Ма скраја да е, него така испага работава ме нападнавте сите, како кузнае што станала работава а оти не ме прашате како ми било мене после сите овие трауми кој сум ги минел?
Педoфил е сoсемa рaзличнo oд нaсилник. Акo зa тебе е вo ред дa се лупнaт сaмo шaмaри пa мaкaр и 2, oд oпрaвдaни причини спoред тебе ,ти си знaеш.А и тaa. Зa трaумите те рaзбирaм зa шaмaрите не.Извини.
Видете, не го оправдувам и јас типов, веројатно било направено во афект и не успеал да се исконтролира. Само начинот на кој го кажа, као два-три шамара и мавнал, не е за оправдување. Делуваше како фалење, а всушност треба да се срами од тоа што не успеал да се исконтролира.
Во право си може постот беше малце така како фалбаџиски али не е, и не очекував вака дека ке бидам истретиран тука, на човек му пукна филмот и тоа е тоа, али бев скршен кога сум открил што се се правело а ја врска да сум немал па на крај краева тоа е несреќа во куќа
Лошо е во тоа што не покажуваш каење ниту вина за постапката, е за тоа и така ти одговараме. Да прочитавме во твојот пост дека си и удрил 2-3 “воспитни“ шамари во афект и дека подоцна си зажалил за тоа, тогаш немаше да те нападнеме, а ти само ни се пофали дека си “маж“.
Прво беа 2-3 шамари па 1 па не бил многу јак .Па и уште си го барала сама...Јас мислам дека и ќе ја разрешите кризата и после сложно ќе си живеете. Ова ме потсети на еден случај во околинава моја ,ја фатил мажот со друг,ја истепал тоа на сите го кажува сам а после 1 недела се шетаат за рака го прелавија фб со слики колку се вљубени...А луѓе интелкектуалци од 40 ина години со големко дете...
Ќе почкаме де, ќе биде и тоа... ееее сите почнале со два шамара, па на крај се стига и до костозглобно, не треба да се срамиш дека си на почетокот на женотепачката кариера.
Ооо срце, два три шамари. Требало да земе да ја искрши од земја бе, шо се два-три шамари. Нареден пат земи и мавај со каиш. И уште си се пофали...
Имам сестра постара е од мене,недај боже да дознаам дека зет ми ја пипнал(ова му го имам кажано уште пред да ја земе зетот,што ке го снајде ако дигне рака),прво што ке направам ке го врзам за столче со јаже и со жилет ке му ги вадам ноктите,а на раните привремено сол ке му ставам.Следната фаза ке биде вадење здрави заби со клешти како што ке вика со чекич по палците на нозете ке го мавам. Е пријателе тебе ти го пожелувам ова,што поскоро да го доживееш,па да ни се пофалиш како е СЕЉАНДУРО.
За жалење сте и двајцата. Едниот шврља наоколу уво не му чуе, другиов дели воспитни, па детето ваше нека трпи трауми од двајца незрели родители. Не знам што да кажам, жално...
Човекот и самиот си кажа дека имал 22 години кога стапил во брак, женаму најверојатно е нешто помала со некои 20 години и што очекувате вие? Тие уште училиште не завршиле брак ќе тераат. Плус човекот рече дека само "сумњал" дека ја вара, а не ја фатил на дело и нема никакви докази за "проневерата", им се кружеле само муабети од стринки и тетки низ маало дека жената "шара" а доказ никаде нема, никој не видел ништо. И тој наместо како возрасен 25 годишен маж со задсебно искуство за брак да ја седне и да разговаарат како двајца сопружници за муабетите од околу тој и мавнал шамари и ја испратил кај мајка и. Проценете и самите вие дека понекогаш ако не и секогаш приказната има две страни.
Напишав дека си го решивме проблемот, незнам што уште се дискутира како и да е фала на сите за советите
Не бе каков педофил, ти си тепач на послаби од тебе. Се кладам дека ко мал у школо си јадел ќотек од поголемите ко магаре, па сега чекаш послаби од тебе- жени и слично да можеш и ти некаде да покажеш како изгледала васпитна на пример.
Ја не сум тепач ни насилник, и никогаш не сум бил ни тепачиште ама гледам вие женски глави од мравка направивте слон, нема веза како и да е ја си го решив проблемот, барем една да ме прашаше а како ти е тебе. Може сум направил грешка млад сум не искусен ке си знам за друг пат ама не сум насилник нити па тепачиште. И ве молам повеќе да не ме цитирате мене нека си продолжи темава за дискусија и за другите проблеми фала
Зошто би те прашале како си, кога индиректно ти ни кажа дека си супер заебаан дечко да не речам маж дека тој епитет не го заслужуваш. Ах бе срцко ти, да си ми мене па да видиш како рачето во гипс ке ти беше.
Па никој не очекува да биде гален ако направил такво нешто ама ни ќутекот не е решение.Утре може шамари да ми удри некој зашто манџата нема доволно сол и као тоа ке биде оправдување.Ете она недомакинка ме остаи гладен ? Која е границата за тоа кое поведение заслужува ќутек а кое не . Дома мајка и татко не кренале рака на мене па некоја будала ќе ме шамара или недај боже и ќутек ке ме храни. Ако не ве бива те изневерила,си ја изневерил седни бре ко човек на маса и кажи си што е проблемот.Можам не можам да поминам преку тоа и тоа е тоа. Не, воспитни ке даваме ќе се праиме од времето на Хамураби коа раце нозе јазик им сечеле за такви работи. Глеам сите изневерувачи јадат кутек дома од сопругите и сопрузите и тоа е сасвим нормално.Мора балансот некако да се одржи , тој мене ме изневери ја него секирата у глава на сон ке му ја дадам. Па што оправдано е .Толку плиткли души просто неможам да се начудам како постојат во овој 21 век.Ќе седат ке се тепаат ке се колат душата со памук ќе си ја вадат секој ден ама не се разделуваат ко луѓе па макар последно да им е.И ова важи и за изневерувачите и за изневерените.Истите сте.И едните и другите немата муда да си заминете од нефункционална заедница па си барате изговори на страна.
^ Добро, оти до толку драми правите стварно, не рече типот ја чувам дома и стално шамари и мавам оти ме изневерила, туку во афект и удрил два шамари. Досадно е веќе страни и страни се изнапишаа мислиш без душа ја оставил.Може не е ваш начин, може вие кога ќе дознаете дека партнерот ве изневерувал, во истиот момент фино и елегантно ќе му отворите врата да си оди, ама некој ќе вика, ќе навредува, секакви погрдни зборови ќе употреби, ајде и него да го осудиме за психичко насилство. Мислам ок е, не оправдуваме, ама па до толку строго да се држиш само до тие 2 шамари, па ни на суд не е толку црно и бело туку сите околности се гледаат. Ај олабавете.