Жено, ова изгледа како мајка ти и татко ти да ти рекле „Ај толдју соу“.... Абе не се прај недостижна, јави се и реши го проблемот со маж ти. И не си играј детски работи со криење од твоите и дрн дрн. За се` што ти се случува во животот сметам дека родителите се најблиските кои би можеле да помогнат безусловно. Родителот не може да му мисли лошо на своето дете! Ако ти рекле дека не се согласуваат со таа врска, тоа било затоа што се плашеле за твојата иднина, а биле во право. Бегањето и чекањето не ги решава проблемите! Поздрав.
ако после една пијанка почнале да летаат шамари од двете страни, а сте биле 6 години во врска пред да живеете заедно, што би било кога би се венчале и би оформиле семејство навистина мораш сериозно да разговараш со типов-за твое и за ваше добро е
Во првите години од заедничкиот живот несомнено се јавуваат кризи, но ова мене воопшто не ми се допадна. Тоа што „не можел да ти го прости шамарот“ кој си го удрила во самоодбрана што се вика после неговиот, многу кажува за неговиот однос. Глупакот сакал да се направи фраер пред мајка му и да и` докаже дека не ти оди по твојот памет и мислел дека на тоа ќе остане. Море, убаво што си му вратила. Во животов научив една работа: шамар и неверство никогаш не се простуваат на маж, затоа што тоа се работи, кои доколку простени, имаат обичај да се повторуваат. Не го оправдувам, без разлика дали бил пијан или не, не требал да го почне тоа фијаско пред свекрва ти. Многу е тешко кога не можеш во вакви ситуации да се потпреш на родителите - i know how it feels, така што остани (доколку можеш) кај вујко ти додека да се снајдеш, па потоа оди некаде, ако треба и под кирија, обиди се, најди работа, било што. Имате ли деца? Ако немате, подобро е ова да го окончате додека уште немате деца, тогаш ќе ви биде уште потешко. И најбитно, фрли тоа дијазепамите под итно! На 30 години не треба ни да помирисаш тоа ѓубре...иако за жал знам и помлади шо се трујат со тоа... Мисли на себе, крени ја главата и продолжи без него. Твоите родители, ако се вистински родители и ако најважна им е среќата на чедото, ќе те поддржат. Едит И шо е со тој муабет, волку години ќе фрлам, толку години ќе изгубам...со такво “мажиште“ тие веќе се изгубени, гледај да не изгубиш повеќе.
Ресив повторно да зборувам за оваа тема. А имав напишано на претходни теми каде им благодарам на многу кои ми помогнаа и ми дадоа совет, дел од советите ги применив каде се покажаа успешни во однос на излегуванњето каде се га поцнав и сама да излезезам да просетам немам проблем.Ние сеуште не сме правеле свадба со вереникот, но веке живеам кај него неколку месеци.Значи се омазив мозе да се рече млада.Заврсив факултет сеа не работам, мазжми работи приватно.Го сакам затоа и се омажив за него, но најбблиските усте пред да се омажам ми викаа да почекам да проживеам уште некоја годима што се вика, да се вработам па после да се мажам.Но ете се случи спонтано.Но незнам кај мене почна да се јавува некоја носталгичност за тоа што зашто вака избрзав со мажење, зошто не прошетав уште некоја година, некако осетив како уште да са сакам тоа да го продолжам.Како да си викам некогаш дека имав време за овие работи,а неостанав трудна.И финансиски сум постегната од што бев дома.Незнам некако измешани ми се емоциите како веке да не ја осекам таа возбуда за сбадба сто ја очекувам, што треба да се случи наскоро.Не ми е вака лошо, ме сака ми посветува внимание ме гушка нормално сеа има и жестоки расправии, доага и до плачење али поминува .Незнам осекам како пак да сакам да сум девојче да сум во врска.Да додадам ова го кажувам бидејки живеев во населба а се омазив во прериферија рурална средина каде што повекето жени се намачени а ја не сум научена на такво однесување а и не би го прифатила тоа, тоа не се моите манири на однесувањеч како све жената дома да прави пошто мажот на работа и сл.нормално цистам , мијам садовии и сл.Дали некој се нашол во вква ситуација како ја решил и дали би можеле да ми помогнете. Благодарам.
