И јас од искуство зборам дека децата не треба да се вмешани. Доволно е да знаат дека родителите не се сложуваат и дека ќе се разделат. КОлку повеќе се инволвираат деца (поготово за свои цели, препукување и водење инаети) тилку повеќе се нарушува психата на децата. Доволно ќе се повредени со самиот развод, нема потреба дополнително рани да се разрануваат.
не зборувам дека како мали да им се кажува татко ти е курвар бла бла ама верувајте кога тогаш децата ( па и како возрасни) ќе ознаат зашто се развеле. Не останува скриено.
Ама едно е на 10 години да дознае, а друго е да разбере подоцна кога ќе потсозрее. Некои работи на мали деца неможеш да им објасниш колку и да се трудиш, ама пак затоа барем да се потрудиш да ги дистанцираш децата и од твоја уста да не излагаат отрови (па колку и да си лута и бесна). Јас многу замерувам кога ќе чујам дека двајца се раведуваат, дете застанато во среде-слуша, гледа, се тегнат за него...два дена кај едниот-три кај другиот...па некои дури и комуницираат преку детето. Во секој случај, тешки работи се тоа. Според мене разводот е еден вид на смрт на нештото. Барем јас така го доживеав. Не умира само бракот , туку и духот на сопружниците и на дечињата.
Кога се однесува до децата,можам да кажам дека траумата е многу голема,толку е голема што се влече за цел живот и има големи последици Го кажувам ова со пример од машми Никогаш не сме разговарале на таа тема отворено,ама се осеќа меѓу редови Он имал 10 год. а брат му 12.Цела населба знаела па неверувам дека они незнаат,само знам машми какво мислење има за жените што изневеруваат
За жал мене ова ми личи на сериозна афера не на телесни задоволства. Неговата реакција за колешката што се разведува ми личи како баш да го заболело, може и за него се разведува... А тој нема храброст да потегне ипак е тоа брак со деца, почитуван е од околината итн... Мислам дека клиентките се лага, сака да излезе од бракот ама се плаши од последиците. Барем мене така ми се чини. Мислам дека ова е афера во која се вмешани и чувства, а не искушение..Според мене разводот е нешто што го посакува поради љубов со друга, ама нема муда. А вие доблесен човек го направивте... Манипулатор.
Нова сум на форумов и не знаев каде да се обратим па ако сум грешка поправете ме..Во брак сум 3год и имаме дете од 1ипол..Во врска бевме две години останав бремена јас сакам да се чистам но мм не дозволи рече јас тоа дете го сакам а сеуште бев млада само 20год а тој 24 и ми рече Дека сака да го родам детето и Дека ке се земеме..Се противев не сакав и неговите доагаа кај нас не Молеа на крај и моите рекоа Ајде има некој ги оставаат времену Пане сакат да ги земат бевте долго во врска се знаете земете се..Но не било така не сум го познавала добро човекот што го сакав најмногу на свет..Првите неколку месеци се беше во ред но Откако родив свекрва ми ја бањаше ја облекуваше се таа..Инаку во заедница сме..Имаме спална на другиот спрат ние и соба за седење и има плус уште Една таму има нејзини работи и по цели денови седев долу кај нив иако не сакав..Ке му одговерев на мм а тој ке рече а што сакаш ти секаде е така...Плус и золва ми и таа се знае..Само како јас ништо да не знам во оваа кука..Еве сега треба за керка ми да даваме незнам дали го има тоа секаде што почна да оди Нели се раздава како ногички..И јас сакав да си порачам а свекрва ми и золва ми ги слушам се договарат дома ке ги правеле а мене никој ништо не ми казува..Му реков на мм а тој ми вели е ди седнала Ли ти со мајка ми два реда муабет да направиш што како наместо овде да плачеш слегни долу договори се што ке правите и си легна...Навистина незнам веке што да правам..Интимните односи ни се нула еднаш во месецот дали имаме и најлошото на сето тоа е што од еднаш во месецот сум останала бремена направи тест позитиван беше бев на лекар ми рече 5недела но никој не знае незнам дали да се чистам што да правам..А знам ако му речам на мм тој нема да дозволи да се чистам а така немозе повеке да се издржи..Му имам речено сто пати да се делиме да одиме под Кирија или било како мо не сака да слушне..Се извинувам на долгиот пост но верувајте немам на кого да се исказам премногу ми е тешко..
Прашај дали е ова вистина или само некој си трола овде. Еве @Jas! ја нема. Во експресен рок од 5 дена се реши кај неа проблемот и оп ја нема. Овде излегува дека темава е како баба ванѓа! Кој напише одма сите работи излегуваат на виделина сите проблеми се решаваат.
@Jas! не е трол. Ако имате да и пишете нешто -ОК. Ако осудувате и вреѓате ИЧ не се трудете. Незнам како понекогаш може да се биде безчуствителен. Убаво жената си пиша се по ред, па на крај на направивте глупа што не увидела дека маж и 12 години ја заебавал !! Зарем влегуваме во брак за да го ,,дебниме,, партнерот секој миг каде е , што прави, со кого е... Секој е пуштен на своја воља да живее а воедно и во рамките на бракот. Ако едне од двајцата одлучил да премине преку ,,линијата,, тоа не значи дека 12 години правел задкулисни работи. НЕ не го правдам маж и !! Ама не Ве оправдувам ни сите тие кои почнавте приказни да плетете. Божем на сите дома им е идилично, па се ужаснувате од работи кои жената ги пиша тука. На некои теми човек не смее да пишува.Од страв дека ќе биде обвинет или ќе му биде извртена целата приказна.
За @Crnizivot повеќе од очигледно дека е трол... Само не сакам да поверувам дека некој/а до толку нема попаметна работа па само прави акаунти на форумов и истата приказна ни ја сервира веќе по трети пати, само на различни начини. Кој/а и да си, не ти се здосади? Знаеш дека не е интересно, нели? А за @Jas! се сомневам дека е трол, толку беа искрени мислењата и онака, реално ми изгледаше се што опиша. Први сме за рипање со заклучоци одма, полека... Да не грешиме душа
Јас пак ќе кажам оставете ја ЈАС малку на мира, знам дека има добромисленици и сакаат да и дадат совет но мислам и со добронамерен совет само и се помешуваат работите во главата
Или како јас и сестра ми што го фативме татко ми при секс со швалерката!! На спалната Немаше потреба никој да ни кажува сами си видовме се