Не можете бе да кажувате за туѓите семејства и туѓите мажи дека сите изневеруваат. Од каде ви храброст да судите за другите и од каде знаете точни факти за туѓо семејство и брак.. или полесно е да се тресе од ракав колку да се пише нешто.. Ајде бее.. И да, не можете да споредувате и проблем со проблем, било каков. Секоја планина си носи своја тежина а и секој човек е различен сам по себе по карактер, став и принцип, сепак изневера е едно а сосема друг проблем друго и пак ќе кажам се зависи од истиот. Не можам да се изначудам како секојдневно доаѓаат луѓе и пишуваат како сите мажи биле исти и сите изневерувале.. па одозгора и да се тешат со тоа дека имало полошо. Милам муабетиве се без врска бидејки ако гледаме така би требало да живееме од "трева пасење" што би се рекло. Безвезе навистина.. Не знам како успеваат дотични луѓе да тресат факти за изневера, туѓ живот и нечиво туѓо семејство.
Кај не преброја сите?Па уште и 90%? Како може вака да зборувате за туѓи бракови?Не треба да се генерализира врз основа на неубави искуства,посебно кога станува збор за ваква осетлива тема.
Не напишав за никого лично, за ничии брак(секој за себе си знае). Повеќето што коментираа на проблемов би се развеле поради неверство. Само 2-3 членки не би го направиле тоа, од таму ми е процентот. Затоа прашувам колку разведени бракови би имало ако сите би се развеле поради неверство.
Не знам колкава ќе биде бројката, ама знам дека долгорочно гледано, ќе има многу посреќни луѓе. Нема ништо пострашно од тоа животот да го поминеш со погрешен човек, заради погрешни причини. Еден ден ќе се разбудиш и ќе сфатиш дека животот ти бил парада - за комшиите, за другарките, за родителите, и дека си го пропуштила најголемиот подарок некогаш даден. Зошто? Зошто од лошо има полошо, и сите се исти.
^Evripigi Ти да не се тешиш дека голташ вакви неправди, па по дифолт даваш овде статистика дека сите бракови се лажна илузија и дека сите се со прикриени афери? Сакаш да кажеш дека не постојат среќни бракови, кои се засноваат на меѓусебна почит и доверба? Ако има мажи кои се преваранти, не значи дека нема и мажи кои се посветени на својата жена и семејство. Тоа што одредени жени голтаат секакви лаги и афери по цена да глумат брак, за мене е тотално неприфатливо!
Аман бре сите јаки, простувате неврстсво. @Jas! душо бракот не ти бил толку убав како што сама си си го гледала дека ти е убав. Гарантирам дека тој си имал и претходно ама се во работно време. Претпоставувам и он работел државно. Не би ти давала совет не те знам не те познавам ама јас не би простила. Ни деца ни ништо нема да ми го згазат достоинството. Спакувај му ги куферите, остави му ги пред врата и ајт. Нека си оди кај тие што го тешеле. Не простувам неверство!! Крај!
Уф, не ги прочитав другите реплки на постот, извини ако се повоториме со некого ... Сево ова што го пишуваш верувај можам да го разберам, сите ние во одредена сфера толерираме нешто затоа што има полошо ама нашата толеранција не е од таа причина, туку од страв, од немање грб, од ужасот во мислите да застанеш сама против сите, на некој начин. Така е се додека не тргнеш, тргна ли нема да биде сама, ќе се најде некој едномисленик. Само треба да се стисне заби и мечка страв, мене не ме страв и ова ќе се надмине! Можеби секој маж изневерува во врска, брак е нешто многу посериозно од врска. Можеби секој мал по некој излет карток од бракот и тоа не го нарушило тој однос дома . Ама вонбрачна врска додека се во брак чисто сумњам дека осетлива жена нема да забележи дека нешто не е во ред, тие бракови не се среќни, ниеден од нив е среќен ни тој што изневерува, ни изневерениот. Не вреди да се живее со лага. Не се работи за удирање во гради, барем јас не пишувам од тој аспект, туку во повеќето случаи се соживеавме со ЈАС, секоја жена може да се најде во таква или слична ситуација и реакциите се такви какви што се.