oва е нормално значи нормално е да се осекаш вака затоа сто таа слобода што си ја имала дома кај твоите нема да ја најдеш никаде на друго место не е исто девојка и жена ова ти се испомешани чуствата затоа што преминуваш од една средина во друга се срекаваш со други луге различни карактери различни луге ти си една и они треба да се навикнат на тебе додека ти треба да се навикнес на повеке луге така да мој совет ти е полека смирено без нервози и караници се ке си дојде само по себе и јас се осекав така несигурно на поцетокот од бракот но еве зад мене се 10 години брак и две дечиња
Па вака девојки, можеби ја погрешив темава но барав и неможев да најдам соодветно место за ова.. Уф, како да почнам.. Вака: Во последно време моите почнаа да се караат цело време додека се заедно, едноставно неможам да го поднесам тоа, верувајте многу ми е тешко, мислам дека ќе полудам.. Всушност мајка ми не е крива ама баш за ништо, но татко ми има еден куп проблеми и целата вина ја префрла на мајка ми, која се трпи, трпи и трпи.. Многу ми е тешко, многу.. На пр. денеска се врати тој од работа и само што влезе дома веднаш почна да се кара, за се мајка ми била крива, кога го слушнав тоа по 100ти пат, собрав сила и отидов кај него целата во солзи и почнав да му зборувам многу работи, му реков зашто не отидеш некаде и веќе никогаш да не се вратиш.. а тој на ова само ме погледна и почна да плаче и ми рече ако ти така сакаш.. и замина некаде.. сеуште го нема.. инаку тој ниту е пијаница, ништо.. и за мене животот би го дал, толку многу ме сака, а јас што направив.. што ако не се врати? морав да кажам на некого.. да ми олесни..
Девојченце,не се нервирај,добро што си го опоменала и дала до знаење дека и ти си присутна во вашиот дом,сигурно ке се свести дека со обвинувањата на мајкати и тебе те повредувал,,,,,,,сега кога ке се врати,а ке се врати не се нервирај,и ке те праша ,дури и да не те праша ЗОШТО?????? Седни и кажи му колку тебе те повредува тоа што се расправа со мајкати за ништо а жената само трпи,,,не се страми ,тој ти е татко,штом има емоција во себе ке се свести,само разговарај,,,,,,,,,,,,,,
Едноставно, не си зрела и спремна за брак. Си можела да му кажеш да не брзате со свадба, има време. Сега се повеќе ти станува јасно за брачните обврски и те тепа мала криза. Можеби не ти смета толку таа рурална средина како што велиш, туку приспособување на ново место и навики - нормално е тоа кај секоја девојка. Го посакуваш стариот живот како девојче затоа што не си спремна за брак. Гази по таа вода и не дозволувај да ти се удави љубовта. А за да не станеш очајна домаќинка барај работа
Глеам 16год си и до некаде ај да се оправда реченицата што си му ја кажала, ама нареден пат немој така. Сепак, тоа што твоитен се расправаат се нивни проблеми, возрасни се и ке најдат начин да решат. Се што можеш да сториш е да седнеш со нив двајцата и да им кажеш дека тие расправии тебе ти сметаат, и спомни му на татко ти , дека не е за се мајка ти крива, дека никој не е должен кај вас да ги трпи негови нервози. Само со разговор се решаваат вакви муабети. Сепак , родител е од една страна, и болат тие некои муабети ... Ја ти ја сфаќам реакцијата и начинот, ама не е тој тој вистинскиот начин за да би престанале тие каранции. Зашто утре, пак вината на мајка ти ке ја смести дека она така тебе ти зборела, па си му кажала така.
Извини што ке ти се обратам вака лично тоа е затоа што политички неможам . Мене не ми јасно прво што бараш со 17 години постар маж разведен па уште и 13 годишен син да се маткаш 6 години па и брак ? Можда сум многу себична ама јас неби ги ни погледнала ваквите. Јас има исто 30 години а и да напоменам дека мајками и таткоми се разведени он имаше фтора жена се разведе и од неа. Мајками со него се разведе ради семијно нсилство врз мене и нејзе.Таа првата не се развела од што и е арно сигурно. Така да размисли што е тоа кубење за коси и шамари па он бил навреден бре јакиот фраер пред мајкаму жентата треба да закути маж у кука што се замишла ,извини ако ти го навредив ама ти со триесе а тој 47 боже место да те чува како кралица он те мавал и ти плачеш по него. Срека што си го покажал правото лице и што е тао на сестраму да и помагал и ти да кутиш ако не шамар преку уста јас да сум на твое место ке бегам од нив како од ГАВОЛ и од таа кука. Ке си одам дома ке најдам работа ако немам или ке излегувам ке шетам сама ,а не да сум слуга и да ме понижуваат. Друга битна работа за три години ке му клепне газот а ти 33 и што си наравила ? Батали и радуј се ако не се јави . Оди во шопинг да се расположиш ако си толку депресивна излези со братучети прави нешто а не да цмиздриш. Не се плаши од тоа ти рекаов тоа ке помине оди дома и не варакј се ВО ТАА КУКА дури и сите звезди да ти ги подари.
