Се сложувам,сама пиша жената дека и треба време да си ги среди мислите, не туку ја барајте,ако има нешто ке пише, тешко на оној кој се наоѓа во ситуација како нејзината,тешко е , болно е, и не може туку така едноставно да се реши што понатака
Искрено, незнам како си го преживеала тоа. Траума е. Па и нормална ми ,,стоиш,, вака... (извини, морав да се нашалам во цела оваа сериозна работа)
Затоа предходно реков доколку може некој да голтне се и да прости а да не фане чир на желудник. Тие нервози на жалост се манифестираат порано или покасно, на овој или друг начин.
Аууууууу може и мушми видел нешто вакво,ама немам храброст да го прашам. Пошто свекор ми бил на работа,а свекрва ми со кираџијата си работела
Колку што имам читано стресот може да влијае негативно на веќе постоечки рак, но доказите дека е причинител се мали скоро непостоечки.
Од секогаш го имало ова најлошо е што те што не ги оставаат таквите партнери било маж или жена не завршуваат добро.
Постојат многу фактори, генетски предиспозиции и тн. ама стресот игра најголема улога во појавата на рак не само рак листата е долга на болести.
Па они се развеле,ама останале под исти кров....со различни влезови И повторно децата гледале немили ситуации
@joy1 жал ми е што вие децата сте биле сведоци на сето тоа. На прашањето дали се развеле ти одговори со НЕ. Вчера кога прашав колкав ќе биде процентот на разведени бракови ако сите би се развеле поради неверство бев нападната дека статистики сум правела иако оние што напаѓаа воопшто не ми го разбраа постот. Епа луѓе мои (што би рекол Џамбазов) ова ми беше поентата, затоа што познавам многу (вклучувајќи ме и мене) кои што не се развеле поради неверство . Џои уште еднаш се извинувам што твоите родители ги зедов како пример. Ти честитам на искреноста.
Никој не негира дека некој би останал во брак и после таков чин. Некои девојки/жени и тука одговорија потврдно на истото прашање. Но реално не можеме никаква статистика да приложиме бидејќи не знаеме за колкав број на бракови каде мажот изневерува станува број, па врз основа ан таа цифра да вадиме некаков процент кои би одговориле со ДА/НЕ. А реално, не дај боже да се најде некој во таа позиција бидејќи само тогаш ќе знае 100% точно да одговори. Се друго е максимум 99,999999% сигурност.
Секој брак минува низ кризи. Помали-поголеми, не е важно. Некогаш и глас ќе се повиши.Некаде има ситуации и шамари фрчат.Некои парови со недели нема да зборат. Секаде е различно. Се споиле два карактери и мора да го ,,тркалаат,, бракот. Немора никој тука да се исповеда каков брак има, дури мислам дека од постовите на постојаните членки меѓу редови се чита како живеат. Така да...да не глумиме лудило, незнаеме кој што го чека.