Ако направил нешто на првата карпа да го распнеш џабе е. Со тек на време можеби ќе најдеш дел во себе ќе простиш, ќе оправаш вака или оак аво својата глава ама никогаш нема да заборавиш. Јас барем не можам, и ама прошка е тоа. Јас не можам па, ако треба и би се разведувала. Посебно во ваков случај боли до срж, затоа АКО САКАШ ДА ГО КАЗНИШ, НЕ ДАЈ БОЖЕ ДА НАПРАВИЛ НЕШТО, само со ладна глава. Се најдобро се сервира ладно. Прво, ќе го одереш финансиски второ, ќе си најдеш помлад и попопо се од него некој да пукне од јадови, ама во време кога ти ќе бидеш спремна, не за да му се одмаздуваш нему, не вреди никој за да себе се измачуваш и спушташ толку ниско. Кастрирај и задави тихо, ладно да не знае која си ти сега. Е, мажи слепци, при фамилија и жена на место, бога ми треба да ти плати и тоа дебело. А поголема казна од студенило и пресметаност не постои онаму каде некогаш имало љубов.
Ne mi e jasno zosto otvoreno ne go prasas. Razgovaraj za tvoite cuvstva i stravovi,kazi mu sto te mace. Vo ni eden slucaj ne go napadnuvaj odma deka te izneveruva. Sigurno vo ovie 12god od brak go imas nauceno koga ja kazuva vistinata a koga lagata. Rascepkaj mu se vo mob,skype,viber... Smetkata od benziska jas ne ja smetam kako nekoj dokaz. Samata kaza deka imate deca,mozno e da bil so nekoj od niv vo kola koga staval gorivo.
Од моја гледна точка, не дај боже да доживеам такво нешто ако се премажам еден ден, јас би ќутела, може би приметил дека нешто не е ОК ама не би кажала. Ако ми се сомнежите неосновани би била најсреќна на светот ама ако се основани, би ќутела и тивко да не знае што го снашло така курвински како тој в кревет би му испорачала бракоразводна тужба со ТОН СУМИ ЗА ОШТЕТА, сите докази, слики, тел повици кои не можеш да ги скиреш на постапид сметка .... може би умирала од внатре ама има да бидам најголемото ѓубре на светов, за ѓубре ѓубре треба да се биде. Тој на неа да не и кажал нешто не ни е ок па, ќе се плесна со оваа или онаа? Не каќал, значи нема зш да му се каже. А ако му кажам ќе го предупредам и на крај ако направил нешто пак исходот ќе е ист. Парите не се битни нек одат во сиропиталиште подобро ама она, да го сакаш, деца да му родиш, да не спиеш и нему кога му е тешко, да не зборам да го пререш, пеглаш ... море за се има да плати. А да не зборам како би му го уништила егото и машкоста тековно, па да се кае што ме сретнал воопшто.
Се што се пишува овде е ОК, секој работите си ги посматра низ своја призма. Ама кога ќе прочитам - тужи го и ,,одери,, го...земи му оштета....дотерај го на питачки стап... Дали навистина мислите дека покрај вакво судство може да ,,оќарите,, нешто ??? Или многу гледате амерички филмови ?!!? Што ќе му земеш на просечен македонски граѓанин освен некоја симболична алиментација (ако имате деца) ???? Бракоразводна постапка е едно а постапка за поделба на имот (ако воопшто го имате) е сосема друго и истата трае СО ГОДИНИ...и пак на крај ќе добиеш малку. @Jas! за убав брак каков што си го опишала вреди да се бориш.И маж ти е човек и не е имун како што впрочем и сите сме. И да му се случило да загледа колешка, најди начин, врати го дома. Однеси деца по баби, останете сами...држи го за рака... Смисли некој долгорочен план (на пример да лупнам - купување на викендица) и види како би реагирал... Дај му повод и причина да трча од работа дома. @friendy ти предложи убав начин -типс енд трикс - зврцкајте си на мобилен...кажувај му дека ти недостига, наведи го и тој да ти збори така....викни го дома да си дојде итно а ти да бидеш сама...обиди се да ја разгориш страста дома. ... А за цело тоа време, не се откажувај од буричкање низ сметки и телефони.. Води сметка за се. И запамти дека лесно е да се појави сомнеж, ама види дали тој ти го храни сомнежот. Понекогаш знаеме да бидеме и параноични.
Јас само ке искоментирам дека @Jas! Како личност многу ми се допага.Ја гледам како умерена,паметна,трперлива жена И верувам дека и да има нешто ке открие.Како ке го реши истото си знае најдобро самата Фискалната чинам рече била во твојата кола?Тој ја вози и таа кола?
