Не ти преостанува ништо друго туку да бараш излез од таа куќа. Веќе пред време си осудена и оставена сама на себе.(како што ти пиша Моира). Знам дека тешко се излегува под кирија особено кога немаш доволно средства и очајно ти треба работа за поголема пара....
бабалу17 сега видов колку години си-па ти си само 2 години постара од мене НЕМОЈ да си ставаш јамка околу вратот, мажејки се за тој човек, сепак имаш само 28 години млада си, верувај ке се каеш подоцна, ке бидеш етикетирана како разведена, и за што-за твоите родители да бидат срекни-најважна е ТВОЈАТА срека, бидејки ова е ТВОЈ живот
Абе што ако татко ти паѓа во несвеси од твоите зборови? Драми! Од земја нека се треска ако сака! Ако толку му е добар зетот, еве му го, он нека си го земе при него. Ти ако гледаш на сите да им угодиш додека си го гледаш животот каков ти се везе со поголеми проблеми ако ги следиш нивните желби, утре во поголеми несвеси ќе паѓаат твоите, кога сега не ти дозволуваат да се вратиш дома и да ја раскинеш оваа нездрава врска, па утре ли ќе попуштат или ќе те ислушаат и поддржат кога формално сте стапени во брак? Да, тешко е да се свртиш против родител. Ама терај си како што ти чувствуваш и знаеш како е најдобро за тебе. Не се твоите родители први што се бунат во вакви ситуации, и што нивните желби(или страв од срамови) слепо си ги ставаат пред доброто за нивното дете. Додека да си најдеш работа за повеќе саати и да си средиш свое место сама, врати се дома, што ќе ти прават, да немој ќе те гонат на улица? Ќе зборат, ќе зборат, ќе убедуваат по нивно да е, ама стој си на своето, ќе видат-не видат, ќе си легнат на брашното.
Бабалу: 1) Ако се мажиш, потоа многу потешко ќе ти биде да се разведеш. Во прашање се пари за адвокати, трчање по судови, откако ќе бидеш во брак, самиот развод како поим е потежок отколку раскинување, а и твоите уште повеќе ќе се противат на разводот и уште поголема ќе биде нивната неподршка кон тебе. 2) Зошто да се разведеш и да се етикетираш како разведена? Го знаеш нашиот менталитет. Зошто со сила да одиш против себе? 3) Како ќе одбереш венчаница, како ќе речеш ДА кога ќе те прашаат дали го сакаш, како ќе глумиш пред наивните роднини (кои тоа не го заслужуваат), како ќе глумиш среќна невеста навистина не ми е јасно!!! 4) Твојот однос со партнерот е твоја приватност! Никој нема право да ти се меша во него, затоа што последиците ги сносуваш само ти. Не татко ти, мајка ти или комшиите. 5) Тебе најголемиот страв ти е за татко ти, се гледа тоа. Најбитна е подршката која за жал ти ја немаш. Не знам како твоите родители дозволуваат нивното дете да пати, го гледаат тоа и се рамнодушни. Јасно и гласно кажи му на татко ти (и на целото семејство воопшто) дека ти не си среќна, дека трпиш, дека жалиш што си со тој човек, дека не го сакаш, дека не те заслужува, дека ставаш крај на се` без разлика на нечие мислење. Колку и да е лош татко ти, и муабет да не ти прави, не може да не те прими дома, па не ќе спиеш по роднини и комшии. Покажи дека имаш свое јас, свој став, и дека можеш и мораш и сама да донесуваш одлуки за својот живот. Не си мало девојче повеќе!
Сите ние може секакви совети да ти даваме, а и подршка... Овај однос што си го опишала овде од твојот иден, ако се омажиш за него во никој случај нема да се подобри, најверојатно е и дека по свадба ќе е и полош. Подолу ги опишуваш и реакциите на твоите, посебно татко ти - ако сега реагираат така, тек по направена свадба можам само да замислам... и пак ќе си во истиот “зачаран“ круг... Знам тешко е, многу е тешко, посебно кога немаш подршка од најблиските... но сепак одлуката е твоја... Се надевам само дека ќе го направиш најдобриот избор за СЕБЕ, а не за другите...