драги девојки, се наоѓам во страшна дилема па би замолила за вашето мислење. во врска сум 4,5 години и со дечкото живееме заедно од минатата нова година. уште пред да почнеме заедно да живееме неговот однесување почна драстично да се менува но по влегувањето во станот веќе е неподнослив. 3 пати тргнав да се селам и се ме убедуваше дека нема повеќе така да биде а последниот пат проблемот го реши со „запросување“. сега се подготвуваме за свадба во јуни но се е тоа проследено со кавги и нервози. проблемот е што постојано ме навредува и омаловажува и сето тоа се случува позади затворени врати. кога е во народ и во јавност е како најизмислениот дечко на планетава а кога ке се вратиме дома си ги покажува сите рогови. страшно дволично суштество. јас не знам да одглумам кога не ми е ок па испаѓа дека јас него го напаѓам а тој е толку наивен. дојдена сум до стадиум да го мразам и да не можам да го поднесам. многу е себичен од кога се вселивме во станот почна да ми зборува како е тоа негово и јас сум кај него дојдена и е сум ги брукала неговите што сум зборела гласно и сите комшии не слушале. се што ми купил ми го пререкол или колку било скапо или кој на кого што купил па колку му должам јас. се обидов да бидам како него но не успевам, станува поголемо ѓубре. се обидов и да преќутувам но и тоа не бива. како си поминува времето така станува се полошо. молам за совет како да постапам во оваа ситуција. инаку сум решена да помине свадбава само за да не се нервираат моите сега и по неколку месеци да се разведам.
А зошто чекаш да помине свадбата па да се разведуваш?Не мислиш дека би било попаметно воопшто да ја нема таа свадба?Велиш за твоите да не се нервирааат,па зарем по неколку месеци од свадбата да има развод помалку би се нервирале?Мој совет ти е ако мислиш на развод уште не земени тогаш воопшто не ни прави свадба и откажисе со по време.Откажувајќи се ем ќе заштедиш на пари што ќе ги фрлите за свадбава ем ќе си заштедиш и нерви, оти разводот и не е баш едноставна работа.Подобро спречи отколку да лечиш
Раскини и оди си, каква свадба, каков развод ....ова е веќе, извини вака ама, ептен детски и глупаво. Веќе неколку месеци си несреќна, си тргнала да си одиш, цело време ти префрла за се` и сешто, те омаловажува, те навредува, а ти си трпиш и бараш совет по форуми. Стварно понекогаш се чудам што се не ќе прочитам .....ќе правела свадба да не се нервираат нејзините па ќе се разведела....демек тогаш нема да се нервираат. Отворено кажи им на твоите каков е и дека не сакаш да бидеш со него и крај.