Малку ќе добие ? Не би рекла, знам случај каде жената не му дава развод се додека не и искешира добро, стан да и купи па, после нек си брка работа, затоа што голем дел од тоа што имаат е и нејзин труд, време и пари. Со тужба за претрпено ова она ахаа остави, не мора да се астрономски суми ама ќе го тормози и цица по судови поштено. Можеби било некогаш симболична алиментација кој никогаш не застарува и тој ако не плаќа може и улица да заврши кога ќе се насобере сумата. вака како што кажуваш може да се помине ама со слаб адвокат, а со солиден и со докази не е баш едноставно.
Да не ве цитирам секоја посебно ќе напишам општ пост, во кој ќе се обидам да ги опфатам сите одговори. Сеуште не сум размислила што и како ќе направам ако откријам нешто непосакувано. Сеуште се надевам дека нема такво нешто, иако колку подлабоко копам толку посигурна сум дека има нешто. И да има нешто, да најдам, да ми признае, разводот ми е последна опција. Верувам и него. Едноставно премногу оставивме и двајцата во овие 12 години за да со еден документ го поделиме сето тоа. Не е само имот и финансии за поделба, живот е во прашање. Толку различни карактери сме, но секојпат кога сме имале криза сме ја решавале со разговори и безброј компромиси од двете страни. Тоа на сите можни начини само ја зајакнуваше нашата врска низ годините. Повеќе се почитуваме знаејќи што едниот или другиот жртвувал во интерес на бракот. Знам дека ако разговарам со него ќе ме убедува дека не ми се основани стравовите дека се се должи на новата работа и прилагодувањето. Пред да разговарам за вака осетлива ситуација со него сакам да знам дали има или нема нешто, не сакам слепо да верувам во тоа што ќе ми го сервира, оти овде вие се базирате врз она што го кажувам, но во секојдневието има уште еден мал милион ситници врз чија основа јас се сомневам дека има нешто што ми премолчува. Затоа и многу ги почитувам и ми се потребни вашите објективни совет, но ги примам со резерва, а ги прилагодувм на ситуцијта. Сега скоро низ еден разговор му реков дека за овие месеци јас сум многу променета, поприлгодена, посмирена и потрезвена, не во смисла дека жалам за нешто, туку едноставно се прилгодувам, а тој сосема спротивно позатворен и поотсутен од животот во домот. Тој пак имал друго мислење, дека јас конечно сум попосветена на домот и семејството (навистина мојата криера претрпе мали штети за сметка на неговата) , а тој бил прилагоден од првиот ден оти со години мечтаел за денот кога ќе работи сам, имал цели и идеи како да ги оствари. Колку и да сакам д аверувам во ова, факт е дека имаше работи кои не му беа предвидени, но се справивме со нив. Ако и ова ново однесување од негова страна е само уште една пречка, верувам ќе ја споделеше со мене, просто за да се олесни ако не и за помош. Инаку колата моја ја возиме двајцата, неговата само тој Јас длабоко се извинувам што вака долги постови пишувам, само се обидувам да ви ја претставам што подобро ситуцијта за и вашите совети да бидат подобри. Но и уште подлабоко ви заблагодарувам што имате трпение и желба да ми помогните
Жената или мажот може да се инаети и да не дава развод, но после 365 дена одвоен живот АВТОАМТСКИ следи развод, значи нема веќе натегање давам-недавам.Значи после само една година судот ќе го разведе бракот. Поделбата на имот е сосема друга постапка и не мешај со развод на брак. Еве има правници овде, нека објаснат. Парницата за поделба на имот во принцип, не трае помалку од 2-3 години (бидејќи нели, се работи за НЕСПОРАЗУМЕН развод).Тој кој што ќе ,,потегне,, ваков процес, тој плаќа трошоци, што со т.н. добар адвокат се милионски суми.Тој што го губи спорот си ги плаќа трошоците кои не се мали. Повторно ќе речам, првници има, еве нека потврдат..да не излезе од ракав се вадат информации.
Интересни сте жени. Што ми вредат куќи,коли и станови , кога ми се распаднало семејството во кое имам вложено толку љубов,труд и трпение?
Не знам јас од прва рака, фала му на бога барем од тоа ме поштедил до сега, понатаму кој да знае, таа не му дава развод сеуште, а по се изгледа требало 3год да поминат па, тогаш судот ги разведува сакале или не. А во тој случај таа си ги сака парите назад и со камата ми се чини, зш наследството нејзино тој мајчниот што му чинеше 3 деца да му роди и одгледа сега сакал друга, таа е гнаса невидена, а нејзините пари се добри. Е, нема тоа, и плус алиметација за децата, а не зема мала плата за да е симболична.
Ни пет банки не вредат ама како што вреди неговиот живот и мир и нејзините вредат. Пази се од жена што не те зема ни за пари, ни за заштита, ни за што ја знам што туку поради тоа што го сака и вложува се што може за тој дом. Така си настанале господин Смит и госпоѓа Смит, тенка е линијата меѓу љубота и омразата.