Ај и јас да се замешам, иако погоре навистина се е кажано. Објасни му прво убаво на татко ти (не дека не знае, ама ете...) дека човек го дознаваш каков е дури кога ќе почнеш да живееш со него. И дека тоа што си го дознала е страшно, навредливо, понижувачки за тебе. И дека така нема да може. И пресечи. Зарем мислиш дека сега не ти дозволуваат да раскинеш веридба, ама ќе ти дадат поддршка да се раведеш?! Само бетер ќе биде. Тогаш ќе имаат и аргумент повеќе. И зошто да се мажиш за некој, а срцето да ти плаче? Млада си, не си убила човек па да нема поправање на ситуацијата. Само погрешно си проценила некој. Се случува. И на најдобрите и на најпаметните девојки им се случува. Ако веќе дошло време секој да гледа за себе, гледај си ти за тебе. Откажувај свадба на време. Ќе зборат роднини и комшии една недела, ќе им помине. А бе другарка моја муслиманка раскина веридба, па жива остана, си најде друг после некое време, си направи веридба и си се омажи, деца си има сега. Твоите (т.е. татко ти) сега повеќе мисли на луѓето што ќе озборуваат, отколку на тебе. Нека е и со најдобри намери, ама греши. И мене едно не ми е јасно, тој „твојот“ и покрај тоа лошо мислење што го има за тебе, сепак сака да се венчате? Мислам, ако толку лошо мисли за тебе и така лошо те третира, што мајка бара да се венчате, и уште се радува на поддршката од твоите?
Бабалу предобро те разбирам и ја свакам и ја твојата ситуација зашто и ја сум се нашла па сум претрпела некои такви слични работи што ги немам баш наведено во постовите, и ние на почетокот кога почнавме да живееме имав такви ситации на навредување, расправии, со тоа што некако едвај сум ги поминала, еднаш толку се расправме што за малце фалеше да се вратам дома, но ајде си викам да му прогледам дојде до степен да ме удри, но незнам како и се смирив и останав, и решив да му дадам уште една шанса да видам како ке функвионира , гледам од тогаш уште се неамо расправано гледам да прекутам на некои работи, политички шо се вика да не доаѓа до расправии, каде се реков да дојде уште еднаш недај боже одма би си заминала ,каде за разлика од тебе јас ја имам подршката од нив што и ми знаѓи незнам на мене секад ми било полесно туќ проблем да решам него свој, така да совет од мене види потрудисе уште е еднаш глеј да не се расправате секогаш , смири ситуација кажиму дека несакаш да те навредува, ако тоа стварно продплжи и не можеш да поднесеш замини си и продолжи понатака.
бубалу 17 спакувај ги куферите и оди си од таму! Едноставно е, тој човек ќе ти го уништи животот. Не би ме чудело и рака да крене на тебе, па тек тогаш татко ти во несвеси ќе паѓа. Ти знаеш што е најдобро за тебе, никој од страна не може да ја согледа ситуацијата, како ти самата што можеш. Не се ни обудивај да објаснуваш, кога некој не сака да сфати. Ќе најдеш некој кој те заслужува, сигурна сум. Така како тебе многу девојки од страв што ќе речат комшиите, родителите, пријателите, заглавуваат во бракови кои им ги прават животите мизерни. Немој да бидеш една од нив. Биди храбра! Врати си се кај твоите и остави ги нека зборат колку сакаат, ти си знаеш дека си во право.