како поднесуваш вакво нешто и згора на се пагаш на негови финти, а 3 пати си тргнала да се селиш и планираш да се венчаш со ваква личност разговарај со твоите, објасни им за што се работи(сигурна сум дека ке те сватат) и не се изложувај на трошоци-мој совет
се обидов и со моите да разговарам да им објаснам но немам разбирање. особено татко ми ми префрла дека јас сум избрзувала и дека требало да се смирам и дека не било така едноставно да си одиш, секој почеток бил тежок. искрено и јас се чудам како успеав да се најдам во таква ситуација кога секогаш сум презирала такво однесување и на сите сум им велела оди си или раскини а сега за мене не знам тоа да го направам. затоа на крај си викам ок ке го истрпам ова и ке го истерам вашиот кеиф ама после ќе си истерам по мое. а за парите не ми гајле, кога сакаат да си ги трошат нека ги трошат и покрај сето објаснување. муабетов излегува кога ќе излезеш од дома нема враќање назад. јас сум во потрага по работа од 8 часа на ден зошто сега работам по 4 и не можам да си дозволам да сум под кирија, при првото стабилизирање се откажувам од сите, зошто очигледно се откажуваат моите најблиски од мене за да не било срам од народот. па нека живеат со народот а јас сама. може многу глупаво звучи ова но навистина е тешко кога не можеш да најдеш разбирање од тие кои најмногу треба да те разберат
Апсолутно те разбирам бабалу, и можам само ваков совет да ти дадам: Заминувај од таму ВЕДНАШ, било под кирија, било кај роднини додека да се снајдеш, ако твоите веќе одбиваат да те примат. Ти си веќе решена дека ќе одиш против нив - зошто да се бламираш и етикетираш за цел живот како „разведена“? Само за да им кажеш „Ви реков дека за џабе ќе ги фрлите парите“?? Одбери го СВОЈОТ пат, не нивниот, не неговиот, не нашиот....одбери кој правец ќе ти донесе најмногу мир во душата и следи го. Не се врти назад, не ги гледај другите од страна - секое чудо за 3 дена, ама ТИ ГАРАНТИРАМ, дека ако го земеш животот во свои раце - ќе те прати многу повеќе среќа и сите (вклучително и ти самата) ќе те ценат повеќе За твоите не мора да бериш гајле, кога си сигурна во својот избор - никој нема да ти забрани влез дома. Остави им време само да се навикнат на ситуацијата, ама во никој случај не дозволувај да те предомислуваат или да преговараш, оти така ќе им дадеш до знаење дека и самата не си сигурна во изборот, а тоа е најтешкото за родителот - сите се плашиме да не децата наши направат некоја непромислена грешка Со среќа и само храбро! Ниту тој што те родил нема право да се изживува над тебе, не па некој рендом најден на улица. Сакај се и уживај во животот, макар и сама
Секогаш е така, за другите сме попаметни отколку за себе. Повеќе од јасно е дека веќе не постои љубов туку само омраза и гнев. Јас би седнала со родителите и би им кажала дека не сум среќна со тој човек и несакам да бидам. Залудно да не си ги фрлаат парите за свадба која ќе биде вештачка затоа што веднаш после тоа ќе следи развод кој ќе е уште еден трошок. Ако не ми ја дадат подршката и ме приберат дома како нивно дете, ќе си го соберам патот под нозе па што ми господ даде. Не дека ќе ги уценувам туку ќе им ја докажам мојата решителност. Ако сакаат да се радуваат на мојата среќа нека ме подржат во мојата одлука а ако не сакат нависитна тогаш нема да играм ни по нивни правила дека морам да се мажам за тој човек, туку по мој личен избор. Нека не се плашат дека ќе јадат срам и ,,што ќе кажат комшиите,, претпоставувам дека и вака размислуваат бидејќи не ти даваат подршка во одлуката, туку ти ќе си таа со етикета (глупо звучи, ама претпоставувам дека си од некое помало градче) која ќе има гордост и ќе ужива во животот. Кажи им, ако Вие не ја почитувате мојата одлука и не ми давате подршка тогаш ,,кој,, Сега сте ми најпотребни, и не ме терајте да мислам дека само сакате да ме измавате од куќата. Ако е така сама ќе си излезам и ќе се снајдам а вие веќе нема да сте ми родители. Користи потешки зборови за да ги дирнеш во срцето за да сватат дека навистина не си среќна. И покрај се, поради нивен атер јас не би се мажела за таков (како што го опишуваш) каде што судбината-животот ми е однапред запечатен.
и така пробав но татко ми почна да паѓа во несвеси и веќе не знам како да реагирам затоа тука се обраќам. верувајте се и секако сум пробала и милом и силом и со моите и со него. тој сега и знае дека ја има поддршката од моите и уште повеќе си зема замав
Не можеш да си го “фрлиш“ животот заради некој, макар тоа биле родителите, или еден од нив. Посебично од ова - НЕМА. Пу пу, се надевам дека никогаш нема да ги доведам моите деца пред ваков свршен чин, за да не знаат дали да трчаат по мене „Drama queen“ или да си го решаваат својот живот. Знам дека боли, родител е, и на некој начин и јас истото го имам поминато со мајка ми, ама никогаш не попуштив па еве ја, пресреќна баба, здрава, жива и горда на ќерка и` што се изборила во животот. Се` поминува, животот тече за сите, поентата е на кој брод ќе се качиш ти? Татко ти и мајка ти одамна го решиле својот, ти гледам ги имаш годините за памет, не дозволувај да ти го солат безврска...