Види, распрашај се, провери, следи го некако, најди начин да провериш дали оди сам на пат или со “некоја“. Најбитно ако толку години сте немале проблеми, тој бил добар со тебе имате дечиња, гледам и ти си полна со разбирање и љубов спрема него, Не дозволувај некоја невоспитана дроља да ви го уништи сето тоа. Избори се за него вратиси го, твој си е. Порано повеќе мажите ги укривував ама сега мислам жените полоши станаа од нив, нели не бираат дали одат со оженет, дали има деца и слично.
Болдираното е точно. Моментално јас се разведувам. Ангажирав добар адвокат (еден од најдобрите во мојот град) кога ја напиша тужбата адвокатот му платив добра сума на пари. Понатаму се зависи како ќе се одвива судењето, колку рочишта ќе има. На суд и двајцата уплакаме по 800 денара. Ако дојде без адвокат, судот му одредува адвокат. Заеднички имот немаме купено. Имаме уложено во бела техника, апарати за домакинство и слично. За тоа, во овој случај и во мојата ситуација не мислам. Не барам пари, ниту оштета, ништо. За алиментација исто, не сум заентересирана да барам поголема од онаа што ќе ја одреди судот. Според закон МОРАЛО, затоа напишав не барам дополнително од онаа што ќе ја одреди судот. Ме интересира само да си го вратам мирот, спокој што си го имав предходно. Да го изведам детето на прав пат. Се чудам како прво се помислува во вакви случаеви на оштета.
Јас убаво те разбирам ама се зависи од случај до случа од околности до околности има разлика. На пр. ако си била во брак неколку год. така ми изгледа по пишаново ќе биде поладна и поразумна ама стави се на место на таа жена, скоро 20год. во брак беа, прв и единствен дечко и маж и се и беше, од клупа ја зема така речи. Од тоа што работеле се е на негово име плус голема сума наследство се е кај него. Таа се откажа од се за себе во смила на образование и кариера само тој да успее и успеа ама сега таа не чини. Еве ти една проста паралела на кое дерџе е сега таа. Јас сум сама веќе 11год. успеав детенцето да го родам, да го довршам првиот факс, да завршам надоградба, да завршам уште еден факултет. Во меѓувреме со моите успеав да изградам солидна куќа, кола каква таква врши работа, имам Ок работа, обезбедив за детето школување утре ден каде сака да се школува да има пари за тоа. Живеам своја на своето, не е лесно, рнтам некогаш од јутра до сутра ама моето се гледа и едно ми се знае, така требало да биде и ќе се бориш. А таа нема ништо сега душо живее со нејзините, а доби наследство поголемо од она што јас го имав да го свртам. Значи не само емотивно што ја уништи туку ја остави на улица за куќната пријателка и колешка. Ти би била ли ладна во ваков случај?
Да. 100% сум сигурна за пример од блиска личност. И да имаат деца исто е. Ако им се помали (под 18 години), тогаш ќе ги викнат во Центар за социјални работи за да се востанови кој ќе биде старател на децата. Ако се децата постари од 18 години, тогаш дирекно на суд се оди. Ако поминале 365 дена од раздвоен живот и да не дојде ,,тужениот,, (оно што несака да даде развод) ИЧ ама ИЧ не е битно...бракот се разведува и готово. Ако и двајцата дојдат на рочиште се утврдува и алиментација (обично 1/3 од висината на приходот на родителот кој треба да плаќа).Ако не споме никој за алиментација, тогаш за нејзино утврдување се закажува посебен процес.
Ве читкам од преска и се чудам, жената се пожали на сомнеш вие ја разведовте, бракоразводна парница и потеравте, имотно распределна постапка и истеравте, алиментации делби. Аман бре жени (па има ли посурово нешто од женски памет и стрвност кон ждерење на пари), а што ако човекот има проблеми во бизнис не сака да ги пренесува дома, ако нешто му е фрка и се мачи низ него за да опстои да обезбеди иднина за фамилија семејство кое не сака да го втурне во нешто каде што би го гњавел и него. Па дури и ако имал нешто убаво кажа Референтка човек не секогаш сме имуни на секој предизвик па човечки е да се поразговара да се промуабети да се видат сите опции, зошто како па шѕопотоа па и да се прости ако има изгледност во тоа.
Ај, сега не ја разведовме, таман работа, дај боже да нема ништо од тоа. Такви се жените се за пари хахха шала на страна ама маж да е во прашање не би било поинаку, тој ќе се фати за децата, секој онаму каде што најмногу боли. Лесно е да се пише не дај боже да ти дојде на глава да не знаеш што и како понатаму па, макар и го одрала џабе е, ама и не се толерира се. Бракот бара жртва и од мажот и од жената, посебно од жената, а кога има изневерување не знам маж да простил, жени има, да ама маж непознавам таков. Еден и простуваше, ја враќаше кој знае колку пати дома за сега да не сака ни на слика да ја види и тоа и децата му ги остави и се за да живее жената.