Бубалу, твојот пост како јас да сум го напишала пред да се омажам. Се препознав во се што наведе, * едно беше неговото однесување надвор, а друго дома- правеше сцени и не бираше зборови, * притисокот од родителите дека сите парови имаат проблеми, но дека тој е добар дечко * зависноста од него за кров над глава и несигурна работа * и што е најтрагично сцените почна да ги прави исто вака, уште пред да се земеме, но јас со тоа искуство што го имав, односно немав, не ги сфатив како наговестување дека работите ќе одат само на полошо. Тој нема да се смени, а ако се смени тоа ќе биде само привидно и краткотрајно. Таквиот тип е волк во јагнешка кожа. Поради таа моја неодлучност, ми требаа 10 години да излезам од бракот и тоа со дете, и пак без кров над глава. Само сега знам како да се снајдам без него, многу подобро отколку со него. Така да свести се на време. Ако не можеш да им соопштиш на роднините дека свадбата е откажана, тогаш играј на картата дека е ОДЛОЖЕНА бидејќи наводно имате други планови. Тоа ќе ти даде време да ги разгледаш работите од дистанца и да инвестираш во себе. Со среќа!
Мислам дека мажењето со таков човек ќе ти го уништи животот,замисли си па да одимаш и детенце и да се мачеш цело време ,некој нон стоп да те навредува,а ти со еден куп обврски,мора реално да им ја објасниш ситуацијата на твоите нивната подршка е најбитна,јас сум се нашла во уште потешка состојба и моите застанаа зад мене ,во ниту еден момент не се откажаа од мене,иако на почетокот кога бев верена на мојот вереник многу му веруваа и сметаа дека јас сум за се крива,се се смени кога се омажив одимав дете и кога пак почнаа глупостите од негова страна и од неговата фамилија,но моите како ќе решев јас да правам ме подржуваа во се и сешто.Храбро бев јас а и тие со мене,сега сум супер со мажето далеку од сите,си правиме како на нас ни одговара оти некогаш и други ја полнат главата со бубачки на мажите,па ајде удри со зборови по жената ,тоа го сватив многу добро сега од кога живееме одвоено,картите на маса и нема криенки играње.Не го знам идниот ти маж ама добро го преиспитај него ,а и себе дали може да живееш живот со него и што уствари сакаш од него,ако воопшто ништо не сакаш од него не се ни измачувај со таков човек .
Aх,тие проблеми.Jас имам еден,откако се омажив ми почнаа проблемите.Mм мораше да замине во странство на работа,од тогаш неговите почнаа да се мешаат.Kога се врати после 6 месеци му го наполнија мозокот како моите родители нечинат,дека никој не му мисли добро чак ни кумовите,само они и неговиот постар брат се "идеалните".сега кога видоа дека има пари го тераат да го финансира неговиот постар и женет брат,поточно што ке намести во нашата куќа мора и на брат му. додека отидам докај моите ми префрлаат се нашета или ете само шета,не не почитува итн...Oд тој момент мм многу се смени не е истиот према мене.што да направам за да ги сменам работиве, а сеуште немаме деца а сакам да имам што побрзо.Jас сум дискретна спрема нив и им плескам све во фаца дури и на мм.Bерувајте не се издрзува,да гледаш родител да сака едно дете а другото да го гледа материјално за да опстане другиот син (неспособниот) што незнае да се грижи за семејството.A брат му што ни прави ист е како неговите покварен,друго што морам да кажам е дека мм мора да се консултира со мама и тато па после радиреда со мене поточно-мамино милениче.
Разговарај со него, кажи му како се осеќаш, тој е во брак со тебе, а не со неговите родители и со брат му. Ако и по разговорот нема фајде, тогаш има друго решение. Бегајте под кирија, купете си стан, било што само одделете се од заедничкиот живот со старите. Ако сакаш да го спасиш бракот.