Мене ова ми личи на успешно изграден лик од роман. А успешноста се гледа по тоа како ве внела со се емоции, идентификација и став... Се надевам дека грешам, затоа што прочитав многу искрени мислења. По темава немам искуство, немам ни мислење. Само чувство, би ми се срушил светот и ќе се запрашам себе си кај ми биле очите. Ете зошто никогаш не би оставила или стагнирала во својата кариера за маж и семејство. Во околина имам многу разведени со идентични приказни - она стагнира, он гради бизнис, и се случува ова, она останува сама на себе, а тој финансиски ги манипулура децата. Доверба да, ама не по секоја цена за доброто на сите, не само свое. Не знаеш утре што ќе те дочека, од природата не можеме да избегаме, колку и да еволуираме. Многу повеќе неверства остануваат неоткриени, ама добро. Затоа не бидете бета женки и прво себе, па потоа он, макар живееле во розова куќичка зад седум ридови. Децата ќе пораснат, а жената ќе остане пепелашка ама без чевличето. Мајка ми работеше во голема фирма и кариерно никогаш не затаи ради татко ми, а имаше причини и можност. Никој пат не била финансиски послаба, напротив, а и она инвестираше во други работи и ден денес тоа ми вика - искачај од таа работа и оди граби, гледаш дека многу можеш, немој од маж да зависиш. Е сега вака...со државната работичка...
Не се секогаш тие криви. Знаеш само колку понуди сум имала од женети мажи со истото оправдување " Бракот не функционира ама не можам да ја оставам ради децата". Море како што има расипани жени има и мажи. едит: Еден ми пишуваше на фб додека жена му пишуваше домашна со детето. Одвратни створења.
Јас лично би се развела ако веќе не се наоѓам во тој дом, со таа личност. Не наведувам конкретно за каков проблем затоа што и сама не знам, но ако мене ми било и ми е добро, и сметам дека вреди, би простила и неверство, доколку тоа неверство не влијае на мене до толку да ме уништи психички. Нема да се убедам дека сум живеела во илузија затоа што после години и години почувствувал привлечност кон друга и подлегнал на искушение. Можеш да имаш среќен брак и на 50 години да го фати едниот некоја криза па ако сфатил дека греши, а тебе толку болно сознанието баш и не ти е, што тогаш да се прават цигански работи, бркање, оставање делби, курци палци. Но ако веќе не чувствувам никаква поврзаност со партнерот, едноставно несреќна од ете не знам кои причини, ситници нека се, ништо конкретно, би се развела па макар навела како причина -ми пречи тоа што р'чи или начинот на кој јаде. ТоВа е.
Ретко пишувам на форумот, а читам почесто за разонода, најчесто темите кои се најактуелни, како сега оваа. И ве читам и сам си се чудам. Членката со статистиката рече дека 90% од вас не би простиле неверство, а не дека 90% сте изневерени. Ама жени, скокате уште пред да прочитате. Исто читам дека не би простиле неверство, од друга страна неколку членки што признале дека се изневерени сеуште се во брак, тие членки пак што се разведени, се разведени од секоја друга причина, освен неверство... Читам во некои теми се изјавуваат чувства према бивши љубави, а членките мажени, ама тоа не се важи, иако во други теми се најгласни дека емоционалното неверство е пострашно и од физичкото... Кој на кој заебава овде... За членката што побара совет, и мој совет е малку да си дадат пауза и да видат како ќе се одвиваат работите, она најубаво си ги знае тие години поминати со него. Не мора да скока одма со развод, нека види како ќе се однесува мажот одреден период, исто како ќе се чувствува таа, а и децата за време на таа пауза и нека донесе одлука со ладна глава. Не сум бил во таа ситуација, ама моето мото за се во животот е Никогаш не вели никогаш.
Edno neverstvo mozebi ke prostam...od ljubov,zaradi decata i zaradi se zaedno pominato...no 2,3...5...ne,blagodaram.prodolzuvam sama.duri i da sakam da ostanam,dlaboko vo mene ke nemam mir,i nikogas poveke nema da mozam da mu veruvam.znaete kako velat,ednas e greska,vtoriot pat e veke izbor...
Ај еден совет, ако ве изневери партнерот и знае дека знаете, тогаш и вие изневерете го и кажете му ! Така и двајцата ќе знаете како е некој да ви го уништи сето она што сте го граделе се години, само за правење Бајрам на она меѓу нозете! Е ако успеете да се гледате у очи и понатака, и да се допирате со истите раце и да се бакнувате со истите усни, судено ви е да сте заедно засекогаш.
Zalosna sokirana sum od zborov mori. Toa kako deca, nepismeni bevme pa go upotrebuvavme. Neznam sto ne ti e jasno. Ubavo ti kazav ne im e gajle na tie sto ne se opsednati samo so edno. Treba da se ima idei i solucii. Aj malku sega odmori. Ostavi me na raat. Stramota e vozdrasna si.
Вие што така галантно би простиле неверство едно ме интересира. Знаете каква порака испраќате на вашите деца? За ќерката: Ќерко утре мажот ако те изневери обавезно да му простиш. Женско си ќе си поќутиш за децата. За синот: Сине кога ќе се жениш варај жена ти ќе ти прости.
Мислам дека никој не би ги вмешал децата во ваква приказна. Нема потреба интимата на родителите да ја знаат.