракот.Додека неверството е неморално но не и законски казниво. @Outlook не разбирам зошто да не поседиш кај мајка ти?Ќе приумре ли ако неколку дена не пиете кафе наутро. Не ги разбирам јас овие стеги,не!
Да слушнам дека некоја добила два шамара оти ручекот го загорила, и друга два шамара оти две години некого лажела и изневерувала, погоди за која ич уво нема да ме боли. Не оправдувам насилство нормално, ама во вториот случај повеќе жал ќе ми е што тој будала може да одговара пред закон за тие два шамара, таа за своето не.
Гледам дека сите се напаливте моми за двата шамара по правило беше 1 шамар не два али нема веза кој беше мек и беше воспитна а не насилни прво и прво не ја знаете причината зошто како што, многу работи ми се собраа од нејзе многу лаги и невистини како снемување од дома накит,прстења,ланчиња нешто шушкања околу неверство и капак на се ми беше кредитната картичка која ја појма сум немал се додека случајно и не открив дека ме однела во минус 500 евра и има и други работи кој дури и не ми текнуваат
Кој си ти да ја воспитуваш и да и судиш на жена ти? Како би ти било да дојде некој покрупен маж од тебе и да ти влепи неколку меки и воспитни шамари? Ако крадела,проневерила пари и слично,оди викни си полиција или плачи зошто си бил доволно глупав да те извози така. Наместо неа,требало сам на себе да си ги влепиш тие шамари и да се освестиш што правиш и како тоа во иднина ќе влијае на животот на твоите деца.
Е сеа навистина ме нажали и се “оправда“. @Waka-waka за првите 2 реченици да можев и 12 пати ке стиснев „ми се допаѓа“
Ја незнам што повеќе ке објаснувам на жени, за родена жена да викам полиција ? WTF ??? Па не сум ја циркузант, на секој некогаш му пукнал филмот во моментот и тоа е тоа, ја си ги решив сите проблемите со сопругата, на фин и убав начин може и ја сум избрзал и во моментот не сум размислил, како и да е сопругата од мене никогаш за ништо не и беше забрането и се и беше дозволено ништо не сум и скратил и не и кратам, може ја што сум бил толку фин и тоа ми го направила незнам како и да е битно се заврши. Али не ми е јасно зошто не ми кажувала туку криела од мене па нели сме брачен пар каков е тој брачен пар ако еден од друг си работиме нешто зад грб
Јојо ние никаде не ја оправдавме жена ти, зошто се браниш оддалеку? Поентата на жените овде е дека проблемите не се решаваат со насилство туку со човечки соодветни решенија.
Не сум тип на човек што трпи стеги, не се работеше за стега. Се веривме и јас останав кај моите неколку месеци, повеќе бев дома отколку таму и ова кога се подналути беше набрзо по свадбата, неколку дена кога конечно се вселивме заедно. Еднаш ми рече и толку беше доволно, после тоа тој сам ми викаше да одиме иако некогаш бев уморна и не ми се мрдаше ама бремена бев и да не ме мислеле моите одевме.Не ме разбирајте погршно повторно, набрзо јас веќе тоа го чуствував како дом, сами бевме и не ми се ни одеше многу кај моите. Лошо ме разбравте, а да не зборам типов што се осоколи да си каже дека ја мавнал жена му.
Ја нигде не покажав насилство нити сум ја тепал ниту сум и искршил ребра нити па сум ја отекол, не се правдам ја за ништо ја ниту најмалце не сум насилник нити па силеџија а вие шамарот го истумачивте како кршење раце нозе корнење за коси корнење дома врати трескање регали и незнам уште што
И се смееш уште ? Ти удрил ли некој шамар откако веќе не си дете? Ако ти удрил опишини како си го доживеал тоа, те молам. А потоа ќе дискутираме и ќе се заблагодариме што не си ја смачкал и дирек на клиника. Може ?
Ок моми ја повеќе нема што да дискутирам веќе тука со вас или па да се правдам си напишав мое мислење и околу проблемите кој ги имав и тоа е тоа, незнам ме нападнавте како да сум педофил
Педофил ??????? жив би распнала таков, не се споредувај со такво нешто ... не знам дали да се смеам или ...