и ние бевме така за се се допитуваше до мама,сега сме под кирија ја нема мама и ги нема допитувањата,на почетокот уште се допитуваше ги ставивме картите на маса и реков тие се мои пари не се на мајка ти така да јас ке одлучувам што ќе правам,јас понатаму ќе си го терам животот веќе не сме во заедница,ниту ме интересира за нив ниту пак сакам нив да ги интересира за нас,инаку за се и сешто беше што мама ќе каже,ај да не речам и еден пар гаки да се купи мораше мама да знае оти многу пари се троши и така ,решение сами ако имате каде да сте ако не под кирија или и ти со твојот маж во странство на работа и подалеку од нив за да имате слога инаку се ќе се расправате
И покрај многу поделени совети еве ме и мене со еден проблем и ве молам кажете бар нешто пошто веке не знам што да направам и како да се понашам значи вака Во брак сум 9 години со 2 деца последнава година мажот ми е на работа во странство,и си доага еднаш на 3 месеци и некаде 1 месец си поседува .Е сега проблемот е во тоа што во последниве 3 месеци он многу се смени во смисла на тоа што незнам и јас како да објаснам значи едноставно не осекам дека ме сака или не се осекам блиска со него некако е постанат многу лош ,себичен,нервозен незнам некако не ми штима работата ја нема таа страст или љубов како до сега не ме врега не ме малтертира но ете сепак осекам како е поладен со мене некоја рамнодушност од негова страна е сега се мислам можеби е до тоа што сега овие 3 месеци сме поврзани со комј и со скајп нон стоп и можеби затоа сме си некако презаситени од самите себе си Инаку имавме прерасен брак без малтертиранја и навреди мегу нас па сакам да ве замолам да ми кажете вака од страна каква ви стои ситуацијата вам Ви благодарам
Ако мислиш дека сте презаситени еден од друг, пробај да не си пишувате толку често на скајп. Пробај малце да се зближиш пак со него, прати ги децата некаде на гости, останете сами неколку дена или пак заминете некаде на планина. Пробај да го зачиниш и сексуалниот живот малкуцка Од друга страна, добро би било и да поразговараш со него, да му кажеш како се чувствуваш. Можеби има некој проблем на работа, па тоа да му влијае на однесувањето дома.
Доколку е на работа во некој поопасен регион, можеби траумите кои ги доживеал му влијаат на карактерот. Затоа јас се плашам да го пуштам мм да оди во странство на работа сам. Не секој може да се носи со она кое му го наметнува друга средина. Сепак, зависи од местото и од работата која таму ја врши. Сега пак кога ќе отиде (aко не е веќе отиден), олабави со пишувањето на скајп или мсн. Остави самиот да почувствува потреба од контакт со тебе. Знам тешко е, но тоа ми изгледа на единствен можен следен чекор кој би ги оправил работите. Среќно!
оф кога ке си дојде знам јас како со него ххахаха аме сега е веке 2 мессеци надвор од дома и затоа малку тешко е инаку да има нервози на работа премногу е стресна па сигурно и затоа е напнат немозам да се отргнам да не бидеме на скајп пошто тој сам го бара тоа знаци он инсистира скајпот да е уклуцен поцела ден кога си доага дедцата секако одат на викенд кај баба хахаха па така имаме време за нас хахахинаку фала ви на советите и усте некој добро би му досол фала виииииииии
Мила и јас го имав истиот проблем.И мојот маж работи во странство поточно во Авганистан,пред извесно време беше на одмор.По цел ден бевме заедно но што дека го чувствував како да не е до мене,да не го интереирам,да ме избегава.....Мене еден ден ми пукна филмот го седнав и отворено го прашав во што е проблемот.Ми вели:Ти незнаеш како ми е таму,изолирани сме од свет,освен работа јадење спиење и понекогаш интернет друго нема таму,немаш со кого муабет да направиш.Како второ мислам на тебе како ти е(сеуште немаме дечиња),раздвоени сме,имам потреба од секс како подивен сум,несамо јас него сите таму.Кога стасав дома друго ми е све ми треба време за да се привикнам тука,зошто он дојде после 5 месеци.Ми рече Ова го правам за нас,и го издржувам сето тоа колку што можам, затоа те молам разбериме.Знам дека и ние по некогаш избрзуваме,но ти препорачувам само смирен муабет како што јас го направив,и потрудисе да го разбереш.Пробај разговарај и пиши важи,поздрав.
фала на советот ке пробам да разговарам кога ке се смириме малку сега ептен сме на ;ратна нога: хахахаха